text
stringlengths 120
478k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Pixar Animation Studios или едноставно Pixar е продукциска компанија која произведува компјутерско анимирани филмови.
Оваа компанија се наоѓа во Емеривил, Калифорнија, САД.
До сега ова студио има освоено 21 Оскар, три Златни глобуси и една Греми награда меѓу останатите награди, признанија и достигнувања.
Pixar е најпозната по своите филмови кои се изработени со специјален софтвер кој го произведува самата компанија.
Овој софтвер им овозможува да ги направат филмовите во посебна компијутерско-генерирана графика.
Pixar првпат се појавува во 1979 како Graphics Group, дел од компијутерското одделение на Lucasfilm.
Подоцна во 1986 ко-основачот на Apple, Стив Џобс решава да ја откупи од Lucasfilm и ѝ го дава сегашното име.
The Walt Disney Company ја купува Pixar во 2006 на една размена каде што таа вредела 7.4 билиони долари. | fineweb-2 |
Бистрац (езеро)
Бистарац е езеро во Федерацијата БиХ, во Босна и Херцеговина.
Се наоѓа во Тузланскиот кантон, околу два километри од Лукавац.
Бастрац е езеро со природно пречистување така што водата во езерото е чиста.
Езерото е богато со риба, а цели години се порибува со разни видови на риби како што се: шаран, сом, савска деверика, плотица.
Освен овие риби, во езерото се наоѓаат и лињак, црвенперка, амур, толстолобик, смуч, клен, коштро и пастрмка, која подобро се прилагодила на водата во езерото.
На езерото во текот на цела година се организираат спортско риболовски натпревари.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|Оваа статија од областа на географијата е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
Поздрав еМакедонија,
Честа да ја води еМакедонија овој месец му припадна на Иван Петок.
Да се надеваме дека ќе продолжи чесно и достоинствено си го работи своето, а сега … read more »
Министерството за здравство како и претходните мандати ќе продолжи со дневните поделбите на леб кои ги таргетираат послабите играчи.
Секој што ќе го исполни условот д … read more » | fineweb-2 |
Во текот на 3 век, на територијата на денешна Мавританија започнала миграцијата на берберски племиња, главно од Северна Африка.
Во 7 век и 8 век на овие простори дошле Арапите.
Во 1076 година, Алморавидите го нападнале и освоиле Ганското царство.
Мавританската триесетгодишна војна (1644−1676) бил неуспешен обид на берберите да ја спречат инвазијата на арапските племиња, главно од кои било племето Бени Хасан.
Потомците на ова племе го оформиле високиот слој на мавританското општество.
Француската колонизација на почетокот на 20 век резултирала со укинување на ропството.
Во 1920 година земјата била објавена за колонија на Франција, а од 1946 година за прекуморска територија.
Независноста, земјата ја добила на 28 ноември1960 година.
По независноста, во земјата бил наложен еднопартиски систем, изгласувајќи нов устав.
Неговата партија останала единствената легална организација во земјата.
Претседателот Моктар улд Дада бил избран на таа функција на изборите во 1966, 1971, 1976.
Во 1975 година земјата ја анексирала јужната територија на Шпанска Сахара, денеска Западна Сахара.
Во 1978 година бил извршен државен удар и на власт дошол Воениот комитет за национална обнова.
Следната година раководството на оваа група било протерено за да новите раководители името на организацијата го променат во Воен комитет за национален спас.
Последниот воен удар во земјата станал во 2005 година, кога на ело на земјата дошол Воениот совет во името на справедливоста и демокатијата.
На референдумот од 2006 година, народот на земјата го одобрил новиот устав според кој се ограничело времето на претседателскиот мандат.
Денеска, земјата е член на Арапската лига и Организацијата на африканското едиство и ООН. | fineweb-2 |
Прасловенски јазик
Прасловенскиот јазик е прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и покасно сите други словенски јазици.
Се зборувал пред 7 век.
Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот индоевропски прајазик.
Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазици – балтички и германски.
Потекло[уреди | уреди извор]
Според некои лингвисти, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е.
Спорно е дали се одделил директно од индоевропскиот јазик или се одделил покасно од прабалтословенскиот јазик.
Територија[уреди | уреди извор]
На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која се наоѓала според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (1908–1982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф.
Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции. | fineweb-2 |
Големата Шизма
|Дел од серијалот
Христијанство
Големата Шизма или Големиот Раскол (гр.
schisma - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како Источно-Западен Раскол е настанот што го поделил Халкедонското христијанство на католицизам и православие (терминот "Големата Шизма" понекогаш се однесува на Западната Шизма).
Расколот помеѓу Рим и Константинопол датира од 1054, кога папата Лав IX и патријархот Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.
Причини[уреди | уреди извор]
Оваа шизма е резултат од еден долг период на разделувањето на двете цркви.
Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт помеѓу римските папи и константинополските патријарси.
За разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и источната црква во обредите и организацијата.
Примарните причини за Шизмата биле спорови околу папскиот авторитет - Папата тврдел дека имал авторитет над четирите источни патријарси, додека четирите источни патријарси тврделе дека приматот на Римскиот Патријарх е само почесен, и тој има авторитет само над западните христијани - и над вметнувањето на клаузулата филиокве во Никејскиот символ.
Исто така друга причина за разделувањето се гледа во културните разлики помеѓу истокот и западот.
Теолозите чие потекло водело од западна Европа предимно се ориентирале кон правните црковно-религиозни прашања, додека источните теолози сметале дека основа за понатамошно развивање и усовршување на верата е философијата и решавање на нејзините прашања.
Исто така, како друга причина се јавува и јазикот каде во источниот дел главно се употребува грчкиот јазик а додека во западниот латинскиот јазик.
Друга важна причина се разликите во религиозните сфаќања.
Различностите се формирале во текот на повеќе векови.
Во 589 година на соборот на шпанската црква во Толедо бил променет основниот постулат на христијанството - Символот на верата.
Било утврдено дека Светиот Дух произлегувал од Отец и Син, кои се на еднакво рамниште т.е.
Во 1014 година, папата Бенедикт VIII конечно ја утврдил таа идеја.
Можеби и малку нејасна, но таа е една од причините за започнување на различијата помегу црквите.
Во источната постулатот останал непроменет ( се признава само Бог.
Отецот и светиот дух стојат до него) .
Развивање[уреди | уреди извор]
Во 1054 година се случило и конечното разделување на црквата.
Во Константинопол, патриjархот Михаил Керулариј се сомневал дека доколку императoрот Константин IX стане зависен од воениот сојуз со западот, тогаш црквата во Константинопол ќе треба да се соочува со Рим.
За да не дојде до тоа, тој започнува да ги нагрубува католичките прелати.
Католичките обреди се наречени недостојни, а католичките цркви во Константинопол се затворени.
Во Рим, папата Лав IX многу остро го осудува овој чин и затоа во Константинопол го испраќа кардиналот Хумберт, кој кога пристигнал таму, ја пренел пораката од папата, а најмногу се спротиставувал за нерешеното прашање околу Светиот Дух.
По тримесечно очекување на дијалог со патријархот, Хумберт издал була (папски документ) за протерување на Михаил од црквата.
Но во тоа време папата само што починал, и самата була се покажала дека е невалидна.
И покрај поддршката што пратеникот од Рим ја имал од императорот, Михаил останал патријарх поради масовната поддршка на верниците.
По овој настан, дошло до постепено раздвојување на источната и западната црква.
Периодично, односите се подобрувале и влошувале, но не постоел настан кој официјално би го означил раздвојувањето на црквите, се' до 4.
Крстоносна војна, кога крстоносците го нападнале Константинопол и ја опустошиле Аја Софија.
По распадот[уреди | уреди извор]
- Четвртата крстоносна војна ([PHONE]), дополнително допринесела многу за зајакнување на источната црква во однос на латеранската.
- По ослободувањето на Цариград, византиските цареви сакале политички да се помират со своите собраќа во Римската црква.
Обиди за обединување[уреди | уреди извор]
Црквата се поделила по доктринарна, теолошка, лингвистичка, политичка и географска линија, и фундаменталното разидување никогаш не било залечено.
Може да се рече дека двете цркви всушност повторно се обединиле во 1274 (од Вториот Совет во Лион), и во 1439 (од Советот од Базел), но и во двата случаи православните се одрекле од нив, со оглед на тоа што хиерарсите го пречекориле својот авторитет во овие таканаречени "сојузи".
Во текот на 15 век под притисок на османлиската заплаха, Византија направила опити за обединување на двете цркви.
Во 1439 години на саборот во Фиренца се потпишал договор помеѓу двете цркви.
Но и покрај тоа, повеќе од источните теолози продолжиле да не го почитуваат тој договор.
Со паѓањето на Константинопол во 1453 година, унијата била уништена.
Другите обиди да се обединат двете цркви пропаднале; но неколку црковни заедници кои биле поврзани со Истокот ја промениле својата припадност, и тие сега се викаат унијатски цркви.
Но, главно, источната и западната црква се одделни.
Секоја од нив смета дека е "Единствената Света Вселенска и Апостолска Црква", имплицирајќи дека другата црква ја напуштила вистинската црква за време на Шизмата.
Делување и спор[уреди | уреди извор]
Со распадот на црквата, католицизмот од своја страна придонел за создавање на еден конфесионален систем од страна на папитекој Православната црква не го прифаќа.
Повеќе од папата го форсираат унијатството: така Пиј IX во енциклопедијата "Litterae ad Orientales" (1848), Лав XIII во "Praeclara Gratulationis" (1894), Пиј во "Rerum Orientalis" (1928) и "Lux veritas" (1931).
Во декември 1854 година, папите Пиј IX, папа кој во 1864 година исто така ќе објави "Syllabus", прогласува без консултација на ниту еден собор, "Bulu Ineffabilis".
Во 1894 година, папата Лав XIII повторно се вратил на унијатството и повторно го подновил апелот за враќање на апостолскиот римски престол, додека во 1950 година, во ноември папитеПиј ХII прогласил доклад за телесното воскресување на небото на Дева Марија (во апостолската конституција ,,Munificentissimus").
На вториот ватикански собор (концил) , (окт.
1962 - дец.
1965) бил донесен нов доклад за црквата, "Lumen Gentium ", каде биле повторени сите одлуки донесени на Првиот ватикански концил , "Pastor aeternus", и тоа дека целите на наследниците на Свети Петар се видливи во главната цел на самата црква (бр.
18 и 25), како и декрет "Unitatis Redintegratio", во кој се изјавува дека единствена права црква е Римокатоличката црква, а другите се одвоени од апостолскиот римски престол и составуваат различни концентрични кругови.
Во јануари 1964 година папата Павле VI го посетил Ерусалим каде се сретнал со Вселенскиот патриарх Атинагором I. Во есен истата година Православната црква решила да се започнат припреми за отварање на теолошки дијалог на "еднакви нози" со Римокатоличката црква.
До завршувањето на Вториот Ватикански концил во 1965 година во декември, папата Павле VI, во катедралата Свети Петар во Рим, а патријархот Атинагора во Патријарската катедрала во Истанбул, покренале скоро во исто време една "анатема" која траела помеѓу двете цркви изминатите девет векови.
Но, и двата поглавари на црквата се свесни дека овој гест не е доволен за да се направи разлика помеѓу самите цркви.
Практично, разделеност се уште постои.
Литература[уреди | уреди извор]
- Sometimes called the Great Schism, a term that is also applied to the Western Schism (Oxford Dictionary of the Christian Church, Oxford University Press 2005 ISBN 978-0-19-280290-3, article Great Schism)
- Cross, F. L., ed., уред (2005).
The Oxford Dictionary of the Christian Church.
New York: Oxford University Press.
|Византиско царство|
|Византиска култура||Историја на Византија||Уредување на Византија|
Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I | fineweb-2 |
дома
Иднинапром е приватна компанија формирана во јануари 1990 година, специјализирана за дизајнирање, испорака и инсталирање на меки (текстилни, ПВЦ и гумени) подни облоги.Во измнативе години израснавме во една од најкредибилните компании во областа на инсталирањето на подни облоги во Македонија.
Тоа се должи, пред се, на навремената испорака и квалитетна изведба.
До сега имаме испорачано и инсталирано повеќе од 300.000м2 различни видови меки подни облоги.
Иднинапром има сопствен магацински проостор во кои во секое време има залиха од 6.000-10.000м2.
Исто така располага со комплетна опрема и алати за успешно и квалитетно обавување на дејноста.
Фирмата има повеќе стално вработени лица и надворешни кооперанти, што овозможува квалитетно и навремено завршување на превземените обврски.
Покрај испораката и инсталирањето на подни облоги, Иднинапром има развиено неколку производи за домашен и медицински ентериер.
Иднинапром, најголем избор на ПВЦ подни облоги, текстилни подни облоги во плочи и гумени подни облоги во Македонија.
pvc podni oblogi, hojga, heuga, tekstilni podni oblogi, gumeni podni oblogi, modularni tekstilni podni oblogi, elektrostatski podni oblogi | fineweb-2 |
Историја на театарот
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Театарот настанал во Грција паралелно со развитокот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели.
Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен,тетатарот оставил во наследство величествени изданија, често пати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време.
Во грчкиот театар главен дел била оркестрата, со кружна основа, а гледачите седеле околу неа.
Потоа настанала сцената, а помеѓу неа и местата за гледачи биле поставени влезовите.
Грците не биле толку вешти архитекти како римјаните, и во отсуство на решение како да ја подигнат конструкцијата, идеалниот спој го нашле така што театрите ги вградувале во падината на некое брдо.
Доста често се случувало тетрите од хеленистичкиот период да се најдат надвор од урбаната средина, во недостатокот на избор од прикладна локација во самиот град.
За разлика од нив римјаните, технички поусовршена нација, немале потреба од тоа бидејќи како одлични градители подигнувале субструкција под самиот театар, па можеле да го изградат каде сакаат.
Римскиот театар редовно имал полукружна основа.
Гледачите седеле на скали кои ја опкружувале полукружната оркестра и сцената пред неа која служела како бина.
На територијата на Република Македонија од хеленистичкиот и од римскиот период, познати под заедничкото име - класичен период, до нас успеале да допрат само четири театри лоцирани во големите урбани градски целини : Скупи, Стоби, Хераклеја и Лихнидос.
|"|
|Оваа статија поврзана со македонската археологија е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
Kralemarko is a website about the history and folklore of Macedonia and the Macedonian people.
Considering the turbulent past of this nation, here you will find notes and articles with details about the lives of Macedonians throughout the centuries, their traditions, their religion, their royal families, the wars through which the nation went through, its occupation and so on.
The history of this country clearly tells us that this country is much more experienced than most nations in the world.
Either in times when being the biggest political and military force in the world or left ruined under the armor and regime of another, then flourishing country, its people managed to preserve what it has acquired over the centuries.
Its key position on the Balkan Peninsula have made this country a creator of culture, science, philosophy, a guardian of religion, and all those qualities became a for many other world nations and cultures.
Acknowledging this, many of these nations, especially neighboring, realize what a precious gem this country represents, turning it into a target of many ventures and endeavors to conquer and occupy it.
The name of this site is Kralemarko, after the legendary Macedonian king Marko.
Here you will find interesting articles about him and the period in which the ruled.
The most remarkable memorial about his existence left today is the notable fortress "Marko's Towers" located near the town of Prilep in central Macedonia.
Browse to find many legends, stories, records, descriptions and articles about the traditions in Macedonia.
This site is a restoration of the site, which used to operate from 2005 to 2014.
Kралемарко е веб страница за историјата и фолклорот на Македонија и македонскиот народ.
Имајќи го во предвид турбулентното минато на овој народ, тука ќе најдете записи и стории со детални податоци за животот на Македонците низ вековите, нивните обичаи, религијата, нивните кралски фамилии, војните низ кои овој народ поминал, неговата окупираност и така натаму.
Историјата на оваа земја зборува за тоа колку е поискусна од повеќето нации во светот.
Во времиња кога била светска политичка веле сила или пак останала разурната под оклопот на друга, тогаш земја во подем, нејзиниот народ успеал да го сочува она што го стекнал низ вековите.
Нејзината клучна поставеност на балканскиот полуостров направиле од оваа држава, создавач на култура, наука, филозофија, чувар на религија кои претставуваат основи за многу светски култури.
Црпејќи од неа, многу нации, а посебно соседните, сфаќаат каков скапоцен камен е оваа држава, претворајќи ја во мета на многу потфати за нејзино окупирање и освојување.
Името на овој сајт е Кралемарко, по легендарниот македонски крал Марко.
Тука ќе сретнете статии посветени на него и на период и во кој владеел.
Највпечатлив остаток од неговото постоeње денес е тврдината "Маркови Кули" лоцирана кај градот Прилеп во централна Македонија.
Прелистајте за да откриете многу легенди, стории, записи, приказни и описи на традицијата на Македонија.
Овој сајт претставува реставрација на сајтот кој беше во употреба од 2005 година до 2014 година. | fineweb-2 |
Пропусен опсег
Во компјутерските мрежи и компјутерските науки,пропусен опсег,мрежен опсег или дигитален опсег е мерка за пренос на бити во единица време од слободна или зафатени податочни комуникациски ресурси прикажано во битови во секунда или повеќе кратни од (бит/с, кбит/с, Мбит/с итн).
Ова е контрасно од употребата на поимот bandwith во полето на процесирање на сигнали.Во книги за процесирање сигнали,бежични комуникации,податочно емитување од модем, дигитални комуникации,електроника итн, пропусен опсег се однесува за пропусен опсег на аналогни сигнали мерени во херци.
Конекцијата со компјутерскиот термин,по Hartley's law, лимитот на дигиталниот податочен пренос на физички комуникациска врска е пропорционална со пропусниот опсег во херци.
Содржина
Мрежен пропусен опсег капацитет[уреди | уреди извор]
Пропусниот опсег понекогаш дефинира мрежна бит рата, капацитет на канал, или максималната пропусност од логички или физички комуникациски пат во дигитален комуникациски систем.
На пример,тестови за пропусен опсег го мерат максималната пропусност на компјутерска мрежа.
Причината за оваа употреба според Hartley's law e максималниот пренос на податоци преку физички комуникациска врска е пропорционална со неговата пропусност во херци, кое понекогаш е наречено фреквентен пропусен опсег, спектрален пропусен опсег, РФ пропусен опсег,пропусен опсег на сигнал или аналоген пропусен опсег.
Потрошувачка на мрежен пропусен опсег[уреди | уреди извор]
Пропусниот опсег во битови понекогаш може да се однесува во потрошен пропусен опсег,кореспондирајќи на остварената пропусност или добрапропусност, т.е просечната рата од успешен пренос на податоци преку комуникацискиот пат.
Оваа смисла се однесува на конецпти и технологии како обликување на пропусен опсег, пропусен опсег за управување, за пригушување, алокација(доделување)на опсег(на пример протокол за алокација на пропусен опсег и динамичка алокација за пропусен опсег), итн.Бит протокот е пропорционален со просечната зафатеност на пропусниот опсег на сигналот во херци(просечниот спектрален пропусен опсег на аналогниот сигнал претставувајќи го потокот од битови)за време на проучивачкиот временски интервал.
Пропусниот опсег на каналот може да биде помешан со пропусност на податоци.
Канал со х bps не мора да емитува податоци во х брзина, бидејќи протоколи, енкрипција и други фактори можат да додадат значително време.
На пример, многу од интернет сообраќајот користи емитувачки контролен протокол(TCP) кој го побарува тространото ракување за секоја трансакција, кое во многу модерни модемски имплементации е ефикасно,додава значително индиректно споредено со поедноставни протоколи.
Генерално ,за многу ефективни дигитални комуникации,протокол за врамување е потребен,индирекно и ефективна пропусност зависи од имплементацијата.
Реалната пропусност е помалку од иста со акутелниот капацитет на каналот плус индиректната имплементација.
Асимптотски пропусен опсег[уреди | уреди извор]
Асимптотскиот пропусен опсег(формално асимптотска пропусност) за мрежа е мерка за максимална пропусност за лаком извор, на пример кога големината на пораката(бројот на пакети во секунда од изворот) се стреми кон бесконечност.
Асимптотскиот пропусен опсег обично се пресметува со праќање на голем број на многу големи пораки преку мрежата, мерејќи ја крај-крај пропусноста.
Како и другите пропусни опсези, асимптотската пропусност е мерена во повеќекратни битови во секунда.
Мултимедиски пропусен опсег[уреди | уреди извор]
Дигитален пропусен опсег може да се однесува за: мултимедиска рата на битови или просечна бит рата после мултимедиско податочно компресирање(изворно кодирање), дефинирано како вкупното количество на податоци поделено по репродукциско време.
Пропусен опсег во веб хостирање[уреди | уреди извор]
Во хостирање на веб страни, поимот пропусен опсег е често некоректно употребен за да го опише количеството на податоци пренесени во или од вебсајт или сервер во рамките на препишано време, како на консумација на пропосен опсег акумулирана во текот на еден месец мерена во гигабајти во месец.
По прецизната фраза е употребена за овој поим од максимално количество на податочен пренос во секој месец или даден период е месечен пренос на податоци.
Интернет конекцки пропусен опсег[уреди | уреди извор]
Оваа табела го покажува максималниот пропусен опсег(потребните ресурси за физичкиот слој) од заеднички интернет пристапни технологии.
За повеќе детални листи погледнете:
|56 kbit/s||Modem / Dialup|
|1.5 Mbit/s||ADSL Lite|
|1.544 Mbit/s||T1/DS1|
|2.048 Mbit/s||E1 / E-carrier|
|10 Mbit/s||Ethernet|
|11 Mbit/s||Wireless 802.11b|
|44.736 Mbit/s||T3/DS3|
|54 Mbit/s||Wireless 802.11g|
|100 Mbit/s||Fast Ethernet|
|155 Mbit/s||OC3|
|600 Mbit/s||Wireless 802.11n|
|622 Mbit/s||OC12|
|1 Gbit/s||Gigabit Ethernet|
|2.5 Gbit/s||OC48|
|9.6 Gbit/s||OC192|
|10 Gbit/s||10 Gigabit Ethernet|
|100 Gbit/s||100 Gigabit Ethernet| | fineweb-2 |
Нашата цел е да понудиме доста квалитетна услуга за пониска цена на пазарот.
Брзина
Сигурен ДатаЦентар
24/7 Менаџирање
Брза Инсталација
За кратко време инсталираме целосен сервер и вршиме тестирање на истиот.
Без никакви грешки.
Поддршка на највисоко ниво со големи стандарди.
Брз одговор и брзо решение за вашиот проблем/прашање.
Е-маил поддршка
GamePanel Тикети
Посебна
Тикет Поддршка
ЦЕНИ
Серверот е лоциран во еден од најголемите и најбезбедните дата центри во Европа тоа е Нирнберг, Германија.
Располага со голема брзина од 1000mbps(up/dw) и 64GB RAM DDR3-ECC со процесор Xeon 3.40Ghz.
Стабилноста е на големо ниво, серверот врши наградба на секој 3месеца за да биде побезбеден и побрз. | fineweb-2 |
Битка кај Мидвеј
Почетниот воен успех на Јапонците, големите штети во воената база на Перл Харбор, освојување на Борнео, Суматра, Филипините, Малезија, Сингапур, Холандска источна Индија, нанесени големи загуби на далекуисточната флота на Британската морнарица им влевал надежи дека лесно и без отпор ќе завладеат со Фиџи, Самоа и со Австралија.
Оваа нивна намера била сериозно осуетена еден месец порано со битката во Коралното море каде задружените сили на САД и Австралија извојувале огромна стратешка победа иако воено не ги ослабнале јапонските сили.
Пролетта 1942 Американците започнале да ги бомбардираат индустриските цели на островот Хоншу, Токио и Јокохама (т.н операција Дулитл) со авиони од носачот "Хорнет" нанесувајќи сериозни загуби.
Јапонците (погрешно) биле убедени дека американските бомбардери полетале од Мидвеј, важна попатна (поморска и авионска) станица насреде Тихиот океан, а во тој момент најблиската евентуална појдовна точка на сојузниците до Јапонскиот Архипелаг.
Дотогашните почетни воени успеси преовладале јапонците да гледаат со големо потценување кон непријателот дури несвесни дека по битката во Коралното море дефинитивно е ставен крај на нивните успешни офанзиви на Пацификот.
Сепак биле решени да го освојат Мидвеј.
Успехот го гледале со своите претпоставки дека американците се деморализирани од претходните загуби (еден потопен носач на авиони, друг тешко оштетен и неупотреблив, бојните бродови се само "парче железо" во хавајското пристаниште, итн.
Знаејќи дека Мидвеј го штитат слаби воени сили на САД, јапонските поморски сили под команда на маршал-адмирал Исороку Јамамото започнале напад со намера да го освојат островот.
Флотата за напад била поделена на 2 дела, слаб северен дел и супер моќен западен дел (4 носачи на авиони со подршка).
Јапонската претпоставка дека американците имаат на располагање само 2 носачи на авиони и дека истите ќе бидат намамени од жртвуваниот северен дел од флотата биле погрешни.
Американците свесно не обрнале внимание на северниот дел од јапонската флота која се наоѓала на отворено море и не претставувала никаква опасност по нив, туку своите 3 носачи на авиони ги упатиле малку јужно од Мидвеј.
Кога јапонските бомбардери започнале со нападот на Мидвеј, биле изненадени од присуството на американските носачи на авиони што довело до мала конфузија во нападот.
Сепак неколку јапонски бомбардери извршиле напад на "Јорктаун" при што му нанеле тешки оштетувања.
Но сега веќе информирани за присуството на американските носачи на авиони, јапонците го смениле тактичкиот дел од планот: се повлекле на платформите на своите носачи на авиони за да ги заменат бомбите со торпеда за полесно да ја уништат американската флота.
Американските бомбардери тргнале по нив.
Без скоро ниту еден авион во воздушна битка (сите јапонски авиони биле во фаза на менување на бомбите со торпеда, а авионите ловци не можеле да полетаат бидејќи полетно-слетните платформи биле зафатени) јапонските носачи на авиони биле лесна мета за американските бомбардери кои со суновратни напади за 15 минути потопиле 3 од нив (носачите на авиони Кага, Акаги и Сорју).
Четвртиот носач Хирју се наоѓал 30 км северозападно, неговиот командант контра-адмирал Тамон Јамагучи бил збунет и не можел да поверува на гледката во далечина.
Најпрво почнал да се повлекува, но бесот бил преголем и набргу се завртел и почнал да плови кон американската флота започнувајќи контранапад.
Ги испратил сите свои авиони во бескомпромисен напад кон американски цели, неколку бомби го погодиле веќе оштетениот "Јорктаун", но за тоа време останал сам на отворено море и онака беспомошен бил лесен плен за американските авиони.
"Јорктаун" бил во лоша состојба, најпрво сериозно оштетен во битката во Коралното море, иако делумно поправен за само 72 часа во Перл Харбор, преживеал уште една тешка битка.
Но во продолжение на битката за Мидвеј, во потрага по останатите бродови од јапонската флота на 7 јуни 1942 бил торпедиран од јапонска подморница.
Загубата на еден носач на авиони за американците не претставувала голем проблем за моќната индустрија, неколку други носачи на авиони биле во завршна фаза на производство.
Последици[уреди | уреди извор]
Уништувањето на најмоќниот дел од јапонската флота довело до неравноправна борба на Пацификот до крајот на војната.
Пресудната битка била добиена за Американците, од тој момент Јапонците се повлекуваат во дефанзива.
Види уште[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
11ти Октомври
Сараево - Мостар - Дубровник
Посетете ги трите најшармантни балкански градови,
Сараево, Мостар и Дубровник,
во едно патување, по празнична цена од само 111 Евра!
Поаѓање во часот од од Струмица со туристички автобус.
Патот води на граничниот премин Табановце, преку Србија со попатни одмори до Сараево.Пристигнување во Сараево,панорамски разглед на градот ,слободно време за одмарање.Ноќевање.Факултативна вечера во традиционален Босански ресторан.
2 ден
Појадок.Следува разглед на градот со туристички водич: Баш Чаршија(каде се менува, еден по друг отоманскиот, австроунгарскиот и конечно современиот дел од градот), Катедралата "Срце Христово", Соборната црква Св.
Тројца, Беговата џамија, Царевата џамија, зградата на академијата и уметноста, Латинската чуприја.
Слободно време за прошетка.Ноќевање.
3 ден
Појадок.
По појадокот заминување на излет до Мостар.
Можност да се видат и посетат: Стариот мост, саат кулата, Караџорџевата џамија, Коски Мехмед-Пашината џамија... Слободно време за прошетка и заминување во Дубровник.
Следи разгледување на стариот град, плоштадот Страдун, Тврдината, Катедралата Св.Влах, Дубровничката катедрала, Саат Кулата, културно историски музеј - Кнежев Двор - некогаш седиште на Кнезовите на Дубровачката Република... Патувањето продолжува за Тиват(факултативно забава во диско клуб).Ноќевање.
Излет до Манастир "Острог" на Свети Василие Острошки, третото во светот најпосетувано православно светилиште после Ерусалим и Света Гора.
Разгледување на Долниот и Горниот Манастир и ковчегот со моштите на Светителот, од кого помош секојдневно бараат река од верници: православни, католици, муслимани, атеисти.
А чуда се случуваат…Попладне заминување за Македонија .
Цената на предложениот аранжман изнесува 111 Евра по лице, во денарска противвредност во износ од 6882 Денари.
Вклучено во цената:
-Превоз со високотуристички автобус
-Две ноќевања во хотел Holywood 4* со појадок во Сараево
-Едно ноќевање во хотел Палма во Тиват со вечера и појадок -
-Туристички придружник и организација на патувањето
Цената не вклучува:
-влезници за културно историски знаменитости
-осигурување
-и сите други ненаведени услуги
ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБНИ СЕ МИНИМУМ 45 ПАТНИЦИ.
ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ
Повеќе информации на 02 32 222 83
Copyright © 2013 АмбасадорМак.
All rights reserved.
Our mailing address is: [EMAIL]
Ви благодариме на вниманието!
Според новите истражувања на World Travel&Tourism Council (WTTC), презентирани на 12тиот Глобален Самит во Токио, Јапонија.
Истражувањето изведено од страна на Oxford Economics, покажува дека директниот придонес на секторот туризам во светскиот GDP е US$ 2 трилиони, односно 2.8 проценти, а индиректниот придонес е US$ 6.3 трилиони
Во 2011, 98 милиони луѓе биле директно вработени во секторот туризам, на светско ниво.
Тоа е:
• 6 пати повеќе од глобалната автомобилска индустрија,
• 5 пати повеќе од глобалната хемиска индустрија,
• 4 пати повеќе од глобалното рударство,
• 2 пати повеќе од секторот комуникации на глобално ниво, и
• за една третина повеќе од бројот на вработени во финансиско работење и банкарство.
Секој патник се грижи за добросостојбата и сигурноста за време на патувањето и престојот во странство.
Една од мноштвото услуги за кои можете да се обратите во Т.А.Амбасадор Мак е ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ПАТУВАЊЕ И ПРЕСТОЈ ВО СТРАНСТВО на Осигурителна Полиса .
Нашата полиса за патничко осигурување Ви ги овозможува следниве осигурителни покритија ширум светот во реномирани здравствени институции преку услугите:
A. Здравствена помош
• Болничко лекување од болести и незгода
• Лекарска интервенција
• Репатријација
B. Осигурување незгода
C. Осигурување на багаж и надомест за загуба на патни документи
Повеќе информации на [EMAIL] | fineweb-2 |
Евгениј Онегин
|"Евгениј Онегин"|
Приказ на Илја Репин на двобојот на Онегин и Ленски
|Автор||Александар Пушкин|
|Наслов на
оригиналот
|Евгений Онегин|
|Преведувач||Владимир Набоков|
|Земја||Русија|
|Јазик||руски|
|Жанр(ови)||роман во стихови|
|Издадена||[PHONE]|
"Евгениј Онегин" (руски: Евгений Онегин) — роман во стихови од Александар Пушкин.
Делото претставува класика на руската книжевност, а истоимениот протагонист модел и пример за многу руски кнжевници.
Романот е издаден по делови како серијал помеѓу 1825 и 1832.
Првото целосно издание било издадено во 1833, додека денешната прифатена верзија е базирана на изданието од 1837.
Темата во романот е љубовта, младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање.
Времето на случување се дваесеттите години од 19 век, во Петроград, на село и во Москва.
Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку сижејни линии.
Самиот писател ја доживеал судбината на својот лик Владимир Ленски (починал во двобој).
По истиот роман, Петар Илич Чајковски ја напишал истоимената опера.
Делото е преведено на неколку светски јазици и се смета за едно од најголемите светски класики кои некогаш биле создадени.
За ликовите[уреди | уреди извор]
Онегин е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на 19 век.
Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник, Чајлд Харолд.
Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја "средна линија", посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.
Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа.
Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување.
Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности.
Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор.
И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа без проблем го убива на двобој Ленски.
Ленски е поларна спротивност на Онегин.
Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови.
Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.
Татјана ги поседува сите особини што ја прават една женска природа богата: интелигенција, спонтаност, мечтателност и беспрекорна морална чистота.
На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама.
Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.
Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот петроградски слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.
За настанувањето[уреди | уреди извор]
Првата глава е започната на југ, Кишинев, на 9 мај 1823 година, и е завршена есента, на 22 октомври истата година, а испечатена во февруари 1825 година во Петроград.
Неа Пушкин ја посветил на својот брат Л.С.
Втората и третата глава се напишани во Одеса.
Всушност третата глава е таму почната, но завршена е во Михаиловско, каде што Пушкин го издржува своето второ прогонство.
Четвртата глава е започната во октомври 1824 година, а завршена на 31 јануари 1826 година.
Петтата глава Пушкин ја започнува утредента по завршување на четвртата, а истата 1826 година ја напишал и шестата глава, која завршила со забелешката: "Крај на првиот дел".
Седмата глава е започната во Михаиловски, во август или септември 1827 година.
Во неа Пушкин имал намера да ги опише патешествијата на својот главен јунак, но потоа ги вметнал во осмата глава, која ја започнал во октомври 1829 година, а ја завршил во Болдино.
Деветтата глава во конечната верзија се појавува како осма, а завршена е на 25 септември 1835 година во Болдино.
На крајот, Пушкин го поделил својот роман на три дела, со по три глави, со заглавие на секоја глава, и со ознаки за време и место каде настанале главите.
Во првиот дел влегле главите: Досада, Поет и Госпоѓица; во вториот: Село, Именден и Двобој; во третиот: Москва, Патешествија и Високото друштво.
На крајот ги додал и своите белешки кон романот и кратката напомена дека романот е создавана од 9 мај 1823 година, Кишинев, до 25 септември 1830 година, Болдино: 7 години, 4 месеци и 17 дена.
Најпрвин Пушкин имал намера да ја печати и деветтата глава заедно со осмата, но тоа било оневозможено од царската цензура.
Всушност осмата глава содржела стихови со директни забелешки кон царскиот режим.
Не само што било невозможно да се отпечатат, туку Пушкин сфатил дека е опасно да ги чува и како ракопис, па ги уништил самиот.
Со исфрлање на осмата глава, била нарушена композицијата на романот, па Пушкин морал да го преработува.
Во текот на 1831 година, тој ја преработува деветтата глава, која сега, во конечната верзија станува осма.
Тогаш Пушкин го напишал и делот: "Писмото на Онегин до Татјана", кое во првобитната верзија го немало.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр.
- Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр.
- Одбрани дела во пет тома, Наша книга, 1986 том III, стр.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Yevgeny Onegin The full text of the poem in Russian
- The Xth Chapter
- Eugene Onegin at lib.ru Charles Johnston's complete translation
- The Poetry Lovers' Page (a translation by Yevgeny Bonver)
- Pushkin's Poems (a translation by G. R. Ledger with more of Pushkin's poetry)
- What's Gained in Translation An article by Douglas Hofstadter on the book, which explains how he can judge the relative worth of different translations of Onegin without being able to read Russian | fineweb-2 |
Ова е категорија за филмски, театарски и телевизиски глумци, машки и женски.
Врв А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
Оваа категорија ги содржи следниве 8 поткатегории од вкупно 8. | fineweb-2 |
Ајкула-ѓавол
Aјкулата-ѓавол е една од длабокоморските ајкули со необичен изглед и е бледорозова, има млитаво тело, ситни очи и долг, слпескан, клунест рострум.
Овој необичен израсток е прекриен со електрорецептори, а веројатно служи за откривање плен во темните длабочини.
Под рострумот оваа ајкула има специјализирани челусти што може да ги сифрли кон напред за да зграпчи риби и октоподи со долгите, зашилени заби.
Ги котат младенчињата а кога ќе пцовисаат, од розеникава, бојата ја менуваат во валкано кафеаво-сива.
Официјално се уловени само неколку десетици примероци од овој вид, па се смета дека е редок.
Повеќето податоци потекнуваат од ајкулите уловени со бродови што со парангали ловеле длабоморска риба.
Фосили на ајкули слични на овој вид се најдени во карпите стари повеќе од сто милиони годинни. | fineweb-2 |
Monday, December 24, 2007
Пилешки прсти
Прсти да излижеш...
Потребно е:
1.
500гр пилешки гради
2.
120гр брашно
3.
120мл пиво
4.
4 јајца
5. сол
6. зејтин за пржење
Подготовка:
Исечете го пилешкото на стапчиња со дебелина од 1см.
Во подлабок сад изматете ги прво белките (како за торта), и потоа додадете ги жолчките кои претходно ги имате измешано со пивото и со брашното.
Посолете по вкус.
Смесата треба да биде густа како за палачинки.
Во подлабок сад загрејте зејтин.
Стапчињата валкајте ги прво во брашно, па во подготвената смеса и пржете ги додека не поруменат од двете страни.
Откако ќе се испржат извадете ги на хартија да се впие вишокот зејтин.
Сервирајте со тартар сос или со сос од сенф и мед.
Ммммм, многу се вкусни.
Добри се за со пиво во снежна зимска ноќ. | fineweb-2 |
Во вангла ставете ги сите суви состојки, измешајте ги.
Во млекото растворете го квасецот.
Маргаринот треба да го ставите на собна температура да омекне, а може и да го малку растопите.
Во сувите состојки додајте го растворениот квасец во млекото, јајцата, омекнатиот маргарин.
Со спиралните мешалки од миксерот (зборувам за обичен миксер) месето го тестото и тоа не малку време.
Тестото се меси доволно долго додека не видите дека навистина е тоа станато воздушесто - лесно ќе го препознаете.
Оставете го тестото да стаса.
Вообичаено благи кисели теста киснат повеќе време, затоа ништо да не ви е чудно ако помине и 1 час откако сте го оставиле.
ВАЖНО - Кога веке стасало тестото, несмеете да го премесувате.
Само поделете го на толку парчиња - јас обично три... и така растегајки ги само правам фитили за да сплетам каква - таква плетенка.
Малку неуредно изгледа... ама во тоа е и целиот успех со ова тесто.
Сплетете го тестото и оставете го пак на подолго време да стаса.
Премачкајте го со спреманата жолчка, ако имате гранули шеќер посипете... филиран миндал, јас во недостаток на гранули шеќер посипувам со ванили... ванилата нема да прегори во текот на печењето.
Ставете го да се пече на 180 степени предходно загреана рерна, а после 5-6 мин.
намалете ја температурата.
Треба да биде печено за околу 45 минути.
СОВЕТ
За да ви успее целосно овој рецепт, сите потребни состојки треба да се на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани | fineweb-2 |
ВОВЕД
При објавувањето на текстот од моето прво истражување во врска со ХПВ вакцината насловен како ХПВ вакцината е модерен руски рулет се служев со извори на информации кои се официјално прифатени како меродавни за оние кои ја пропагираат вакцината како корисна, како што се на пример официјалните податоци за пријава на несакани ефекти по вакцинацијата добиени од ВАЕРС системот – кој е државен систем во САД, државни институции како што се Агенцијата за храна и лекови – ФДА, Центарот за контрола и превенција на болести – ЦДЦ, производителот на вакцината Гардасил – фармацевтската компанија Мерк, изјави на стручни лица објавени во медиумите и сл.
Иако најголемиот број од документите кои ги користев ја пропагираат ХПВ вакцината како безбедна и ефикасна и застануваат во нејзина одбрана, се обидов да ги издвојам најкарактеристичните недоследности кои всушност го покажуваат спротивното, а никој од поддржувачите на вакцината не сака ниту да ги чита, ниту да разговара за нив, иако тие податоци стојат во официјалните документи.
Во меѓувреме, истражувајќи подлабоко на таа тема дојдов и до нови сознанија.
Првото големо сознание е дека, како и за многу други работи во медицината и општо во науката, всушност ништо не е докажано и целата приказна се темели на теорија и претпоставки, а потоа целиот случај се гради врз тие претпоставки како да е тоа нешто докажано вистинито.
На крај, изведените заклучоци се наметнуваат како догма и секој што ќе се обиде да искаже несогласување се обвинува за ерес.
Второто големо сознание е дека има алтернативни теории, сосема спротивни на официјално пропагираните, кои во најмала рака се барем исто толку веројатни колку и официјалните.
Особен впечаток ми остави австралиската новинарка Џенин Робертс, која со децении работи како медицински истражувач, како и научници од редот на Стефан Ланка, Питер Дуисберг, нобеловците Барбара Меклинток, Ото Варбург и други.
Во текстот кој следува се користам со преводи и цитати од нивните дела, делови од официјални документи и објавени материјали во медицински списанија и медицински книги, како и мое лично толкување и поврзување на целиот тој материјал во една целина.
НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА ХАРОЛД ЗУР ХАУЗЕН
На 10 декември 2008 година на д-р Харолд Зур Хаузен му беше доделена Нобелова награда за физиологија или медицина за пронаоѓањето на ХП-вирусот и докажувањето на поврзаноста на тој вирус со ракот на грлото на матката.
Меѓутоа, алката што недостасува е всушност неговиот неуспех да најде начин да ги убеди клетките да го произведуваат тој вирус.
ПРАВЕЊЕТО НА ВАКЦИНА ЗА ВИРУС ШТО ГО НЕМА
Вообичаените детски вакцини, како на пример вакцините против заушки, сипаници, рубела и полио, се произведуваат од клеточни култури – затоа што вирусите се продукти на клетките.
Но, има нешто што е многу различно во врска со ХПВ вакцината.
За разлика од другите вообичаени вакцини, таа не содржи вирус.
Во ниту еден момент во производството на вакцината нема вирус.
Причината зошто е тоа така е многу едноставна.
Досега научниците не успеале да "убедат" ниту една клеточна култура да го произведе овој вирус, па дури ни култури составени од канцерогени клетки од грлото на матката.
Во една изјава од Меѓународната Агенција за Истражување на Канцери се вели дека овој тип на вирус, папилома вирусите (ХПВ), "не може да се размножуваат во клеточна култура".
Засега, се вели дека овие вируси можат да се произведуваат само со "клонирање", односно да се направат во лабораторија.
ХПВ вакцината е продукт на една нова индустрија која не се базира на изолирање на вируси, туку на синтетичко производство преку репродуцирање на кратки генетски кодови за кои се тврди дека доаѓаат од протеини кои некогаш биле дел од надворешната обвивка на вирусот - кој всушност никаде го нема во производството на вакцината.
Многу чувствителни нови тестови, варијанти на лабораториската алатка наречена ПЦР – ланчана реакција на полимерази (PCR – Polymerase Chain Reaction) овозможуваат проучување на многу мали фрагменти на генетски кодови кои може да се најдат во разбиениот клеточен материјал.
Во овој случај, она што се бара се фрагменти од кодови за одредени протеински молекули.
За нив се верува дека доаѓаат од надворешната обвивка на ХП-вирусот и вакцината е базирана врз производство на овие протеини.
Тие природно се собираат во празни школки "слични на вирус" и затоа официјално се познати како "честички слични на вирус".
Во производството на вакцина Гардасил (во Македонија под името Силгард) тие честички се ставаат во клетки и се мултиплицираат во квасни клеточни култури.
Потоа течноста од таа култура, која ги содржи тие честички, се користи како вакцина.
Затоа вакцината содржи многу честички од квасните габички, плус сите адитиви кои ги содржи, па така Гардасил официјално не се препорачува за оние кои се чувствителни на квасец, но и за оние кои се чувствителни и на било која друга состојка во вакцината, а особено аморфен алуминиум хидроксифосфат сулфат, како и полисорбат 80.
Но, како ќе знаеме дали некое девојче е алергично на некоја од овие состојки?
Претпоставувам дека тоа се дознава дури после примањето на вакцината, ако се јават тешки несакани ефекти.
Понатаму во вакцината се додава алуминиумската состојка како "адјувант" за да се предизвика нашите имунолошки клетки да произведуваат анти-тела подолго време – иако во последно време има сериозни показатели дека многу луѓе добиваат тешки заболувања заради тој алуминиум.
Алуминиумот е во форма на ситни остри кристали кои личат на иглички.
Нив нашите имунолошки клетки се обидуваат да ги "изедат", но не можат.
Игличките остануваат заглавени внатре.
Затоа и не е чудно што нашите клетки реагираат подолго време на оваа вакцина.
Зошто се мисли дека ХП-вирусот го предизвикува овој тип на рак?
Се чини само затоа што д-р Харалд Зур Хаузен пронашол одредени генетски кодови во или во близина на канцерогените клетки во грлото на матката; бидејќи во 90% од случаите, "ДНК и записи од специфични ХПВ типови редовно се детектирани во биопсиите од рак на цервиксот и лезиите кои му претходат".
Тој претпоставил дека овие кодови биле од протеини кои се уникатни за тој вирус.
Можеме слободно да кажеме "претпоставил" бидејќи најголем дел од вирусите сеуште не се проучени, па по некоја логика би било невозможно да тврдиме дека сме сигурни дека одреден протеин е уникатен за било кој вирус.
Исто така, тоа што тие протеини се пронајдени во канцерогените клетки не мора да значи дека тие го предизвикале канцерот.
Можеби клетките ги произведуваат тие протеини за други цели.
Така, бидејќи вирусот не може да биде размножуван, вакцината се прави од "честички слични на вирус" произведени од синтетички верзии на протеините за кои се тврди дека се дел од ХП-вирусот.
Во реалноста, човечките кожни клетки ги произведуваат овие протеини – но истите тие клетки не ја потврдиле таа нивна способност да го произведуваат ХП-вирусот во лабораторија.
Затоа е речиси невозможно да се докаже дека овие протеини доаѓаат од тој вирус.
КАКВА Е НАВИСТИНА УЛОГАТА НА ХПВ?
Буквите "ПВ" во ХПВ означуваат "папиломавирус".
Папиломавирусот е опишан дека содржи двојна низа на циркуларна 8 кб долга ДНК.
До сега, над 70 различни протеини за кои се мисли дека доаѓаат од различни варијанти на овој вирус се пронајдени во човечки ткива, а над 20 кај животните.
Изгледа дека тие не се пренесуваат помеѓу животинските видови, односно се карактеристични за одреден домаќин.
Каде се пронајдени генетските кодови идентификувани како папиломавирус?
Зур Хаузен не ги пронашол во вируси произведени во клеточни култури, ниту пак во изолирани вируси, туку во човечкиот геном, најзаштитениот дел во нашите клетки.
Тој не го пронашол таму целиот код за неговиот вирус, туку само дел од кодот.
Тој заклучил од тоа дека вирусот мора да постои и дека сигурно го пренел тој код во нашата клетка.
Но овие секвенци тешко се разликуваат од човечката нормална ДНК, бидејќи се чини дека ги има во скоро сите луѓе.
ПЦР тестовите покажуваат дека 80% од здравите возрасни жени во САД ги имаат или ги имале овие протеини, што значи дека нивните клетки ги произведуваат, но помалку од 1% од жените заболуваат од рак на грлото на матката, што сугерира дека овие протеини нормално не предизвикуваат рак.
Тогаш, зошто овие протеини биле поврзани со канцерот?
Некои ХПВ научници велат дека овие протеини можеби влијаат на еден нормален протеин кој го има во клетките и е познат како п53 кој ни помага во заштитата од канцери.
"Протеинот Е6 (за кој се смета дека доаѓа од одредена форма на ХПВ) се врзува со п53 и оваа интеракција резултира со намалување на периодот на полураспаѓање на п53 во клетките", но ова е во голема мера аргумент изведен од асоцијација.
Навистина се чини дека има помалку п53 во случаите каде што овој протеин е присутен, но тоа не докажува дека присуството на протеинот го предизвикува намалувањето на п53.
Тврдењето дека овие протеини се патогени доаѓа после еден експеримент во кој овие протеини (не вирусот) биле "краткотрајно пренесени во ХеЛа клетки".
Клетките кои умреле после тоа биле избројани.
Стапката на смртност на тие клетки пораснала за околу 5%.
ХеЛа клетките се човечки малигни канцерогени клетки од грлото на матката.
Ако тие умреле откако им биле додадени овие протеини, тоа би можело да наговестува зошто нашите клетки ги произведуваат овие протеини кога се загрозени од рак на грлото на матката – се чини многу поверојатно дека го прават тоа за да не заштитат нас преку уништување на канцерогените клетки, а не со нивно предизвикување!
Слично на ова, многу ретровируси изгледа дека имаат силни анти-туморни ефекти.
Има сугестии дека клетките ги користат ретровирусните честички за транспортирање на генетските кодови кои оштетените клетки може да ги употребат за да се поправат самите, или пак да предизвикаат апоптоза, односно умирање на оштетените клетки, како што може да се заклучи од овој ХеЛа експеримент.
Сега се поставува прашањето, зошто нашите клетки ги произведуваат ХПВ протеините?
Зошто речиси 80% од нас ги имаат, а не добиваат рак?
Според списанието US Pharmacist, објавено на 1 септември 2007 година, до возраст од 50 години, околу 80% од жените во САД имаат или имале генитална ХПВ инфекција.
Зошто повеќето од нас ги имаат овие протеини, а многу мал процент (1%) добиваат рак?
Се чини дека целиот фокус на истражувањата досега е насочен кон испитувања дали овие протеини можеби предизвикуваат болести, а не кон испитувања дали тие би можеле да бидат корисни за нас на некој начин, како на пример заштита на жените од канцер на грлото на матката.
Во услови кога ХП-вирусот не е изолиран, ниту пак може да се размножува во лабораторија, и не е можно да се докаже самото негово постоење, сметам дека е ризично за здравјето на нашите деца да веруваме дека протеините за кои се тврди дека доаѓаат од тој "вирус" предизвикуваат рак.
Ако се покаже дека се тие протеини насочени кон заштита на жената од канцер на цервиксот, тогаш би било многу контрапродуктивно да се земе вакцина која нашите тела ги тера да произведуваат антитела против овие протеини, затоа што кога тоа би се постигнало, тоа би предизвикало автоимуно заболување, бидејќи нашето тело би се нападнало самото себе.
Во документот објавен на 5 јуни 2007 година во журналот Инфективни фактори и канцер (Infective Agents and Cancer) е објавено истражувањето на Одделот за патологија во болницата Милфорд, Конектикат, САД, во кое се вели дека: "поголемиот број на повеќекратните ХПВ инфекции се привремени, варираат помеѓу различни популации и се под влијание на различните стадиуми на карценогенеза" и дека "кај 93% од претходно инфицираните жени, истиот вирусен тип не е детектиран при повторниот преглед после 4 менструални циклуси.
Просечното времетраење на детектираниот специфичен ХПВ тип кај овие млади жени изнесува 168 денови".
Со други зборови, протеините за кои се верува дека доаѓаат од ХП-вирусот не остануваат исти.
Дали причината за тоа е бидејќи во налети напаѓаат различни ХП-вируси , или пак, бидејќи клетките произведуваат различни типови од овие протеини спрема своите потреби?
Во истиот документ понатаму некако незабележано поминува еден многу интересен факт: "Количината на вирусниот материјал не е корисен параметар за предвидување на посериозни површински епителни лезии – кај кои количината на вирусна ДНК е помала отколку кај понесериозните лезии".
Со други зборови, кај посериозните лезии има помалку "вирусен" материјал, а кај понесериозните има повеќе "вирусен" материјал.
Официјален заклучок: Не е корисен параметар??
Зарем никој не помислил дека, ако нашите клетки ги произведуваат тие "вирусни материјали" за да се борат против канцерот, логично е дека во лезиите кои лесно заздравуваат би имало поголема количина на таков материјал – кој ја спречува и ја победува болеста.
Кај посериозните лезии таков материјал има се помалку, затоа што клетките ја губат битката со канцерот и веќе не можат да произведуваат доволна количина од таа материја.
Ако тој материјал доаѓа од вирус кој ги напаѓа клетките и предизвикува рак, зарем не е логично дека во посериозните лезии би требало да има повеќе од тој материјал, а не помалку?
Уште еден важен дел во оваа сложувалка пополнува еден текст во една од најавторитетните медицински книги за канцери со наслов Рак:Принципи и пракса на онкологијата (Cancer: Principles and Practice of Oncology), шесто издание, втор том, на страна 1523, во кој се вели дека "ХПВ инфекцијата не е доволна да предизвика карценогенеза на грлото на матката" што е сосема логичен заклучок, затоа што кога ХПВ инфекцијата би била доволна да ја предизвика таа болест – 80% од жените би ја добиле.
Понатаму се вели: "Во најголемиот број на истражувања, ХПВ статусот не беше значаен независен прогнозер на исходот кај пациентите со рак на грлото на матката; меѓутоа, се чини постои тренд ХПВ-негативните тумори да завршуваат полошо.....оние тумори кои содржат ХПВ ДНК се обично тумори во рана фаза и од понизок степен".
Ова сугерира дека туморите без ХПВ завршуваат полошо.
Зарем од ова не можеме да изведеме логичен заклучок дека нашите клетки го произведуваат протеинот (кој се идентификува со ХПВ) за да се заштити од болеста; при победата над болеста концентрацијата на тој протеин е најголема; но, за жал, кога клетките ја губат битката со канцерот тој протеин се намалува и кога канцерот веќе победил тие протеини веќе воопшто ги нема – што го прави речиси невозможно излекувањето на канцерот?
Инаку, ко-уредници на книгата се, меѓу другите, д-р Стивен Розенберг - шеф на хирургија во Националниот Институт за Канцер и д-р Винсент ДеВита – поранешен претседател на Националниот Институт за Канцер.
Во еден заеднички истражувачки научен труд, професорот Питер Дуисберг (Peter H. Duesberg), објави дека "ниту една подгрупа на вирусна ДНК не е конзистентно пронајдена или изразена во ХБВ-позитивните тумори (ХБВ – хепатитис Б вирус).
Само 11 – 19% од туморите кај ХБВ позитивните пациенти покажуваат некои вирусни антигени, во споредба со 26 – 61% кај кои вирусни антигени се појавуваат во околните неканцерозни ткива".
Дали би можело ова да се објасни со можноста дека овие протеини се таму за да заштитат, а не да предизвикаат рак?
(Питер Х. Дуисберг е член на Американската Академија на Науки, професор по молекуларна и клеточна биологија на Калифорнискиот Универзитет и еден од најпознатите научници на тоа поле во светот.
Познат е како научник кој го идентификувал првиот вистински вирусен онкоген кај птиците, но и како научник кој тврди дека ХИВ вирусот е сосема безопасен и дека не е предизвикувач на болеста СИДА.)
Исто така вреди да се разгледа и едно истражување направено во САД во текот на 2003-2004 година чии резултати беа објавени во осмиот број на авторитетното медицинско списание ЈАМА (Журнал на Американската Медицинска Асоцијација) од 28 февруари 2007 година, под наслов Распространетоста на ХПВ инфекцијата кај женската популација во САД.
Еве ги резултатите табеларно:
Возраст Распространетост
14 – 19 24.5%
20 – 24 44.8%
25 – 29 27.4%
30 – 39 27.5%
40 – 49 25.2%
50 – 59 19.6%
14 – 59 26.8%
Како што можете да забележите, распространетоста на ХПВ инфекцијата се намалува со зголемувањето на возраста.
А сепак, инцидентноста на ракот на грлото на матката е најголема на просечна возраст од 48 години, додека смртноста од таа болест е најголема во возрасната група од 65 – 69 години!
Значи, колку е помала присутноста на ХПВ протеинот, толку е поприсутен канцерот и толку е помала способноста да се победи болеста!
Зарем тоа не покажува дека можеби тој протеин кој е етикетиран како "вирусен" е всушност производ на нашето тело кој заштитува од рак?
Особено интересен факт кој понатаму е прикажан во истиот документ е дека "високоризичните фактори" содржани во ХПВ вакцината, ХПВ-16 и ХПВ-18 биле пронајдени само кај мал број од жените, или поточно ХПВ-16 бил пронајден кај 1.5%, а ХПВ-18 кај 0.8%.
Документот завршува со заклучок дека "распространетоста на ХПВ типовите содржани во ХПВ вакцината е релативно ниска".
ШТО Е ТОГАШ ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА ОВИЕ КАНЦЕРИ?
На 1 септември 2007 година Чикашкиот Универзитет објави научен труд во списанието US Pharmacist, спонзориран од Мерк (производител на вакцината Гардасил), насловен како "Вакцинирање на младите жени против хуман папилома вирусот" во кој пишува дека: " Самата ХПВ инфекција не е доволна да предизвика рак на грлото на матката.
Очигледно постојат други виролошки кофактори, како и кофактори во врска со домаќинот (носителот) и околината, кои влијаат на ризикот ХПВ инфекцијата да прогресира во рак на грлото на матката.
Фактори кои би можеле да влијаат врз прогресијата на ХПВ инфекцијата во рак на грлото на матката вклучуваат имуносупресија, пушење, како и истовремена инфекција со вирусот херпекс симплекс или кламидиа трахоматис".
(Бактеријата кламидиа трахоматис се смета за патоген кај луѓето и еден од главните фактори кои предизвикуваат воспаленија на ткивата во грлото на матката познати како цервиситис).
Во истиот труд исто така се вели: "Долгиот латентен период помеѓу примарната инфекција и појавата на рак сугерира дека во процесот на развивање на туморот се вклучени дополнителни фактори: сексуалното однесување, имунолошката состојба, генетските предиспозиции, исхраната, користењето на тутун, социјално-економската состојба."
Според Меѓународната Aгенција за истражување на канцери, "Влијанието на хемиски или физички канцерогени материи врз прогресијата на лезии предизвикани од папилома вирус е документирано во голем број студии".
Зошто не е така лесно ХПВ да се обвини за предизвикување на рак?
Затоа што, од претпоставеното инфицирање со вирусот до развивање на ракот минуваат децении и тешко е да се најде причинско-последична врска.
Тогаш што е главната причина за ракот на грлото на матката?
Дали се тоа кофакторите, или пак овие кодови и протеини?
Изгледа дека е поверојатно тоа да се кофакторите, особено токсините, бидејќи различни токсини се поврзуваат како главни фактори кај други човечки канцери, како на пример азбестот кај месотелиомата или пак тутунот кај ракот на белите дробови.
Во медицинскиот журнал Епидемиологија на канцери, Биомаркери&Превенција (Cancer Epidemiology, Biomarkers&Prevention) во 2002 година беа објавени резултатите од едно истражување во Јута, САД, според кои жените кои пушеле имале 3.5 пати поголем ризик да развијат рак на грлото на матката отколку жените кои многу малку биле изложени на чад од цигари.
Исто така, жените кои практикувале исхрана богата со зеленчук имале двојно помал ризик да заболат од таа болест.
Има показатели дека долготрајното користење на женски продукти за лична хигиена направени врз база на хемикалии би можело да ја промени нормалната бактериска околина во матката која ја заштитува, што потоа предизвикува предканцерозни лезии.
Промивањето (клистирот) кое се користи со намера да се уништат штетните бактерии на тој начин би можело да ги оштети клетките.
Токсините се акумулираат во телесните ткива и после долго време би можеле да достигнат некое критично ниво.
Кога се барале фактори кои предизвикуваат рак на грлото на матката, било забележано дека кај калуѓерките таа болест била многу поретка отколку кај проститутките и според тоа бил изведен заклучок дека веројатно се работи за сексуално пренослив ХП-вирус кој ја предизвикува таа болест.
За заклучок со таква тежина се зема само еден момент од животот на калуѓерките – отсуството на сексуална активност.
Меѓутоа, да ги погледнеме другите моменти во животот на калуѓерките: тие обично живеат во манастири кои се наоѓаат во издвоени предели, претежно планински.
Значи, живеат во незагадена околина и дишат чист воздух.
Голем дел од времето минуваат во молитви и се посветуваат на душевниот мир.
Значи, нема стресови.
Храната што ја јадат е поздрава отколку онаа што се користи во населените места.
Со постење го прочистуваат своето тело.
Не користат хемиски средства за контрацепција, ниту хемиски средства за одржување на генитална хигиена.
Да го завршам списокот со фактот дека калуѓерките не пушат цигари.
Зарем можеме да ги занемариме сите овие фактори на здраво живеење и да веруваме дека сексуално пренослив ХП-вирус предизвикува рак?
Ќе се запрашаме дали ХПВ вакцината ќе ни ги намали шансите да го добиеме овој вид на канцер?
Ако ХП-вирусот е присутен кај мнозинството жени (80%), а многу мал број од нив добиваат канцер (помалку од 1%), се чини неверојатно тој вирус да е причината за тоа.
Ако се главни причини "кофакторите", тогаш вакцината не може да ни овозможи имунитет.
А бидејќи тој канцер се развива во временски период од 10 – 60 години, ќе треба исто толку време за да се покаже дали вакцината навистина делува.
НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ ОД ХПВ ВАКЦИНАТА
Во текстот ХПВ вакцината е модерен руски рулет опширно ги опишав несаканите ефекти од вакцината Гардасил, но во тој момент не бев запознаен со еден многу важен описен документ од 18 мај 2006 година доставен од Мерк до ФДА, во кој, меѓу другото, табеларно е прикажана ефикасноста на ХПВ вакцината кај жените кои претходно биле ПЦР позитивни и серопозитивни на некој од четирите релевантни ХПВ типови од вакцината, по студиски групи.
Во конечниот опис на вакцината (кој сега е составен дел на вакцината) производителот признава дека вакцината нема ефикасност кај оние жени кои претходно биле инфицирани со соодветниот тип на ХПВ 6, 11, 16 или 18.
Меѓутоа, го прикрива фактот прикажан во гореспомнатиот документ дека вакцината, во студиската група 013, кај жените кои веќе биле инфицирани со некој од релевантните ХПВ типови од кои вакцината нуди заштита, ризикот да развијат претканцерогени лезии на грлото на матката се зголемил за 44.6%, односно за толкав процент бил зголемен бројот на жените кои развиле сериозни претканцерозни лезии.
Бидејќи во други студиски групи тој процент бил помал, донесен е заклучок дека во таа група жените имале повеќе ризични фактори кои допринеле за зголемениот ризик, и дека во таквите случаи вакцината нема ефикасност.
Ова би можело да биде индикатор дека со инјективното додавање на овие синтетички протеини се пореметува природниот процес преку кој човечкото тело се заштитува од овие лезии.
Се разбира, никој не проверува дали некоја девојка ги има овие протеини пред да ја прими вакцината, па со тоа се ставаат во опасност оние кои се вакцинираат, а претходно не се тестирани за тие протеини.
Компанијата Мерк поднесе барање до ФДА за одобрение да ја понуди на пазарот ХПВ вакцината Гардасил и за жени на возраст од 27 – 45 години.
На 25 јуни 2008 година ФДА го одби нивното барање.
Претходно, д-р Диана Харпер, која беше една од главните истражувачи во клиничките тестирања за безбедноста и ефикасноста на вакцината, на 7 мај 2008 година на телевизија ЦБС (CBS TV) рече дека воведувањето на вакцината како задолжителна е погрешно, бидејќи "вакцината не е доволно долго време користена за да можеме да ги набљудуваме ефектите после воведувањето на широкиот пазар за да можеме вистински да разбериме какви ќе бидат потенцијалните несакани ефекти".
ИЗБОРОТ ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА
Ако целата приказна за ХП-вирусот и ХПВ вакцината се темели на една сомнителна теорија и е изведена без никакви докази и без никакво разбирање на процесите за кои се тврди дека се случуваат од инфицирањето до развивањето на болеста, се поставува прашање дали има нешто повеќе во изборот на д-р Хаузен за Нобелова награда?
Дали моќните фармацевтски компании кои имаат финансиски интерес бајката за ХПВ вакцината да стане вистина извршиле влијание при изборот?
Според интервјуто објавено во канадскиот весник Стар, обвинителот на антикорупциската комисија во Шведска, Нилс-Ерик Шулц, започнал кривична истрага поради обвинувањата дека "Астра Зенека", фармацевтска компанија која финансиски учествува во процесите за Нобеловата награда, извршила влијание при тој избор.
Во прашање се двајца професори кои учествуваат во номинирањето и доделувањето на Нобеловата награда за медицина.
Бо Ангелин, член на Нобеловото Собрание, е истовремено во бордот на директори на Астра Зенека со годишен хонорар од 50.000 долари, додека претседателот на Нобеловиот Комитет, Бертил Фредхолм, како консултант бил на платен список на "АстраЗенека" до 2006 година.
Каде е тука поврзаноста и финансискиот интерес?
Фармацевтската компанија "Астра Зенека" има патентирано состојки во ХПВ вакцината и тој патент им носи милиони долари профит годишно на име патентирани права од продадените ХПВ вакцини Гардасил (во Македонија под името Силгард) и Церварикс, произведувани од "Мерк" и "Глаксо".
Сепак, после десетгодишна потрага по фантомскиот ХПВ од страна на Зур Хаузен и после милиони долари потрошени во обиди да се докаже дека ХПВ е причина за ракот на грлото на матката, повеќето од научниците кои работат на ова поле морале да заклучат дека ХП-вирусот не може самиот да биде предизвикувач на таа болест.
Затоа морале причините да ги бараат во токсини или други фактори кои го започнуваат создавањето на канцерите.
ДАЛИ СЕ ВИРУСИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ ИЛИ ПРИЈАТЕЛИ НА ЧОВЕКОТ?
Последните години многу научници во светот ги оспоруваат тврдењата на поголемиот дел од научната јавност дека вирусите се непријатели на човекот.
Д-р Питер Дуисберг, кого преходно го спомнав, тврди дека најголем дел од вирусите се безопасни.
Други научници пак, не се убедени воопшто во постоењето на вирусите.
Германскиот вирусолог и молекуларен биолог д-р Стефан Ланка, изјавува дека ниту еден медицински релевантен вирус досега не бил изолиран; па според тоа нема ни доказ за нивното постоење.
Цитирам дел од едно негово интервју: "Затоа долго време ја проучував вирусологијата, од крајот до почетокот, од почетокот до крајот, за да бидам сигурен дека нема такво нешто како ХИВ.
А за мене беше лесно да бидам сигурен во тоа бидејќи сфатив дека целата група вируси на која ХИВ се верува дека припаѓа, ретровирусите – како и други вируси за кои се тврди дека се опасни – всушност воопшто не постојат."
Иако тој во неколку наврати барал од властите во Германија, никогаш не добил веродостоен доказ за постоењето на вируси кои предизвикуваат болести па да има потреба од "имунизација".
Тој исто така коментира фотографии од електронски микроскоп кои наводно прикажуваат различни вируси.
За фотографиите во боја вели дека е очигледно дека се дело на компјутерски дизајнери, затоа што електронскиот микроскоп прави само црно-бели фотографии.
Авторите на фотографии кои наводно прикажуваат вирус немаат прикажано публикација која би опишувала како и од што вирусот бил изолиран.
Не е објавена биохемиска карактеризација за некои вируси за кои "се тврди" дека се изолирани.
За повеќето фотографии никој не тврди дека се работи за изолирани честички, а камо ли дека се тоа честички изолирани од човечки ткива.
Многу фотографии прикажуваат клетка и честички со различна големина и форма, што не би можело да бидат вируси, бидејќи вирусите од ист вид би требало да бидат секогаш со иста големина и иста форма (конзистентност).
Според д-р Стефан Ланка, тие честички за кои се тврди дека се вируси, се всушност типични ендогени честички кои се производ на клетката и служат за внатрешен транспорт во клетката и за меѓуклеточен транспорт.
Овие негови тврдења можат да најдат поткрепа и во работата на некои други научници.
Една извонредна жена, научник - биолог, Барбара Меклинток (Barbara McClintok) е една од првите научници кои ја опишале интелигенцијата на клетката.
Таа тврдела дека клетките со интелигенција одговараат спрема околината и донесуваат "паметни" одлуки.
Објаснувала дека геномот може да се реорганизира кога е соочен со тешкотија за која не е подготвен, дека клетките можат да почувствуваат кога во нивното јадро има оштетени хромозоми со искинати краеви и тогаш активира механизам кој ќе ги приближи и ќе ги состави.
Така клетките имаат "чувство" за се што се случува внатре во нив.
Во иднина вниманието ќе биде насочено кон геномот со поголемо почитување на неговата важност како многу чувствителен орган на клетката кој ги надгледува геномските активности, ги поправа грешките, ги чувствува необичните и неочекуваните настани и реагира соодветно, честопати со реструктурирање на геномот.
Откако поголемиот дел од својата кариера Барбара Меклинток го поминала исмевана и потценувана, па потоа негирана од колегите научници, во својата длабока старост, на возраст од 81 година, во 1983 година доби Нобелова награда за физиологија или медицина за нејзиното откритие на мобилните генетски елементи – транспозоните – кои претставуваат секвенци на ДНК кои се движат низ геномот на клетката при што може да предизвикаат мутации и да ја променат количината на ДНК во геномот.
Човечките клетки постојано произведуваат и голем број на помали транспортни честички во вид на меурчиња-весикули кои служат за складирање и разнесување на материи, како и за дигестија на клеточните продукти и на отпадниот материјал.
Експериментално е докажано дека тие честички содржат и ДНК.
По описот и функцијата што ја имаат, како и според големината (40-150 нм), се слични на вирусите.
Последните неколку години многу научници и биолози ваквите честички кои патуваат помеѓу клетките ги нарекуваат со еден релативно нов термин "егзозомни весикули", избегнувајќи по автоматизам да ги нарекуваат "вируси".
Дури и Националниот институт за здравје, кој претставува агенција за медицински истражувања и е дел од Министерството за здравје на САД, има објавено дека "ретровирусите многу наликуваат на клеточните мРНК весикули" кои служат за транспорт на информации за потребите на клетките.
За фундаменталните истражувања и објаснувањата на начинот на кој информациите складирани во гените се копираат и се пренесуваат до деловите од клетките кои произведуваат протеини, преку транскрипција на ДНК секвенци во мРНК (весикули) секвенци, во 2006 година Роџер Д. Корнберг доби Нобелова награда за хемија.
Џејмс Шапиро (James A. Shapiro), професор на одделот за биохемија и молекуларна биологија при Универзитетот во Чикаго, познат по неговите истражувања во врска со начините на кои организмите активно го реструктуираат нивниот генетски материјал како одговор на стресови од околината, вели дека со молекуларна анализа се потврдени револуционерните откритија на Барбара Меклинток на внатрешните системи за поправка и реструктурирање на геномот.
Понатаму додава дека "Таквите системи за поправка не завршуваат во границите на клетката кај повеќеклеточните организми, туку се прошируваат на целиот организам.
Клетките произведуваат стотици одбрамбени весикули секогаш кога се предизвикани, како одговор на сигналите за опасност".
Понатаму вели дека овие вируси или честички помагаат во активирањето на нашите Т-клетки така што се спојуваат со нив – а тоа може да биде протолкувано како вирусна инфекција.
Сознанијата на нобеловката Барбара Меклинток се во спротивност со механистичките ставови на многу студии во полето на вирусологијата според кои клетката се опишува како пасивна жртва нападната од итриот, агресивен вирус кој својата ДНК или РНК ја вбризгува во геномот на човечката клетка, го користи механизмот на нашиот геном за да се реплицира и на крајот ја уништува клетката која му овозможила да се размножи.
Тоа некако многу личи на научна фантастика.
Во реалноста можеби се случува нешто сосема спротивно.
Ако клетката е интелигентна и со внимание и паметно одговара на дразбите од околината, можеби со намера го користи вирусот за да изврши свои потреби, било да е тоа размена на информации и материи во и помеѓу клетките, или пак исфрлање на непотребни или штетни материи.
Да не заборавиме, според описот на вирусите, тоа се честички составени од ДНК или РНК обвиткани со протеинска обвивка и всушност не се живи организми затоа што немаат метаболизам, не можат да произведуваат енергија, ниту да се хранат.
Немаат нервен систем, немаат сензорен систем и немаат интелигенција.
Зошто тогаш би било поверојатно една таква честичка, која не е жива и е милион пати помала, дека ја "измамува" и уништува клетката, која е жив и интелигентен организам и има способност сама да се поправа, отколку идејата дека клетката го користи вирусот за наши потреби?
Зошто на вирусите би им придавале особина дека го имаат истиот инстинкт за преживување како и клетката?
Зарем не е персонификација кога на неживите честички–вирусите им се придаваат особини кои ги имаат живите суштества: итрина, интелигенција, агресивност, користољубие, суровост?
Бидејќи се верува дека вирусите носат маркери кои им овозможуваат на клетките да ги препознаат, не ли е поверојатно дека клетките активно ги привлекуваат вирусите затоа што им требаат информациите што тие ги носат?
Комуницирањето на клетките меѓу себе е неопходно за да може организмот да функционира како единствена целина, како перфектна машина.
Тоа меѓусебно комуницирање е процес кој се одвива во секој момент од нашиот живот, и тоа без било каква свесна контрола.
Често сме сведоци на такви примери во секојдневниот живот.
Што се случува ако се изгребеме или пресечеме на раката?
Навира крв и формира заштитна кора која нас не заштитува од разни микроорганизми додека под неа ткивото се залечува.
Се случува процес кој ние сеуште не можеме да го објасниме.
Клетките ја препознаваат потребата дека треба да растат и да се делат за да ја пополнат раната.
Ако има оштетени крвни садови растат нови за да го пополнат нивното место.
Се случува канцеровиден процес на клеточно ниво, но веднаш по завршената поправка клетките "знаат" дека треба да престанат со делењето, во спротивно би настанал канцер.
Неверојатно звучи самиот факт дека ние воопшто свесно не влијаеме на тој процес на оздравување.
Не им кажуваме на клетките кога да почнат да се делат, ниту кога да престанат.
Тоа е процес кој продолжува и кога спиеме.
Организмот има способност сам да се лечи.
А болестите настануваат заради тоа што поради неприродни животни навики, лоша исхрана, изложеност на стресови, токсини и слично, го попречуваме процесот на самоизлекување на нашето тело.
Тежнееме да ги лекуваме симптомите, а не вистинските причини за болеста.
Лично верувам дека, како што кашлицата и температурата се само симптоми – а не болести, вирусите за кои се мисли дека предизвикуваат болести, како на пример ХПВ, вирусот на грипот и слично, се само симптоми кои се последица, а не причина за болестите.
Ако не ги препознаеме вистинските непријатели, заради човечката воинственост и арогантност лесно може да се случи да ја исечеме гранката на која седиме уништувајќи ги своите пријатели.
Така, сакајќи да ги уништиме "вирусите" би можеле да ја попречиме нормалната комуникација на клетките, што директно води до тешки заболувања, како што се канцерите.
КАКО НАСТАНУВААТ КАНЦЕРИТЕ?
Германскиот научник Ото Варбург го истражувал метаболизмот на туморите и респирацијата на клетките, особено канцерозните клетки и во 1931 година доби Нобелова награда за физиологија или медицина за "откритието за природата и начинот на делување на респираторниот ензим".
Во 1944 година Варбург беше по вторпат номиниран за Нобелова награда за неговото истражување на никотинамидот, механизмот и ензимите кои учествуваат во ферментацијата, и откривањето на флавинот.
Хипотезата на Варбург била дека канцерите се предизвикани од фактот што канцерозните клетки произведуваат енергија преку разложување на гликозата без присуство на кислород (анаеробно).
Спротивно на тоа, здравите клетки произведуваат енергија аеробно, со оксидативно разложување на пируватната киселина – крајниот производ на гликолизата, и се оксидира во митохондријата.
Оттаму, според д-р Ото Варбург, канцерот треба да се толкува како дисфункционалност на митохондријата.
Во едно негово предавање истакнал: "Канцерот, повеќе од било која друга болест, има безброј секундарни причини.
Но, дури и за канцерот, има само една примарна причина.
Сумирано во неколку зборови, примарната причина за канцерот е замената на респирацијата на кислород во нормалните телесни клетки со ферментација на шеќер".
Концептот дека канцерозните клетки преминуваат во анаеробен начин на производство на енергија е воглавно прифатен, иако на тоа не се гледа како на "причина" за канцерот.
Причините зошто всушност настанува прекин на доставувањето на кислород до клетките, при што некои клетки умираат, а некои успеваат да преживеат така што во недостаток на кислород продолжуваат да произведуваат енергија со ферментација – и стануваат канцерозни, сеуште се нејасни и дискутабилни.
Теоријата дека ХП-вирусот, кој не е жив организам и е милион пати помал од клетката, предизвикува таква дисфункционалност на клетката, е едноставно неверојатна.
За мене се многу поверојатни теориите дека клетките стануваат канцерозни тогаш кога во ткивото ќе се натрупаат токсични, канцерогени материи, или кога крвта не го разнесува кислородот до сите клетки – што исто така може да настане заради загаденост со токсични или радиоактивни материи.
Ото Варбург исто така пишувал за поврзаноста на кислородот со пХ вредноста на внатрешната околина на канцерозните клетки.
Според неговите истражувања, бидејќи ферментацијата е главен начин на метаболизам кај канцерозните клетки, тие одржуваат пониска пХ вредност, околу 6.0, заради производството на млечна киселина и зголеменото ниво на јаглерод диоксид.
Варбург бил убеден дека пХ вредноста е директно поврзана со кислородот.
Повисока пХ вредност значи повисока концентрација на кислородни молекули, додека пониска пХ вредност значи помала концентрација на кислород.
Кога овие негови идеи не биле прифатени, Варбург цитирал еден афоризам кој вели дека напредокот во науката не доаѓа затоа што научниците го менуваат своето мислење, туку затоа што научниците кои се приврзани на своите погрешни ставови умираат, па наместо нив доаѓаат нови.
Варбург искажал разочараност заради "пронаоѓањето" на канцерогени вируси, затоа што сметал дека со тоа се попречуваат неопходните превентивни мерки и дека тоа директно носи одговорност за канцерогените заболувања.
Во неговите позрели години од животот д-р Ото Варбург бил "прогласен" за ексцентрик затоа што бил убеден дека болеста е резултат на загадувањето.
Јадел само органски леб произведен на негова земја, органски путер, во ресторан порачувал само зовриена вода и правел чај кој го носел со себе.
Верувал дека превенцијата и лекувањето на канцерот треба да биде на природен начин.
Кога д-р Џозеф Иселс бил уапсен и осуден заради неконвенционалните, алтернативни третмани кои ги применувал во лекувањето на ракот, Варбург се понудил да сведочи во негова полза во жалбата до Германскиот Врховен Суд.
Сите претходно донесени пресуди биле отфрлени.
ЗАКЛУЧОК
Во основното биолошко образование, иако на некој начин се спомнува, сепак недоволно се потенцира симбиозата меѓу живите организми која го овозможува и го одржува животот таков каков што е. Во тој контекст, би рекол малкумина знаат дека човечкото тело е составено од околу сто илјади милијарди клетки, во кои постојано се присутни околу еден милион милијарди бактерии!
Значи, на секоја човечка клетка има околу 10 бактерии.
Сепак, тие бактерии не го разболуваат и не го уништуваат човекот.
Напротив, имаат одредена улога во метаболизмот, помагаат во разложувањето на храната, ја одржуваат влажноста на кожата и извршуваат уште многу други познати и непознати функции, меѓу кои и функцијата на "чистачи".
Имено, кога човечките клетки изумираат (од различни причини), одредени бактерии го "јадат" отпадот кој мора некако да се исфрли од телото.
Сепак, во некои случаи кога бактериите имаат изобилство од "храна", може да се размножат премногу и да создадат здравствени проблеми.
Исто така, се чини дека реално постојат патогени бактерии, паразити и други видови на патогени микроорганизми, кон чие истражување би требало да се насочат напорите повеќе отколку кон борбата со вирусите – за кои се чини дека се дел од одбрамбениот систем на организмот, само симптом на болестите, а не нивни предизвикувачи.
Според мое мислење, заштитата која ХПВ вакцината ја нуди од ХПВ типовите 6, 11, 16 и 18, би можела да биде најголемата медицинска измама досега.
Имено, ако тие протеини не се предизвикувачи на болеста и ако човечкото тело ги произведува за да се заштити од ракот, какви ефекти би имал стекнатиот имунитет спрема нив?
При закана од канцер телото не би можело веќе да ги произведува протеините кои му требаат за да се заштити и веројатно ќе се обиде да се заштити произведувајќи други протеини, што би можело да биде протолкувано како напад од други ХПВ типови за кои вакцината не дава заштита.
Земајќи го во предвид фактот дека истата "ХПВ инфекција" не останува присутна цело време, а во најголем број канцери на цервиксот се пронајдени протеини кои се поврзуваат со ХПВ 16 и 18, би можело да се претпостави дека тие протеини се крајното средство за заштита од канцерот.
Со вакцинацијата всушност би ја ослабеле последната линија на нашата одбрана што би довело до поголема смртност од оваа болест отколку што е сега.
Погоре изнесеното би можело да го објасни фактот кој е добро познат во гинеколошката пракса, дека претканцерозните лезии и канцерите на цервиксот кај кои не е пронајдено присуство на "ХП-вирус" многу потешко се лечат и се со полоши прогнози отколку оние кај кои тие протеини се присутни.
Тоа исто така би можело да го објасни и тврдењето на производителот дека вакцината делува само профилактички, но не и терапевтски, односно дека ако пациентот претодно имал присуство на протеин кој се содржи во вакцината (ХПВ 6, 11, 16 или 18) "инфекцијата нема да биде исчистена".
Не е лесно преку вакцина да се натера човечкото тело да развие имунитет против протеин кој во моментот го произведува заради самозаштита.
Можеби тоа го објаснува и фактот зошто кај пациентите кај кои претходно имало присуство на некој од протеините што ги содржи вакцината се развиле за 44% повеќе случаи на претканцерозни лезии.
Верувам дека клиничките испитувања за ефикасноста на вакцината се исконструирани, внимателно контролирани и планирани, со цел да се наведе и стручната и широката јавност на верување дека вирус кој доаѓа однадвор и е сексуално пренослив ги напаѓа луѓето и дека вакцината ефикасно ќе не заштити од тој вирус.
Ако после 30 или 40 години статистиката покаже дека болеста не е намалена, наместо вистинските канцерогени предизвикувачи повторно ќе бидат обвинети нашите невидливи непријатели, "другите типови на ХП-вирусите" од кои вакцината не не заштитила.
И тоа би одело така во недоглед, се додека има "ХПВ верници" и се додека луѓето не успеат да го идентификуваат вистинскиот канцероген непријател.
По бомбардирањето на Косово со ураниумски бомби, на целиот наш регион добивме канцероген кој "ќе ни прави друштво" уште најмалку 1,000 години, па затоа не можеме да очекуваме дека со вакцинација ќе се намали бројот на канцери во нашата држава.
Во интерес на вистината, авторот на овој текст е спремен да биде подложен на "заразување" со ХП-вирус.
Намерното заразување на моето тело со таков изолиран ХП-вирус би го докажало неговото постоење и би докажало дека е значаен фактор во предизвикувањето на болест.
Се разбира, после заразувањето би требало да се докаже постоењето на тој вирус во моето тело и болеста предизвикана од него.
Во отсуство на тој доказ, за мене лично останува многу поверојатно верувањето дека не постои никаков патоген ХП-вирус и дека протеините идентификувани како дел од ХПВ се производ на нашите клетки со единствена цел да заштитат од канцер.
И НА КРАЈОТ...
Кога сите верувале дека сонцето се врти околу земјата, Галилео бил прогонуван бидејќи се дрзнал да се спротивстави на догматичното учење на црквата во тоа време.
Ја шокирал јавноста со неговото тврдење дека всушност земјата се врти околу сонцето, што било сосема спротивно од она во што сите верувале.
Денес сите ја прифаќаат Галилеовата вистина.
Речиси сите нови идеи на почетокот биле исмевани.
Ќе има многу скептици кои ќе се потсмеваат на идеите кои ги изложив во овој текст.
Но, би сакал да потсетам на една мудрост искажана од еден познат германски филозоф од 18-тиот век, Артур Шопенхауер, кој рекол дека "Секоја новооткриена вистина мора да помине низ три фази":
Најпрво, ќе биде исмејувана.
Потоа, жестоко ќе биде напаѓана.
На крајот, ќе биде прифатена како очигледна.
Автор: Петар Лазов | fineweb-2 |
Голосеменици
Голосемениците или голосемените растенија се несистематска (немонофилетска) група на еднодомни растенија со еднополови цветови, кои се групирани во машки и женски соцветија - шишарки.
Тоа се без исклучок дрвенести растенија, со секундарно растење во дебелина.
Во секундарното дрво кај голосемениците, ксилемот е претставен само од трахеиди.
Кај повеќето голосеменици, во секундарното дрво, секундарната кора, а и листовите, се присутни секреторни канали, односно смолни канали во кои се излачува смола.
Листовите на голосемениците се иглести или лушпести, со мали исклучоци, тие се вечно зелени (зимзелени) и егзистираат неколку години.
Тие се одликуваат со присуство на семенов зачеток и семе.
При тоа, семеновите зачетоци не се затворени во плодните листови, односно се развиваат на отворениот плоден лист (оттука го добиле и името). | fineweb-2 |
Битка кај Хидасп
Битката кај реката Хидасп се водела во 326 п.н.е.
помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб.
Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан.
Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски.
Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.
Борци[уреди | уреди извор]
- Македонци и разни други грчки племиња, персиски и индиски сојузници под водство на Александар со околу 4,000 коњаница и 12,000 пешадија и 270,000 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога.
- Кралот Пор со 200 бојни слонови, 6,000 коњаница и 30,000 пешадија.
Локација[уреди | уреди извор]
Увертира[уреди | уреди извор]
По конечниот пораз на Персија под водство на Бес и Спитамен во 328 п.н.е., Александар почнал со походи на разните индиски кралеви во 327 п.н.е.
Според некои извори Александар имал 120,000 војска, додека според други војската не броела повеќе од 35,000 војници, од кои коњаницата била една третина.
Главниот багажен караван поминал преку Киберскиот премин, но помала група војници под команда на Александар преминале преку север, освојувајќи ја тврдината кај Орно (денешен Пир-Сар, Пакистан) по пат.
Во раната пролет следната година, ги соединил своите сили и се сојузил со Таксил (познат и као Амби), кој бил крал на Таксила, против неговиот сосед, кралот на Хидасп.
Битката[уреди | уреди извор]
Кралот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата.
Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине.
Затоа Александар почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им "дал на знаење" на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор).
Една ноќ, кога почувствувал благосостојба во кампот на Пор, Александар собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно.
Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сѐ уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот.
Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.
Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади.
Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите.
Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар.
Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот.
Меѓутоа, слоновите ги плашеле македонските коњи.
Поради тоа, Александар морал да ја промени неговата стратегија.
Александар ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на Индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњаница од десното крило.
Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади.
Александар го сакал токму ова.
Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите.
Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.
Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија тргнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата.
Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар успеала да ја обиколи индиската војска.
По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата се предал.
Кралот Пор бил еден од многуте Индијци кои го импресионирале Александар.
Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сѐ уште на нозе, тој бил запрашан од Александар како би сакал да биде третиран.
Одговорот бил: "како крал".
Пор исто така бил висок речиси 210 см во споредба со Александар кој бил од низок раст.
Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњаница, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови.
Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката.
Коњаницата имала многу помалку жртви.
Историчарот Питер Грин вели дека Александар изгубил дури 4,000 војници, главно фаланга.
Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.
Последици[уреди | уреди извор]
Храброста и воените вештини на Пор го импресионирале Александар.
Иако Пор бил поразен, Александар му го поштедил животот и го поставил повторно за владетел на Хидасп во негово име.
Ова била најдалечната точка до која што стигнал Александар, бидејќи неговата војска одбила да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и поради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка.
Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога.
Тука Македонците за прв пат се соочиле со јуриш на слонови и, дознавајќи дека останатите индиски кралеви ги чекаат со уште побројни единици со слонови, насилно му се спротивставиле на Александар кога тој инсистирал да ја преминат реката Ганг.
Иако Александар успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание.
Со тоа што ги победил опасните локални владетели во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.
По смртта на Александар во 323 п.н.е., неколку години подоцна, неговата империја се распаднала, а Хидасп повторно станал независен.
Како резултат на оваа битка Александар основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан.
Букефал бил коњот на Александар, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност. | fineweb-2 |
Julia Sweeney:
Џулија Свини го има "говорот"
И покрај нејзините најдобри напори, комедијантот Џулија Свини, сепак, е принудена да каже мала бела лага, кога нејзината 8-годишна ќеркичка почнува да учи за репродукцијата кај жабите и почнува да поставува некои многу умни прашања.
This talk was presented at an official TED conference, and was featured by our editors on the home page. | fineweb-2 |
Фото: Пулс24
Тешка сообраќајка во која засега не е познато за евентуални жртви, се случила утрово на патот Кичево – Гостивар, во близина на Зајс.
Од фотографиите се гледа уништено возило.
Поради сообраќајката сообраќајот неколку часа се одвивал отежнато, но сега е нормализиран.
Овој пат во текот на летниот период е доста фреквентен, а често поради непочитување на возачките правила доаѓа до вакви несреќи, неретко со жртви.
Tags: Зајас, кичево, сообраќајка | fineweb-2 |
Фотобанка
Содржина
Фотобанка[уреди | уреди извор]
Фотобанка е залиха на фотографии лиценцирани за специфични намени.
Се користи за исполнување на потребите на креативните задачи како замена за ангажирање на фотограф.
Денес, складираните фотографии може да бидат презентирани на пребарливите Интернет датотеки.
Може да се купат и испорачаат преку Интернет.
Честопати, се направени во студија со употреба на широк спектар на модели кои позираат како професионалци, стереотипови, изразувајќи стереотипни емоции и гестикулации или вклучуваат миленичиња.
Индустриска структура[уреди | уреди извор]
Во однос на приходите, Гети Имиџес (Getty Images), Корбис (Corbis) и Сипа Прес (Sipa Press) се трите најголеми традиционални агенции за складирани фотографии.
Тие во најголема мера нудат фотографии кои биле направени од професионални фотографи.
Постојат многу алтернативни фото-агенции кои се специјализирани за одредено поле на фотографии, како што е Фото Ресрчерс (Photo Researchers).
Складираните фотографии се исто така достапни и на службите за микрофотобанки, преку кои фотографиите се продаваат за многу поевтина цена и на големо.
Сликите се поднесуваат во агенцијата која преговара за лиценцирање на хонорари во име на фотографот во замена за процент од продажбата, или во некои случаи ги поседува авторските права над фотографијата.
Одредувањето на цената се прави според бројот на публиката и читателите, на колкав период ќе се користи фотографијата, државата или регионот каде што ќе се користи фотографијата и дали приходите од авторските права одат во рацете на креаторот на сликата или на нејзиниот сопственик.
Честопати, дозволата за една слика може да чини помалку од 200 долари, или кога се работи за фотографија од веб-страниците на микрофотобанките , дозволата може да чини само 1 долар за фотографија слаба резолуција.
Со Правата за Одржување на фотобанките се прави одделно индивидуален договор за лиценцирање.
Складираните фотографии кои се наплаќаат му овозможуваат на купувачот да ја користи сликата во неограничен број за еднократен надомест за дозвола.
Сепак, клиентот може да побара "ексклузивни" права, спречувајќи ги другите купувачи да ја користат истата слика на одредено време или во истата индустрија.
Ваквите продажби може да чинат илјадници долари од две причини, поради тоа што тие имаат тенденција да бидат многу изложени и поради тоа што агенцијата ризикува дека сликата би и донела повеќе пари доколку остане во промет.
Сепак, со дозволата врз фотографиите кои се наплаќаат не постои опција за добивање на ексклузивни авторски права.
Некои интернет сајтови нудат бесплатни фотогарфии со ниска резолуција за целите на подготвување на детални планови за реклами со кои го прикажуваат дизајнот.
Доколку оној кој рекламира ја прифати сликата, тогаш може да се преговара за правата за користење на фотографијата со висока резолуција или да се купи директно од веб-страницата.
Професионалните фотографи на складирани фотографии ги пласираат своите слики со една или повеќе агенции за складирани фотографии врз основа на договор, со дефинирано основно овластување и за одреден временски период на траење на договорот.
Некои фотографи финансираат сопствени фотосесии, или ги развиваат сликите во соработка со некоја агенција, додека други предлагаат фотографии произведени како дел од некоја статија (во магазин) или комерцијални задачи.
Преглед[уреди | уреди извор]
Фотографии со наплаќање на хонорар[уреди | уреди извор]
Ова значи дека се наплаќа секое користење на фотогарфијата.
Тоа не значи дека сликата може слободно да се користи без купување на дозвола или дека сликата е од јавен домен.
- Плаќање на еднократен надомест за повеќекратно користење на фотографијата и за повеќекратни намени (со ограничувања).
- Без временско ограничување за тоа кога може купувачот да ја користи фотографијата.
- Никој не може да има ексклузивни права врз Фотографија со наплаќање на хонорар (фотографот може да ја продаде фотографијата колку пати сака)
- Фотографијата со наплаќање на хонорар обично има ограничување колку пати купувачот може да ја размножи.
На пример, дозволата може да му дозволува на купувачот да направи 500 000 брошури со купената фотографија.
Купувачот е должен да плати надомест за секоја брошура, обично од 1 до 3 центи за секој дополнителен отпечаток.
Магазините со голем број на еднократно издадени примероци користат стадардна дозвола за фотографии со наплаќање на хонорар и затоа тие или купуваат слики со договор за права на одржување или имаат вработено сопствени фотографи.
Фотографии со авторски права[уреди | уреди извор]
(се нарекуваат уште и "фотографии со дозвола")
- Цената на дозволата е одредена од употребата на фотографијата, која е генерално разложена подолу;
- Употреба: (пр.
Рекламни –"Над Линијата", Корпоративни – "Под Линијата" или Редакциски – "Телевизиски Вести")
- Специфична употреба: (пр.
Билборд, Годишен Извештај, напис во весник)
- Траење: (пр.
1 месец, 2месеци, 1 година, 2години итн.)
- Број на примероци во издание: (пр.
до 10 000, до 1 милион)
- Територија: (пр.
САД, Европа, Велика Британија, Германија, или било која територија која е барана)
**Големина: (која големина е сликата која се користи – ¼ страница, 1/2 страница, цела страница, или распостранета на две страници) **Индустрија: (Индустриски тип – пр.
Електроника, Поморски Инженеринг, Финансиски Служби и сл.)
**Ексклузивитет: ( Ексклузивна, или Неексклузивна)
- Условите од договорот се јасно дефинирани и договорени, така што купувачот добива максимална вредност, и е заштитен при купувањето со одреден степен на ексклузивност.
- Договорите за авторски права обезбедуваат сигурност дека сликата нема да ја користи некој друг.
Договорот може да вклучува ексклузивност, што обично значи дека се зголемува вредноста на сликата.
Не се сите Договори за авторски права ексклузивни.
Тоа треба да биде утврдено во самиот договор.
- Фотографиите со авторски права вообичаено дозволуваат многу поголем број на примероци од една слика отколку фотографиите со наплаќање на хонорар.
- Едиторијал е форма на договор за авторски права во кои не постојат изданија на одредени теми.
Бидејќи не постојат изданија, сликите не може да се користат во реклами или за прикажување контроверзни теми, може да се користат само во вести или за образовни цели.
Карактеристики[уреди | уреди извор]
Важна карактеристика на интернет колекциите на складирани фотографии е дека што тие имаат вградено метаподатоци, и на тој начин е лесно пребарувањето на слики со користење на клучни зборови.
Историја[уреди | уреди извор]
Во средината на 1880тите со откривањето на полутонското печатење, весниците и магазините за прв пат можеа да умножуваат фотографии наместо цртежи со линии.
Почнувајќи првично со кадровските фотографи, за на крајот да преземат независните фотографи.
Една од првите поголеми агенции за складирани фотографии е формирана во 1920 од Х. Амстронг Робертс, која постои и денес под името Роберт Сток.
Многу години, складираните фотографии во глобала се состоеа од остатоци од комерцијалните задачи на магазините.
До 1980-тите години, стана специјална гранка со сопствени права, со тоа што фотографите произведуваа нов материјал со единствена цел за доставување во складиштата.
Агенциите се стремеа да станат по посветени на следењето и предвидувањето на потребите на рекламните агенти и да им ги пренесат овие потреби на фотографите.
Фотографиите беа создавани повеќе од око за тоа како би можеле да изгледаат кога би се комбинирале со други елементи; на пример , фотографијата може да е направена вертикално со празен простор на врвот и долу на левата страна, со свесна намера дека може да добие договор за употреба како насловна страна.
Во 1990тите, следеше период на консолидација.
Како резултат на познанствата, Гети Имиџес и Корбис станаа двете најголеми компании.
Денес, многи од компаниите – фотобанки работат преку интернет мрежата.
Во раните 2000ти години, Корпорацијата Јупитермедија (Jupitermedia Corporation )започна да откупува некои од помалите компани кои се занимаваа со овој бизнис, собирајќи ги под закрила на нивната Јупитеримигес поделба, со што стана трета по големина фотобанка.
Достапноста на Интернет обезбедува средства за други, помали компании да се вклучат во оваа индустрија.
Користејќи го Интернетот како нивен единствен метод на дистрибуција, и регрутирањето на главно аматерски фотографии од целиот свет, овие компании можат да понудат фотобанки со добар квалитет за многу ниска цена.
Во 2000та, ајстокфото (istockphoto), се појави микросток (microstock) веб-страница за размена на фотографии, која подоцна имаше влијание врз целата индустрија на фотобанки преку снижување на цените на фотографиите со наплаќање хонорар до само 1 долар од слика.
Ова настана како последица на неодамнешната достапност на дигиталните камери со висока резолуција на масовниот пазар и можноста за аматерските фотографи да ги прикачат и објават нивните слики на веб-страница.
Во 2003, ШутерПоинт, подоцна Дримстајм (Dreamstime), Шутерсток (Shutterstock) и Фотолиа (Fotolia) ги еволуираа постоечките модели на споделување на фотографии и станаа афирмирани "играчи".
Трендот го продолжи фотоЛибра (fotoLibra) во 2004 и во 2005 Скопт основа агенција за вести преку слика за граѓанско новинарство овозможувајќи им на граѓаните да прикачуваат и продаваат фотографии од ударни вести направени со камера од мобилен телефон.
Во 2007 Гети Имиџес ја откупи Скопт, со што ја затвори во 2009.
Во 2008, Каткастер создаде пазар на резервни фотографии каде што купувачите можеа да купат слики по цена утврдена од страна на фотографот или да дадат нивна цена со поднесување на понуда, која што фотографот може да ја прифати, одбие или да му предложи нова цена на купувачот.
Во 2009 беше предложен нов метод на плаќање (преку СМС порака) новонастанатата компанија, Депозитфотос. | fineweb-2 |
Ministerstvo za Odbrana
МИРНО!
о>
Сакани и убави мои, пред да започнам со плановите за денес морам да ја споделам честа и ОГРОМНОТО задоволство што коцките ги наредивме онака како што треба, онака како ви ветив уште во првата статија, заедно со мојот Претседател и неговиот тим кои напорно работеа овие последни 2 недели.
Иако морам да признаам дека бевме под срашен притисок од страна на поединци кои упорно и безрезервно сакаа да се наметнат на јавноста и да го свртат нивното внимание.
Еве го резултатот од нашето сработено и нивните барања:
http://www.erepublik.com/en/main/law/Republic-of-Macedonia-FYROM/119263
http://www.erepublik.com/en/main/law/Greece/119262
http://www.erepublik.com/en/main/law/Bulgaria/119259
- Како шлагот на сето ова е и потпишувањето на НАП од страна на неколку членки на ЕДЕН со цел да се оневозможат за помош на јужниот сосед.
Нека ни е со среќа!
Во овој момент сакам да Ве замолам да бидете доследни на сите инструкции дадени од сегашниот владин тим и уште еднаш да потенцирам да не потпаѓате под индивидуални провокации.
Време е да и овој човек биде доста добро изманипулиран и добро да му се објасни кои сме и од што се направени МАКЕДОНЦИТЕ!!
http://prntscr.com/jrl2a
Време е да оставиме политика и да се фатиме повторно за војна!!
Време е да се потсетиме на она што беше МАКЕДОНИЈА!!
ПРИОРИТЕТ: БУГАРИЈА
2.
ПРИОРИТЕТ: МАКЕДОНИЈА
* НЕ ПУКАЈТЕ АКО ЗИДОТ Е НАД 52% ВО НАША КОРИСТ!!!
- Апел до командирите на сите единици!!
Користете го документот за координација која го имате преку кружната порака.
Доколку имате било какви прашања може да не контактирате на #mod.team
MoD
BucephalusIII
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Изабела II
Изабела II била првата жена која станала кралица на Шпанија, доколку не се бројат жените кои го носиле тронот во Кралство Арагон и Кралство Кастилија, пред да биде објавено обединувањето на Шпанија.
Изабела е родена во Мадрид на 10 октомври 1830 година.
Таа е најголемата ќерка на кралот Фернандо VII од Шпанија и неговата четврта сопруга Марија Кристина.
Изабела за кралица била прогласена на 29 септември 1833 година.
Бидејќи била малолетна, од нејзино име управувала нејзината мајка Марија Кристина.
На тронот застанала кога нејзиниот татко успеал да ги убеди Кортесите да го сменат Саличкиот закон којшто бил воведен во Шпанија во 18 век од страна на Бурбонската династија и да се врати стариот закон според кој н а престолот може да застане и жена.
По смртта на татко ѝ, тронот на Изабела бил оспоруван од страна на нејзиниот чичко дон Карлос кој сметал дека Фернандо незаконско го вратил стариот закон во употреба.
Така, Дон Карлос решил да употреби сила кое довело до т.н.
И покрај тоа што Дон Карлос имал голема подршка од Римокатоличката црква и конзервативните опции во Шпанија, Изабела успеала да го задржи тронот благодарејќи на шпанската армија и нејзината мајка.
Во 1843 година, принцот Вергара бил отстранет преку државен преврат на чело сп генералите Доналд и Нерваез кои формирале нова влада раководена од Јоаким Марија Лопез.
Неговата влада ги принудиле Кортесите да ја признаат тринаесетгодишната Изабела за кралица.
така, по три години благородниците од Кастилја ја признале Изабела за своја кралица.
На 10 октомври 1846 година Изабела се омажила за Франсиско де Асизи де Бурбон.
Управувањето на Изабела било проследено како период на интриги во кралскиот двор, надворешни влијанија, воени преврати.
Во 1859 година започнала Шпанско-Мароканската војна која завршила со договор според кој Мароко била принудена да и отстапи територии на Шпанија.
Овој успех е еден од малкуте кои ги постигнала Изабела ако се има предвид неуспешните војни со Чиле и Перу од 1864 до 1866 година, по кое настапил периодот на конечното распаѓање на Шпанската империја во Америка.
Во 1868 година започнала војната за независност на Куба и Порто Рико, кое доведува до повторно разочарување на шпанскиот народ.
Во септември 1868 година избувнала револуција предводена од страна на либералните и републиканските сили.
Во битката, позициите на шпанската војска доживеала пораз којшто пораз ја принудила Изабела II да абдицира во Франција.
Во Париз таа била принудена да се откаже од престолот и на 25 јуни абдицирала во корист на синот Алфонсо XII од Шпанија, преку кое се дало знак за повторна реставрација на Бурбонската династија во Шпанија.
Во 1874 година Алфонсо се вратил во Шпанија и го зазел официјално тронот.
Во Франција, Изабела се разделила од нејзиниот сопруг, и било дозволено да го посетува синот си во Шпанија но не и да се врати во дворецот.
Така, таа во Париз се задржува до крајот на нејзиниот живот кој завршил на 10 април 1904 година. | fineweb-2 |
Gucci
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
Куќата Гучи или повеќе позната само како Гучи е италијанска модна куќа за кожни производи,дел од групацијата Гучи која е во сопственост на француската компанија ППР.
Гучи беше основана од страна на Гучио Гучи во Фиренца во 1921 година.
Гучи создал приближно 4,2 милијарди долари приходи низ светот во 2008 година и според списанието Business Week се искачи на 41то место на годишната листа на списанието за 2009 година на "100 те врвни светски брендови",создадена од Интербренд.Гучи е најпродаваниот италијански бренд.
Гучи управува со 278 продавници низ светот (до септември 2009 година) и ги продава своите производи на големо преку франшизи и богатите стоковни куќи.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Со скромен почеток кон крајот на 19 век,компанијата Гучи стана една од најуспешните производители на луксузни кожни производи,облека и други модни производи.Како имигрант во Париз,а потоа во Лондон,работејќи во ексклузивни хотели младиот Гучио Гучи ([PHONE]) беше импресиониран од луксузниот багаж кој софистицираните гости го носеле со нив.По враќањето во неговото родно место,Фиренца,град кој се разликува по високо квалитетните материјали и вештите занаетчии,тој во 1920 година отвори продавница во која продаваше убави кожни производи со класичен стил.Иако Гучи ги уреди своите работилници за индустриски начин на производство,тој ги задржа традиционалните методи на производство.Првично Гучи вработи квалификувани работници од Фиренца со основни кожни вештини,за внимателно завршување.
Заедно со неговите три сина,Алдо Гучи ([PHONE]),Васко Гучи ([PHONE]) и Родолфо Гучи ([PHONE]),Гучи ја прошири компанијата вклучувајќи продавници во Милано и Рим,како и дополнителни продавници во Фиренца.Продавниците на Гучи се опремени со фини стокмени кожни додатоци како што се чанти,чевли и неговите иконски украсни мокасини,вклучувајќи свила и трикотажа со потписот на Гучи.Мокасините на Гучи се единствените чевли во колекцијата на Музејот на модерна уметност во Њујорк.
Компанијата направи чанти од памучно платно наместо од кожа за време на втората светска војна поради недостиг од матерјали.Како и да е,платното се разликуваше со потписот дупло Г,комбиниран со истакнати црвени и зелени ленти.По војната,грбот на Гучи,кој претставуваше штит и оклопен витез опкружен со лента на која го пишуваше фамилијарното име,стана синоним за градот Фиренца.
Алдо и Родолфо Гучи понатаму ги проширија хоризонтите на компанијата со отварање на канцеларии во Њујорк во 1953 година.Филмските sвезди и џетсетот кои патуваа во Италија во текот на педесетите и шеесетите години донесувајќи го нивниот гламур во Фиренца,ја претворија стоката на Гучи во меѓународен престижен симбол.Филмските sвезди позираа во облеката,додатоците и обувките на Гучи за модните списанија низ светот,придонесувајќи за растечката репутација на компанијата.
Карактеристичните линии на Гучи ги направи неговите производи меѓу најчесто копираните во светот во почетокот на 2000-тите.Свинската кожа,телешката кожа и увезените егзотични животински кожи биле подложени на различни методи на изработка.Водоотпорно платно и сатен биле користени за изработка на вечерни чанти.Бамбусот за прв пат се користи за да се направат рачки на чантите преку процес на греење и обликување во 1947 година и чантите направени со рачка за на рамо и ѓем-декорациите беа воведени во 1960 година.Во 1964 година,Гучи по нарачка изработи раскошен пеперуткест дизајн,проследен со еднакво богат цветен мотив.Оригиналната Гучи мокасина беше надградена со карактеричен декориран ѓон во 1966 година, додека сетот од патни торби "Ролс-Ројс" беше претставен во 1970 година.Часовници,накит,вратоврски и очила биле додадени во производните линии на компанијата.Посебно иконскиот допир, воведен во 1964 година беше употребата на двојно Г-лого за пафтите на ремените и за украсување на дуги додатоци.
Компанијата просперираше во текот на седумдесетите,но осумдесетите беа одбележани со внатрешни семејни конфликти кои го донесоа Гучи на работ на катастрофа.Синот на Родолфо,Маурицио ја презеде дирекцијата на компанијата по смртта на својот татко во 1983 година,разрешувајќи го својот вујко Алдо,кој на крајот служел казна затвор заради даночно затајување.Маурицио се покажал како неуспешен претседател;тој беше принуден да ја продаде фамилијарната компанија на Investcorp,Бахреинска компанија во 1988 година.Од останатите свои акции,Маурицио се откажува во 1988 година.За жал,Маурицио беше убиен во Милано во 1995 година и неговата поранешна сопруга Патриција,беше осудена за најмување на неговите убијци.Во меѓувреме новите инвеститори го унапредија Доменико де Соло, образуван во САД,од адвокат на семејството во претседател на Гучи-Америка во 1994 година и главен извршен директор во 1995 година.
Предходно,компанијата во 1989 година ja донесе Dawn Mello како уредник и дизајнер со цел да го возобноват својот углед.Свесен за лошиот имиџ на Гучи и вредноста на името на брендот,во 1990 година Мело го ангажира Том Форд за да дизајнира една колекција.Тој бил унапреден во позицијата креативен директор во 1994 година.Пред да се врати на нејзиното работно место како претседател на американската продавница на мало Bergdort Gudman, Мело го започна враќањето на седиштето на Гучи од бизнис центарот во Милано во Фиренца,каде неговите занаетчиски традиции биле искоренети.Таа и форд таму го намалија бројот на производи на Гучи од дваесет илјади на поразителни пет илјади.
Том Форд дојде со визија и стил во пропаднатата компанија.Имајќи ја целокупната подршка на Доменико де Сол форд сакаше да го долови чувството на историјата на компанијата додека го ажурираше заштитниот знак на Гучи.Во 1994 година,стана одговорен на дирекцијата за креативност,а до 1996 година ги управуваше сите оддели на компанијата вклучувајќи ги колекциите на облека,визуелна малопродажба,пакување,внатрешен дизајн и рекламирањето.Форд и Де Сол се бореа да го вратат поранешниот углед на Гучи,додека го пренасочуваа растечкиот бренд на еднакво ниво на пазарот во доцните деведесети.
Во 1997 година,Гучи имаше 76 продавници низ целиот свет,заедно со поголем број договори за лиценцирање.Форд во процесот на донесување одлуки претставуваше клучна фигура заедно со Дел Сол, кога групацијата Гучи ги превзеде Yves Saint Laurent Rive Gauche,Ботега Венета,Boucheron,Серхио Роси и делумна сопственост со Стела Макартни,Александар Меквин и Balenciaga.Од 2001 година Форд и Де Сол ја делат одговорноста за донесување на големи деловни одлуки,додека истовремено Форд е назначен за дизајнот на Ив Сен Лоран,како и на Гучи.
Како и да е,француската корпорација Pinault-Printemps-Recboute во 2003 година во своја сопственост доби 60% од акциите на Гучи.Групацијата Womens Wear Daily тогаш го најави заминувањето на Доменико Де Сол и Том Форд од групацијата Гучи по истекувањето на нивните договори во април 2004 година.Минатогодишната пролетна колекција под раководство на Форд и Де Сол беше критички и комерцијален успех.Поради распространетите шпекулации во модниот печат за можен наследник на Форд,во март 2004 година компанијата соопшти дека тој ќе биде заменет со некој од тимот на помлади дизајнери кои се вработени во компанијата и ќе биде унапреден според позицијата на која се наоѓа.
Во 2005 година Фрида Џанини,која се приклучи на Гучи во 2002 година, беше назначена како креативен директор на женската колекција и додатоците.Во 2006 година,таа исто така стана и креативен директор за машката колекција,како и на целокупната Гучи-етикета.
Корпорација[уреди | уреди извор]
Осмислениот пресврт на компанијата во доцните осумдесети го направи Гучи светски фаворит и значајна модна марка.Во октомври 1995 година, Гучи излезе јавно и ја имаше својата прва јавна понуда на AMEX и NYSE за 22 долари по акција.Номеври 1997 година исто така се покажа како успешна година за Гучи,кој успеа да ја добие лиценцата за часовници Северин-Монтрес и ја преименува во Гучи часовници.Компанијата од страна на Европската бизнис прес Федерација (European Business Press Federation) беше прогласена за "европска компанија на 1998 година" за својот економски и финансиски успех,стратешката визија,како и квалитетното управување.Светските канцеларии и седишта на Гучи се во Фиренца,Милано,Париз,Лондон,Хонг Конг,Јапонија и Њујорк.ППР седиштата се во Париз.
Нова управа[уреди | уреди извор]
Во 1989 година,Маурицио успеа да ја убеди Dawn Mello,која стана sвезда во трговијата на мало со оживувањето на њујоршката продавница Bergdort Gudman во седумдесетите,да се приклучи кон ново формираната групација Гучи како извршен потпретседатрел и креативен директор низ светот.На чело на Гучи Америка беше Доменико Де Сол,поранешен адвокат,кој помогна во надгледувањето на Маурицио при преземањето на компанијата од 1987 до 1989 година.Последниот кој се приклучи во креативниот тим,во кој веќе беа вклучени дизајнери како Џефри Бин и Келвин Клај,беше младиот дизајнер Том Форд.
Израснат во Тексас и Њу Мексико,тој се заинтересирал за модата уште во неговите рани тинајџерки години,но одлучил да продолжи со дизајнерската кариера дури кога го напуштил училиштето за дизајн Парсонс,отсек архитектура.Dawn Mello го ангажира Форд во 1990 година на барање на нејзиниот партнер,писател и уредник Ричард Бакли.
Во раните дведесети,Гучи беше подложен на она што сега е признато како најсиромашното време во осторијата на компанијата.Маурицио ги разлути дистибутерите,акционерите на Investcorp и директорите на Гучи Америка со драстично превземање на контролата врз продажбата на колекцијата додатоци од Гучи,која само во САД создава приходи од 110 милиони долари секоја година.Новите додатоци на компанијата не успеаја да се пробијат,па во наредните три години компанијата доживеа тешки загуби и беше на работ на банкрот.Маурицио беше прекрасен човек кој страсно го сакаше семејниот бизнис,но по четири години високите менаџери на компанијата се согласија дека тој е неспособен за водење на компанијата.Неговото управување имало негативно влијание врз побарувачката на брендот,квалитетот на производот и контролата врз дистрибуцијата.Тој беше принуден да го продаде својот дел од компанијата на Investcorp во август 1993 година.По помалку една година од заминувањето на Маурицио, Dawn Mello се вратила на својата стара работа во Bergdort Gudman,а позицијата на креативен директор ја доби триесет и две годишниот Том Форд.Форд со години работел под раководство на Маурицио и Мело и сакаше имиџот на компанијата да го одведе во нов правец.Де Сол кој беше избран за претседател и главен извршен директор на групацијата Гучи НВ,сфати дека ако сака Гучи да стане профитабилна компанија тоа ќе бара нова слика,па така тој се согласи со реализирањето на Фордовата визија.
Во почетокот на 1999 година,конгломератот на луксузни производи ЛВМХ,предводен од Бернар Арно,ги ги зголеми своите акции во Гучи со цел преземање на компанијата.Доменико Де Сол беше бесен од новостите и го одби барањето на Арно за место во одборот на директори,каде тој ќе има пристап во доверливите извештаи за заработката,стратешките состаноци и дизајнерските концепти.Де Сол реагираше со издавање на нови акции на берзата во обид да ја ослабне вредноста на акциите на Арно.Тој исто така пристапи на француската компанија Pinault-Printemps-Recboute (PPR) за можност за формирање на стратешки сојуз.Основачот на компанијата,Франсоа Пинал,се согласил со идејата и купил удел од 37 милиони од компанијата или 40% од акциите.Делот на Арно беше ослабнат на безначајни 20% и следеше правна битка за да се оспори легитимноста на партнерството помеѓу новиот Гучи и ППР (PPR) со правната фирма Skadden Arps, Slate, Meagher,Flom претставувајќи го Гучи.
Судовите во Холандија конечно го потврдија договорот со PPR,бидејќи не ги прекрѓиле бизнис законите во таа земја.Вториот најголем акционер Credit Lyonnaisсо 11% од акциите.Во септември 2001 година беше постигнат спогодбен договор помеѓу групацијата Гучи,ЛВМХ и ППР.
По заминувањето на Форд,групацијата Гучи задржа три дизајнери да го продолжат успехот на компанијата Џон Реј,Alessandra Facchinetti и Фрида Џанини,од кои сите работеа под креативната дирекција на Форд.
Facchinetti била избрана за креативен директор на женската облека во 2004 година и пред да замине од компанијата и беше дизајнер во две сезони.Реј работеше како креативен директор на машката облека три години.Триесет и две годишната Џанини, која беше одговорна за дизајнирањето на машки и женски додатоци,во моментов работи како креативен директор за целиот бренд.
Фрида Џанини,поранешен креативен директор на додатоци е именувана за единствен креативен директор во 2006 година.Патрицио ди Марко го замени Марки Ли како извршен директор на Гучи.
Детска линија[уреди | уреди извор]
Претседателот и главен извршен директор на Гучи,Патрицио ди Марко е подготвен да ја лансира детската линија во јуни 2001 година.Линијата првично ќе биде лансирана во Италија и во 40 продавници низ целиот свет.Фрида Џанини е креативен директор на линијата.Таа беше поздравена за нејзиното ново,женствено надградување на современата мода.Родена е во Рим во 1972 година од татко архитект и мајка професор по историја на уметноста,студира моден дизајн на Модната Академија во Рим.По завршувањето на своето образование се вработила како помошник во една мала модна куќа.Во 1997 година,Џанини ја започнала својата кариера во модната куќа Фенди,каде што по само три сезони дизајнирање на облека,таа беше унапредена во дизајнер на кожни производи.Во 2002 година,таа премина во Гучи како директор на чанти,а во 2004 година била унапредена во дизајнер на сите модни додатоци.Една година подоцна,во 2005 година,дизајнерката беше унапредена во креативен директор за женската линија,заедно со нејзината улога како дизајнер на модните додатоци.Во 2006 година, Џанини беше назначена за креативен директор на модната куќа,кога стана одговорна и за дизајнот на машката облека.Во прилог на дизајнирањето на облека,таа исто така има развиено малопродажни концепти за продавниците на Гучи,како и креативна контрола врз рекламирањето.
Автомобилска култура[уреди | уреди извор]
Американската корпорација Моторс[уреди | уреди извор]
Алдо Гучи се проширувал на нови пазари,вклучувајќи договор со американската корпорација Моторс (АМС).АMC Horneb од 1972 и 1973 година компактна со "Sportabout" караванот,стана еден од првите американски автомобили кој има понудено специјална луксузна опременост,дизајниран од познат моден креатор.Спортските автомобили на Гучи се со зелени и црвени ленти на седиштата од биволска кожа, панели на вратите,како и амблеми на дизајнерот и надворешна селекција на бои.Американската корпорација Моторс исто така му понуди и на Пјер Карден издание на свој автомобил.
Џенерал Моторс[уреди | уреди извор]
Во 1979 и 1980 година,ќерка- компанија со седиште во Мајами го понуди Кадилак Севиља од Гучи.На надворешноста на автомобилот,на хаубата има украс во кој е вклучено "двојното Г- лого", што всушност се иницијалите на Гучио Гучи.Во внатрешноста имаше sвезда на логото како и потпирачите за глава беа украсени со логото.Контролната табла го носеше "Gucci script" логото со здебелени букви.Во внатрешноста на багажникот имаше цел сет на патни торби од Гучи.
Компанијата Форд Моторс[уреди | уреди извор]
Во 1989 година беше предвидено да се понуди Гучи серијата на Линколн градски автомобили на ценети водичи ,но до реализација на тоа никогаш не дојде.Линколн исто така им понуди и на дизајнерите Емилио Пучи,Бил Блас,Џани Версаче,Хуберт де Живанши и Валентино да направат свои изданија во текот на седумдесетите и осумдесетите години.
Партнерства[уреди | уреди извор]
Гучи има партнерство со УНИЦЕФ од 2005 година.Продавниците на Гучи низ целиот свет донираат процент од продажбата на специјалните колекции кои се направени специјално за УНИЦЕФ и кои одат во Фондот за деца на Обединетите нации.Годишната кампања на Гучи за УНИЦЕФ ги подржува образованието,здравствената заштита,програмите за запштита и чиста вода за деца без родители и деца погодени од ХИВ/ СИДА во субсахарска Африка.За кампањата во 2009 година,Мајкл Робертс ја промовираше детската книга "Снешко во Африка" од која добивката оди во УНИЦЕФ.Во последните 5 години,Гучи донираше над 7 милиони долари на УНИЦЕФ.Гучи е најголемиот корпоративен центар на УНИЦЕФ,на "Училиштата за Африка" која е основана во 2004 годна од страна на УНИЦЕФ,на Фондацијата на Нелсон Мандела и Хамбург општество.Неговата цел е да се зголеми пристапот до основното образование за сите,со посебен акцент на децата без родители заболени од ХИВ/СИДА и децата кои живеат во крајна сиромаштија.
Рекорд[уреди | уреди извор]
Во 1998 година,фармерките "Genius" од Гучи беа наведени во Гинисовата книга на рекорди како најскап пар фармерки кои постојат.Овие фармерки беа оскудни,искинати и покриени со африкански монисти и беа понудени за продажба во Милано со цена од 3134 долари.
Овој рекорд беше надминат во 2005 година од страна на 115-годишните стари фармерки 501 од Леви Штраус&СО кои беа продадени на анонимен јапонски колекционер за 60.000 долари. | fineweb-2 |
Лозанскиот мир бил во 1923 година.
Мировен договор помеѓу Република Турција и од другата страна коалицијата на Антанта.
Потпишан бил на 24 јули 1923 во градот Лозана, на конференцијата која била одржана од 20 ноември 1922-до 24 јули 1923 година.
По што биле извршени и територијални поправки (Турција и била вратена источна Тракија со Едрене и Анадолија со Измир).
Со тоа Турција ги добила денешните граници.
Кралството СХС не го потпишал Лозанскиот договор.
Тие со Турција потпишале посебен мировен договор. | fineweb-2 |
Non-Uniform Memory Access
Содржина
Non-Uniform Мемориски Пристап[уреди | уреди извор]
Не-единствен мемориски пристап или Не-единствена мемориска архитектура е дизајн на компјутерска меморија користена во мултипроцесорите, каде што времето за пристап до меморијата зависи од локацијата на меморијата во однос на процесорот.
Со NUMA, процесорот може да пристапи до сопствената локална меморија побрзо од нелокалната меморија, тоа е, меморија локална за друг процесор или меморија поделена помеѓу повеќе процесори.
Архитектурата NUMA во скалата на архитектури, логички следува после архитектурата на симетричното мултипроцесирање (SMP).
Нивниот комерцијален развој дошол како резултат на работат на Burroughs (подоцна Unisys), Convex Computer(подоцна Hewlett-Packard), Silicon Graphics, Sequent Computer System, Data General и Digital во текот на '90 години.
Техниките развиени од овие компании подоцна ќе бидат вклопени во оперативните системи на Unix, и оние слични на него, и на некој начин во Windows NT.
Основен концепт[уреди | уреди извор]
Модерните процесори работат значително побрзо отколку главната меморија на која тие се прикачени.
Во раните денови на пресметувањето и процесирањето на податоците, процесорот работел побавно отколку неговата меморија.
Со настапувањето на првиот супер-комјутер и брза пресметка во '60 години, се преминало на погорно ниво на процесирање.
До тогаш, процесорите "гладувале за податоци", морале да закочат додека чекале пристапот до меморијата за биде завршен.
Многу од дизајните на суперкомпјутери во периодот на '80 и '90 години биле фокусирани на обезбедување на мемориски пристап со голема брзина, како спротивност на брзите процесори, дозволувајќи им да работат на големи количества на податоци со брзина на која други системи не можат да им се приближат.
Огранигувањето на бројот на мемориски пристапи го овозможи клучот за обезбедување на висок перформанс од модерните компјутери.
Oва значи инсталирање на постојано растечка големина на кеш-меморија со голема брзина и користење на по софистицирани алгоритми за да се избегнат "кеш-пропусти".
Но драматицното зголемување на големината на оперативните системи и на апликациите кои работат на нив, генерално ги имаат совладано овие подобрувања на кеш-процесирањето.
Мултипроцесорските системи го прават проблемот знацително полош.
На овој начин, во еден одреден момент само еден процесор може да пристапи до меморијата.
NUMA се обидува да го лоцира овој проблем преку обезбедување посебна меморија за секој процесор, избегнувајќи го судирот кога неколку процесори се обидуваат да пристапат до истата меморија.
За проблеми кои вклучуваат ширење на податоци (заедничко за сервери и слични апликации), NUMA може да го подобри перформансот преку единствена поделена меморија , преку поделбана мемориските банки.
Секако, не секој податок завршува ограничен на една задача, што значи дека повеќе од еден процесор може да ги бара истиот податок.
За справување со овие случаеви, NUMA системите вклучуваат дополнителен хардвер или софтвер за движење на податоците помеѓу мемориските банки.
Оваа операција предизвикува ефект на успорување на процесорите прикачени на тие банки, така да целосната брзина зголема преку НУМА ќе зависи од точниот број на задачи кои се извршуваат на системот во одреден момент.
Ќеш кохерентна NUMA (ccNUMA)[уреди | уреди извор]
Скоро сите архитектури на процесорите користат мал износ на многу мала не-поделена меморија позната како КЕШ.
Со НУМА, одржувањето на кохерентноста на кеш меморијата преку поделена меморија, има значајни административни трошоци.
Иако наједноставна да се издизајнира и изгради, некохерентните-кеш NUMA системи стануваа премногу сложени да програмираат во стандардниот програмерски модел на VON NEUMANN архитектурата.
Како резултат на тоа, сите НУМА компјутери продадени на пазарот користат специјално наменски хардвер за да ја одржуваат кохерентноста на кешот, и така се сврстуваат како ќеш кохерентна NUMA, или ccNUMA.
Типично, ова се случува со користење на интер-процесорска комуникација помеѓу кеш контролерите за да се задржи конзистентен мемориски облик кога повеќе од еден кеш ја меморија истата моемориска локација.
Од таа причина, ccC може да работи лошо кога повеќе процесори се обидуваат да пристапат до истата мемориска област во брз редослед.
Подршката од оперативниот систем за NUMA се обидува да ја намали фрекфенцијата на овој тип на пристап преку алокација на процесорите и меморијата на начин близок за NUMA и преку избегнување на алгоритми за распоредување и заклучување кои го прават пристапот кој не е блисок на NUMA потрабен.
Алтернативно, кеш-кохеренстност протоколите како MESIF протоколот се обидува да ја намали потребната комуникација за одржување на кеш-кохерентноста.
Scalable Coherent Interface (SCI) е IEEE стандард кој го дефинира протоколот за кеш кохерентност за да се избегнат ограничувањата за скаларност пронајдени во раните мултипроцесорски системи.
SCI е користен како основа за Numascale, NumaConnect технологијата.
Сегашните ccNUMA системи се мултипроцесорски системи базирани на AMD Opteron, кој може да биде применет без екстерна логика, и Intel Italium, кој бара чип-сетови за да го подржи НУМА.
Примери на ccNUMA чип-сетови се SGI Shub (Super hub), Intel E8870, HP sx2000, и оние пронајдени во системите базирани на NEC Itanium.
Раните ccNUMA системи како оние од Silicon Graphics базирани на MIPS процесорите и DEC Alpha 21364 (EV7) процесорот.
Интел го објави воведувањето на НУМА во неговиот x86 и Itanium сервери во доцната 2007 со Nehalem и Tukwila процесори.
И двете семејста на процесори ќе делат заеднички чип-сет; интерконекцијата е нарецена Quick Path Interconnect (QPI).
Референци[уреди | уреди извор]
Оваа статија оригинално е базирана на материјали од Free On-line Dictionari of Computing, кој е лиценциран под GFDL.
- Intel Corp. (2008).
Intel QuickPath Architecture.
Retrieved from http://www.intel.com/pressroom/archive/reference/whitepaper_QuickPath.pdf
- Intel Corporation.
(September 18th, 2007).
Gelsinger Speaks To Intel And High-Tech Industry's Rapid Technology Caden.
Retrieved from http://www.intel.com/pressroom/archive/releases/[PHONE]corp_b.htm | fineweb-2 |
Историја на чоколадото
Историјата на чоколадото запонува во Мезоамерика.
Чоколадото, ферментираните, печените и мелени зрна од какаото Теоброма може да се најдат во Мокаја и кај други луѓе од пред-Олмек, со докази за постоење на какао напитоци уште од 1900 години п.н.е.
Потеклото на зборот "чоколадо" најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, наватл и во македонскиот јазик влегол преку шпанскиот.
Содржина
Чоколадо[уреди | уреди извор]
Чоколадото доаѓа од ферментираните, печените и мелените зрна од какото кои се добиваат од зимзеленото дрво Теоброма.
Зборот "чоколадо", потекнува од јазикот наватл на Ацтеките.
Зборот xocolatl, значи "горчлива вода".
Претколумбовските луѓе од Северна и Јужна Америка, пиеле чоколадо помешано со ванила, пченка, чили (како зачин) и achiote-(грмушка или мало дрво од тропскиот регион во Америка).
Како и современите Мексиканци, така и Ацтеките развиле разновидна храна од чоколадо.
Користејќи ги рецептите, кои се пренесуваат од генерација на генерација, Мексиканците го вклучувале чоколадото во многу од нивните оброци и не го употребувале само како десерт.
Европејците го засладувале додавајќи шеќер и млеко, за да направат цврсто чоколадо создавајќи ја современата табла од чоколадо.
Иако потеклото на какаото е од Америка, денеска Западна Африка произведува речиси две третини од светското какао, а Брегот на Слоновата Коска произведува околу половина од тоа.
Денеска чоколадото е еден од најпознатите и најпрепознатливите вкусови во светот.
Постојат многи јадења кои содржат чоколадо како штп се: табли од чоколадо, бонбони, сладолед, колачиња, пити, чоколадна крема, напитоци и други десерти.
Историјата во Мезоамерика[уреди | уреди извор]
Одгледувањето, користењето и културната обрработка на какото се одвиваа рано и беа распространети во Мезоамерика.
Во археолошките наоаѓалишта, кои датираат од Раниот Формативен период (1900-900 год.
) беа пронајдени керамички садови со остатоци од подготовка на какао напитоци.
На пример, еден таков сад кој беше најден во археолошкото наоаѓалиште кај Олмек, на Заливниот брег во Веракруз, Мексико, ја покажува подготовката на какао од луѓето пред-Олмек, уште од 1750 година п.н.е.
На брегот на Пацификот во Чијапас, Мексико, археолошкото наоаѓалиште Мокаја има докази за какао напитоци, кои датираат уште порано, од 1900 гофина п.н.е.
Маите и нивните предци во Мезоамерика го земале дрвото од прашумите и го одгледувале во нивните дворови, каде ги собирале, распалувале, печеле и ги мелеле претворајќи ги во тесто.
Кога се меша со вода, чили, пченкарно брашно и други состојки, ова тесто создава пенлив и зачинет чоколаден напиток.
До 1400 година п.н.е.
Империјата на Ацтеките освоила поголем дел од Мезоамерика, Ацтеките тргувале какао со Маите и други луѓе и често имале потреба граѓаните и другите освоени луѓе да плаќаат данок со семиња од какао, кои за Ацтеките претставувале пари.
Како и Маите кои живееле порано, така и Ацтеките го пиеле горчливиот чоколаден напиток со зачини, бидејќи шеќерот бил земјоделски производ кој бил недостапен за древните Мезоамериканци.
Пиењето на чоколадо бил важен дел од животот на Маите и Ацтеките.
Многу луѓе од општеството на Маите во Класичниот период, можеле да пијат чоколадо одвреме-навреме, иако се сметало дека тој напиток бил само за кралското семејство.
Но, во општеството на Ацтеките, главните владетели, свештениците, одликуваните војници и почесните трговци можеле да се напијат од овој свет пијалак.
Чоколадото играло важна улога во кралските и религиските настани кај Маите, како и кај Ацтеките.
Свештениците ги принесувале какао семињата како дарови за боговите и служеле чоколадни пијалаци за време на свети церемонии.
Сите области кои ги освоиле Ацтеките и кои одгледувале семиња од какао, морале да ги употребуваат за да плаќаат данок или "признание" како што велеле Ацтеките.
Пуебло луѓето, кои живееле во областа која денеска е јужно-западниот дел од САД, увезувале какао од Мезоамериканските култури во Јужно Мексико или Централна Америка во периодот помеѓу [PHONE] година.
Семињата ги употребувале во секојдневни пијалаци кои ги пиеле сите во нивното општество.
Историјата во Европа[уреди | уреди извор]
До 16 век, ниту еден Европеец не слушнал за познатиот пијалак кој го подготвувале луѓето од Централна и Јужна Америка.
Хозе де Акоста, шпански Езуитски мисионер, кој живеел во Перу и потоа во Мексико во доцниот 16 век за тоа напишал:"Грозно, за оние кои не се запознаени со тоа е како во устата да имаш нечиста пена со непријатен вкус.
Сепак тоа е пијалак кој Индијанците многу го ценат, и ги гоштеваат сите благородни луѓе кои поминуваат во нивната земја.
Шпанците, и мажите како и жените, кои се навикнати на нивната земја се многу алчни за ова чоколадо.
Тие велат дека прават различни видови, некои жешки, некои ладни, некои умерени и ставаат многу од тоа "чили", да, и од тоа прават тесто, за кое велат дека е добро за стомакот и се користи против катарх."
Кристофер Колумбо донел семиња од какао за да им покаже на Фердинанд и Изабела од Шпанија дека шпанските калуѓери се оние кои го распространија низ Европа.
Додека шпанците не ги освоија Ацтеките, чоколадото не беше увезувано во Европа а потоа за брзо време им стана омилено на кралската фамилија.
Првиот доказ за најголемата испорака до Европа за трговски цели беше испораката од Веракруз до Севиља во 1585 година.
Уште се служеше како пијалак, но Европјаните додаваа шеќер и млеко за да ја намалат горчината и го отстрануваа чилито, заменувајќи го со мексиканскиот зачин, ванила.
Првата продавница за чоколадо беше отворена во Лондон, во 1657 година.
Во 1689 година, познатиот физичар и колекционер Ханс Слоан, направи млечен чоколаден пијалак во Јамајка кој најпрво го употребуваа Ацтеките, но подоцна им го продаде на браќата Кадбери.
Не е познато како зборот "чоколадо" се пренесол во шпанскиот јазик.
Можеби најцитираното објаснување е дека "чоколадо" доаѓа од јазикот на Ацтеките, наватл, чии извори потекнуваат од нахуатскиот збор "xocolatl", составен од зборовите "xococ" (што значи кисело или горчливо) и "atl" (што значи вода или пијалак).
Секако, како што забележал Вилијам Брајт, зборот "cocolatl" не настанал во централните колонијални извори во Мексико со што настанало ова необично потекло.
Марија ја дала етимологијата на јукатешкиот збор на Маите "chokol", што значи жешко и нахуатскиот збор "atl", што значи вода.
Неодамна Дакин и Винчмен дадоа етимологија од нахуатски термин, "chicolatil" од источен Нахуати, што значи "натапкан пијалак".
Тие го добиле овој термин од зборот за пенливо стапче, "chicoli".
Зборот xocoatl не се појавува во речникот на Молина.
Подготовка[уреди | уреди извор]
Илјадници години, процесот за правење на чоколадо не се промени.
Кога пристигна индустриската револуција, настанаа многу промени кои го донесоа тврдото, слатко колаче назад.
Во 18 век, беа создадени механички мелници кои го истиснуваа путерот од какаото, кој придонесуваше за да се создаде тврдо и трајно чоколадо.
Но, пред индутриската револуција овие мелници не се користеа многу.
Не помина многу време откако револуцијата стивна и компаниите започнаа да го рекламираат овој нов изум за да ги продаваат чоколадни табли што ги гледаме денес.
Кога се произведоа машините, луѓето низ светот започнаа да го искусуваат и користат чоколадото.
Кон крајот на 18 век, првата форма на цврсто чоколадо ја создаде Дорет во Турин.
Пјер Паул Кафарел создаде цврсто чоколадо во големи количини во 1826 година.
Во 1819 година, Холанѓанецот Конрад Јоханес ван Хојтен создаде метод за вадење на маснотиите од семињата на какото и направи какао и какао путер во прав.
Ван Хојтен исто така го разви и таканаречениот холандски процес за правење на чоколадо со алкали за да се отстрани горчливиот вкус.
Ова го овозможи формирањето на чоколадни табли.
Се верува дека Англичанецот Џозег Фрај ја направил првата чоколадна табла за јадење во 1847 година, а подоцна и браќата Кадбери во 1849 година.
Даниел Питер, шведски производител на свеќи, се приклучи кон чоколадниот бизнис на неговиот свекор.
Во 1867 година тој започна да експериментира со млекото како состојка.
Измисли нов производ, млечно чоколадо кое почна да се продава на пазарот во 1875 година.
Неговиот сосед, поизводител на бебешка храна Хенри Несле му помогна да ја отстрани водата од млекото за да го спречи мувлосувањето на чоколадото.
Родолф Линд го измисли процесот наречен соединување, кој вклучува загревање и фино мелење на цврстите чоколади за да се обезбеди дека течноста е подеднакво измешана.
Со ова Милтон Хершеј можеше да го направи чоколадото попознато преку производство на достапни чоколадни табли.
Современа трговија[уреди | уреди извор]
Околку две-третини од какаото во светот се произведува во Западна Африка, а околу половина од вкупната количина се произведува во Брегот на Слоновата Коска.
Како и многу други производители, самостојните какако фармери се изложени на милоста на променливите светски пазари.
Во период од неколку години цената може да се менува од помеѓу 945 долари и 3.000 долари за тон.
Додека инвеститорите кои тргуваат со какао можат да ги продадат акциите кога ќе посакаат, самостојните какао фармери не можат да го зголемат производството и да ги напуштат дрвјата.
Само три до пет проценти од договорите "какао-хартии од вредност" , тргуваа на какао пазарите и завршија со физичка испорака на какаото.
Секоја година седум до девет пати повеќе какао се купува и продава на берзата која постои.
Се потврдува дека околку 90% од фармите за какао на Брегот на Слоновата Коска употребувале еден вид на ропство за да се се одржи производството.
Кога паѓаат цените за какото, фармерите во Западна Африка ги намалуваат трошоците преку прибегнување кон ропство.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Terry G. Powis, W. Jeffrey Hurst, María del Carmen Rodríguez, Ponciano Ortíz C., Michael Blake, David Cheetham, Michael D. Coe & John G. Hodgson (December 2007).
Oldest chocolate in the New World.
"Antiquity" 81 (314).
15 февруари 2011. | fineweb-2 |
Округот бил создаден во 1994 година, кога двата окрузи Зебниц и Пирна биле споени.
Во август 2008 како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Саксонска Швајцарија и Вајсериц биле споени во новиот округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини.
Округот бил именуван по регионот — Саксонска Швајцарија — кој претставува најпланинскиот регион во Саксонија.
На запад се Рудните Планини, а на исток Лужичките Гори.
Реката Елба тече низ Елпските Песочни Планини и го дели на два дела планинскиот масив.
Највисоката точка на округот е Елзенер Хее (Oelsener Höhe) со 644 метри на југозападот од округот, додека најниската точка е долината на Елба на граница со Дрезден на само 109 метри надморска височина.
Грбот ја прикажува географската местоположба на округот.
Двете зелени површини ги претставуваат шумите во планинските области, белата брановита линија во средината ја претставува реката Елба.
Грбот бил создаден од Хорст Торка од Пирна. | fineweb-2 |
Тој е најпознат по проучувањето на темните линии во спектарот на Сонцето.
Овие линии денес се познати како Фраунхоферови линии.
Тие соодветствуваат на брановите должини на светлината, што ја апсорбираат хемиските елементи во надворешните делови на Сончевата атмосфера.
Набљудувањата на Фраунхофнер подоцна биле исползувани за да се одреди составот на Сонцето и другите ѕвезди. | fineweb-2 |
Борис Сарафов
|Борис Петров Сарафов|
|12 јуни 1872 - 28 ноември 1907|
македонски револуционер
|Прекар:||Принцот|
|Роден во:||Либјахово, Отоманска империја|
|Починал во:||Софија, Бугарија|
|Служба во:||Македонско национално движење|
|Период на служба:||1895 - 1907|
|Чин:||Претседател на Врховниот македонски комитет • член на Главниот штаб на II Битолски револуционерен округ|
|Единици:||Четнички институт|
|Командува/л со:||Македонски комитет • Македонската револуционерна организација|
|Битки/војни:||Мелничко востание • Илинденско востание|
|Други занимања:||воен офицер|
Борис Сарафов (12 јули 1872 – 28 ноември 1907) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, водач на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и член на Главниот штаб во Битолскиот револуционерен округ, една од контроверзните личности во македонското ослободително дело.
По завршувањето на основното образование во родното село и Солунската машка гимназија "Св.
Кирил и Методиј", се запишува во Военото училиште во Софија, заедно со Гоце Делчев, и учествува во социјалистичка група.
По завршувањето на училиштето (1893) е испратен на офицерска служба во Белогратчик и потоа во Софија (1894).
Преку неговиот солунски учител Трајко Китанчев, влегува во македонското движење, собира и обучува чета.
Во т.н Мелничко востание го напаѓа градот Мелник.
Се запишува како вонреден студент на Генералштабната воена академија во Санкт Петербург (септември 1895), но по 4 месеци се враќа во Софија.
По смртта на Китанчев настапува расцеп во Врховниот македонски комитет.
Со поддршка на Ѓорче Петров и Гоце Делчев, на Шестиот конгрес на македонската емиграција во Софија е избран за претседател на Македонскиот комитет.
Со својот авантуристички дух и патриотски ентузијазам развива широка внатрешна и надвореш на активност што не е во согласност со политиката на кнезот Фердинанд.
Заедно со сите членови на Врховниот комитет е уапсен, а потоа на судот е ослободен.
Често патува по Европа и Русија, со негова поддршка се издаваат весниците на Симеон Радев во Женева (L'Effort) и во Париз (Le Mouvement Macédonien), го помагал Македонскиот клуб од Белград, а потоа и Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург.
Целиот европски печат ја пренесува неговата изјава (1902): Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци.
Текстов подоцна станува насловно мото и на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург.
Тој ги помага и солунските гемиџии.
На Осмиот конгрес на македонската емиграција во Софија на чело на Врховниот комитет се поставени Бугарите Стојан Михајловски и генералот Иван Цончев.
Се изострува борбата помеѓу врховистите и централистите.
Настанува и струја на сарафистите.
Во јануари 1903 година, Сарафов влегува со чета во Македонија и на Смилевскиот конгрес е избран за еден од тројцата рамноправни членови на Главниот штаб на востанието.
По Илинденското востание дејствува во Битолскиот револуционерен округ.
На Рилскиот конгрес (1905) е обвинуван за злоупотреби, испраќање на сарафистички чети, примање на пари од српската и бугарската влада, но е амнестиран.
Во ВМОРО настанува расцеп.н Сарафов и Иван Гарванов се задгранични претставници.
Осудени од Серскиот револуционерен округ, тие се и убиени во Софија.
Ги користел псевдонимите или бил именуван: Александар Иванович, Бегот, Богдан Петров, Борис Иванов, Владимир Николаев, Керим паша, Крум, Крумски, Мајстор, Ојнак, Принцот, Торос и др.
Содржина
- 1 Потекло
- 2 Образование
- 3 Погледи
- 4 Македонско револуционерно движење
- 4.1 Мелничко востание
- 4.2 Претседател на Врховниот македонски комитет
- 4.2.1 Соработка со задграничните претставници
- 4.2.2 VІ македонски конгрес
- 4.2.3 Сарафов и Бугарското братство
- 4.2.4 Задкулисни игри
- 4.2.5 Македонска крвава свадба
- 4.2.6 VІІ македонски конгрес
- 4.2.7 Судир со Внатрешната организација
- 4.2.8 Солунска афера
- 4.2.9 Судир со бугарската влада
- 4.2.10 Поделба во Врховниот македонски комитет
- 4.3 IX македонски конгрес
- 4.4 Агитација низ Европа
- 4.5 Рехабилитација
- 4.6 Х македонски конгрес
- 4.7 Илинденско востание
- 4.8 Преговори во Белград
- 4.9 Противуслуга
- 4.10 Расцеп на Македонската револуционерна организација
- 4.11 Рилски конгрес
- 4.12 Втор редовен конгрес
- 4.13 Кулминација на судирот
- 5 Убиство
- 6 Контроверзии
- 7 Белешки
- 8 Наводи
- 9 Надворешни врски
Потекло[уреди | уреди извор]
Потеклото и семејната средина се фундаментален елемент во биографијата на една личност.
Тие го обусловуваат неговиот живот во неговата најрана фаза, а оставаат траги во целокупната негова натамошна дејност...—Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев и неговото време
Либјахово[уреди | уреди извор]
Роден сум во 1872 год., на 12 Јуни во с. Либјахово, Неврокопско.
Татко ми, Петар Сарафов е родум од с. Гајтаниново, а мајка ми Сирма - од Либјахово..—Борис Сарафов, Спомени
Селото Либјахово (денес Илинден) се наоѓа во планински регион, во северните падини на планината Стргач, 18 километри југоисточно од градот Неврокоп (денес Гоце Делчев).
Во 19 век, Либјахово било големо село со мнозинско македонско христијанско население, влегувало во кон Неврокопската кааза, при Серскиот санџак.
Во 1828 - 1831 година е изградена црквата Успение Богородично .
Според една статистика од 1878 година, селото во 1873 година имало 253 куќи со 850 жители .
Според Стефан Верковиќ селото имало 245 куќи .
Во 1891 година, Васил К'нчов го посетил Либјахово и запишал: Либјахово има многу убав изглед.
Тоа е разположено на една мала притока на р. Буровица.
Има прекрасен изглед од врвот... Над него ... се гледаат обработени ниви, а надолу - ливади.
Тоа брои 300 куќи бугарски (македонци-егзархисти б.н) [белешка 1].
Селаните се пробудени како и гајтаниновци.
Од 1870 година имаат бугарско (егзархиско б.н) училиште.
Стоеја во редовите на првите борци во борбата со (патријаршискиот б.н) владиката [белешка 2], но во 1887 година, заплашени силно од воениот командант во Неврокоп, ја признаа власта на владиката.
Оваа година тие одново се откажаа од него .
Според К'нчов, во 1900 година селото имало 1720 жители од кои 1660 македонци и 60 роми .
Сарафови[уреди | уреди извор]
Татко ми, кога бев во втори клас, беше директор на бугарското училиште во Серез.
Наклеветен од Грците во 1885 год.
тој беше испратен на заточение, божем како бунтовник, заедно со дедо ми, архимандритот Харитон, татко на мајка ми, претседател на општината во Серез.
Беа осудени од воен суд во Солун, што ги осуди на 16 години затвор, што ги одлежуваа во гр.
Караман, во Кониската област во Мала Азија, каде биле интернирани.
Татко ми заедно со дедо ми избегале и дошле во Бугарија во 1888 год.
: се населиле во Софија каде во 1889 г, дојде и мајка ми...—Борис Сарафов, Спомени
Дедото на Борис Сарафов бил харизматичен и енергичен водач во црковните борби во Источна Македонија.
Учествувал во народниот собор од 1869 година во село Гајтаниново, на кој што се отфрла јурисдикцијата на Цариградската патријаршија.
Во периодот [PHONE] бил претседател на Неврокопската егзархиска црковна општина.
Во 1872 година е предложен за архиереј Неврокопската епархија, но кандидатурата не му е прифатена од сите месни дејци.
Според македонските изтражувачи во периодот [PHONE] поп Харитон е еден од главните агитатори на таканареченото унијатско движење за одвојување на македонските црковни општини од Бугарската Егзархија, во засебна црква "да ја воскреснат Охридска архиепископија" преку унијатството со Ватикан.
Но тоа движење, очекувано, не успеало.
Неговиот татко Петар Сарафов бил преродбенски учител, неговиот чичко Коста Сарафов и дедо му архимандритот Харитон Карпузов биле водачи на борбата против Цариградската патријаршија во Неврокопско и Серско.
Петар Сарафов е еден од иницијаторите на народниот собор, одржан во 1869 година во село Гајтаниново, на кој била отфрлена власта на Цариградската патријаршија.
Во 1873 година неговиот татко бил меѓу основачите на учителското друштво "Просветителство".
Петар Сарафов меѓу [PHONE] година ја извршувал фукцијата егзархиски инспектор на сите училишта во источна Македонија .
Неговиот татко заедно со архимандритот Харитон Карпузов - тогаш претседател на егзархиската општина во Сер во 1885 година биле уапсени од османлиските власти, под обвинение за револуционерна дејност.
Петар Сарафов и Карпузов биле осудени на 16 години заточение во Мала Азија.
Најпрво биле испратени во Смирна, а потоа биле преместени во градот Караман.
Во 1887 година, преку Цариград избегале за Одеса, а потоа се преселиле во Софија.
Во престолнината на бугарската држава, Петар се вработил во министерството за надворешни работи како преведувач.
Неговиот поголем брат Ангел Сарафов бил лекар и офицер, Крсто Сарафов неговиот помал брат е познат актер , сестра му доктор Злата Сарафовова била претседателката на Македонскиот женски сојуз , негов братучед бил полковник Димитар Стојков.
Образование[уреди | уреди извор]
Во 1890 година во Солун завршив VI клас и во месец септември постапив во военото училиште.
Во истото училиште во 1891 год.
постапи Гоце Делчев; тој беше во втората чета, а јас во првата.
Се познававме од Солун.
Од Солун се познавав и со Дамјан Груев - од гимназијата, исто така и со Ѓорче Петров.
Во 1893 год.
завршив како офицер.
Тогаш социјализмот беше во мода.
Бегав од училиште и во една куќа близу до старото воено училиште се наоѓав со ученици од VII кл.
па читавме илегални руски автори, се одржуваа и реферати и сл...—Борис Сарафов, Спомени
Солунска машка гимназија "Св.
Кирил и Методиј"[уреди | уреди извор]
Уште во гимназијата меѓу себе зборувавме за идното ослободување на Македонија, па си мислев дека би било добро да се здобијам со воен опит...—Борис Сарафов, Спомени
Борис Сарафов најпрво се школувал во месното егзархиско училиште.
Потоа се запишал во Солунската машка гимназија "Св.
Кирил и Методиј".
Низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери: Ѓорче Петров, Пере Тошев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Гоце Делчев, Борис Сарафов и други .
Таа имала престиж и реноме над останатите образовни институции, не само егзархиски туку и во однос на сличните институциите на останатите пропаганди во Македонија.
Во неа предавале еминентни македонски и странски професори [белешка 3].
Гимназијата располагала со опремени кабинети, нејзината библиотека располагала со богата литература од светско реноме: Виктор Иго, Димитриј Иванович Писарев, Шекспир, Гогољ, Пушкин, Лермонтов и други, а меѓу учениците кружела и забранета литература.
Револуционерниот дух бил сè повеќе присутен меѓу учениците на Солунската гимназија.
Во 1889 година во пансионот на гимназијата делувале три ученички кружоци: литературен, филозофско-научен и бунтарски (револуционерен).
Со револуционерниот кружок раководеле Борис Сарафов и Димитар Пажев .
Во револуционерниот кружок членувале Гоце Делчев, Христо Чемков, Атанас Мурџев и други.
Во кружокот биле проучувани делата на Љубен Каравелов, Христо Ботев, Захариј Стојанов, Иван Вазов, како и биографиите на познатите револуционери: Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Џорџ Вашингтон, Лафајет, Костјушко, Домбровски, Кошут, Лавров, Кропоткин, Бакунин, Степњак и други .
Во есента 1890 година, по заминувањето на Борис Сарафов и Пажев, Гоце Делчев станал раководител на училишниот револуционерен кружок.
Кнежевско воено училиште[уреди | уреди извор]
Како офицер ме испратија во Белоградчик, во 15-ти Ломски полк.
Постојано настојував да ме прведат во Софија, и во 1894 година во мај ме преместија тука.
Токму тогаш се беше формирал првиот македонски комитет, под претседателство на Китанчева.
Коста Сарафов, чичко ми, може да раскаже подробно за основањето на Комитетот во Софија....—Борис Сарафов, Спомени
Во 1890 година се запишал во Военото училиште во Софија, заедно со Димитар Думбалаков, Иван Пожарлиев, Христо Саракинов.
Во јули 1891 година петчлена група на незавршени солунски средношколци (Гоце Делчев од Кукуш, Стамат Стаматов од Дебар, Илија Кондураџиев од Прилеп, Гоце Имов од Кукуш и Стефан Стрезов од Копривиштица), се нашла во бугарската престолнина Софија.
Целиот солунски револуционерен кружок се нашол во военото училиште.
Во Кнежевското бугарско воено училиште за трите години, меѓу другите, се школувале и педесетина Македонци.
Групата на Гоце и припаѓала на 13 - та класа.
На претходната, 12 - та класа питомци и припаѓале поранешните солунски ученици Борис Сарафов, Георги Апостолов и Димитар Атанасов, кои го поздравиле доаѓањето на новата група.
Со Гоце Делчев и Борис Дрангов создаваат револуционерна група поврзана со онаа на Дамјан Груев на Софискиот универзитет.
Погледи[уреди | уреди извор]
Автономната македонска идеја не скара со бугарската влада.
Зар поранао со нас не беше љубезен и внимателен кнезот Фердинанд?
Зар... Рачо Петров кој со своето Министерство толку грижливо се зафати да не скроти, не беше наш соучесник во 1895 година и не ни дозволи да ја минеме македоската граница и да водиме чети?
Не фалеа зошто се надеваа дека ние, со своите раце, ќе ги вадиме од огнот македонските костени и ќе им ги дадеме ним како подарок на бугарската влада.
Големите луѓе сакаа да јаваат на грбот на малите.
Владата мечтаеше за Санстефанските граници, кнезот Фердинанад... го примамува ефектот кон своите два венца да го придодаде и третиот - Македонија...—Борис Сарафов, Интервју со Амфитеатров во 1901 година
Кон крајот на март 1902 година, српскиот дипломатски претставник во Софија, врховистичката пенетрација во Македонија ја оценил како поинаква во однос на претходните.
Според него, новото врховистичко навлегување било резултат на раздорот помеѓу поранешниот и актуелниот Врховен комитет, првенствено поради различните погледи за решавање на македонското прашање.
Според српскиот дипломат: Сарафов и неговите приврзаници, а тие ја држат во раце Внатрешната револуционерна организација, не криеја дека сакаат своето држење да го доведат во согласност со династичките интереси на кнезот Фердинанад, кој секогаш настојуваше тајно да раководи со комитетскиот ред и на тој начин како носител и претставник на големата бугарска идеја... да ја зачува и зголеми својата популарност.
Меѓутоа: Сарафов и неговите приврзаници отворено изјавуваа дека ним не им дошло националистички проповеди, туку до политичко ослободување, за кое народот треба да се подготви и воодушеви, за во дадениот час да биде готов да се жртвува.
Малку расположени да му служат на политичките интереси на кнезот Фердинад и на славистичките стремежи на бугарските државници, тие се воодушевуваат од идејата за самостојна Македонија, до која, според нивното мислење, во денешните политички услови може да се дојде пос сизеренство на Султанот.
И токму затоа што не сакаат да допшуштат автономијата да послужи како мост за подоцнежната бугарска анексија, предизвикаа кај кнезот Фердинад и тогашниот шеф на владата - Каравелов, кој како запален шовинист, прв почна да ги гони (Сарафистите б.н).
Само со тоа гонење може да се објасни што на чело на ВК дојде резервниот генерал Иван Цончев и поетот Михајловски, од кои првиот е повереник на кнезот Фединанад, а другиот прврзаник на Каравелов.
Овој извор потврдува дека определбите на Борис Сарфов биле програмски поблиску до Внатрешната организација и не се поклопувале со погледите на бугарските кругови, а тоа било причина за падот на Сарафовиот комитет.
Со оваа констатација не се согласува Иван Катарџиев, кои истакнува: Во контактите со разните политичари и дипломати Сарфов отворено ги напаѓа намерите на Цончев да дига востание во Македонија.
На тој начин негативниот став на Организацијата спрема Врховниот комитет во светот на дипломатијата почнал да се прикажува како став на Сарафов... Им дадовме место на овие мислења, своевремено истакнувани за Сарафов со ставовите на Внатрешната организација, туку, напротив, уште порелефно да ја истакнеме политиката и погледите на Револуционерната организација, кои Сарафов си ги присвојувал и пласирал како свои.
Меѓутоа, странските дипломати не биле единствените кои во Борис Сарафов гледале борец за независна македонска држава.
Крсте Петков Мисирков истакнува: Откако се вкорени така македонското дело во Бугарија, Македонците фатија да одат и во Србија и таму да им ја излагаат својата програма на владата и на српскиот народ.
Сарафов, Радев, Јанков уверуваа оти тие се борат за девизата Македонија за Македонците, за сите Македонци без разлика, и оти никогаш Македонија нема да се соедини со Бугарија.
Не е ли јасно и од тие постапки на македонските водачи оти Македонците зедоа самите да ги решаваат судбините на Македонија и оти тие во својата дејност се готови да се судираат и да ги усогласуваат интересите на својата татковина не само со Бугарија, но и со другите балкански државнички, откако ќе им дадат на тие државички некои обврски од страна на Македонија за укажаната помош?.
Сарафов честопати бил контрадикторен во своите изјави и се прилагодувал кон своите соговорници и нивните потреби.
Александар Валентинович Амфитеатров имал двочасовен разговор со Сарафов и ни ги пренесува следните негови зборови: Србите и Австриците не не поднесуваат затоа што ние божем се бориме за голема Бугарија.
Тоа е заблуда.
Ние сме бугари по род, крв, по сфаќања на животот, со сето убедување.
Но, мислата за спојување со Бугарското кнежество не напушти веќе одамна .
Во 1902 година Сарафов за весник во Србија дал изјава која е дијаметрално спротивна од онаа која Амфитеатров ја пренесува, според српскиот весник Сарафов изјавил: Ние Македонците не сме ни Срби ни Бугари, туку просто Македонци.
Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и српскиот... .
Целосниот текст подоцна станал насловно мото на сите изданија на Македонската колонија во Санкт Петербург.
Македонско револуционерно движење[уреди | уреди извор]
Ние Македонците не сме Срби, ни сме Бугари, ами просто Македонци.
Македонскиот народ постои независно од бугарскиот и од српскиот.
Ние им сочувствуваме и на едните и на другите, и на Бугарите и на Србите; кој ќе го помогне нашето ослободување, нему ќе му речеме благодарам, но Србите и Бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.—Борис Сарафов, 2 септември 1902
Мелничко востание[уреди | уреди извор]
Ги запаливме поштата и околиската управа.
Внатре имаше 24 товари муниција, па дојде до силен грмеж.
Пожарникарите, што си помислиле дека е "јанг`н" доаѓаат да го гаснат пожарот.
Блиску до околиската управа се наоѓаше и затворот; ги искршивме вратите од затворот, и затворениците побегнаа.
Пукаме по пожарникарите, - паѓаат мнозина.
Други излегуваат со стомни за вода, со фесови; момчињата не можеа да ги распознаваат, па загинаа три-четири мина Грци (таму е грчко маало).
Зафативме пусија сред улицата, и по соседните турски куќи; семејствата ги одделивме под стража на друга страна, а ние се сместивме крај прозорците.
Еден - два плотуна од наша страна и паднаа неколцина; пак се вратија, пак плутон - ура!
Турците си помислија дека се опколисани; отстапија, војската се растури низ полето.
Некои од Турците почнаа да пукаат од прозорците на куќите, и ние тогаш заповедавме да се запалат некои куќи, па изгореа околу 37 турски куќи...—Борис Сарафов, Спомени
На 2 август 1893 година Сарафов е произведен во подпоручик и служи во 15-от ломски полк во Белоградчик, каде привлекува истомисленици за поддршка револуционерното дело во Македонија.
Меѓу нив се Христо Чернопеев, Тане Николов, Тома Давидов, Боби Стојчев и други.
Од 1 јануари Сарафов е преместен на служба во 1-от пешадиски софиски полк и се поврзува со Македонскиот комитет на Трајко Китанчев, кој го подготвувал т.н Мелничко востание За акцијата биле ангажирани 40 официри од Бугарската армија, меѓу нив се нашле: Стојчо Гаруфалов, Антон Бозуков, Петар Начев, Васил Мутафов, Борис Сарафов, Димитар Атанасов, Димитар Жостов, Јордан Венедиков и други.
Официрите биле поставени за командири на одредите.
Четвртиот одред се ссостоел од 65 души а негов командир бил Борис Сарафов од старите арамии биле Кочо Мустракот, Кољо Ризов и Дедо Анго Константинов.
Тие имале задача да дејствуваат во источна Македонија .
Четите границата почнале да ја минуват на крајот на месец јуни и почеток на месец јули.
На Петровден, Сарафов ја минал границата во униформа и се приклучил кон дупничката чета.
Во Пирин им се придружил дедо Анго со 25 души, а одредот вкупно броел 65 четници.
Сарафов одвај успеал да ги одврати војводите да не пљачкаат и ги убедувал: пет пушки да фрлиме, ама во градот да ги фрлиме .
Одредот најпрво се упатила кон Неврокоп, а потоа се вратила повторно пред Мелник.
На 12 јули влегле во градот ја зазеле околиската управа ја запалиле поштата и ги ослободиле затворениците од градскиот затвор.
Биле запалени 37 куќи и биле повикани градските првенци да им се каже дека целта е ослободување на Македонија .
На пладне четата си заминала од градот, а Кочо Мустракот со 20 души се оделил да пљачка.
На 16 јули Сарафов и одредот кај село Влахи биле престигнати од аскерот, но успеале да се повлечат без загуби.
На 22 јули веќе се нашле во Бугарија.
Сарафов со својата одред успеал да го покрие неуспехот на останатите одреди и затоа отука целата акција на Македонскиот комитет е наречена Мелничко востание .
Претседател на Врховниот македонски комитет[уреди | уреди извор]
Комитетот почна да дејствува во споменатата насока.
Најпрвин се зафативме со исплаќање на долговите.
Ги активиравме друштвата.
Најпрвин почнавме со Софија.
Не можеше толку лесно да се соберат луѓето и тие да го почувствуваат авторитетот на Комитетот, додека не сфатат дека сме решени да одиме докрај.
Малу по малу почнавме да ги наметнуваме своите барања.
Од 30 друштва станаа 250 друштва, градски и селски.
Не врвеше така лесно ни со заемот.
За да не доаѓа до завист, почна обложувањето со облигации според имашноста на луѓето.
Однатре постојано бараа средства, и затоа мораше да се грижиме енергично за собирањето пари преку обложување со облигации...—Борис Сарафов, Спомени
Соработка со задграничните претставници[уреди | уреди извор]
Со Ѓорче и Делчев работевме сложно.
Тие заседаваа заедно со нас, ги потпишуваа записниците во Комитетот.
Прашањето за востанието кога да се крене, не се поставуваше на дневен ред.
Идејата да се формираат внатрешни чети се појави тука.
Тука беше напишан и правилникот за четите внатре.
Ѓорче и капетан Венедиков го напишаа.
Јас бев на стоиштето таму да се испратат апостоли, што ќе обиколуваат насекаде, затоа што само Делчев дејствуваше како таков...—Борис Сарафов, Спомени
|Дел од серијалот
"Македонски комитет"
Основачи
Ментори
Противници
Сојузник
Конгреси
Востанија
Органи
Фракции
Поврзано
Во средината на декември 1896 година Гоце Делечв пристигнал во Софија како прв задграничен претставник на ТМОРО во Бугарија.
Во март 1897 година, по инсистирање на Гоце, Централниот комитет на Организацијата го проширила Задграничното претставништво со уште еден член, Ѓорче Петров .
Нарушените односи помеѓу двете организации, го потикнале Гоце да побара други материјални извори.
Тој веднаш по пристигнувањето во Софија стапил во врска со офицерите од 95-тата година кои биле надвор од Комитетот.
Соработката помеѓу нив се продлабочила по пристигнувањето на Ѓорче Петров во март 1897 година, како втор член на Задграничното претставништво.
Тогаш, кај Ѓорче Петров, Гоце Делчев, Стојчо Гаруфалов и Антон Бозуков се родила идејата за формирање на Тајните офицерски братства .
Во ноември 1897 година, во Македонија се разврзала Виничката афера која го симнала конспиративниот превез на Организацијата.
Аферата и нанела тежок удар на ТМОРО во Скопскиот санџак, а ја разнишала и во целина.
Гоце Делчев веста за аферата ја примил во Ќустендил и веднаш се вратил во Софија со цел да преземе чекори за неутрализација на нејзините ефекти.
Гоце имал телефонски разговор со Борис Сарафов, во текот на кој му предложил на Сарафов да формира чета со која требало да навлезе во Македонија за да им стави крај на турските ѕверства.
Но, по консултацијата со Ѓорче, тој му ја откажал услугата на Борис Сарафов.
Во Ќустендил бил формиран Привремен комитет за бегалците, а во Софија била формирана тричлена комисија.
На 1 јануари 1899 година, бугарската влада на Константин Стоилов поднела оставка, а Фердинанд формирал коалициска влада од составена од Либералната на Васил Радославов и Народнолибералната партија на Димитар Греков.
За да го спречи Радославов за да не дојде на чело на владата, кнезот за премиер го поставил Греков, иако неговата партија била послаба од онаа на Радославов, но на секому му било јасно дека владата е на Либералната партија.
Набргу по формирањето на новата влада, дошло до судир помеѓу Либералната и Народнолибералната партија, а Димитар Греков на 1 октомври 1899 година поднел оставка.
Оваа состојба се покажало како доста поволна за делување на Ѓорче Петров и Гоце сред македонската емиграција.
Имено, Задграничното претставништво и Централниот комитет на ТМОРО решиле да ја променат тактиката.
Тие од контактите со бугарската влада на Стоилов и ВМК ги откриле нивните вистински стремежи, отука решиле Врховниот комитет да го стават под свое влијание, сега иницијативата се наоѓала во рацете на македонските револуционери.
Моментот бил погоден.
Покрај бурните политички случувања во Бугарија, задграничните претставници веќе имале конатакти со повеќе асоцијаци во Бугарија од кои извлекувале помош за македонското дело, првенствено од офицерските братства на чело со Цончев.
Задграничните преставници се решиле да го преземат ВМК за да го искористат економскиот потенцијал на македонската емиграција во Бугарија во полза на македонското револуционерно движење.
Ѓорче Петров започнал една широка агитација сред македонската емиграција во Бугарија, барајќи соодветна личност која би можела да застане на чело на Врховниот комитет.
Ѓорче ја прокрстарил цела Бугарија, ги посетил сите места каде што имало Македонци и ја поканил целата македонска емиграција од провинцијата да учествуваа во работата на идниот конгрес, кој требало да се одржи.
Ѓорче најпрво се сретнал со Иван Цончев, кој дотогаш многу им помагал .
Ѓорче Петров имал средба и со полковниците Стефан Николов и Атанас Јанков, но тие не биле по мерката на Организацијата.
За нив, Ѓорче Петров вели: Николов ми направи впечаток на тежок човек со слаб ум, а Јанков-на лесен човек.
Барајќи погодна личност, Ѓорче имал и средба со Славчо Бабаџанов.
Меѓутоа, ни тој не бил погодна личност, Бабаџанов бил член на бугарската Демократска партија и бил пријател со бугарскиот кнез Фердинанд.
Додека Ѓорче Петров барал погодна личност, Сарафов и Антон Бозуков самите себеси се понудиле.
Ѓорче ги одбил.
Тој барал личност со поголема тежина и позначајна улога во бугарското опшество.
Затоа разговарал со учителот Паунчев во Варна, како и со адвокатите Панов и Иван Иванович.
Последниот се покажал како чамова даска.
Ѓорче не се раководел од идејните определби на личностите и затоа имал средба и со водачот на социјалистите, Димитар Благоев.
Меѓутоа, Ѓорче бил одбиен од сите, бидејќи работат им изгледала како опасна.
За формирањето на новиот Врховен комитет, во своите спомени Борис Сарафов истакнува: Се размислувавме кои луѓе треба да бидат поставени на чело на тукашниот Комитет.
Бевме на мислење на чело на Комитетот да го избереме Цончев.
И Ѓорче и Делчев и јас и други мислевме така.
Цончев велеше дека ако тој биде поставен на чело на Комитетот, до кревањето на востанието треба да дојде најмалку за 5 месеци, инаку тој не може да стои така долго - ќе се избламира.
Затоа тој беше на мислење првин да дојде до јавување на помлади луѓе, што ќе го подготват теренот, што ќе вршат организирање, да се соберат средства, и потем, кога ќе дојде часот за движењето, тогаш и тој ќе земе учество во него.
Се согласивме со тоа.
Решивме да агитираме за оние кандидати, што потем и беа застанати на чело.
На конгресот помина нашата листа.
И јас застанав на чело на Комитетот.
Паприков му беше испратил писмо на Драндаревски во Русе, никако да не си дава оставка.
Цончев помогна и новиот Комитет, на чие чело застанав јас, се конституира на 16 јуни.
Покојниот Давидов беше во служба заедно со мене; заедно и живеевме во една иста куќа и во потполност се согласувавме...
Ѓорче Петров на крајот морал да се задоволи со офицерите од 95-тата година.
Тој сакал еден дел од нив да ги вклучи во Врховниот комитет, а другите да ги искористи за практична работа.
Идните настани, сепак покажале дека изборот на Ѓорче бил погрешен.
Офицерите од своја страна, му предложиле на Ѓорче Петров, тој да застане на чело на Врховниот комитет, но Ѓорче одбил.
На крајот, се одлучил за Борис Сарафов, затоа што сметал дека тој е попостојан отколку Антон Бозуков.
VІ македонски конгрес[уреди | уреди извор]
Се размислувавме кои луѓе треба да бидат поставени на чело на тукашниот Комитет.
Бевме на мислење на чело на Комитетот да го избереме Цончев.
И Ѓорче и Делчев и јас и други мислевме така.
Цончев велеше дека ако тој биде поставен на чело на Комитетот, до кревањето на востанието треба да дојде најмалку за 5 месеци, инаку тој не може да стои така долго - ќе се избламира.
Затоа тој беше на мислење првин да дојде до јавување на помлади луѓе, што ќе го подготват теренот, што ќе вршат организирање, да се соберат средства, и потем, кога ќе дојде часот за движењето, тогаш и тој ќе земе учество во него.
Се согласивме со тоа.
Решивме да агитираме за оние кандидати, што потем и беа застанати на чело.
На конгресот помина нашата листа.
И јас застанав на чело на Комитетот.
Паприков му беше испратил писмо на Драндаревски во Русе, никако да не си дава оставка.
Цончев помогна и новиот Комитет, на чие чело застанав јас, се конституира на 16 јуни.
Покојниот Давидов беше во служба заедно со мене; заедно и живеевме во една иста куќа и во потполност се согласувавме...—Борис Сарафов, Спомени
Пред почетокот на Конгресот, била подготвена листа на чело со Борис Сарфов која била подржана од задграничните претставници.
Ѓорче истакнува: Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт .
Офицерите и задграничните претставници склучиле договор за заемни односи.
Според него, членовите на Задграничното претставништво на ТМОРО имале право да учествуваат на седниците на ВМК, но не сноселе одговорност за неговите постапки.
Целокупната активност на Врховниот комитет требало да биде во согласност и знаење на Задграничното претставништво.
Овој договор требало да биде санкциониран на Шестиот македонски конгрес кој започнал со својата работа на 1 мај 1899 година.
На конгресот, од вкупно 40 македонски друштва кои егзистирале во Бугарија, 34 друштва со преку 42 делегати учетвувале во неговата работа.
На Конгрес отворено се зборувало за подготвувањето на македонското население за револуција.
Димитар Ризов предложил ВМК да има при себе едно воено одделени составено од специјалисти, како и да не се избегнува помошта и советите на личностите кои би можеле да бидат од корист на македонското дело во сложени услови.
Ризов не заборавил да ја спомене бугарската влада и нејзиното значење, како и надворешните фактори, превенствено Русија.
Според него, востанието не требало да започне пред завршувањето на 1901 година.
Капчев сметал дека ослободувањето на Македонија не може да се изведе без надворешните фактори.
Спротивно од него, Антон Бозуков истакнал дека ослободувањето на Македонија може да се изведе со сопстевени сили преку неколку последователни востанија.
По ова прашање, Димитар Ризов сметал дека наместо неколку востанија, треба да се подготви и крене едно зрело и обмислено востание.
Димитар Ризов, предложил Гоце и Ѓорче Петров да влезат во составот на Врховниот комитет, како редовни членови со што би дошло до слевање на двете организации.
Овој предлог бил одбиен.
На конгресот станало збор и за односите помеѓу ТМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство, а Димитар Благоев ја изнел и идејата за Балканските соединети држави, меѓутоа и тоа било отфрлено.
Поради претходната агитација, листата на Сарафов поминала без опзозиција, а за претседател на Врховниот комитет бил избран Борис Сарафов.
Покрај него, во комитет влегле Тома Давидов - потпретседател, Владимир Ковачев - секретар, Георги Петров - касиер и дваца членови - советници Антон Бозуков и д-р Шопов.
Конгресот го избрал Александар Радев за преставник на Врховниот комитет на Првата мировна конференција во Хаг.
Тој требало да стапи во контакт со ерменската организција Трошак и заедно да го покренат македонското и ерменското прашање.
Мисијата на Радев била неуспешна.
Во почетокот, овој комитет имал значајна соработка со задграничните претставници.
За оваа соработка, Ѓорче истакнува: Работите ги почнавме на чисто другарска основа со договор дека тие ќе фигурираат во Бугарија, но дека поткрепата и тврдината ќе бидеме ние.
Офицерството во почетокот не преземаше ништо без наше знаење и согласност.
Сарафов и Бугарското братство[уреди | уреди извор]
Ѓорче аплаудираше на акцијата против Наумов.
Беше на мислење дека треба да се испоколат сите од "Братството", - никакво разбирање, никакво помирување.
Ние во Комитетот усвоивме решение да посредуваме да се сложат.
Против тоа решение беше Ѓорче.
Ние им испративме писмо, но немаше резултат.
Избравме човек, што специјално од наша страна да отиде во Солун за да се постигне спогодба меѓу Братството и Централниот комитет.
Во тоа испраќање на специјален човек од наша страна Ѓорче гледаше нарушување на самостојноста на ЦК, па според неговото сфаќање, ние навистина се појавувавме нешто како "врховен комитет".
А пак ние единствено сакавме да се избегнат несогласувањата и крвопролевањето внатре, за да не ни пречи тоа и нам тука во собирањето пари од заемот и сл.. Отиде нашиот човек, Иван Камбуров, потпоручник, родум од Елена.
Ѓорче, за да попречи, им напишал писмо да не го прифаќаат.
Камбуров, откако пристигнал таму, веднаш се воврел како клин меѓу нив, и по 5-6 дена разговори, убедувања, дојде до спогодба писмена, потпишана и од Камбуров.
"Братството" престана да постои, а Гарванов стана претседател на Месниот комитет во Солун...—Борис Сарафов, Спомени
Бугарското тајно револуционерно братство било формирано во март 1897 година во Солун.
Неговите основачи имале големобугарски политички сфаќања (282) и биле идејни противници на Македонската револуционерна организација.
За претседател на Братството бил избран Иван Гарванов.
Силјанов за него вели дека тој бил душата на Револуционерното братство и дека случајно се нашол меѓу егзархистите.
Веднаш по основањето, членовите на Братството стапиле во контакт со Врховниот комитет.
Судирот помеѓу двете страни бил незибежен, како повод послужиле заблудите и подвојувањата меѓу населението предизвикани од агитацијата на членовите на Братството, кој присвојувале на туѓи заслуги.
Првото предупредување од Организација се случило во летото 1897 година, преку несупешната ликвидација на Васил К'нчов.
Поголем ефект бил постигнат во пролета 1899 година, кога терористите на ТМОРО се обиделе да го ликвидираат Атанас Наумов во Серес.
Од своја страна, Братството донело одлука за ликвидација на Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Пере Тошев и Христо Матов.
Но, Братството немало сили за да се пресмета со Организацијта и се откажало од своите намери.
Бидејќи Братсвото неможело самостојно да се бори против ТМОРО, Иван Гарванов решил да побара помош.
Тој испратил писмо до Шестиот македонски конгрес на Врховниот комитет .
Набргу потоа, Гарванов се нашол во Софија каде што имал средби со Рачо Петров, Константин Стоилов и Васил Радославов.
Но, сите го пречекале ладно, без да ветат конкретна помош.
Речиси сите го советувале да се постигне договор помеѓу Братството и ТМОРО.
Судирот помеѓу двете страни бил исползуван од Борис Сарафов, новиот претседател на Врховниот комитет.
Тој се обидел да организира средба помеѓу Ѓорче Петров и Иван Гарванов, но до средба не дошло, бидејќи Ѓорче сакал да организира ликвидација на Гарванов во Софија.
Сарафов во своите спомени истакнува дека: Централистите беа решиле со терор да се справат со Гарванов и др... Ѓорче аплаудираше на акцијата против Наумов.
Беше на мислење дека треба да се испоколат сите од Братството, никакво разбирање, никакво помирување.
Ние во комитетот усвоивме решение да посредуваме да се сложат.
Против тоа решение беше Ѓорче... Избравме човек, што специјално од наша страна да отиде во Солун за да се постигне спогодба меѓу Братството и Централниот комитет.
Во тоа испраќање на специјален човек од наша страна Ѓорче гледаше нарушување на самостојноста на ЦК, па според неговото сваќање, ние навистина се појавуваме нешто како врховен комитет...
По враќањето во Солун, Гарванов и остантите членови на Братството решиле да се постигне помирување, но да се причека пратеникот на Сарафов.
Првите преговори помеѓу Братството и Организацијата биле водени во септември 1898 година, меѓуто без успех.
Во септември 1899 година, во Солун пристигнал емисарот на Врховниот комитет, поручникот Иван Камбуров.
Тој пред Управниот совет на Братството ги изложил условите за обединување.
Членовите на Братството побарале еден нивни член да влезе во ВМК на местото на Ѓорче Петров, но тоа било одбиено.
Нивното барање било спротивно од целите на ВМК на Сарафов.
Врховниот комитет сакал целосно да го премавне Задграничното претставништво од Софија.
Нивното барање било заменето со условот: Никој од централистите да не го претставува ЦК, туку еден претставник на ВМК да седи во Солун и да го следи развојот на работите.
Отука е јасна целта на Сарафовиот комитет, да се наметне како единствен фактор во целото македонското револуционерно движење.
Условите на Братството биле одбиени од Организацијата, а самите внатрешни дејци побарале растурање на Братството и негово слевање во редовите на ТМОРО.
Братството се колебало дали да ги прифати уловите на Организацијата .
Но, Централниот комитет испратил ултимативен протокол кој бил прифатен од Братството.
Членовите на Братството го прифатиле протоколот, затоа што биле убедувани од страна на Иван Камбуров дека Врховниот комитет ќе го преземе раководството на целото македонско револуционерно дело.
По потпишувањето на протоколот за помирување: Гарванов, Колушев, Самарџиев, Кондов, Мирчев, Тенчев и други истакнати членови на Братството биле заколнати во Организацијата од страна на Пере Тошев.
Јосиф Ковачев бил кооптиран во ЦК, a Иван Гарванов влегол во Солунскиот окружен комитет.
Ѓорче Петров, посредништвото на Иван Камбуров го оценил како принципиелно неправилно бидејќи со тоа се нарушила самостојноста на Организацијата.
ВМК на Сарафов се грижел да задоволи одделни амбициозни групи, отцепници, за да ги печали на своја страна и да ги внесува во Вантрешната организација како надворешни елементи .
Задкулисни игри[уреди | уреди извор]
По ова Ѓорче веќе сосем се дистанцира, иако таму дојде до спогодба.
Според Ѓорче таа постапка била принципиелно неправилна, затоа што на некој начин излегува дека Комитетот тука се грижи да им излегува во пресрет на одделни амбициозни групи, отпадници, за да ги придобива на своја страна, и да ги вовлекува во Внатрешната организација како надворешен елемент...—Борис Сарафов, Спомени
Борис Сарфов уште во текот на составување на новиот ВМК планирал да го преземе Централниот комитет и Организацијата, со што би станал главен раководител на целото македонско револуционерно дело.
Отука, тој склучил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Атанас Јанков и Стефан Николов.
Според договорот, Цончев требало да поднесе оставка на офицерската должност и да застане на чело на Врховниот комитет, а Сарафов со офицерите да замине во Македонија каде што требало да ја заземат Организацијата и во најкус рок да покренат едно востание.
Македонија требало да биде поделена на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а Цончев требало да навлезе во Македонија со поголеми сили, слична како за време на т.н Мелничко востание од 1895 година, меѓутоа сега би имале и внатрешни сили.
Генералите се договориле целиот план да го изведат тактички, без да дознаат задграничните претставници .
Меѓутоа, за целиот договор, задграничните претставници дознале од офицерите Тома Давидов и Стојчо Гаруфалов, како и од полковникот Атанас Јанков кој бил доста глуп и се издал.
Задграничните претставници за договорот соодветно го информирале ЦК во Солун.
Во овој период, Орагнизацијата израснала во вистинска сила, а Гоце и Ѓорче Петров имале силен авторитет како во Македонија, така и сред македонската емиграција.
Офицерите не се осмелувале на конкретна акција за реализација на договорениот план, без благослов на задграничните претставници.
Отука, на едно заседание на ВМК, офицерите им предложиле на Гоце и Ѓорче Петров во Централниот комитет да влезат двајца офицери од ВМК, а уште 14 до 16 офицери да бидат распоредени во револуционерните окрузи низ Македонија.
Предлогот од страна на задграничните претставници во принцип не бил отфрлен .
Отука, произлегла мајскиот компромисен договор од 1900 година.
На преговорите, Внатрешната организација била преставена од Гоце Делчев и Ѓорче Петров, а ВМК од страна на Иван Цончев, Стефан Николов, Атанас Јанков, Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев.
Одредбите на мајската спогодба од 1900 година биле во форма на предлози до Централниот комитет на ТМОРО, со што Централниот комитет не морал изрично да ги спроведе.
Спогодбата била дипломатска победа на задграничните претставници.
Меѓутоа, ВМК на Сарафов сакал да ги протурка предлозите.
Отука, на 15 мај 1900 година се одржало заседание на Врховниот комитет.
Во текот на заседанието, било решено да се пристапи кон избор на лица кои би требало да бидат испратени во Македонија било за членови на Централниот комитет, било за реонски раководители и прости работници.
Едногласно, капетанот Димитар Венедиков бил избран за член на Централниот комитет, кој по заминувањето во Солун, со останатите членови на ЦК на ТМОРО требало да го изберат другит член.
ВМК иста така одлучил, Софрониј Стојанов да замине во Битола каде што требало да работи со Битолскиот окружен комитет .
Капетанот Венедиков бил прифатлив за задграничните претставници: Гоце Делечв и Ѓорче Петров.
Тие сметале дека Димитар Венедиков е поумерен и посовесен.
Тој бил прифатлив и за Централниот комитет, но само како советодавен глас.
Ѓорче го информирал Венедиков за неговата улога во Централниот комитет.
Но, тој одбил да замине за Солун, зошто сметал дека се најдува помеѓу два камена и дека неговата улога е неблагородна, некорисна.
Поради долгите надмудрувања, Софрониј Стојанов дури во декември 1900 година, пристигнал во Солун.
Врховниот комитет, првично одлучил тој да замине за Битола, меѓутоа поради Попставревата афера тој не заминал за Битолскиот вилает, и на крај било одлучено да го замени Димитар Венедиков.
Во Солун, Софрониј Стојанов престојувал под лажно име Хаџиасенов, како претставник на друштвото Бугарија.
Тој во Солун останал се до Солунската провала од 1901 година .
Македонска крвава свадба[уреди | уреди извор]
VІІ македонски конгрес[уреди | уреди извор]
Тоа беше во 1900 г., ми се чини во март или април.
Поминав преку Виена за пушките.
Се одбив во Штаер, каде оставив човек да раководи со работата.
Потем таму нарочно одеше Софрониј Стојанов, за да ги презема една по една.
Ги пренесовме по Дунав, - минаа небаре носиме модер камен за државните лозја.
Кога се вратив, по конгресот активноста продолжи.
Се засилуваа активности за собирање средства.
Кон крајот на 1900 год.
се зафативме да формираме стрелачки дружини.
Им ја оставивме таа работа на воените, тие да ги обучуваат и вежбаат - Јанков во Шумен, Николов во Варна, Протугеров во Русе, Јорд.
Венедиков во Плевен, тука Гаруфалов и Д. Венедиков...—Борис Сарафов, Спомени
Додека двете организации се надмудрувале околу спроведувањето на мајската спогодба, кон крајот на јули и почетокот на август 1900 година се одржал Седмиот македонски конгрес.
Гоце и Ѓорче Петров за прв пат присуствувале во работат на еден конгрес на Врховниот комитет.
На Конгресот било констатирано дека недоразбирањата помеѓу двете организации произлегле поради различноста на програмите и духот на дејците .
Делегатите заклучиле дека програмата на ВМК содржела повеќе дипломатски отколу револуционерен колорит и дух и дека иста таа програма како да произлегува од некакви државни задачи на Бугарија со што Врховниот комитет се ставал во зависност од неа.
Отука, била покрената дискусија за усогласување на програмите помеѓу двете организации.
Како заштитник на старата програма на ВМК се јавил Андреј Љапчев, меѓутоа тој ја немал подршка од делагатите, а неговата дискусија била протолкувана како обид за вмешување на бугарската влада во внатрешните работи на ВМК.
Во текот на дискусијата биле исфрлени следните принципи: 1) Македонското движење по својата природа е масовно.
2) Тоа не е и не може да биде дело на политиканти дипломати.
3) Автономијата на Македонија не треба да се поврзува со таа на кнежеството поради некакви комбинации.
Овие принципи вусшност биле воопштени сваќања на Гоце и Ѓорче Петров за македонското револуционерно дело .
Самите принципи биле прифатени од Конгресот и како такви влегле во преработениот статус на Врховниот комитет.
Седмиот македонски конгрес, требало да ги отстрани недоразбирањата помеѓу двете организации, но тие не само што продолжиле, туку и се продлабочиле.
Идните настани тоа го потврдуваат.
Судир со Внатрешната организација[уреди | уреди извор]
Ѓорче беше уште во Трново; Делчева го немаше.
Тој дојде, но веќе и тој не доаѓаше кај нас, поради Ѓорче.
Решивме да се тргнеме од Комитетот, со тоа што ќе заминеме внатре во Македонија, и тука да оставиме наши заменици, се разбира, ами кои други, ако не пријателите со кои се бевме договарале пред да влеземе во Комитетот, а имено Цончев и неговите другари...—Борис Сарафов, Спомени
Во текот на двата мандата на Сарафовиот комитет, биле собрани 560 000 франци.
Еден дел од овие финансиски средста биле наменети за набавка на муниција и оружје.
Биле набавени 1000 манлихери и 100 карабини манлихери од Австрија, како и 10 000 кримки со 1, 5 милиони патрони, околу 1000 ревовери, околу 1500 мартинки, берданки и други.
Добар дел од финансиските средства кои биле собрани од ВМОК на Сарафов, по разни основи биле потрошени за потребите на Организацијата.
На Десетиот македонски конгрес од 1902 година, било утврдено дека за потребите на Организација во 1899 година биле ослободени 9 600 лева злато, 23 327, 20 лева сребро, во 1900 година за ТМОРО биле расходувани 31 555, 90 лева злато и 46 180, 93 лева сребо.
За периодот помеѓу 25 март до 9 април 1901 година, било константирано дека за потребите на Организацијата биле ослободени 6 578, 70 лева злато и 19 769, 14 лева сребро.
Во овие бројки влегувале сите средства кои биле поврзани со македонското револуционерно дело.
Меѓутоа, значаен дел од овие расходи не биле признати од Ѓорче Петров и Гоце.
Во текот на Осмиот македонски конгрес, Гоце истакнал дека како валидни расходи може да се сметаат само оние расписки кои го имаат печатот на ТМОРО.
Оваа држење на задграничните преставници за финансиските средства, водат кон заклучок дека Принцот манипулирал со парите на Врховниот комитет.
Големите финансиски средства и оружјето, ја зголемиле и зацврстиле амбицијата на Сарафов да владее со целото македонското дело.
Затоа, Сарафов започнал со подготовка на луѓе кои во погоден момент требало одвнатре да му помогнат.
Тој најпрво почнал да ги врбува работниците на Организацијата, кои по разни основи доаѓале во Бугарија.
Внатрешните дејци кои престојувале во Бугарија требало да бидат издржувани од страна на Задграничното претставнишво, меѓутоа Сарафов започнал дирекно да им дава пари, со цел да ги спечали на своја страна.
За овие случувања, Ѓорче во своите спомени истакнува: Момчињата од внатрешноста, што доаѓаа тука, бидејќи требаше да ги издржува В.К., Сарафов... посакаа овие момчиња да зависат од нив, а не од мене и Делчев; како што беше уговорено.
Тие требаше само да збираат пари и да ни помагаат, а ние ќе им помогнеме да ги соберат тука; тие не треба да се мешаат во внатрешните работи, како што сакаше В.К.
Почнаа да им даваат на момчината предебела издршка, не во духот на дотогашната наша практика, за да ги предрасположат кон себе... почнаа да дават плата по 60—100, дури и 150 лева месечно.
Првите судирања ни беа по ова прашање.
Момчината понапред се натпреваруваа, кој повеќе да гладува, кој повек`е да покаже самоодрекнување, а сега фатија да си завидуваат, кој повеќе плата добива... И самиот, Делчев, кога ги виде овие работи, се потресе, и како нестрплив отиде внатре, без да им речи дури и збогум, а ме остави мене да се расправам со нив.
Борис беше главата на овие тенденции кон раскошност...
Сарафов ја искористил потребата од кадар за изградба на Четничкиот институт.
Голем дел од офицерите кои биле испратени од Бугарија, целосно се посветиле на македонското револуционерно дело, а дел од нив станале и фанатични македонски борци.
Меѓу нив бил и Христо Чернопеев, еден од најблиските соработници на Јане Сандански и жесток противник на врховизмот во Македонија.
Меѓутоа, Сарафов сепак успеал провлече во ТМОРО свои приврзаници од типот на Васил Чакаларов, кои подоцна ги користел за наметнување на своето влијание во Македонија и Организацијата.
Задграничните претставници биле запознаени со тајниот офицерски договор и насетиле дека Принцот сака да владее со се.
Тие во договор со Централниот комитет одбегнувале да ги спроведат предлозите од Мајската спогодба.
Но, Врховниот комитет од своја страна започнал една акција против Гоце.
Тој бил обвинет дека сака да стане главен командант на востанието, а односите помеѓу двете страни се влошиле до тој степен што Гоце во просториите на ВМК бил физички нападнат од Христо Саракинов.
Нападот имал за цел да го заплаши и парализира Гоце.
Целиот настан имал имал големо влијание во неговиот однос кон Врховниот комитет и офицерите.
За судирот, Ѓорче истакнува: После првиот годишен конгрес Цончевите офицери беа многу одважни... Саракинов влезе во комитетот.
Овој див човек внесе елемент на грубост во односите.
Настроението беше против Делчев, зошто Делчев во своите обратувања беше порезок и беше јавно недоволен од комитетот, особено после Бозуковата работа.
Во едно заседание, во присуството на сите нас во комитетот, стана пререкнување меѓу Делчев и Сарикинов поради постапката на еден тукашен младинец.
Во ова пререкнување, како што се рашетуваше Делчев во собата, Саракинов се пушти како мачка од страна за да го собори... Делчев беше физички јак, успеа да се закрепи и му се фрли на него, се соборија.
Делчев посегна по камата на Саракинов да ја земе за да го прободи.
Делчев не носеше оружје.
Јас го видов ова намерение, се фрлив на Саракинов, ја зедов камата и попречив да не стане убиство.
Делчев го напушти комитетот со потсмевување.
Го последував и јас.
После доаѓаа Борис и Давидов да не убедуваат да не се оддава значење на случката.
Делчев се убеди така да ја заташкавме работата, не ја соопштивме во Солун.
Оваа случка не остана без значење за подоцнежните односи на Делчев кон комитетот и воопште кон офицерите.
Тој веќе не можеше да ги трпи.
Според Мајската спогодба, задграничните претставници требало да кореспондираат со Централниот комитет преку Славчо Ковачев, секретар на Врховниот комитет.
Меѓутоа, Ѓорче ја продолжил дирекната комуницира со ЦК.
Едно од писмата кои Ѓорче ги праќал до ЦК, се нашло во рацете на Александар Кипров кој бил испратен во Солун, како прислужник на Централниот комитет.
Кипров писмото го препратил до ВК во Софија, а тоа било копирано во 20 примероци.
Во Софија, писмото му било прочитано на Ѓорче.
Оваа писмо било испратено до Пере Тошев, во него Ѓорче ја посочил дволична улога на Врховниот комитет, дека присуството на Александар Кипров е вусшност обид на ВМК во Солун да има свое претставништво, а Централниот комитет да биде внимателен кон ВМК и да не се доверува многу.
Врховниот комитет од порано ги познавал ставовите на Ѓорче, а писмото всушност било искористено како повод за да се отарасат од Ѓорче, бидејќи веќе се почуствувале јаки.
На 19 декември 1900 година во Софија се одржало заседание на Врховниот комитет.
Од протоколот no.
59 дознаваме: ... Бидејќи Ѓорче Петров криво го информирал почитуваниот ТРЦМ-Одрински комитет за дејноста на ВМ Одрински комитет и го заблудува за суштината на тукашните работи, затоа ВМ Одрински комитет во својот денешен сосотав изјавува дека му е невозможно понатаму да другарува со Ѓорче Петров, поради тоа на овој последниот му предложи во еден (15) петнаесет дневен рок од денес да ја напушти Бугарија и да престане да дејствува во реонот на ВМ Одрински комитет.
За горното неодложно да се соопшти на почитуваниот ЦТРМ Одрински комитет и да се замоли согласно точка 2 од вонредниот протокол од 1 мај оваа година да испрати за членови во ВМ Одрински комитет на местото на Ѓорче Петров, други двајца свои другари.
Сарафовиот комитет не застанал тука.
По судирот со задграничните преставници, Сарафов продолжил да агитира помеѓу дејците на Организација со цел да ги придобие на своја страна.
Тој успеал, преку финансиски средства, да го придобие ќустендилскиот пунктовен началник на ТМОРО, Никола Зографов.
Со овој чекор, односите помеѓу двете организации уште повеќе се заостриле.
Кон крајот на 1900 година, ВМК и ТМОРО ги прекинале односите.
Врховниот комитет во почетокот на 1901 година ја прекратил материјалната помош за Организацијата, а таа била возбновена на 5 март 1901 година, откако Иван Гарванов застанал на чело на Централниот комитет.
Но, Организацијата презела соодветни мерки.
За време на Коледните празници, Сава Михајлов престојувал во Софија.
Тој имал средба со Ѓорче Петров од кога рабрал дека Сарафов од чисто славољубие сака да ја овенча својата дејност... природно во него се развила желба славно да заврши.
По враќањето во Македонија, Сава Михјалов како раководител на Горноџумајскиот околиски комитет склучил договор со соседните реони: Мелешевско и Разлошко, да му се спротистават на Сарафов.
Серскиот револуционерен округ прифатил да ја брани самостојноста на Организација и без знаење на Ѓорче и Гоце Делчев да не допушта чети во Џумајско.
Солунска афера[уреди | уреди извор]
Меѓутоа, уште пред да не уапсат нас, ги уапсија членовите на Комитетот во Солун.
Од солунскиот Комитет добивме непотполнети бели листови, подвлечени, со порака да си напишеме сами полномошно за да влеземе ние внатре, и да го замениме Централниот комитет, за чиј состав да влезат лица што ние ги сметаме за погодни.
И покрај тоа, Делчев беше против.
Тој велеше дека не ги признава тие работи, тоа решение на Солунскиот комитет, што било донесено во момент на неговото апсење.
И навистина оние во Солун си помислиле дека пропаѓа сe кога ќе ги уапсат.
Тие ни предлагаа да формираме еден подвижен ЦК, во чиј состав да бидам јас, Делчев и Ефрем Чучков.
Но бидејќи Делчев се спротивставуваше на тоа и постоеше такво расположение (тогаш под негово раководство беа четите, тој беше назначен за инспектор на четите), од тоа не бидна ништо.
Делчев веќе не сакаше да се дружи со нас, затоа што се сомневаше дека имаме поголема блискост со Цончев, одошто со Внатрешната организација...—Борис Сарафов, Спомени
На 23 јануари 1901 година, кога веќе дошло до раскинување на односите помеѓу двете организации, се разврзала Солунската афера.
Османските власти ги уапсиле Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев.
По затварањето, Александар Ников успеал да го искористи невниманието на стражарот и избегал.
Во потрага по Александар Ников и Милан Ризов, полицијата започнала со претрес на сите куќи, каде што можеле тие да се кријат.
Набргу биле уапсени повеќе членови на Организацијата.
На 25 јануари 1901 година, Христо Матов и Пере Тошев биле упасени .
Од членовите на Централниот комитет, последен на слобода останал Иван Хаџи Николов.
Тој оптоварен со помислата дека пропаѓа се, ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартинов, при што им го објаснил начинот на коресподенција со внатрешноста.
На втората средба, било одлучено на Врховниот комитет да му се доделат 5 бланко полномоштва, кои од страна на офицерите требало да бидат искористени во случај на евентуално востани.
Софрониј Стојанов откако ги добил полномоштвата веднаш заминал за Софија.
Солунската афера имала катастрофални последици.
Целиот Централен комитет бил во затвор.
Револуционерната мрежа била разнишана во Солунско, Кукушко, Гевгелиско, Дојранско, Воденско и Тиквешко, а на индиректен начин биле засегнати и нивните соседни околии.
Аферата на површина го исфрлила Иван Гарванов.
Тој македонското револуционерно дело го гледал низ бугарска призма, а по неговото застанување на чело на ЦК, Организацијата зезела друг правец на движење.
Во целата афера, сомнителна е улогата на Врховниот комитет.
Антон Страшимиров истакува дека: Во Солун беше фатен човек од Софија пратен, којшто им ги предаде на Турците сите функционeри, целиот ЦК .
Според Димески: Кој се крие зад Солунската афера од 1901 година?
Дали таа се должи на обична случајност, или на зголемената офанизвност на османлиските власти насочена кон расчитување со водачите на МРО за што сведочат Скопскиот, Солунскиот и Битолскиот процес (сите во 1901 година), или пак во неа се вплетени прстите на Б. Сарафовиот ВМК, кој немал скрупули за постигање на целта?
Изгледа, од се по малку.
Едно е сигурно: Солунската афера ја предизвикал Милан Михајлов... инаку, морално лабилна личност.
Михајловски, воедно бил и најголемиот предавник во текот на аферата.
Но, тој не бил единствениот човек на ВМК.
Загадочна е улогата на Софрониј Стојанов.
Димитар Димески заклучува дека Софрониј Стојанов всушност бил претходница на Борис Сарафов, со задача да го сондира теренот за инкорпорирањето на Сарфов во ЦК на Организација, а по можност, да го подготви реализирањето на потајната желба на Сарафов да застане на чело на ТМОРО .
Софрониј веднаш откако ги добил 5 бланко полномошта заминал за Софија и изјавил дека си го уредил прашањето.
Оваа изјава може да се протолкува на два начина, таа може да се одмесува на 5 бланко полномоштва кои подоцна Врховниот комитет се обидел да ги употреби за завладување на Организацијата, или пак поради успешното предавство.
Ниту еден од членовите на поранешното БТРБ не бил уапсен, а според Ангел Динев, аферата дошла од Кочо Георгиев Карловалијата.
А. Шопов, истакнува дека тој бил единствениот што не бил од Македонија, туку од Источна Румелија .
По Солунската афера, ВМОК на Борис Сарафов се обидел да ја искористи тешката положба во која се нашла Организацијата, меѓутоа Гоце и Ѓорче Петров презеле една силна иницијатива со која ги пресекле сите обиди на ВМОК за преземање на Организацијата.
Меѓутоа, срцето и умот на Организацијата, не застанале тука.
Тие, истовремено им наредиле на сите раководни тела на ТМОРО да не ги извршуваат наредбите на Централниот комитет, во кој главна личност станал Бугаринот Иван Гарванов .
Судир со бугарската влада[уреди | уреди извор]
Истовремено владата беше против одржувањето на конгресот.
Не им дозволуваа на учителите да дојдат на конгресот.
Отидов кај Каравелов, и го запрашав каков демократ е тој, кога не им допушта на учителите да дојдат на конгресот!
Дали тој е, на чело на демократијата, или е само извршител на заповедите на кнезот?
Каравелов сиот растреперен ми рече: "Ќе видиме, ќе видиме.
"...—Борис Сарафов, Спомени
Додека задграничните претставници преземале мерки за консолидирање на Организацијата од провалата, Борис Сарафов дошол во судир со бугарската влада.
Како повод за судирот, послужиле двете ликвидации извршени во Романија, во режија на Врховниот комитет.
На 1 февруари 1900 година бил ликвидиран комитетскиот пратеник Кирил Фитовски.
Самиот Фитовски се понудил и бил задолжен, да купи пушки за потребите на македонското револуционерно дело.
Но отишол кај турскиот пратеник и поктажал се за пари.
Сарафов во своите спомени истакнува дека Фитовски бил претставен од Александар Протугеров, еден од приврзаниците на Иван Цончев.
По убиството на Фитовски, на 22 јули 1900 година бил ликвидиран Стефан Михајљану, уредник на весникот Peninsula Balkanika.
Тој бил убиен поради навредливите натписи насочни против Внатрешната организација .
Двете убиства ги влошиле односите помеѓу Бугарија и Романија.
Новата влада на Петко Каравелов и Стојан Данев го предупредиле Сарафов дека Бугарија ќе употреби сила за да ги врати на нивното место.
Но тој се заканил дека има сомисленици во војската, кои ќе бидат со нив.
Бугарските власти решиле да го соборат ВМОК на Сарафов.
Сарафов во декември 1900 година, го повикал Иван Цончев да поднесе оставка, врз основа на претходниот договор, на офицерската должност и да го преземе ВМОК во своите раце.
Цончев ја прифатил понудата и во почетокот на јануари 1901 година се нашол во Софија.
Цончевото доаѓање во Софија по некоја случајност се поклопила со Солунската афера.
Според договорот, Иван Цончев требало да застане на чело на Врховниот комитет, а Сарафов со 15 до 16 офицери да навлезе во Македонија и како нелегален да ја преземе Организацијата.
Меѓутоа, Сарафов неможел да навлезе во Македонија поради силното спротиставување на Гоце кој се заканил дека Организацијата ќе употреби сила.
Во меѓувреме, Сарафов се предомислил.
Според Ѓорче: Симеон (Радев б.н) беше го навил во згоден момент против Цончев, а Бориса да го инекцираш беше лесно.
Сарафов сметал дека е доволно силен да владее со се и дошол во судир со Иван Цончев.
Главниот мотив (за судирот б.н) беше амбиција кај Бориса.
Поделба во Врховниот македонски комитет[уреди | уреди извор]
Цончев со својата компанија побараа да ги кандидираме на претстојните избори за идниот Комитет.
Офицерите и Цончев и компанија настојуваа да се согласиме со таа комбинација, така што во извесна смисла и ни го наложуваа тоа, дека тоа треба божем да го сториме од другарска, офицерска солидарност, затоа што најпосле Цончев и компанија можеле да бидат на чело на Комитетот и порано.
Јас им одговорив дека не можам да се согласам да стане таква официјална смена на Комитетот, но се согласувам да доаѓаат и потоа, дури и на Комитетот, па како и порано да дејствуваме во слога.
Тоа не им беше пријатно.
Цончев дури ме запраша: "Вие и заповедате тука?"
Му одговорив дека во својство на претседател на Комитетот, обврзан да ги пазам интересите на делото, јас заповедам.
Цончев одговори дека тие нема да се согласат со таква заповед.
На тоа јас им ја покажав вратата, - и ги избркав.
Раскинот беше потполн.
Тие ми се заканија дека од утре ќе бидат опозиција.
Им одговорив нека повелат, само нека бидат опозиција врз база на принципи, а не на амбиции.
И навистина тие уште утредента низ цела Бугарија разгласија дека имало големи злоупотреби.
Тоа беше нивни маневар (тоа стана вечерта на 13 март, 1901 г.).
Јас распратив телеграми дека луѓето Јанков, Мурџев и Саракинов се отпадници, па друштвата да не им укажуваат доверба...—Борис Сарафов, Спомени
Офицерите имале различни погледи од Сарафов.
Генералот Иван Цончев имал силен авторитет меѓу офицерите.
Набргу, Врховниот комитет се поделил на две крила: Сарафисти и Цончевисти.
Во подгреаната атмосфера, Сарафов го свикал вонредниот Осми македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија.
Судирот и расцепот кој настанал во редовите на ВМОК, задграничните претставници сакале да го искористат за да провлечат своја сопствена листа, иако себеси се преставувале како неутрални посматрачи.
Целата дилема околу приматот на двете офицерски струи на престојниот Конгрес била решена од бугарската влада.
На 23 наспроти 24 март 1901 година, Сарафов бил уапсен, заедно со Тома Давидов, Славчо Ковачев и Георги Петров.
Последниот бил уапсен по грешка, наместо Ѓорче Петров.
Со затварањето на Сарафов, бугарската влада реализрала две цели: а) Задоволување на Романија и големите сили.
б) Отстранување на Сарафов од ВМОК и создавање на услови за негово преземење од страна на Иван Цончев кој бил близок со бугаскиот кнез Фердинанд .
IX македонски конгрес[уреди | уреди извор]
Не уапсија одеднаш сите: мене, Ковачев, Давидов, благајникот Ѓорги Петров, кого го сметале за Ѓорче Петров (и тој беше замешан по делото).
Благајникот го пуштија по 3-4 дена.
Со Комитетот остана да управува Ѓорги Минков, а за помошници ги назначиле покојниот Славе Мерџанов, покојниот Соколов и други блиски другари.
На 8 април се одржа конгресот.
Цончев и компанија уште на станицата ги пречекуваат делегатите, растураа пак клевети за големи злоупотреби и агитираа за своја кандидатура.
Со ретки исклучоци кај нас не ги пуштаа делегатите....—Борис Сарафов, Спомени
Кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година во Софија се одржал Деветиот македонски конгрес.
Овој Конгрес поминал во знакот на целосната победа на Цончев.
За претседател на ВМОК бил избран Стојан Михајловски, Иван Цочев за потпретседател, секретар Иван Стојчев, касиер Георги Белев, а членови Стефан Николов и Антон Бозуков.
На Конгресот присусутвувал Борис Сарафов, но било забележливо отстуството на Гоце Делчев.
Габровски и овој пат успеал да провлече една резолуција во корист на Организацијата, која од страна на Цончевистите била прифатена од тактички причини .
Според оваа резолуција: Задачата на македонската организација во слободна Бугарија не е да го организира и раководи револуционерното движење во Макеоднија и Одринско, кое се развива при особено социјални услови и не трпи никакви присилувања однадвор, туку само го помага морално и материјално и истовремено да ги изнесува и толкува неговите цели и стремежи како пред бугарското, така и пред европското општество .
Агитација низ Европа[уреди | уреди извор]
Жална грешка е да се претпоставува дека ние ја бараме Македонија во име на Бугарија.
Ние Македонците се сметаме себеси за сосема одделен национален елемент и ни најмалку не сме наклонети кон дозволување нашата земја да биде заграбена од Бугарија, Србија или Грција.
Впрочем, ние ќе се спротивставиме на било какво здружување од тој тип со сета наша моќ.
Македонија мора да припадне на Македонците...—Борис Сарафов, The Times
Прва земја што ја посетува е Русија (уште во 1900).
Тука стапува во контакт со грофот Игнатиев, баронесата[Дистерло и со други високи луѓе на царскиот двор.
Во Виена се запознава со австрискиот гроф Јозеф и со фон Милер (идниот цивилен агент во Македонија).
На нив им ја објаснува состојбата во Македонија и целите на организацијата.
Почнува да собира пари за печатењето на весник Ефор.
На неколку пати пишува статии во весник Temps во којшто пропагира за македонското дело.
Сарафов ги обиколува и виенските казина и салони, правејќи познанства со богати луѓе од целиот свет.
Така на пример во едно казино се запознава со еден богат Англичанец, кој се заљубува во Македонското дело и на Сарафов му дава 8.000 франка.
Половина од тие пари Сарафов ги праќа во Софија за купување на оружје, а другите за печатење на весникот "L'Effort" и весникот Дело (весник што постојано ги критикува врховистите на Цончев).
Во Париз Сарафов има средби со истакнати политички личности на кои им говори за целите и борбата на Македонците.
Во Будимпешта Сарафов се сретнува со претставниците на српскиот двор Балукчиќ и Симиќ и со нив започнува преговори (Сарафов е првиот македонски деец што започнал преговори со Србија) .
Тој веднаш ги предупредува Србите дека ВМОРО е вистинската македонска организација, а не ВМОК на Цончев - како што вели во неговите спомени: да имаат доверба во мене и моите луѓе, и да се држат настрана од луѓето на Цончев, бидејќи внатрешната организација искрено работи за идејата "Македонија на Македонците" .
На прашањето што ќе се случи со Македонија ако евентуално добие независност Сарафов им одговара: Јас им реков да бидат уверени дека кога ќе се воспостави автономна Македонија, веднаш ќе се формира најсилна партија, која ќе биде против анексијата (со Бугарија), од која страхуваат Србите.
Им реков уште дека таа плејада борци за слободата на Македонија нема да плука врз своите принципи, оти Србија тогаш ќе излезе на море, бидејќи меѓу нас нема да има царински граници .
По средбата со Србите, Сарафов во 1902 година оди во Женева, каде што благодарение на неговиот шарм и дипломатски способности успева да издејствува богати Англичани да му дадат 50.000 франци.
Најголемиот дел од тие пари ги дава на младиот студент по право Симеон Радев за печатење на весникот Le Mouvement Macedonien во Женева.
Другиот дел го праќа во Софија за купување пушки, а им испраќа пари и на Гемиџиите за извршувањето на познатите Солунски атентати.
Исто така тој се запознава и со ќерката на богатиот Англичанец, која ја натерува да се заљуби во него и да испраќа пари на ВМОРО.
Како што се изразува тој во спомените: И се прилепив јас и на ќерка му на богатиот, стара мома (таа многу го симпатизираше нашето дело).
Дополнително оди во Париз и купува од таму 1.000 килограми динамит, кои ги праќа во Солун за потребите на Гемиџиите.
Рехабилитација[уреди | уреди извор]
На Давидов му испратив чек на 10.000 франка.
И се прилепив јас и на ќерка му на богатиот, стара мома (таа многу го симпатизираше нашето дело).
Истовремено го повикав од Солун Јордан поп Јорданов (Орцето), и му дадов 10.000 франка, за да продолжат со работата.
Уште кога бев во Комитетот, со согласност на Делчев се започна со поткопување на банката во Солун.
Таа идеја беше на Славко Мерџанов, што ја имаше применето во Цариград, а пак Орцето и Диме Мечето беа негов огранок во Солун.
Оние од Цариград, заедно со Мерџанов, ја намислиле таа работа.
Орцето беше поработел некое време во Цариград, па таму научил како треба да се поткопува и сл...—Борис Сарафов, Спомени
Цончевистите биле опасни непријатели, не само на Организацијата туку и на целото македонско дело.
Отука, внатрешните дејци решиле да придобијат што поголем број на сојузници во борбата против Цончев.
Во овој период, своите услуги ги понудил Борис Сарафов .
На 25 март 1902 година, Сарафов преку писмо до Задграничното претставништво побарал средба со Гоце.
Тој потенцирал дека во минатиот период потполно се согласувал со Гоце и Ѓорче Петров, а сега некаков си нов фактор, Гарванов, заседнал во Солун, куму вие му ги исполнувате заповедите и кому ќе треба и ние да му палиме свеќи преку вас, за да станеме добри работници.
На крајот од писмото, Сарафов запрашал: ... дали ние сме македонски револуционери или бугарски патриоти?
Сарафов сакал да го искористи судирот со Цончев и поранешното непријателството меѓу ЦК и Гарванов, во своја полза.
Непознато е дали Гоце му одговорил на Борис Сарафов.
На Организацијата и биле потребни сите кои можеле да го поматат планот на Цончев.
Отука, Сарафов успеал да се доближи до Организацијата, бил тивко прифатен и рехалибилитиран преку Ѓорче Петров и Гоце.
Против рехабилитацијата на Сарафов, истапил ЦК на Иван Гарванов.
На 4 јули 1902 година, ЦК испратил писмо до Задграничното претставништво во кое известил дека гемиџиите, кои биле под влијание на Сарафов, со својата дејност правеле проблеми за Организацијата, затоа било потенцирано: Ако Принцот, мисли со тукашните Орцевци да ја ослободува Македонија, тешко нему и нам.
На вклучувањето на Сарафов во Организацијата, како и на неговиот план да замине за Пирин, остро се спротиставил Јане Сандански, кој се заканил дека ќе се отцепи .
Х македонски конгрес[уреди | уреди извор]
Јас требаше да дојдам на конгресот (во последниот ден на јули).
Дојдов и јас да се потрудам да им го одземеме Комитетот.
Меѓутоа, тие толку несмасно буричкале тука, што Цончев успеал да си збере свои делегати.
Имавме наши делегати, - половината од нив беа мои лични пријатели, половината му беа пријатели на Делчев, - туку не можевме да собереме мнозинство.
Уште во почетокот на конгресот Цончев не го допушти пристапот на конгресот на делегатите од исклучените друштва.
Ако ги беа пуштиле делегатите од овие последниве, секако ќе успеевме.
Јас предложив да се наметнеме - да си пробиеме пат со ками и револвери в раце.
Ѓорче не сакаше, туку велеше да организирам тајфа.
Јас не го прифатив тоа, и сe си остана така...—Борис Сарафов, Спомени
Една недела пред почетокот на Конгресот, бугарскиот министер за внатрешни работи А. Људсканов имал подготвено сценарио.
Тој во еден разговор со српскиот дипломатски претставник во Софија истакнал дека во Бугарија постојат 43 македонски друштва кои го признаваат ВМОК и 34 друштва кои се на страната на Сарафов, поради што не биле признати.
Министерот истакнал дека на закажаниот Конгрес ќе учествуваат само признаените друштва, а доколку делегатите на непризнаените друштва навалат да влезат или доколку мнозинството од делегатите на признатите друштва му се спротистваат на Цончев, тогаш генералот имал намера да го одложи Конгресот на неодредно време.
Доколку тоа не било можно, Цончев бил подготвен да употреби сила и да предизвика неред со што би го растурил Конгресот, со што дефинитивно би се укинал ВМОК.
Људсканов рекол дека бугарската влада нема да го забрани Конгресот и функционирањето на ВМОК се додека не настапи погоден момент, за да не биде обвинета од страна на македонската емиграција .
На 28 јули 1902 година во Софија започнал со својата работа Десетиот македонски конгрес.
Претходно, со посебно окружно бил објавен списокот на друштвата кои можеле да испратат делегати.
Во рамките на поканетите друштва, ТМОРО успеала да провлече свои приврзаници, меѓу нив биле: Никола Наумов, Тома Карајовов, Никола Габровски, Борис Срафов, Владимир Ковачев, Георги Петров, Пејо Јаворов и други.
Истовремено, Софиското друштво презело обврска да ги организира непризнаените друштва.
За да се попречи учеството на делегатите на непризнаените друштва, проверката на полномоштвата траело неколку дена.
Во тој период, опозициските делегати и непризанените друштва го услогалсувале својот став кон Цончев.
Сарафов тогаш предложил да се пробијат со кама и револвер, но тоа било отфрлено од Ѓорче Петров.
Опозициските делаги решиле да учествуваат во работата на Конгресот се додека не помине отчетот .
Конгресот посветил специјално вниманије на односите помеѓу двете организации.
Притоа, Организацијата била обвинета дека не е способна да го воружи населението во Македонија, со што технички би се подготвила револуцијата, а повторно била уфрлена старата осуда дека Задграничното претставништво се претворило во трета орагнизација, и демек таа била главна пречка за нормализирање на односите помеѓу ТМОРО и ВМОК.
Гоце Делчев бил поканет од страна на Конгресот да даде објаснување, но тој одбил да се обрати, бидејќи не им било допуштено на сите делегати да учествуваат во работата.
На 1 август 1902 година, Гоце се обратил писмено до него, како До собранието во Славјанска беседа, со што го деградирал Конгресот, на ниво на Собрание и го довел во прашање неговиот легитимитет.
Делчев истакнал: Во моите очи собранието на луѓето, кое ме кани на објаснување, не преставува вистински израз на дејците по македонското дело, бидејќи уште многу преставници на друштва... не се допуштени во него... Од друга страна, не би сакал да давам отчет на оние, од чии дејства Внатрешната организација се мачи повеќе, отколку од турските власти.
Писмото требало да биде прочитано од страна на Никола Наумов, но тој бил спречен во тоа.
Сепак Димитар Стефанов ги дал неопходните објаснувања.
Тој го обвинил ВМОК дека не ги почитува поранешните договори и ја осудил неговата завојувачка тенденција кон ТМОРО.
Во ист дух се изјасниле Наумов, Јаворов, Карајовов и Сарафов.
Бидејќи опозицијата била слаба, таа го напуштила Конгресот.
Преостанатите 41 делегат, за претседател го избарал Михаловски, а Иван Цончев за потпретседател.
Опозициските и недопуштените делегати конституирале нов Десети редовен конгрес.
Тие избрале дисиденски комитет на чело со Христо Станишев и Тома Карајовов.
Овој комитет бил на страната на ТМОРО .
Илинденско востание[уреди | уреди извор]
Се договоривме дека ќе заминам и јас.
Зборувавме за тоа посебно со Делчев и со Гарванов.
Најнапред беше решено да заминам во Малешевско, Струмичко, Радовишко, Кочанско, за да видам што може да се стори во тој реон.
Затоа почнав да се подготвувам за пат.
Тргнав веднаш, бидејќи владата беше узнала оти ќе заминам.
Тука не можев да се договорам какви пушки и друго ќе ми бидат дадени, ми рекоа дека сето тоа ќе ме чека на границата.
Васил Попов од Стара Загора, кој делувал порано во Малешевско, ја зеде на себе грижата за собирање на момчињата.
Константин Бараков (учител) родум од с. Скребатно, Хаџи Димов (социјалист), фелдфебелот Дачо Иванов од Књажево, мојот братучед поручникот Стојков (родум од Гајтаниново), поручникот Панајотов, родум од Трново, резервниот портопеј јункер Димитар Дечев (што беше заминал со Давидова и преку Грција се беше вратил), - тоа беа од пописмените во мојата чета, сe на сe околу 40-мина...—Борис Сарафов, Спомени
Советувања[уреди | уреди извор]
Во Софија се собравме со внатрешните - со Делчева и др.. Им раскажав каков одраз имаше надвор востанието на Цончев.
Нашите односи со Делчева сега, по ударот што им го нанесе Цончев, станаа посрдечни.
Имавме едно важно собрание пред Божиќ, и на Божиќ (во улицата Цар Симеон, спроти куќата на Цуцев, таму беше сместен и Комитетот на Станишев).
На состанокот беа Сава Михајлов, Герџиков, Татарчев, Матов, Прличев, Хр.
Силјанов, В`лчо Антонов, Ѓорче Петров и др.
Се разгледуваше писмото на Гарванов од Солун, дека по востанието од Цончев многу е зголемен теророт од страна на Турците, дека положбата во Битолско е неподнеслива, дека наскоро таму ќе вивне востание и сл.. Гарванов бараше од тука мислење за нивниот претстоен конгрес, што требало наскоро да се оддржи во Солун.
Имаше две мислења.
Матов и компанија сметаа дека треба да се крене востание, штом веќе е таква положбата.
Поинаку мислеа: Делчев јас, Ѓорче, и воопшто мнозинството беа против масовно раздвижување, туку само на четите да им се дадат инструкции за поактивни герилски акции, и тоа така што првенствено да се дејствува со динамит по пруги, мостови и сл.. Имаше борба меѓу двете мислења.
Имаше и друго мислење, застапувано од В'лчо Антонов, терорист, според кое не треба да се продолжи со неоружена активност, да се казни Цончев и сл... И Герџиков беше за тоа Цончев да биде казнет...—Борис Сарафов, Спомени
Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев.
На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание.
Делчев, Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука против дигање на какво и да е востание..
Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до Горноџумајското востание, Централниот комитет сметал дека движењето на Врховниот комитет не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил.
Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да приклонува кон востание.
Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена.
На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други .
На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.
Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кој постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави.
Михаил Герџиков предложил терористички напади кој би ја засегнале османската власт и европскиот капитал.
Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кој би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев.Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање.
Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции.
Смилевски конгрес[уреди | уреди извор]
Јас изнесов дека сега востанието и се наложува на Организацијата поради авантурата што ја прави Цончев.
Сега веќе се задржаа гурбетчиите и друго, па востанието веќе молчешкум е прогласено во Битолскиот вилает.
Тоа претставува вистинско злосторство, да се крева неподготвено востание, но бидејќи се зголемени по бројност четите и се задржани луѓето, самите да се повлекуваме - не може, треба да се оди напред.
Се искажуваа надежи дека Бугарија нема да остане настрана, ќе се смешала и слично.
Јас изјавив дека не бива да се одгледуваат такви надежи, знаејќи ја добро положбата во Бугарија, никаква војна нема да се отвора заради нас, туку да пресметаме така што таа работа да ја започнеме и да ја изнесеме на своите плешки сами, пред да падне снегот.
Нема сомневање дека ќе има некаква интервенција од страна на големите сили, но не верувам дека може да дојде до оружена интервенција од страна на големите сили, но не верувам дека може да дојде до оружена интервенција...—Борис Сарафов, Спомени
Најголемиот број од делегатите веќе на 18 април 1903 година се собрале во селото Смилево.
Соселаните на Даме ја сфатиле честа како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.
Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина на час, час и половина растојание, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
По предлог на Сарафов, за претседател бил избран Даме.
За секретари биле посочени и прифатени Георги Поп Христов и Парашкев Цветков.
Смилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание.
Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт, сè уште, не се созреани.
Даме Груев во своите спомени истакнува: На конгресот ја прикажав положбата онаква каква што е: сметав за безумно да се премолчува дека некои реони воопшто не се подготвени, и дека нема да земат учество.
Со Сарафов се сретнав за првпат во Смилево дома кај мене.
На конгресот Сарафов беше категорички за акции.
Имаше мислење порано да се започне со востанието.
Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до толкава жестокост, сосем да го сотираат населението.
Сарафов во доверба кажуваше дека некој министер рекол оти ако бидеме во состојба да задржиме 60.000 турска војска, Бугарија ќе се смешала.
И јас најпосле допуштив дека може да дојде до тоа.
Конгресот ме избра за член на Генералштабот на битолскиот вилает, заедно со Сарафов и Лозанчев.
На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и некои делови на други реони не се достатно подготвени.
Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други.
Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание.
Несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на Организацијата и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет.
Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол: :А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето - ќе, има ли востание или не, зашто тоа е решено - битти даваси!
Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време .
Бил избран Главен штаб за II Битолски револуционерен округ со тројца членови: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев .
Конгресот го задолжил Главниот штаб да го одреди и датумот на востание.
Бил изработен Востанички дисциплински устав, со кој се определувале правата и должностите на востаниците, на реонските горски начелства и на ГШ.
Главен штаб за II Битолски револуционерен округ[уреди | уреди извор]
Отидовме во Ресенско.
Покојниот Славејко Арсов уште не беше сосем на јасно како ќе се води востанието.
Тој си мнслел од 900 мина вооружени селани да изведе во планината само 150 мина.
Му се кажа дека треба да ги крене сите.
Му беше даден план, како да го нападне градот Ресен.
Груев многу очекуваше од Арсова, но јас видов дека нема да биде кадарен.
Против Арсов имаше многу оплакувања, поради женски работи и др.
Сакаа да биде заменет од Кокарев.
Јас им реков дека штом веќе сте го поднесувале досега, стрпете се, сега е доцна да се сменува пред самото востание.
Незадоволните ги уапсивме, ги казнивме и сл.. Речиси насила го оставивме таму.
Јас го сторив сето тоа.
Тука, во с. Кривени преку Битола ми дојде писмо од Софија, во кое ми се јавуваше каков разговор имал Матов со генерал Савов во Софија.
Савов му рекол дека Бугарија ќе била готова накај септември, штом веќе не е можно да се одложува востанието.
Треба да споменам дека на одење од Софија, јас бев кај Паприков, и му реков дека одам во Македонија, дека таму ќе има движење.
Паприков ми рече тоа да биде одложено, ако е можно, за мај.
Јас го разбрав така, дека смислата на неговото искажување е во тоа, оти Бугарија може да војува...—Борис Сарафов, Спомени
По завршувањето на Смилевскиот конгрес Штабот презел разни дејнсоти за засилување на подготовките за востание.
Даме Груев и Борис Сарафов со чета започнале обиколка низ Охридско, Преспанско, Ресенско, Кичевско, Демихисарско, Крушевско и Костурско.
При оваа обиколка биле изработени детални планови за започнување на востанието во секој реон во зависност од месните услови.
Глaвниот штаб од страна на Смилевскиот конгрес бил овластен да го одреди датумот за започнување на востанието.
По долги натегања на 14 јули Даме Груев, Борис Сарафов кај селото Буф востанието да се крене на 2 август на празникот св.
На 22 јули, Главниот штаб ги известил горските началства дека востанитето ќе започне на 20 јули - стар стил (2 август) .
Централниот комитет го прифатил датумот за кревање на востанието и на другите револуционерни окрузи им го препорачал, а било дадено и појаснување дека востанието ќе започне: не вечерта спроти Илинден, туку вечерта на св.
Герилската тактика во почетокот на востанието дала резултати, востаниците во првите денови имале иницијатива.
Но откако започнала офанзивата на османлиската армија, востаниците биле принудени да се повлекуваат и да избегнуваат дирекни судири со турската армија.
Со Општиот план било предвидено населниетода не учствува во борбите, но постепено востанието во Македонија и Одринско добивало масовен карактер.
Откако армијата почнала со систематско палење на селата, при востаниците се создале големи збегови, со што дополнително се влошиле позициите на востаниците кои сега требало да го бранат населението.
Македонската револуционерна организација, нејзините раководители, Смилевскиот конгрес и Главниот востанички штаб сметале дека турската армија нема да посегне толку жестоко по цивилното население.
Самиот Даме Груев истакнал: Не верувавме дека Турците ќе се решат да прибегнат до таква жестокост - сосема да го разорат населението .
Меѓутоа централната власт по совет на германската дипломатија и дозволила на својата армија систематски да го гони и уништвува неборечкото население, при што биле изгонети, убиени голем број на жени, деца и страци, голем дел од турските села биле пеплосани.
Главниот штаб на 30 јули 1903 година испратил Мемоар до големите сили во кој било истакнато дека:
|"||Турската влада, чуствувајќи се бесилна да ги уништи дирекно нашите воружени сили, им препорача на своите војски еден од најварварските начини за задушување на движењето што се состои во ограбување и горење на христијанските села и во обесчестување и убивање на жени и деца ||"|
Мемоарот останал без ефект, а турската армија продолжила со дејствата против неборечкото населние.
Сето тоа допринело Главниот штаб, по палењето на Крушево и Смилево, по масакрот во збегот Голем Гар, да размислува за идната тактика на востанието.
На 22 септември во Слоештица, Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев имале средба.
На оваа средба Сарафов предложил да се побара воена интервенција од Бугарија.
Меѓутоа никој од нив не сакал да замине во Бугарија за да бара помош.
Затоа истиот ден Главниот штаб се обратил писмено до бугарската влада, во писмото било истакнато дека Главниот штаб поради: критичната и ужасна положба (се обратил до бугаркста влада б.н), бугарското населнени во Битослкиот вилает по извршените опустошувања и жестокости од страна на турските војски и башибузлук, и со оглед на тоа дека тие опустошувања и жестокости на сиситематски начин продолжуват и не може да се види до каде ќе отидат.
Во панатамошниот текст до бугарската влада била објаснета состојбата во Битолскиот вилает и Главниот штаб изразил чудење зошто бугарската влада: продолжува да гледа со ладнокрвност на систематското истребување на бугарскиот народ и било побарано од бугарската влада да притекне на помош со војна.
Меѓутоа и самиот иницијатор на писмото Борис Сарафов, не верувал дека тоа ќе даде резултати .
Треба да се истакне дека ова писмо на Главниот штаб до бугарската влада од страна на бугарската историографија се користи за докажуавње на бугарскиот карактер на Илинденското востание и македонското население.
Во момент на силно атакување на турската армија против мирното население и востаниците, на Главниот штаб му бил потребен сојузник во борбата против Отоманската Империја, тие се надевале во помошта на Бугарија и отворањето на нов фронт на исток со кои би се олесниле позиците на востаниците во Македонија и во Одринско.
Палежите на селата, апелот на османкста власт за враќање на неселнеито по селат , советите на козулите, гарнаците за амнестија и гласините за реформи допринеле Главниот штаб да почен да размислува за распуштање на востаничките сили.
На 2 октомври 1903 година, Главниот штаб над Смилевската корија донело одлука за организирана демобилизација на востаниците.
Планот за демобилизација предвидувал, распуштање на востаниците и нивно враќање дома, собирање и складирање на оружјете, засолнување на компромитираните револуционерни раководители и дејции, раководниот кадар на теренот да биде сведен на минимум, а веднаш потоа Борис Сарафов заминал за Софија.
Судир со Даме Груев и Лозанчев[уреди | уреди извор]
Сарафов беше со мене.
Тогаш се разделивме.
Јас предложив да отидам во Леринско, но и тој го сакаше истото тоа.
Борис се искажа ,дека е решен да си замине во Бугарија, и се упати преку Преспанско-Леринско.
Со него тргнаа и некои од неговите луѓе, па и други...—Даме Груев, Спомени
Во своите спомени Даме истакнува: Сарафов беше со мене.
Тогаш се разделивме.
Јас предложив да отидам во Леринско, но и тој го сакаше истото тоа.
Борис се искажа, дека е решен да си замине во Бугарија, и се упати преку Преспанско-леринско.
Со него тргнаа и некои од неговите луѓе, па и други .
По одлуката за демобилизација, Борис Сарафов го зел знамето на Главниот штаб и заминал за Бугарија.
Во Софија, сарафистите му приредиле величествен пречек.
Сарафов се појавил со развиореното знаме, по излозите на софиските улици бил обесени неговите портрети, а толпата во раце го одвела во неговиот дом.
Христо Силјанов вели дека: Борис беше во својата стихија.
Таквиот триумфален марш предизвикал реакција кај Даме.
На 15 ноември 1903 година, Даме и Лозанчев испратиле писмо до Сарафов во кое истакнале: Три пати не излажа со тоа знаме... Ти сакаш чисто и просто да го задоволиш своето его.
На знамето не му е место во Софија.
Предај му го на Матов и на Татарчев за да ни го испратат при првата можност .
Додека Сарафов дефилирал низ софиските улици, Даме останал во Македонија со што целиот морален товар за востанието паднал врз неговиот грб.
Преговори во Белград[уреди | уреди извор]
Во Белград ги затеков Матеј Геров и Љапов како претходница.
Сарафов беше презел чекори да се рекламира насекаде.
Матеј Геров беше ангажирал стотина студенти, други граѓани ангажирал Љапов, па на станицата се беше збрал множество свет, што го пречека Сарафова со овации.
Јас не знаев ништо, дека пристнгнува Сарафов, тоа Љапов и Геров го криеја од мене.
Немав ни пари, чекав да ни испратат пари за да си купам облека.
Грамадницата одеше по пајтонот, извикувајќи му "живео" на Сарафов.
Мнозина студенти се качија горе во хотелот "Код Париза".
Сарафов излезе на балконот и одржа говор.
Воопшто земено беше многу свечен пречек...—Михаил Герџиков, Спомени
По Илинденското востание во Србија дошло до раздвижување.
Задграничните претставници Матов и Христо Татарчев се надевале дека ќе можат да издејствуваат некаква помош од српска страна за потребите на Внатрешната организација.
Во теј период Сарафов решил да тргне на една обиколка низ Европа, тој си поставил три цели: да се одмоти, да го пропагира ослободителното дело и да најде пари.
За да го контролираат Сарафов, задграничните претставници му наредиле на Михаил Герџиков да го придружува.
Оваа задача Герџиков ја прифатил и заминал за Белград, каде го чекал Сарафов
Сарафов пред да пристигне во престолнината на Србија го сондирал и го подготвил теренот за своето доаѓање.
Неколку недели пред тоа, тој вп Белград го испратил Матеј Геров.
Геров во името на Сарафов воспоставил контакти со студентите-автономисти, меѓу макеоднските емигранти и други важни луѓе.
Геров успешно ја извршил задачата која му била доверена.
Студентите од македонско потекло и српската студенска младина околу друшштвото Побратимство се подготвиле свечено да го пречекаат, а организирале и митинг на кој говорел Сарафов.
Принцот пристигнал на 27 ноември 1903 година во Белград.
Герџиков, кој не бил известен за подготовките на Геров, му се придружил на Сарафов.
Меѓутоа, Герџиков бил целосно маргинилизиран и не учествувал во преговорите и доверливите средби на Сарафов .
Сарафов со српските првенци преговарал на своја рака и имал за цел да издејствува финансиски средства за себеси, а не за потребите на Внатрешната организација.
Во замена за парите, Сарафов се обврзал да изврши одредени услуги.
Таквата дејност ги потикнала задграничните претставници да испратат свои луѓе во Белгра.
Најпрво Михаил Николов, а подоцна Сава Михајлов.
Тие требало да ги проверат активностите на Геров и да ги дознаат намерите на србите .
Противуслуга[уреди | уреди извор]
Повторно ме пратија во Белград.
Од тамошниот комитет ми дадоа 20 000 динари кои му ги донесоф на Сарафов... Јас знам дека се земени вкупно 40 000 лева: 20 000 ми ги дадоа мене, и другите 20 000 му ги дале дирекно на Сарафов или Геров...—Апостол Димитров Грежов
Во летото 1904 година, Глигор Соколов (поранешен четник на Внатрешната организација) од село Небрегово, организирал голема чета, составена од поранешни четници кои престојувале во Србија или биле повикани од Бугарија.
Во четата влегол и Јован Долгач - поранешен организациски војвода во Крушевско.
Оваа чета требало да навлезе во Македонија и да работи за интересите на српската пропаганда .
Кон крајот на август, четата која броеча 60 души ја минала српската граница.
По преминот, од четата се одделил еден дел за скопксо, потоа еден дел за Кичевском еден дел за Охридско, а Сколов(иќ) со 12 души требло да остане во Прилепско.
Меѓутоа, тој требало да мине низ Велешко, преку Вардар за да дојде во Прилепско.
Овој подвиг без помошта на Внатрешната организација бил ризичен.
Сите претходни обиди на србските чети биле неуспешни.
Ренегатската чета на Тренко во пролета се обидела да се пробие до Порече, но неуспешно.
Била пречекана од организациската чета на Арсо Локвички.
Меѓуотоа, Глигор Соколов бил добро подготвен за својата мисија.
Тој насекаде се преставувал како организаторски војвода и бил снабден со неопходни писма за поминување.
Сокол стапил во контакт со скопскиоит војводата Боби Стојчев.
Војводата Стојчев пред да оставари средба со Соколов, добил наредба од Сарафов да се стави на располагање на Глигор, тој сметал дека станува збор за организациска чета.
Бидејќи србоманската чета била препорачана од Сарафов, војводата Стојчев ја повел четата кон Велешко, ја пренел преку Вардар и ја придружувал до Азот, каде што се разделиле.
За овоаа постапка на Сарафов, Христо Силјанов истакнува: Сарафов не ги надитри Србите, туку беше надитрен од нив.
Сарафовата помош при минувањето на оваа србоманска чета, всушност била услуга за парите кои ги добил од Белград.
Расцеп на Македонската револуционерна организација[уреди | уреди извор]
Ниту тогаш, ниту пак сега (1930 г.)
сум согласен со методите на организацијата.
Една од нашите грешки беше, што ги советувавме нашите луѓе да ја избегнуваат власта, а други ја искористуваа.
Ние не ги советувавме нашите луѓе да стануваат чиновници.
Не еднаш во разговори со Пере и Ѓорче го застапував становиштето нашите луѓе да заземаат служби, да стануваат чиновници на турската држава.
Но тие ми одговараа: Не.
Ние тоа не можеме да го препорачуваме: ние не можеме со тоа да се согласиме, за нас власта расипува....— Анастас Лозанчев, Спомени
По востанието во Софија се одржале првите повостанички советувања на Организацијата.
Овие советувања се одржале во периодот од декември 1903 до февруари 1904 година, на нив учествувале истакнати раководители, војводи и началници, главно прашање кое било разгледувано е каков да биде правецот на делување по неуспешното востание.
На овие советувања дошло до оформување на две гледишта, од кои подоцна ќе прозлезат две струии, едната концепција била преставена од Христо Матов кој се залагал за зачувување на централистичкиот принцип, а другата струја се залагала за децентрализација и демократизација на Организацијата.
На советувањата преовладала концепцијата за децентрализација и демократизација предводена од Серчани .
Отука произлегла Директивата за идната дејност на Организацијата изработена од Димо Хаџи Димов, Димитар Мирасчиев и Димитар Стефанов со што биле поставени основите на Реформска струја.
Како одговор на Директивата, Христо Матов ја создал брошурата Основите на Организацијата од Брут (бг.
основитѣ на Организацията отъ Брутъ) во мај 1904 година.
Во брошурата биле преставени пет принципи околу кој ќе се групира Конзервативна струја.
Главните прашања околу кој се судриле дејците на Организацијата, се прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, односно автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација.
Кризата и поделбите кој се појавиле по Илинденското востание, во текот на 1904 и 1905 година се продлабочиле.
Во овој период дошло до прегрупирање на силите, најистакнатите дејци на македонското револуционерно движење тргнале во барање на сојузници и приврзаници за наметнување на сопственото влијание.
Влијанието на Даме во Битолскиот револуционерен округ по Илинденското востание опаднало, тој презел и една обиколка низ Солунскиот округ и пошироко за наметнување на своето влијание, но ова обиколка не ги постигнала посакуваните резултати.
Прилепскиот конгрес покажал дека Даме има различни погледи од Пере Тошев и Ѓорче Петров, по прашањето за идното устројство на Организацијата.
Даме бил во лоши односи и со Борис Сарафов, кој преку поедини војводи го ширел своето влијание во Македонија.
Поради централистичките погледи, Даме бил на спротиваната страна од Јане Сандански и Серчани, како и со дејците на Струмичкиот револуционерен округ.
Тој ги расипал односите и со Атанас Лозанчев, со него во ноември 1904 година имал и физички судир .
Во август 1904 година во Софија се вратил Ѓорче Петров.
Тој истакнал дека Даме е уморен и дека е потребна негова замена ако сакаат да ја продолжат и завршат борбата на Организацијата.
Петров тогаш бил во коалиција со Петар Поп Арсов, Пере Тошев и Јане Сандански.
Оваа групација се залагала за демократизација на Организацијата, прекинување на врските со било која бугарска влада и распуштње на актуелното Задгранично претставништво.
Според српскиот дипломатски претставник во Софија - Симиќ, во декември 1904 година македонското револуционерно движење било поделено на 4 групи, една околу Борис Сарафов, кон неа клонеле Ѓорче Петров и Васил Чакаларов, друга околу Матов - Татрчев, трета околу Даме и четврта анархистичка околку која се вртеле Петар Поп Арсов, Михаил Герџиков, Димитар Мирасчиев и други, тие биле групирани околу весникот Револуционерен лист.
Симиќ истакнал дека највлијателна група била онаа на Даме, а нејзин најекспониран претставник во Бугарија бил Иван Гарванов .
Симиќ исто така истакнал дека дошло до зближување меѓу Даме, Гарванов и Иван Цончев, а на спротивната страна дошло до зближување меѓу Пере Тошев, Лозанчев, Сарафов и Ѓорче Петров .
Рилски конгрес[уреди | уреди извор]
Повеќето од нив, без сомнение знаеја дека овој конгрес има судбинско значење за ослободителното дело.
Тие имаа огромна желба да се смират спротивностите и да ѝ се даде на Организацијата тоа што ѝ недостасува - соодветен основен закон, единствено раководство, полет во работата.
Но, имаше и страсни функционери кои бараа надмоќ на својата група, имаше стари дејци кои им даваа магична сила на правилниците, имаше првенци кои преку конгресот сакаа да ги вратат загубените места во организациската хиерархија, а имаше и со тешки обвинувања кои не мислеа на ништо друго, освен како да се извлечат од рацете на врховниот револуцинерен суд - општиот конгрес.
Ете зошто конгресот не можеше да ја избегне двојноста, карактерсистична за парламентите - со нивните пленарни дискусии, со претходни договори кулоарски шушкања и интриги—Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија, том два
Кон крајот на септември 1905 година во Софија се собрал најголем број од делегатите кој требале да присуствуваат на Конгресот.
Во главниот град на Бугарија биле извршени дополнителни советувања на кои дошло до недоразбирање околу местото за одржување на Конгресот.
Јане Сандански побарал Конгресот да се одржи во Македонија и на тој начин да се повлече: чисто внатрешниот карактер и полната независност на Организацијата .
Сепак најголемиот број од делегатите посочиле дека Конгресот не треба да биде вознемируван од никого и затоа предложиле тој да се одржи надвор од границите на Македонија.
По преговорите било постигнато компромисно решение Конгресот да се одржи во Рилскиот манастир, во близината на македонската граница.
Конгресот го имал следниот дневен ред:
- 1.
Извештај за минатата дејност и сегашната положба во Организацијата по окрузи и околии
- 2.
Идната дејност на Организацијата
- 3.
Устројство и управа на Организацијата;
- а) административен оддел
- б) судски одел
- в) финансиски одел
- г) културно - економски одел
- а) административен оддел
- 4.
Литература и печат
- 5.
Односот и поведението на Организацијата спрема разните теченија; a) спрема сите пропаганди б) спрема бугарскиот државнички национализам и Егзархија в) спрема врховистите, емиграцијата и јавноста во Бугарија г) спрема одделни организациски групи внатре и надвор
- 6.
Тактика на Организацијата
- 7.
Отчет за дејноста на ЦК и Задграничното претставништво
Најдолго време распрвале, дваесет дена, за точката три, односно идното устројство на Организацијата.
Според Христо Силјанов по ова прашање дошле во судир две струи кои имале различна концепција по ова прашање.
Двете струи Силјанов ги нарекува: радикално - реформска и умерено - конзервативна .
На овој Конгрес најистакнати претставници на првата групација биле Пере Тошев, Ѓорче Петров и Јане Сандански, тие ја имале наклонетоста на најголемиот број на делегати.
Оваа крило се залагало за децентрализација и демократизација на Организацијата, широка примена на изборното начело.
На страната на оваа група застанал и Борис Сарафов сакајќи на тој начин да добие амнестија од обвиненијата.
На чело на другата групација застанал Даме кои се залагал за зачувување на централистичкиот хиерархиски поредок [белешка 4].
Меѓутоа тој ја немал поддршката на најголемиот број на делегати и затоа бил подготвен на компромис, а зад него застанале Аргир Манасиев, Борис Мончев, Лазар Маџаров, Стамат Икономов и Добри Даскалов.
По дваесет дневна расправа меѓу двете групи, Конгресот ги прифатил новиот Устав и Правилник на Организацијата.
Христо Силјанов истакнува дека новоусвоените акти биле компромисно решение меѓу двете групации:
- со чувствително наклонување на лево
и дека отстапките за компромисот биле направени од умерено - конзервативното крило.
Иако Христо Силјанов истакнува дека бил постигнат компромис, во постарата литература преовладува ставот дека влијанието на левицата преовладал на овој конгрес.
Дополнителна кофузија е поделбата на левица и десница, кога е познато дека Борис Сарафов застанал на страната на радикално - реформска крило кое во постарата литература се нарекува како лево крило, а Даме бил на чело на умерено - конзервативната струја, во постарата литература познато како десно крило.
И покрај струењата бил постигнат компромис и бил усвоен новиот Устав и Правилник според кој Организацијата добила ново официјално име: Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО).
Врз основа на штотуку усвоените нови акти за членови на ЦК биле избрани: Дамјан Груев, Пере Тошев, Тодор Поп Антов, во Претставничкото тело влегле - Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов и Димитар Стефанов, за редактор на Револуционерен лист бил избран Димо Хаџи Димов.
За ревизори на Организацијата биле избрани Иван Гарванов, Никола Пушкаров и Борис Сарафов, меѓутоа тие не ја прифатиле должноста.
Одговорноста на Борис Сарафов како и на другите дејци на Организацијата биле оставени за на крајот од дневниот ред, бидејќи оваа прашање било најделикатно.
Сарафов бил обвинуван од сите страни и за секакви дејствија, дека земал пари од српската влада, за пропуштање на српски чети, за препраќање на свои чети во Македонија, давање пари на разни службеници со што предизвикувал раскол и расипништво.
Според Христо Силјанов фактите биле толку силни што Сарафов:не можел, а да не се чувствува за грешник .
Главни обвинители на Конгресот бил Јане Сандански и серчани.
Тие биле поддржани од струмичаните како и од реформските делегати, а против Сарафов биле и делегатите од Битолскиот и Солунскиот округ под влијание на Даме, нивен гласноговорник бил Борис Мончев .
Сарафов морал да се брани и затоа го обвинил Јане Сандански за пасивност при Илинденското востание, а на Дамјан Груев му дофрлил што дозволил да биде грабнат од просрпскиот војвода Мицко Крстевски.
Единствен кој застанал на страната на Сарафов бил Ѓорче Петров кој пак добил поткрепа од страна на Пере Тошев дека амнестирањето на обвинетите е најдобро решение со што би се разрешило заплетканото прашање.
Улогата на миротворец требало да ја одигра непомирливиот противник на Сарафов, самиот Јане Сандански.
На изнанедување на многумина Сандански истакнал дека во минатото сите грешеле, дека е потребно сплотување и помирување, да се остави минатото.
Во тој дух се изјаснил и Ѓорче Петров, а поддршка дал и Даме.
На крај конгресот изгласал опша амнестија за сите обвинети вклучително и за Сарафов .
На конгресот преовладал духот за постигнување на компромис и возбновување на единството.
Со новиот устав и правилник во Организацијата требало да се воведе широка децентрализација и демократизација од највисоките до најниските раководни тела.
Meѓутоа единството кое било воспоставено траело кратко.
Втор редовен конгрес[уреди | уреди извор]
Избраните делегати се собраа на договореното место, но конгресот не се одржа.
Се одржаа само неколку подготвителни состаноци, колку да се констатира непомирливоста на двата блока и да се доведат работите до целосен расцеп.
Улогата на малото камче, кое ја превртува претоварената кола, во дадениот случај ја одигра спорот за местото на конгресот.—Христо Силјанов
Во услови на поделби и разединувања, во летото 1906 година започнале подготовките за Вториот редовен конгрес на ВМОРО кој требало да се одржи до крајот на тековната година.
Во рамките на подготовките, Серскиот округ го одржал својот Втор редовен конгрес во селото Ловча .
Кон крајот на ноември во Софија почнале да пристигнуват делегати од цела Македонија за одржување на неопходните претконгресни средби.
За време на Советувањата дошло до целосно слевање на веќе покојниот Даме Груев, Иван Гарванов и Борис Сарфов, кои взаемно си ги признале своите делегати .Имено, Сарфов, Гараванов, Христо Матов, Христо Татарчев и Петко Пенчев го имале изгубено правото да бидат делегати на предвидениот конгрес, затоа што долго време биле надвор од треиторијата на ВМОРО.
Во претходниот период помеѓу конзервативните групи постоела извесна нетрпеливост и ривалство, но во овој момент заедничката омраза кон Јане Сандански ги обединила .
Во текот на советувањата во Софија, Серчани го наметнале прашањето за местото на одржување на претстојниот конгрес, истовремено инсистирале тој да се одржи во Македонија.
Од своја страна, конзервативната група побарала да се предаде оружјето и муницијата ој пограничните пунктови, кои биле под контрола на Јане Сандански, на една мешовита комисија.
Предлогот бил одбиен.
Петар Поп Арсов и Сандански биле непопусливи пред барањата на конзервативците, а Пере Тошев се држел резервирано .
Во текот на советувањата во Софија спорни биле три прашања: 1) местото на одржување на Конгресот 2) предавање на оружјето од пограничните пунктови 3) верификација на делегатските мандати како најспорно прашање .
На едно собрание околу полноќ, дошло до заострени дискусии околу последното прашање, а дошло и до демостративно напуштање на седницата од страна на Петар Поп Арсов, Христо Чернопеев, Крсто Б'лгаријата, Стојо Хаџиев, А. Станоев, Д. Икономов и други.
Меѓутоа сепак бил постигнат компромис, било одлучено конгресот по втор пат да се одржи во Рилскиот манастир .
На првиот ден од Коледе, Претставништвото испратило покани до сите делегати повикувајќи да заминат за Рилскиот манастирм но многумина делегати од конзеравтивното крило ги вратиле назад поканите .
И покрај оваа постапка на конзервативците, припадниците на реформската група на чело со Сандански, заминале за Рилскиот манастир.
Непосредно пред манастирот, Михаил Даев во полупијана состојба предизвикал инцидент, во текот на кој двајца месни врховисти биле убиени, а еден бил ранет .
Оваа случка и послужила на бугарската полиција како повод за блогада на Рилскиот манастир.
Сандански и останатите делегати ја согледале стапицата, по што го напуштиле местото и ја минале границата.
Следниот ден, 2 јануари 1907 година, во селото Рила пристигнал Петер Поп Арсов и тука дознал за инцидентот и веднаш се вратил во Софија.
Борис Сарафов и Михаил Даев уште во Софија планирале да направат некоја провокација со која требало да се спречи одржувањето на конгресот , затоа што нивното мнозинство на Конгресот не било сигурно .
Христо Силјанов тенденциозно тврди дека реформската група била во малцинство и се состоела од 12 делагти и затоа го напуштиле местото.
Заминувањето на Сандански и неговите приврзаници од Рила го искористиле конзервативците за да ги обвинат Серчани дека го провалиле Конгресот.
По ова прашање, Ванчо Ѓорѓиев истакнува: Меѓутоа, провалувањето дошло од самите конзеравтивци.
Тие дури и не се појавиле на местото закажано за одржување на Конгресот.
Предизвиканиот инцидентод страна на М. Даев, враќањето на поканите за учеството на Конгресот, непојавувањето на местото на одржување на Конгресот, и секако, појавата на бугарската полиција кај Рилскиот манастир, не биле случајни.
Тоа била смислена саботажа од страна на конзервативците со цел да го прикријат своето отсуство од Конгресот .
По пропаѓањето на Конгресот, конзеравтивците се собрале во ќустендилско и конституирале во советодавно собрание.
Тие во своето изложение ги прогласиле за непрактични и неприменливи нормативните акти на ВМОРО од Рилскиот конгрес од 1905 година.
На крајот, си избрале свои задгранични претставници: Иван Гарванов, Борис Сарафов и Христо Матов за Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот револуционерен округ .
Кулминација на судирот[уреди | уреди извор]
За жал, а можеби и за среќа на организацијата истовремено, истакнатите разлики не се повеќе од една етикета.
Практиката кај Пелистер и на Пирин е еднаква.
Ако сакате, примената на револуционизмот и интернационализмот во границите на можноста ќе ја сретнете секаде на друго место, но не и на Пирин.
Таму владее еден грозен терор од цели 5 години и таму организацијата се крепи предимно на играта на мечот.
Да се убиваат секоја година со десетици невини селани и истовремено да се врши мирна куртурна работа, - тоа е противречно.
Сандански вешто ги крие под маската на тие идеи своите амбиции да ја игра рољата на Делчев и Груев, но за несреќа, тој е мошне малечок и по ум, и по срце за слична улога.
Посебно за неговите другари.
Тие можеби се вдахновуваат од поискрени намери, но голем дел од нив се робови не на реалноста, туку на своите доктринерски апстракции.
Тие прават обиди на грбот на македонското население.—Христо Матов
Во почетокот на 1907 година, судирот меѓу конзервативната и рефорската струја на ВМОРО добил нова димензија, а кон крајот на истата година ја достигнал и својата кулминација.
Времето на взаемни отстапки и компромиси веќе било само минато .
Решенијата сега се барале преку нишанот на оружјето.
Првите воружени инциденти биле предизвикани од страна на конезравтивците.
На 26 јануари 1907 година, Мише Развигоров го нападнал ќустендилскиот пунктовен началник Петар Ангелов, кој бил приврзаник на Сандански и Петар Поп Арсов .
Истовремено, Борис Сарафов и Иван Гарванов започнале со отворено потикнување на војводите во Македонија, од типот на воденскиот војвода Тодор Иванов, да се удри со куршум по сите душмани .
Како такви биле именувани: Поп Арсов, Александар Станоев, Стефан Димитров и особено, Сандански и Чернопеев .
Во мај 1907 година, приврзаниците на Сарафов и Иван Гарванов, во содејство со бугарската полиција, во ќустендилско го разоружале Крсто Б'лгаријата и го спровеле во Софија.
Овие провокации биле прифатени од Јане Сандански, само што тие во своите планови предвидувале ликвидирање на самите инспиратори на судирите.
За тоа дознаваме од едно писмо на П. Христов до П. Ацев од 26 мај 1907 година.
Во него било истакнато дека Сандански и Христо Чернопеев во тоа време јавно биле поттикнувани од Петар Поп Арсов, а потајно од Пере Тошев и Ѓорче Петров, да донесат решение за ликвидација на Гарванов и Сарафов .
Убиство[уреди | уреди извор]
Денес се одигра страшна 'Македонска трагедија', во која паднаа две нови жртви.
Македонецот Паница (Тодор Паница, н.б.
), денес со револвер ги уби Борис Сарафов, претседател на Македонската револуционерна организација заедно со професорот Гарванов (Иван Гарванов, н.б.).
Постои убедување дека смртта на Гарванов ќе предизвика распад на Македонската револуционерна организација, така што судирот со врховистите ќе ескалира...—Московскiя вѣсти, 1907
По несупешните обиди на бугарските власти за помирување меѓу двете групи, Борис Сарфов и Иван Гарванов, преку Михаил Даев, направиле обид за ликвидација на Јане Сандански .
Според српските дипломатски извори, Сарафов во уште во половината на 1907 година презел чекори за ликвидација на Сандански, во еден српски извештај се истакнува: Самиот факт што Б. Сарфов му беше подготвил чета на Тодор Паница и го имаше упатено во серскиот крај каде што оперира Сандански, тоа јасно го потврдува.
Беше познато urbi et orbi дека Сарафов е владин човек.
Утврдено е дека... Т. Паница, требаше да ја мине границата со 30 четници што му ги регрутирал и вооружал Сарафов и му дал на Паница 6.000 лева .
Вечерта на 28 ноември 1907 година, самопрогласените задгранични претставници во домот на Принцот, на улица Осогово, 36, договориле средба со Тодор Паница, нивниот нов приврзаник .
Кога Сарафов ја привршувал својата вечера, пристигнал Иван Гарванов.
Малку подоцна пристигнал Тодор Паница, воружен со два наганта.
На гостинот му биле понудени мезе и чаша вино, но Паница одбил.
Во разговорот со Сарафов и Гарванов, дознал дека Христо Матов нема да присуствува на средбата .
Матов ги известил дека поради неодложна работа нема да дојде на средбата.
Сарафов и неговите двајца гости се повлекле во друга соба, каде што разговорот меѓу нив течел спокојно.
Околу 11 часот, Паница станал да си оди, а Сарафов и Гарванов станале да го испратат.
Кога пристигнале до влезната влата, се слушнале зборовите: Уште едно прашање?
а во истиот момент се слушнале два истрела.
Веднаш дотрчале домашните кои се стаписале од ужасот: Сарафов и Гарванов, облеани во крв, умираа.
И двајцата беа погодени со по еден смртоносен удар.
Сарафов беше застрелан во левото слепо око, а Гарванов во левото уво .
Тодор Паница веднаш го нпуштил местото, а набргу во домот на Сарафов пристигнале еден полициски инспектор и судски истражувач, во придружба на еден софиски репортер, кој вака ја опишал глетката која ја затегнал:
Во антрето, до влезната врата, Сарафов паднал, потпрен на левиот ѕид, со спуштена глава в десни, со раширени нозе и раце - една отворена, другата со свиткани прсти.
Гарванов паднат на грбот, со главата легната на десната нога на Сарафов, испружен во ходникот со раширени нозе кон внатрешноста.
И двајцата со бледи лица изгледаат како заспани... Под труповите и наоколу големи локви крв која продолжуваше да тече.
Околу безживотните трупови горко плаче остарениот татко на Сарафов, неговата мајка, неговите браќа, сестра му, снаа му и неговите блиски
Според Христо Силјанов нивниот погреб бил еден од најсугестивните кои биле видени кога и да е во Софија.
Нивните ковчези биле носени од војводи, а на чело биле носени нивните ликови во раскошни рамки, накитени со живи цвеќина.
Поворката ја предводел софискиот митрополит Патениј, луѓето на Николаев, а ковчезите биле завиткани во траурни знамиња на македонските братства, а македонските и ерменските револуционерни знамиња биле носени од четници кои биле прврзници на покојниците.
На погребот присуствувале многу народни претставници, а меѓу нив биле и тројца бугарски министри: д-р Н. Генадиев, К. Панајотов и Н. Апостолов .
Контроверзии[уреди | уреди извор]
Споменот за Борис Сарафов е се уште жив, за него не е потребно да се зборува многу.
Неговото име беше славно додека тој беше жив и продолжи да одѕвонува и по неговата смрт, не само во Македонија... во цела Европа, дури и во Америка... Во Македонија за него се говореше: Човек со ѕвезда-роден да биде водач.
Ете, тоа е објаснувањето за популарноста на Сарафов, ретка популарност која направи неговата смрт да стане нацинална жалост...—Симеон Радев, Великите сенки
Делото на Сарафов во македонското револуционерно движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век не е целосно проучено.
До Втората светска војна, македонската интелигенција од Бугарија која се занимавала со проучување и издавање на дела поврзани со борбите на македонскиот народ против Османлиската империја, не објавила сериозен труд за ликот и делото на Сарафов.
По војната, бугарската и македонската историографија кои се занимавале со истражување на македoнските револуционерни борби, не објавиле некои по длабоки истражувања кои би го расветлиле делувањето на Сарафов.
Во повоениот период историчарите Сарафов го оцениле како: офицер на бугарската армија, учесник во импровизираните востанија и акции, врховист и припадник на пробугарското крило во Македонската револуционерна организација, авантурист по европските престолнини, склон на собирање средства за Организацијата и нивно ненаменско расфрлање и трошење .
По создавањето на македонската современа држава, се зголемува интересот за истражувања и објавувања на дела поврзани со личности од македонската историја, кои во минатото биле избегнувани, меѓу нив се нашол и Борис Сарафов.
Постепено, личноста на Сарафов е рехабилитирана во Македонија и се преземени одредени активности со кои Сарафов се вбројува меѓу македонските национални херои како што се: Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и многумина други.
Во тој правец, во 2013 година е подигнат споменик на Борис Сарафов пред Министерството за надворешни работи на Македонија во Скопје , улицата 4 јули во Општината Ѓорче Петров, Скопје е преименувана во Борис Сарафов , Друштвото за издавачка дејност "Македонија" од Скопје и Државниот архив на Република Македонија ја објавија книгата Борис Сарафов (биографија) од Павел Шатев, во врска со овој настана Зоран Тодоровски истакнал: Преку овој ракопис посветен на Борис Сарафов, Павел Шатев не само што се осврнува на најважните настани од револуционерното минато на Македонија и на македонскиот народ, туку во него се содржани и неговите погледи, опсервации, размислувања и констатации во однос на историските настани, процеси и личности од македонската историја, како и за македонските проблеми и за потребите и методите за изнаоѓање решение за македонското прашање , за неговата дејност е објавен и документарен филм .
Друштвото Тодор Александров во црквата св.
Пресвета Богордица во Битола организира панихида за Сарафов .
Aнтропологот Кит Браун во својата книга Минатото под прашање - модерна Македонија и неизвесностите на нацијата истакнува: Веројатно повеќе од кој и да е друг водач на востанието, Борис Сарафов поседувал и локален и меѓународен углед.
Дури и македонските историчари му ја признаваат водечката организаторска улога во годините пред 1903 година кога тесно соработувал со Делчев, Груев.
Без Сарафов Илинден можеби и немаше да се случи .
Илија Димовски за контроверзиите околу Сарафов истакнува: Пред неколку години имав трема секогаш кога ќе требаше да го спомнам Сарафов.
Знаев дека луѓето или не чуле за него или она што го слушнале е целосно искривоколчено на штета на неговата големина.
Секое негово спомнување предизвикуваше сомнеж кон намерите и чистотата во разговорот за нашата историја.
Во една таква дебата во Собранието на Република Македонија дури доживеавме овој великан да биде ословуван како предавник, токму од луѓе кои немаат прочитано ниту еден ред за неговиот живот, потекло, убедувања и дело.
Така требало да биде, за жал, така некој ја кроел и ја прекројувал историјата .
|Дел од серијалот
"Контроверзни дејци на македонското револуционерно движење"
Историски гледано, дејноста на Борис Сарафов е противречна во македонското револуционерно движење.
Неговите потфати имаат позитивен импулс, меѓутоа и негативни последици кои влијаеле врз целото македонско дело.
На Запад дава бројни интервјуа, едно од нив e и за руски весник во кој повторно изјавил дека Македонците се посебна народност .
Наспроти оваа агитација, Главна водителка во дејноста на Сарфов била неговата амбиција, односно стремежот за преземање на целоото македонско револуционерно движење во свои раце.
При остварувањето на оваа цел, тој презел цела серија на дејствија кој негативо се одразлиле врз Македонската револуционерна организација и движењето.
Во 1899 година со посреднишво на Врховниот македонски комитет (односно Борис Сарафов), доаѓа до слевање на Бугарското тајно револуционерно братство во Македонската револуционерна организација - чин што се покажало како погубен за македонското национално ослободително движење.
Сарафов од своја страна во критичните моменти ја прекинал својата помош за Македонската револуционерна организација и дирекно допринел за нејзино ослабнување и полесно продирање на Врховизмот во Македонија.
Сарафов подоцна со подршка на Гоце Делчев бил рехабилитиран и ставен на располагање на Македонската револуционерна организација и во текот на Илинденското востание заедно со Даме Груев ќе се најде во Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ.
Меѓутоа и тогаш Сарафов делувал негативно, имено тој го зел знамето на Главниот штаб на II Битолски револуционерен округ и го однел во Софија.
По Илинденското востание, Сарафов преговара со српските кругови во Белград, каде што во замена за финансиски средства се обрзува да го олесни навлегувањето на една српска чета во Македонија.
Сите Сарафови постапки неминовно довеле до негова ликвидација по наредба на Јане Сандански.
Белешки[уреди | уреди извор]
- Во Османлиската империја не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави.
Осмaнските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед.
Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците.
Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија.
Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед.
Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманската империја кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци.
Христијанското населние кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари.
Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графa како Јауди, но и тука имало исклучок.
Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- Под влијание на Бугарската пропаганда во Македонија, еден дел од Македонците се изјаснувале како Бугари, таквите нивни изјаснувања од страна на бугарските историчари се користат како основа за прикажување на Ване Занешев и другите негови соистомисленици во Борбата против Цариградската патријаршија, како бугарски дејци односно како борци за создавање на бугарска црква.
Меѓутоа Борбата против Цариградската патријаршија на Македонците има неколку карактеристики: обнова на некогашната Охридска архиепископија, македонските епархии да подпаднат под нејзина јуриздикција, оваа борба во себе носела и македонски национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се острани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски.
Со создавањето на Бугарската егзархија не биле решени овие прашања.
Македонските епархии подпаднале под Егзархијата, а во училиштата истата таа бугарска црква започнала да го наметнува бугарскиот јазик.
По создавањето на Егзархијата, оние кои се бореле против Патријаршијата ја продолжиле борбата за решавање на овие прашања, сега против Егзархијата.
Постепено во Македонија се јавило едно антиегзархиско движење, кое освен просветен и црковен карактер, започнало да добива и револуционерна боја, така што Македонската револуционерна организација била создадена од и сред оние кои биле насочени против Егзархијата и нејзината дејност, тоа го потврдуваат нејзините основачи, види Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980 и др.
- Меѓу професорите биле Григор Прличев, Петар Даниилович Драганов, Константин Величков, Трајко Китанчев и други
- Въ тѣзи разисквания се сблъснаха дветѣ известни намъ течения — радикално-реформаторското и умѣрено-консервативното.
Макаръ че нѣкои отъ най-влиятелнитѣ вдъхновители на първото (марксистътъ Димо хаджи Димовъ, писательтъ А. Страшимировъ и др.
), отсѫтствуваха, демократичнитѣ начала и децентрализацията въ управлението бидоха блѣскаво защитени отъ Г. Петровъ и П. Тошевъ, при подкрепата на Я. Сандански и други отчаяни лѣвичари.
Отсѫтствуваше отъ конгреса и най-упоритиятъ привърженикъ на умѣреностьта въ преобразованията, Хр.
Матовъ, който и съ перо и съ слово не престана, въ продължение на две години, да доказва пакостьта отъ крайни и неприложими реформаторски тежнения.
Съ своята упоритость той бѣше си навлѣкълъ неприязъньта на лѣвичаритѣ, а като задгранични представители, сиречь членове на единствения редовно функциониращъ презъ цѣлия периодъ отъ възстанието до конгреса, общоорганизационенъ висшъ институтъ, той и д-ръ Хр.
Татарчевъ бѣха станали прицѣлна точка на всѣкакви критики и нападки.
Поради това и двамата, въпрѣки грамаднитѣ си заслуги презъ време на междуцарствието, не можаха да попаднатъ между конгреснитѣ делегати.
Наистина, умѣрено-консервативното течение се застѫпваше въ конгреса отъ най-авторитетния деятель въ вѫтрешностьта, Д. Груевъ.
Той обаче, било поради природната си склонность къмъ практическитѣ постижения по пѫтя на взаимнитѣ отстѫпки, било поради заемания председателски постъ, остана и тукъ вѣренъ на своята примирителна тактика.
Все пакъ централистичната система и умѣрениятъ реформизъмъ броеха множество убедени привърженици, като Л. Маджаровъ, Ст.
Икономовъ, П. Васковъ, Добри Даскаловъ и др.
и намѣриха въ конгреса горещи защитници въ лицето на Б. Мончевъ, А. Манасиевъ и др, види Хр.
Силянов, том II Следъ Илинденското възстание
Наводи[уреди | уреди извор]
- Николов, Борис.
ВМОРО - псевдоними и шифри [PHONE], Звезди, 1999, стр.7, 15, 17, 18, 23, 52, 56, 62, 73, 80, 95
- The Dormition of Virgin Mary Church in Ilinden
- "Македония и Одринско.
Статистика на населението от 1873 г."
Македонски научен институт, София, 1995, стр.
- Верковичъ, С.И.
"Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи".
СПб, 1889, стр.
- Кънчов, Васил.
"Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр.
- Кънчов, Васил.
"Избрани произведения", Том I, София, 1970, стр.
- Орохидрографија на Македонија
- ПИСМО НА ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО ЕГЗАРХОТ АНТИМ I ( јануари 1874, Солун)
- Царевна Миладинова, "От Бяло море до Витоша", в: Мир, 40, No 10055, 18 януари 1934 г.
- Панчавлиев, Атанас.
- Гаджев, Иван.
История на българската емиграция в Северна Америка: поглед отвърте, Томове 1–2, Институт по история на българската емиграция в Северна Америка, 2003 стр.
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
- Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает ([PHONE]), II издание, Скопје, 1982
- К. Кондовъ, Гоце Делчев и другаритеж му, Сборник Илинден, София, 1926, 139-140
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт..., 399.
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт..., 399-400.
- Иван Катарџиев, Борба до победа, том еден, Мисла, Скопје, 1983, 535-536.
- Крсте Петков Мисирков, За македонските работи
- А. В. Амфитеатров, Земја на раздорот, Македонска книга, Скопје, 1990, 134
- А. В. Амфитеатров, Земја на раздорот, Македонска книга, Скопје, 1990, 134, додадено од Цветан Станоевски
- M. Malecki, Z zagadnien dialaktologii macedonskiej, Rocznik Slawistyczny (Krakow), XIV (1938), p.142
- Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903, Табернакул - Филозофски факултет, Скопје, 2003
- Спомени на Борис Сарафов,38.
- Спомени на Борис Сарафов, 38-40.
- Мандатот на Гоце и Ѓорче Петров како задгранични претставници се состои од три етапи: 1) Првата, од нивното доаѓање во Бугарија до 1899 година.
2) Втората започнува со улогата на Задграничното претставништво во формирањето на комитетот на Борис Сарафов.
3) Третата и последна етапа се одбележува со клучната улога на ЗП по Солунската афера кога целиот ЦК на Организацијата во 1901 година бил уaпсен.
- Спомени на Борис Сарафов - на македонски литературен език
- Спомени - Ѓорче Петров
- Спомени - Ѓорче Петров
- Спомени - Борис Сарафов
- Спомени - Ѓорче Петров
- Спомени - Ѓорче Петров
- Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО [PHONE].
Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013
- Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев ([PHONE]), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003
- Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смрта на Гоце Делчев ([PHONE]), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003
- Спомени - Ѓорче Петров
- Интервју на дописник од британски "Тајмс" со Борис Сарафов на 12 април, 1901.
- "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.
- Ванчо Ѓорѓиев, ВМРО [PHONE].
Поглед низ документи, Матица Македонска - Скопје, 2013
- Д. Димески, "Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година", ГИНИ, бр.
2, Скопје 2001.
- Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иванъ Гарвановъ, сообщава: Љ. Милетичъ, София, 1927
- Спомени на П. Кљашев..., 242
- Васил Чекеларов, Дневник..., 223
- Манол Пандевски, Македонското ослободиѕелно дело..., том втори, 267
- Спомени на Борис Сарафов
- Љубен Лапе, Нови документи за Илинденското востание, Илиндеснки зборник [PHONE], Скопје, 1953
- Спомени на Дамяан Груевъ..., 24
- Извештаи од [PHONE] година на австриските претсвници од Македонија..., 71
- Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иванъ Гарвановъ, сообщава: Љ. Милетичъ, София, 1927
- Лапе Љ., Нови документи за Илинденското востание, Илинденски зборник [PHONE], Скопје, 1953.
- Даме Груев, Живот и дело, част I,..., 305
- Ристовски Блаже, Даме Груев во извештаите на српскиот дипломатски застапник во Софија во 1905 година, Зборник - Даме Груев [PHONE], истражувања и материјали, Битола, 1981
- Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.
(бугарски)
- 36 години во ВМРО - Спомени на Кирил Прличев, издателство ВЕДА-МЖ, 1999, ISBN [PHONE]-5
- Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов.
Прилог кон проучувањето на македонскотонационалноослободително движење, Матица Македонска, Скопје, 1997
- ДАСИП-Београд, Дипломатско заступништво Србија-Софија, П. П. оддел, фасц, IX, 1907, пов.
479/7.XII.1907
- "Освободителнитѣ борби на Македония", том II Следъ Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1943.
- Објавена е биографијата на Борис Сарафов од Павел Шатев
- Споменик на Борис Сарафов
- Град Скопје преименува улици
- Зоран Тодоровски
- Документарен филм за Борис Сарафов
- ПАНИХИДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР БОРИС САРАФОВ
- Ќе имаше ли Илинден без Сарафов?!
- Борис Сарафов – Го славиме востанието, ама не и водачот
- "Санкт -Петербургские Ведомосты" 21 август (2 септември) 1902.
|"|
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Борис Сарафов
- Борис Сарафов бил најпознатиот револуционер во Европа, но сакал да се расфрла со пари, па дури и да биде поткупуван
- Спомени на Борис Сарафов - на македонски литературен език
- Западната преса за Борис Сарафов
- Спомени на Анастас Лозанчев
- Истинският лик на Яни Сандански-убиеца на Борис Сарафов, Иван Гарванов и Михаил Даев
- Защо бяха убити Борис Сарафов и Иван Гарванов?
Две открити писма от Окръжния комитет на Серския революционен окръг, София, 1908 г., 32 с.
- "Окръжният комитет на Серския революционен окръг осъди на смърт...".
Протокол от заседание на окръжния комитет на серския революционен окръг с решение за смъртни присъди на Иван Гарванов, Борис Сарафов и Михаил Даев
- Објавена е биографијата на Борис Сарафов од Павел Шатев
- Борис Сарафов – Го славиме востанието, ама не и водачот
- Најава за проширување на улица Борис Сарафов (4ти Јули)
- Споменик на Борис Сарафов
- Рускиот печат за настаните во Македонија за убиството на Борис Сарафов 1907 и Букурешкиот договор од 1913
- Борис Сарафов - Документарен филм
- ПАНИХИДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР БОРИС САРАФОВ
- Ќе имаше ли Илинден без Сарафов?!
- Документарен филм за Борис Сарафов | fineweb-2 |
Кинеско писмо
|Кинеско писмо кај разни јазици|
|Кинески|
|традиционално||漢字|
|упростено||汉字|
|пинјин (мандарински)|
|јитпинг (кантонски)||hon3 zi6|
|Корејски|
|ханџа||漢字|
|хангул||한자|
|Преработена романизација:||Hanja|
|МекКун-Рајшауер||Hancha|
|Јапонски|
|Канџи||漢字|
|Романџи||Kanji|
|Виетнамски|
|Hán Tự/Chữ Nho||漢字|
|Quốc Ngữ (национално писмо)||Hán Tự|
Кинеското писмо се состои од знаци ("знак" - трад.
汉字; пинјин: hànzì; мак.
: ханце) кои се логограми за пишување кинески, јапонски, корејски, и (порано) виетнамски.
Неговите можни предходници се појавиле пред 8000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина.
Ова е веројатно најстарото писмо во историјата на човештвото.
Наспроти генералното мислење, само 4% од кинеските знаци се пиктограми (象形字); останатите 95% се логички агрегати (會意字) и пиктофонетици (形聲字), знаци составени од два дела — еден ел го означува значењето, а другиот звучноста.
Зборовите често се состојат од два или повеќе знака.
Бројот на кинеските знаци во рамките на речникот Кангси изнесува близу 47.035, иако голем дел од овие се ретко употребувани варијанти насобрани низ историјата.
Во Кина, за писмен се смета оној кој познава 2000 знаци.
Во кинеската традиција, еден знак соодветствува на еден слог, но изговорот варира по дијалект.
Лабавата врска помеѓу фонетиката и знаците има овозможено користење на писмото кај разни јазични семејства.
Фактичкиот облик на знаците варира од јазик до јазик.
Континентална Кина има воведено упростени знаци во 1956, но традиционалните знаци сѐ уште се користат во Тајван и Хонг Конг.
Јапонија има свои упростени знаци уште од 1946, додека Кореја ја има ограничено употребата на кинески знаци, а Виетнам го има отфрлено писмото и има воведено романизирана азбука.
Кинеските знаци поформално се нарекуваат и синографи, а системот синографија.
Јазиците кои имаат преземено синографија - и со ортографијата голем број на преземени зборови од кинескиот - се нарекуваат синоксеници без разлика дали моментано ја користат таа отрографија.
Изразот не подразбира било каква генетска поврзаност со кинескиот.
За главни синоксеници се сметаат јапонскиот, корејскиот и виетнамскиот.
|Оваа статија содржи кинески текст.
Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци .|
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Според една легенда, кинеското писмо било измислено од Цангџие (~ 2650 п.н.е.
), бирократ при легендарниот цар Хуангди.
Легендата кажува дека кога тој бил на лов на планината Јангси (денешна Шанкси), видел желка чии вени му го одземале вниманието.
Инспириран од можноста за логичка корелација помеѓу вените, тој почнал да ги изучува животните, терените, и ѕвездите, и измислил симболички систем нареченци (字) -- кинески знаци.
Според преданијата, дента кога кинеското писмо било измислено луѓето го чуле ѓаволот како оплакува, и виделе како житарки паѓаат од небото, бидејќи ова го означувало почетокот на цивилизацијата, за добро или зло.
Современите археолошки наоди укажуваат на порани, неолитски корени на кинеските знаци.
Најраните наоди на пишани зборови се најдени во Чијаху (賈湖), неолитско наоѓалиште во басенот на жолтата река во провинцијата [[Хенан], и датираат од ~ 6500 п.н.е.
Не се знае дали овие знаци биле дел од систем на пишување, но утврдено е дека имаат сличности со знаците утврдени како рано кинеско писмо.
Затоа се шпекулира дека овие записи се предците на кинеското писмо.
Артефакти со натписи од Давенкоу-културата (大汶口) најдени се и во околијата Чусјен, Шандунг, и датират од ~ 2800 п.н.е.
Во наоѓалиштето Ченцијаи (城子崖) во населеното место Лонгшан во Шандонг најдени се и фрагменти од коски со впишани букви кои се користеле за предвидувања кои датираат од 2500 - 1900 п.н.е., а во Тинггонг се најдени и симболи на грнци за кои некои сметаат дека се рана форма на писмо.
Слични симболи на фрагменти од грниња од Лиангчу-културата (良渚) најдени се и во долниот дел на долината на реката Јангце.
Иако најдените симболи изгледа дека се индивидуални, и затоа неоожеме да ги сметаме за писмо, коскените написи (2500 - 1900 п.н.е.)
за предивување на иднината од доцната фаза на неолитската Лонгшан (龍山) култура (~ 3200 - 1900 п.н.е.)
се сметаат (од некои) за рана форма на писмо, слична на најраните записи од Месопотамија и Египет.
Псоти можност дека овие записи се предци на коскеното писмо од времето на династијата Шанг и овие се сметаат за претходници на писмото од Елтитоу-културата и подоцна, писмата од династиите Шанг и Џоу.
Најраните написи за кои неоспорно претставуваат писмо се знаците од коскеното писмо (甲骨文 чиагувен, букв.
"писмо на оклопна коска"), кое било добро развиено писмо за време на династијата Шанг (или Јин (殷)), за кое се знае дека постоело од 1600 п.н.е.
(од Ченгџоу) и 1300 п.н.е.
(од Анјанг), заедно со многу малку логографи најдени на грниња и бронзени садоови, познати како бронзено писмо, кои е многу слично, но покомплексно и сликовито од коскеното писмо.
Само околу 1,400 од 2,500-те пронајдени коскени логографи можат да се поистоветат со подоцнежни кинески симболи.
Треба да се спомене дека овие 1,400 логографи се најчесто употребуваните.
Пишани стилови[уреди | уреди извор]
Најраните кинески знаци ги наоѓаме во коскеното писмо од доцниот период на династијата Шанг и во бронзените писма (金文 џинвен) на династиите Шанг и Џоу.
Овие писма не се употребуваат, туку се изучуваат чисто од академски побуди.
Првото писмо кое и денес се користи, но ограничено, е 篆書, 篆书 џуаншу ("печатно писмо").
Тоа има органски еволуирано од бронзеното писмо од династијата Џоу, и било прифатено во стандардизиран облик од првиот кинески цар, Ќин Ше Хуанг.
Печатното писмо, како што самото име кажува, денес се користи само кај уметничките пачати.
Денес малкумина знаат да го читаат без проблем, но уметноста на резбање на знаците и денес постои во Кина и Јапонија; некои калиграфи работат во овој стил.
Писмата кои и денес редовно се користат се "канцелариско писмо" (隸書, 隶书 лишу) од времето помеѓу династиите Ќин и Хан, споменичкото писмо Веи (魏碑 веибеи, видете Веибеи), "регуларното писмо" (楷書, 楷书 каишу) за печатење, како и "полуракописното писмо" (行書, 行书 Сјенгшу), во употреба како ракописно писмо.
Ракописното (草書, 草书 каошу, буквално "тревно писмо") не е во општа употреба, туку се користи чисто уметнички и калиграфски.
Тука се дадени основните облици на знаците, но истите не се конкретизирани и скратувањата се екстремни.
Овие ракоспини знаци не самошто се упростени, туку и стилизирани до точка на непрепознатилвост за тој што не ги знае.
Многу од упростените кинески знаци доаѓаат од ова упростено курзивно бликување на традиционалното писмо.
Како што кирилицата има заоблени ракописни букви кои одат горе-долу од линијата, кинеските знаци заземаат помалку или повеќе квадратен простор.
Знаците се сочинети од повеќе делови, при чија комбинација тие се збиваат — ова е случај особено со знаците пишани во Сонгти стил.
Заради ова, почетниците вежбаат во квадратно шпартана хартија.
|Древно писмо||Печатно писмо||Традиционално||Упростено||Макед.
транскр.||Значење|
|人||人||жен||Човек|
|女||女||ну||Жена|
|日||日||ж'||Сонце|
|月||月||јуе||Месечина|
|水||水||шуи||Вода|
|木||木||му||Дрво|
|馬||马||ма||Коњ|
|鳥||鸟||ниао||Птица|
|龜||龟||гуи||Желка|
|龍||龙||лунг||Змеj|
Обликување на знаците[уреди | уреди извор]
Во раното доба на кинеското писмо предоминирале пиктограми, кај кои можело веднаш да се воочи зналењето на облиците на знаците.
Со еволуцијата на знаците - потребата за претставување на аптрактни концепти и полесно пишување - со себе донела и поконцептуални знаци.
Околу 100 н.е., лингвистот Си Шен ги подредил сите кинески знаци во шест категории, имено лиушу' (六書), во неговиот речник на етимологија наречен Шуовен Џиеце (說文解字).
Иако овие знаци се можеби недоследни на карактерот на кинеското писмо, ова дело нашло широка употреба многу долго време.
Пиктограм (象形字 Сјангсингце)
Наспроти генералното мислење, само мал дел од кинеските знаци се пиктограми, кои го рефлектираат обликот на предметот кој го опишуваат.
Овие знаци се имаат упростено по еволутивен пат, за полесно пишување.
Примери се 日 (ж') - "сонце", 月 (јуе) - "месечина", 木 (му) "шума".
Не постои конкретен податок за бројот на пиктограми во денешното писмо, но пред 2000 години Си Шен ове се 4% од вкупниот број на знаци.
Идеограф (指事字, Жешеце)
Наречен и прост индикатив, проста идеографија или идеограм, ова е знак кој додава индикатор на пиктограмот за промена на значењето.
На пример, додека 刀 (дао) е пиктограм за "нож", со поставување на индикатор 刃 (жен), ова дава идеограм за "острица".
Други чести примери се 上 (шанг) за "горе" и 下 (сја) за "долу".
Бројот на знаците цо оцаа категорија е мал, бидејќи највеќето концепти можат да се претстават со знаци од други категории.
Логички агрегати (會意字, Хуијице)
Преведени и како асоцијативни сложенки, овие симболизираат апстрактни концепти со пиктограми.
На пример, додека 木 (му) е пиктограф за дрво, два 木 заедно дочинуваат 林 (лин), идеограм за "шума".
Спојување на 日 (ж') сонце и 月 (јуе) месечина создава 明 (минг) осветлено.
Си Шен проценува дека 13% од кинеското писмо спаѓа во оваа категорија.
Пиктофонетски сложенки (形聲字, Сингшенгце)
Наречени семантичко-фонетски сложенки, или фоно-семантички сложенки, овие се најголемата група на знаци во денешниот кинески јазик, кои врзуваат прост пиктограф со фонетици за образување на нови значења.
Примери се 河 (х') река, 湖 (ху) езеро, 流 (лиу) поток, 沖 (чунг) водна струја, 滑 (хуа) лизгаво.
Сите овие знаци започнуваат со клуч од три точки, упростен пиктограф на капки.
Другата страна е фонетски индикатор, главно хомофон или близу хомофон чиј изговор е сличен на оној кај првобитното значење.
Во 100 н.е., Си Шен категоризирал до 82% од знаците во оваа категорија, но по 2000 години овие сочинуваат 90%.
Пиктофонетиците ридонеле кон зголемување на зборовниот фонд на јазикот со голема брзина, но како што јазикот продолжил да еволуира, највеќето фонетици во пиктофонетските сложенки се изгубиле, и затоа нивниот состав е често произволен.
Тешко е да се поврзат овие знаци со релевантни предмети.
На приемр, клучот 貓 (мао) мачка е 豸(чи), пиктограф за црви; клучот 气 (чи) воздух исто така се користи за образување на знакот 氧 (јанг) кислород и 氨 (ан) амонијак.
Зајмување (假借字, Џуанџуце)
Наречени и фонетски позајмени знаци, постоеле и пред тоа, но се позајмени за употреба со друго значење.
Ова се случува кога еден концепт ќе се измисли усно, но нема знаци за да се напише.
Понекогаш новот значење заменува некое пред него.
自 (це) бил знакот за нос, но денес истиот се однесува само на поимот себе.
Старото значење на 萬 (ван) било пајак, но подоцна сосем се сменило во значењето десет илјади.
Како што расте бројот на знаците, лингвистите не сакаат да прават нови знаци врз овој принцип бидејќи тој ја игнорира логистиката за создавање на нови знаци.
Меѓутоа, потребата за пишување во дијалекти, особено Кантонскиот и Тајваннскиот во Хонг Конг и Тајван го има доста порширено бројот на овие знаци.
Придружна трансформација (轉注字, Чуанчуце)
Овие знаци првобитно значеле исто, но се поматиле преку правописните и семантичките текови.
На пример, 考 (као) потврди и 老 (лао) стар биле некогаш еден ист знак што значел "постаро лице", но подоцна се разделил на два засебни разбора.
Заради ретко ста на знаците од оваа категорија, асоцијацијата и трансформацијата се обдегнува или се комбинира со други современи знаци.
Правопис[уреди | уреди извор]
Кинеските знаци заземаат исто место заради нивниот квадратен блок-карактер.
Еден од најдобрите начини за добар старт за поченици е вежбање во тетратка со квадрати, наменета за стандарди вежби во училиштата за нормално пишување и калиграфија.
Покрај строгоста на зафатнината, кинеските знаци се пишуваат според мошне строги и прецизни правила.
Трите најважни правила се потезите во употреба, нивното позиционирање и редот по кој се пишуваат (потезен редослед).
Нјавеќето зборови можат да се напишат само само еден поезен ред, иако некои други имаат варијатни, што може да резултира во поинакви броења.
На поголемо, кинескиот текст традиционално се пишува од горе надолу, па од десно на лево, но денес многу почесто се гледа европската ориентација.
Речиси сета интерпункција била исто така позајмена од Западот, но има некои исклучоци: на пример, имињата на книгите се пишуваат со брановидни црти од десно во вертикален текст, или затворени во посебни двошилести загради во хоризонтален текст.
Чести грешки во пишувањето на кинеските знаци се грешен правец на потезите, грешен потезен редослед, грешна должина и место на потезите ралативно на другите потези, како и тежините дадени на разните делови од потезот.
Секоја грешка е јасно видлива за писмениот човек, и затоа ова се смета за срамота бидејќи е знак на неписменост.
Во култура каде ученоста е највисоката доблест, ваквите епитети се многу непожелни.
Употребата на упростени наспроти традиционални знаци прилично варира, и зависи од локалниот обичај и медиумот.
НР Кина официјално го употребува упростениот систем, додека Хонг Конг, Макао и Тајван ги имаат задржано традиционалните.
Покрај ова, постои и посебен систем за пишување на бројки во финасиски контекст; овие се модификации и адаптации на оригиналните прости бројки, намерно усложнети за спречување на фалсификувања и неавторизирани менувања.
Реформи: Упростување[уреди | уреди извор]
Упростувањето на писмото се случило во времето на НР Кина, иако ова јасно се заснова на претходни трендови и веќе вкоренети практики.
Бројот на кинеските знаци[уреди | уреди извор]
Бројот на кинеските знаци сѐ уште е предмет на дебата.
Стандардниот речник Кангси вели дека стандарниот јазик има 40.000 знаци, додека современиот Џунгхуа Цехаи ѝ дава повеќе од 80.000.
Ова се должи на сите знаци во употреба кај дијалектите, како и големиот број на варијанти на пишување на зборови (многу од кои биле вон употреба дури и во Класичниот кинески).
Меѓутоа треба да се спомене дека не постојат два знака кои се контекстуално идентични.
Огромниот број на кинеските знаци се должи на нивниот логографски карактер — за секоја морефема е потребен глиф, а за истата морфема понекогаш се развивале и варијантни знаци.
Покрај ова, во столетијата по стандардизацијата на кинеското писмо од страна на царот Ќин Ше Хуанг до џуаншу, литератите го умножиле вкупниот корпус на знаци со модификација на постоечки знаци ала сингшенгце (形聲字) методот—со преиначување на клуч од еден хомонимен знак за добивање на посебен глиф за нови зборови или зборови кои дотогаш биле хомографи.
Исто така се вели дека толкавиот број на знаци се користи и за да се поделат академците од обичниот народ.
Кинески[уреди | уреди извор]
Обино се вели дека човек е писмен ако знае да чита 2.000 знака (за да чита весник, да речеме), а добро образованата личност треба да знае над 4.000 до 5.000 знака.
Се разбира, треба да се напомене дека познавањето на секој знак не е нужно, бидејќи највеќето зборови, за разлика од нивните Древни и Средни предци, се биморфемски сложенки, т.е.
сочинети од два обични чести знака.
Покрај ова постои и голем корпус од дијалектни знаци, кои не се користат во формалноото пишување, но за разните локални колоквијализми.
Таков е пишаниот кантонски во употреба во Хонг Конф.
Во Тајван пак, постои друг неформален корпус на знаци за дијалектот Мин Нан.
Најчести знаци[уреди | уреди извор]
Ова се петстотина (500) најчесто употребувани кинески знаци.
Според истражувањата, овие 500 знаци претставуваат 72.1% од знаците кои се употребуваат во класичните и современите текстови.
的 一 不 是 了 人 在 有 我 他 这 为 之 来 大 以 个 中 上 们 到 说 国 和 地 也 子 时 道 出 而 要 于 就 下 得 可 你 年 生 自 会 那 后 能 对 着 事 其 里 所 去 行 过 家 十 用 发 天 如 然 作 方 成 者 多 日 都 三 小 军 二 无 同 么 经 法 当 起 与 好 看 学 进 种 将 还 分 此 心 前 面 又 定 见 只 主 没 公 从 知 使 部 本 动 现 因 开 些 理 长 明 样 意 已 月 正 想 实 把 但 相 两 民 她 力 文 等 外 第 王 高 问 太 头 情 西 机 它 回 并 间 手 四 关 重 应 工 性 全 门 老 点 身 东 由 何 向 至 物 战 业 被 政 内 五 儿 及 入 先 己 安 或 利 很 最 书 制 美 山 体 什 新 话 名 曰 合 加 世 平 水 常 果 位 信 度 产 立 声 南 代 走 女 言 马 金 处 便 通 命 特 给 数 次 海 今 表 原 斯 义 各 州 化 口 任 真 才 几 教 官 少 司 德 解 神 则 必 兵 气 打 员 再 论 别 听 提 万 死 更 比 受 百 做 尔 即 元 报 直 白 总 非 建 夫 北 未 张 令 反 士 师 许 条 变 系 计 且 认 目 光 管 路 接 城 活 保 结 题 却 指 感 难 量 务 治 取 场 思 电 空 边 统 件 期 克 帝 亲 复 住 请 市 六 放 风 资 求 史 色 形 望 传 八 府 眼 领 清 决 笑 告 叫 队 强 往 区 交 武 达 社 权 科 九 设 李 观 记 改 展 字 故 品 议 象 花 七 完 林 基 服 带 据 界 云 觉 像 院 飞 远 收 石 众 车 候 类 程 转 共 千 式 失 流 每 该 朝 始 连 术 近 格 济 干 运 怎 步 台 让 江 河 识 规 拉 切 极 持 若 英 争 功 深 备 造 阳 快 集 布 尽 周 宗 病 华 称 罗 爱 导 确 呢 办 节 根 击 商 陈 火 兴 京 注 虽 杀 父 存 臣 准 广 首 乎 具 甚 黄 满 容 单 联 调 吃 古 算 坐 早 引 须 离 证 约 母 组 房 曾 似 易 随 精 视 尚 断 乃 影 除 青 初 息 守 党 半 县 轻 质 语 越 况 举 皇 钱 历 留 乐 章 照 器 写 团 诸 闻
Писменост[уреди | уреди извор]
Се смета дека потребно е познавање на 2.000 знаци за основна писменост во јазикот (на пример, за читање на кинески весник).
Учените луѓе знаат над 4.000 - 5.000 знаци.
Македонска транскрипција[уреди | уреди извор]
За жал, утврдена транскрипција на кинескиот во македонски јазик сѐ уште не постои.
Како и при транскрипција на сите други јазици, македонскиот го користи сопствениот фонетски систем на пишување за најблиско доловување на звуците на кинескиот јазик.
Ова сепак, не е стандардизирано и често наоѓаме недоследности.
Општо земено, македонската транскрипција се темели на системите пинјин и Вејд-Џајлс како писмено најблиски до вистинскиот кинески изговор.
Таа се базира на српската транскрипција создадена (но сепак неофицијализирана) во 2005, но со извесни прилагодувања и измени во согласност со карактерот на македонската фонологија и правопис.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Bellassen, Joël & Zhang Pengpeng (1989).
Méthode d'Initiation à la Langue et à l'Écriture chinoises.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Кинески јазик
- Потезен редослед
- Фонологија на кинескиот јазик
- Македонска транскрипција на кинескиот јазик
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|"|
- Учете кинески знаци (англиски)
- Статии за кинески знаци (англиски)
- Кинеско писмо и јазик (англиски)
- Историја на кинеското писмо (англиски)
- Научете да пишувате кинески знаци (англиски) | fineweb-2 |
Пливање, скокови, спринт, фрлање ѓуле и трчање на долги патеки.
Германскиот рекреативен спорт знае да биде многу напорен.
Веќе 100 години се доделуваат медали за исполнети норми за секоја возрасна категорија.
На почетокот за тогашните признанија за повеќестрани постигнувања во телесни вежби смееја да се кандидираат само мажи.
На жените не им беше дозволено.
Во 50-тите години на минатиот век, времето на економското чудо, се' се промени.
Со подемот растеа и стомаците.
Медицинарите беа загрижени - многумина Германци избегнуваа физички активности, мажите одеа на фудбалските стадиони само за да гледаат спорт, но не и самите да спортуваат.
"Десетици илјади секоја недела седат на трибините, стотици илјади пополнуват лото-ливчиња, но само осум проценти имаат редовни спортски активности", објаснува еден лекар.
Доделувањето медали требаше да ги поттикне луѓето повеќе да спортуваат.
Во 1952 година, по половина век, конечно и жените, како Маргарете Стривен од Хамбург, можеа да учествуваат.
"Јас секогаш можев добро да скокам, ми одеше и фрлањето ѓуле, секако и пливањето.
Но, секогаш хорор ми беа спринтовите.
Навистина тренирав, тренирав и тренирав, но некако најтешко ми паѓаше", вели Маргарете Стривен, сениорка со спортски признанија.
Таа тренира по дожд и по сонце и конечно успеа 75 метри да истрча за 20 секунди.
Тоа беше доволно за да добие медал.
Во 70-тите и 80-тите години медалите беа посакуван трофеј во рекреативниот спорт.
Учествуваа семејства, училишни одделенија, цели групи од спортски секции во претпријатија.
Дури и највисоките државници на земјата ги ценеа спортските активности.
Поранешниот сојузен претседател Рихард фон Вајцзекер, на пример, секоја година се бори за спортско-рекреативните медали.
И Маргарете Стривен е трудољубив колекционер на тие признанија.
До денес собрала 52 одличја за некои спортисти.
Таа учествува и на светските првенства во атлетика за сениори.
Најомилена дисциплина и' е скок во височина.
Еднаш дури стана и светска првенка.
Тогаш веќе имаше над 80 години.
"Стоев тука осамена и скокнав.
Ја турнав летвата.
Скокнав уште еднаш, пак исто.
Дури во третиот обид успеав.
Тогаш бев многу среќна.
Тоа се такви внатрешни чувства, што не можат да се опишат.
Добив вистинска треска", објаснува Маргарете Стривен, сениорка со спортски признанија и додава: "Сакате да видите еден светски првак?
Еве го овде!"
На спортските натпреварувања Маргарете Стривен освои повеќе од 80 медали.
Но, најважен трофеј и' е медалот за рекреативци од 1955 година.
Денес има 89 години и не ни помислува да престане да спортува.
"Се' додека можам, ќе се борам за диплома, а кога веќе не ќе оди, тогаш сепак ќе одам надвор и што и да е ќе тренирам.
Ќе земам ѓуле в рака, малку ќе трчам, ќе скокам во височина", вели Стривен.
Како Маргарете Стривен, мината година во Германија 900 илјади спортски рекреативци ги исполнија условите за добивање медал. | fineweb-2 |
Право е збир на норми, правни правила со кои се уредуваат односите помегу поединците во една држава, чии што однесувања треба да бидат во согласност со истите и во чии рамки се предвидуваат казните за оние што ќе ги прекршат тие правила.
Во поширока смисла, под поимот право се подразбира општествена применета наука.
Прочитајте повеќе
Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните.
Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази.
За опсежен преглед, видете Вавилонско право.
Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот.
Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита.
Прочитајте повеќе
Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија додека се криел од своите политички непријатели.
Тејлор напишал (како што е цитирано во "Освртти") "Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт—тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб."
Неговата фамилија, од родот Тулиј, биле едни од земјопоседниците и благородници во Арпинум и поседувале слава и богатство поголеми од другите фамилии во Арпинум, Марии. | fineweb-2 |
Заб
Забите (лат.
dentes) се цврсти структури, сместени во забни јамички (алвеоли) на горната и долната вилица од устата.
Тоа се структури кои се наоѓаат во вилиците на многу 'рбетници.
Во дигестијата учествуваат со механичкото ситнење на храната, а кај некои животни, особено кај месојадните животни, се користат како оружје.
Палеонтолозите ги користат забите на цицачите да ги идентификуваат фосилните видови, и често, нивните односи.
Обликот на забите е поврзан со исхраната на животното, како и со неговото еволутивно потекло.
На пример, растителните материи се тешки за варење, така што тревопасците имаат повеќе катници за џвакање.
На месојадците им се потребни секачи за да убиваат и да раскинуваат, и бидејќи месото е лесно за варење, тие може да голтаат без да имаат потреба од катници за разџвакување на храната.
Се разликуваат две генерации на заби: млечни и трајни.
Млечните се 20 на број и се појавуваат меѓу 6 и 12 месец од животот.
Постојаните се 32 на број и ги заменуваат млечните меѓу 6-та и 8-мата година.
На секоја вилица се распоредени по 16 заби, односно по 8 на секоја половина.
Забите се разликуваат по формата, бројот и функцијата.
Врз основа на функцијата што ја имаат во варењето, поделени се на: секачи (4), кучешки (2), преткатници (4) и катници (6).
Додека луѓето имаат две генерации на заби, некои животни имаат многу повеќе: на ајкулите им расте нова генерација на заби секои две недели.
На некои други животни им расте само една генерација заби.
Забите на глодарите растат и се трошат постојано преку глодањето на животнотот, одржувајќи постојана должина.
Делови на забот[уреди | уреди извор]
Забите се состојат од три дела:
- Коронка (круна) - надворешниот, видлив дел од забот
- Корен - делот од забот кој е всаден во виличните коски
- Врат на забот - тесен дел кој ги поврзува коронката и коренот на забот
Иако на прв поглед забите изгледаат компактни, тие се изградени од повеќе ткива кои заедно им ја даваат потребната отпорност и цврстина.
Внатрешност на забот[уреди | уреди извор]
Во внатрешноста на секој заб се наоѓа забната пулпа (она што во народот е неправилно познато како "нерв" на забот) во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло/студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво.
Заедно со другите клеточни елементи, крвните и нервнте садови ја исполнуваат пулпината комора која преку коренските канали е поврзана со околното ткиво околу врвовите на корените.
Пулпината комора надворешно е ограничена со помош на средниот слој - дентинот.
Дентинот го изградува најголемиот дел од забот и покрај неговата цврстина (која е поголема од цврстината на коските) тој има и голема способност за прилагодување и по потреба се создава целиот живот, но само додека е здрава и пулпата, која го исхранува овој слој.
Во нивото на коренот, дентинот е покриен со цемент - цврсто ткиво кое го штити коренот на забот, и заедно со другите ткива од периодонциумот го поврзува забот за забната чашка - алвеолата.
Во нивото на забната коронка, дентинот е покриен со емајл (глеѓ) - кристална супстанција со најголема отпорност во човековото тело, која служи за спречување на кариес.
Емајлот се создава пред никнувањето на забот и неговата градба е дефинитивна - во текот на животот не може повторно да се создаде.
Затоа е значајно да се посвети внимание на правилната исхраната на жените во периодот на бременоста и на децата пред никнувањето на трајните заби.
Види уште[уреди | уреди извор]
|"|
- Топографско-анатомско обележување на забите
- Посебни морфолошки карактеристики на забите
- Дентална номенклатура
- Кариес
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Комплетан стоматолошки лексикон (германски)
- Анатомија на забите (англиски)
- Савети за подобри здрави заби (англиски)
- Веб сајт за забите (англиски)
- Табела со раст на забите (англиски)
- Приказни на луѓе на кои им пораснал трет заб (англиски)
- Нова технологија за повторно постигнување на растот на забите (англиски)
- Статија за забите, као украс на човекот од каменог доба. | fineweb-2 |
Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на
веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
Работи кои треба да ги направите на вашиот 21 роденден
Година по година, вашиот роденден станува еден од вашите најдобри прослави, особено кога станува збор за вашиот 21 роденден - возраст за која науаката вели дека е почетокот на вашата зрелост.
Бидејќи е вашиот 21 роденден, потребно е да се забавувате - еве како.
Започнете со шампањско
- Започнете ја вечерта со шише шампањско.
Веројатно не изгледа толку екстравагантно како што е во повеќето филмови, меѓутоа вреди да се проба.
Наздравете - Имате 21 година позади вас со вашите најдобри пријатели и семејство
.
Наздравете за уште повеќе родендени и весели моменти.
Соберете 21 паричка до крајот на ноќта
- Прашувајте случајни личности и минувачи да ви дадат по една паричка, се додека не соберете 21.
Влезете во шанкот и направете пијалок
- Замолете го/ја шанкерот/ката да влезете во шанкоти сами да направите пијалок од вашите омилени пијалоци.
Убедете некого дека го знаете иако не сте го сретнале никогаш во животот - Преправајте се дека сте биле заедно во средно училиште, и кажете му дека многу ви недостигал.
Ова е добар начин да запознаете "стар" пријател.
Искористете клише фраза за да добиете телефонски број од некој којшто ви се допаѓа -
Постојат голем број клише фрази кои порано успевале во текот на флертувањето.
Изберете една и обидете се да го/ја освоите.
Убедете некого дека сте од различна држава -
Преправајте се дека зборувате со австралијански или британски акцент.Bloody ell it's my birthday!
Испејте песна на кареоке
- Нитуеден роденден не би бил интересен доколку не ја испеете вашата омилена песна.
Искористете го машкото ВЦ
- Забавно!
Бакнете непозната личност
- Внимавајте да не биде зафатен/а, па да си имате проблеми на роденденот. | fineweb-2 |
NlKoLa MaCeDoN
Здраво еМакедонци !
За тие што не знаат - а ги има многу такви, еве ви неколку линкови за полесно да си ја пресметате штетата, да видите дали договорите ви се исплаќаат или не, полесно да најдите битка за да фатите медал и слично.
http://egov4you.info/ - Еден од најважните сајтови за eRepublik.
На неа можете да видите голем број на статистики, за секоја држава, сојуз, играч.
Колку штета направил секој играч, секоја држава, колку војници има една држава и многу други статистики.
http://www.erepublikanalyzer.com/BuscadorBH.aspx - Многу корисен сајт, кога станува збор за БХ ловците.
Едноставно внесувате колку штета може да направите и време.
Ако сте Д1 и сакате да фатите медал со 50 000 штета, внесувате 50 000 и 30 мин до крај на битка и тоа ви ги прикажува сите битки кој што ќе завршат за 30 мин а е направена штета помалце од 50 000.
http://erep.hostei.com/strength-calculator/
http://ereptools.info/train
http://erep-stats.com/calculators/
http://erep.root.se/
Овие четири сајта се корисни кога сакате да ја пресметате штетата што може да ја направите, дали ви се исплаќаат Тренинг Договорите и сл.
http://battle-watcher.com/campaigns/last/ - Овај сајт ги прикажува сите битки во реално време исто така корисен за БХ ловците, има и архив од завшените битки и други опции.
АКО НЕКОЈ ИМА ДРУГИ КОРИСНИ ЛИНКОВИ ПИШЕТЕ ГИ ВО КОМЕНТАР ДА ГИ СПОДЕЛИМЕ СО ДРУГИТЕ, ОДНОСНО ПОМЛАДИТЕ ИГРАЧИ !
Статијата е преземена од тука.
Поздрав,
NlKoLa MaCeDoN
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Хофре Борџија
Хофре Борџија ([PHONE]) бил најмладиот син на папата Александар VI и неговата љубовница Ваноза Катај.
Тој е брат на Лукреција Борџија , Чезаре Борџија и Џовани Борџија.
Хофре се оженил за Санча од Арагон, ќерка на неаполскиот крал Алфонсо II.
Како мираз го добил принципатот Сквиллаче, а по политичките превирањата во Неаполското кралство, го добил округот Алвито (1497).
Хофре и Санча, имале 12 и 16 години кога бил склучен нивниот брак, има претпоставка дека тие биле модели за момчето и девојката на уметникот Пинтурчио за неговата Расправа на Св.
Катерина каде биле преставени како млад пар во љубовта.
Бракот бил политички.
Алфонсо II прифатил неговата ќерка да се омажи за Хофре во замена за признавање на правото над неаполскиот престол од страна на папата Александар VI.
Меѓутоа по склучувањето на бракот политичката состојба се променила.
Францускиот крал Шарл VIII претендирал над Неаполското кралство и навлегол во Италија по што започнала војна помеѓу Шпанија и Франција.
Во текот на овој период Хофре и Санча претежно живееле во Рим, каде наводно Санча имала афера со постарите браќа на нејзиниот сопруг, Чезаре и Џовани.
Според некои извори, Хофре бил во лоши односи со својот татко папата Александар VI.
Тој го сметал својот син за слабак поради недостаток на интерес за политиката и јавно го оспорил своето татковство над Хофре.
Во 1497 година папата Александар VI јавно ја објавил невиноста на Хофре во врска со убиството на неговиот брат Џовани Борџија, бидејќи имало многу гласини дека Ховре е всушност главниот инспиратор на убиството, пради наводната љубовна афера помеѓи Џовани и Санча.
За време на војната на [PHONE], кога Шарл VIII од Франција се обидел да го освои Неапол, Хофре застанал на страната на Франција, но кога тој бил заробен од Просперо Колона ја сменил страната и се приклучил на Шпанците.
Таквиот потег предизвикал бунт во Алвито.
Хофре го испратил кондотиерот Фабрицио Колона во 1504 година да го задуши бунтот, кој го платил со парите од папскиот трезор кои ги стекнал по смрта на својот татко папата Александар VI.
По задушувањето на буната ја воспоставил својата власт во Алвито и Сквиллаче.
Вториот брак на Хофре бил со Марија де Мила, тие имаале деца четири, најстариот од нив, Франческо Борџија ја наследи неговата земја и титулата на принц од Сквиллаче.
Потомците на Хофре упарвувале со Сквиллаче се до 1735 година кога оваа гранка на фамилијата Борџија исчезнала.
Извори[уреди | уреди извор]
- Sarah Bradford, Lucrezia Borgia, Milano, Mondadori, 2005. | fineweb-2 |
Старото име на Никозија било Ледра.
Денешното име на градот е добиено во времето на Лузињската власт, иако во античкото време се јавува и називот Лефктоеа.
Името Никозија се појавило со доаѓањето на Лизањи.
Феанцуските крстоносци не можеле или не сакале да го изговараат името Лефкозија, па затоа градот го нарекле Никозија.
Ледра, денес е име на најпопуларната трговска улица во Никозија.
Левкозија е значаен град на Кипар, кој не се наоѓа на море.
Од друга страна градот е сместен друи во центарот на островот.
Од вториот град по големина на островот, Лимасола, Левкозија е оддалечен 75 километри.
Левкозија се наоѓа во пространата рамнина во центарот на Кипар, Месаори, на надморска височина од 145-150 метри.
Градот се формирал на место каде што рамницата е најкратка, т.е.
на местото каде две најзначајни палнини на Кипар, Тродос и Керинејски планини, најмногу се доближуваат.
Затоа градското предградие на југот и северот веќе завземаат дел од брегот. | fineweb-2 |
Историја на литературата
Историја на книжевноста
Арапска книжевност
Грчка книжевност
Египетска книжевност
Индиска книжевност
Јапонска книжевност
Кинеска книжевност
Македонска книжевност
Персиска книжевност
Римска книжевност
|Книжевност|
Основни облици
|Родови|
|Извори|
|Форми|
|Историја и списоци|
|Дискусија|
Историја на книжевноста или историја на литературата го проследува развитокот на литературата и литературните процеси во контекст на цивилизацискиот развој на човештвото.
Настојува да прибере што повеќе податоци за литературните состојби на определен период, има научноистражувачки карактер, во постојана потрага е на нови текстови од архивската граѓа, кои би придонеле за расветлувањето на дадениот период.
Оваа наука настојува да ги протолкува сложените врски и односи на литературата и општеството.
Може да биде фкусирана на различни подрачја: историја на оддела (национална) литература, споредбена (компаративна) литература и општа (светска) историја на литературата.
Содржина
- 1 Најстарите литератури на светот
- 2 Антика
- 3 Хебрејска литература
- 4 Средновековна литература
- 5 Наводи
Најстарите литератури на светот[уреди | уреди извор]
Денес немаме друг начин да дојдеме до најстарите култури освен преку археолошките ископини и пишаните споменици кои се зачувале до денес.
Долго време за најстари литератури се сметаа египетската, индиската и хебрејската.
Но, кон крајот на 19 век се открија ископините на Сумерското Царство, кои покажаа развиена цивилизација, а на глинените плочи покрај другите написи до нас дојде Епот за Гилгамеш.
Овој еп се смета за најстариот пишан литературен текст воопшто, потекнува од пред околу 3 до 4 илјади години пред новата ера.
Асиро-вавилонска литература[уреди | уреди извор]
Пред три илјади години на територијата на денешен Ирак, меѓу реките Тигар и Еуфрат (Месопотамија) постоело Асиро-Вавилонско Царство.
Таму, главни културни центри биле градовите Вавилон и Урук.
Вавилонската кула била величествена архитектонска градба, храм кој достигнувал до "облаците" за да им се приближи човекот на боговите.
(Во "Библијата" има приказна за градењето на Вавилонската кула).
Усното творештво создавано на сумерски јазик се претпоставува дека било запишано околу 2000 п.н.е., а создавано стотици години пред тоа.
Записите се пронајдени при крајот на 19 век, во библиотеката на еден храм во градот Нипур.
Пронајдени се циклуси песни од кои најинтересни се песните за Гилгамеш.
Тие претставуваат еден вид епска поема.
Дел од песните имаат историска содржина во кои е опишана војната меѓу градовите Урук и Киш.
Војската на Урук ја предводел Гилгамеш, а војската на Киш - Акој.
Војната е прикажана многу реалистички.
Другите песни имаат митолошки карактер и во нив се претставени многу сумерски богови и божици, како и борби со чудовишта.
Еден дел од песните се рефлексивни - исполнети со мисли за животот и смртта, бесмртноста и славата.
Епот за Гилгамеш се состои од 12 плочи, 12 пеења, кои може да ги поделиме на два дела, две тематски целини:
- во првите седум плочи се опишани херојските подвизи на Гилгамеш и неговиот пријател Енкиду;
- во останатите пет плочи е опишан патот и страдањата на Гилгамеш во потрагата по вечниот живот.
Бесмислено е да бараме вечен живот, но нашите дела можат да нè направат бесмртни - тоа е идејата во поемата.
Индиска литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Индиска книжевност
Меѓу најстарите пишани текстови зачувани до денес се и Ведите, напишани на древен ведски јазик - санскрит.
Тие се дел од таканаречената индиска книжевност.
Името на Ведите потекнува од зборот "вид", што на санскрит значи: увид, знаење.
Еден од најголемите непријатели на човекот, се тврди во Ведите, е незнаењето.
Се смета дека постоеле 108 Веди, но денес се останати само четири: Ригведа, Самаведа, Јаџурведа и Атхарваведа.
Во нив е содржан целокупниот поглед на светот на еден стар народ.
Химните содржани во Ведите се исполнети со радост и восхит за постоењето, а видливиот свет се смета дека опфаќа само една четвртина од целокупното постоење.
Од сите овие најважна е Ригведата која содржи 1017 химни составени од ведски формули и мантри.
За истражувачите е интересна и Јаџурведата, затоа што во неа е сместена легендата за потопот, која ја има и во Епот за Гилгамеш, а подоцна и во Библијата.
Втората фаза од индиската литература е појавата на Упанишадите, кои биле тајни учења наменети само за посветените.
Во овој период се вбројува и создавањето на двата големи епа Рамајана и Махабхарата, т.е.
од првото илјадалетие пред нашата ера.
И двата овие епа зборуваат за борбата меѓу доброто и злото.
Египетска литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Египетска книжевност
Египетското писмо настанало за време на Средното Египетско Царство, а старите Грци го нарекле хиероглифи (света резба), затоа што оделе во Египет за да учат од тамошните мудреци астрономија и геометрија.
Најстарите зачувани текстови се наречени "Текстови на пирамидите", и се врзани за елиополиската космогонија.
Од средното и Новото Царство меѓу религиозните и магиските дела најпознати се: "Текстови на саркофазите" и Египетската книга на мртвите, која содржи 12 поглавја.
Од подоцнежниот период потекнуваат и разни други дела.
Филозофските приказни, на пример за двајцата скарани браќа чии имиња се Вистина и Лага, или приказната за "Проколнатиот принц", каде темата е судбина; авантуристичкиот расказ "Приказната за бродоломникот", која веројатно била урнек за поновата приказна за Синбад морепловецот.
Лирскиот зборник "Песни од реката" изобилува со љубовна поезија, во која се опева радоста на животот.
Кинеска литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Кинеска книжевност
Иако не е најстара, кинеската литература има најдолга историја на ист јазик.
Најстарите пишани споменици кои потекнуваат од вториот милениум пред нашата ера, немаат литературна вредност.
Тука спаѓа книгата со пророштва И Чинг ("Книга на промени"), една од најнеобичните книги кои постојат.
Најважното дело на таоизмот е Тао те кинг ("Патот на доблеста"), стихови кажувани од мудрецот Лао Це, кој самиот ништо не пишувал, туку делото го напишале неговите ученици.
Така тој се вбројува меѓу ретките умови на човештвото кои ништо самите не напишале, слично на Буда, Сократ, Исус и Мухамед.
Од книжевен аспект, најважно од класичните дела е Ши Кинг (1200-500 г.
Ова е зборник на најстарата кинеска поезија, на која се воспитувале сите генерации кинески поети.
Од 3000 песни, изборот содржи само 305, а изборот му се припишува на Конфучиј.
Антика[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Античка книжевност
Антика е термин кој го означува периодот на европската политичка и културна историја во кој водечка улога имале стара Грција и Рим.
Антиката го опфаќа периодот од околу 15 векови, од 1000 година п.н.е.
н.е., помеѓу падот на Западното Римско Царство (476) и затворањето на паганските философски училишта во источното, Јустинијаново царство.
Старогрчка литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Грчка книжевност
Старогрчката литература е најстарата запишана литература на територијата на денешна Европа.
Таа се создавала врз основата на старогрчката митологија.
Литературните почетоци се врзуваат за еолските и јонските градови во Азија, каде што се развила поезија во која се опевале подвизите на легендарните јунаци.
Од таа богата книжевност останати се две ремек-дела Илијада и Одисеја, а името на човекот кој ги испеал - Хомер.
Од 8 век п.н.е.
потекнува спевот "Теогонија (Раѓање на Боговите)", кој го испеал Хесиод.
Додека Хомер се смета за татко на јуначкиот еп, Хесиод пеел митолошко-поучен еп, кој зборува за настанувањето на светот.
Меѓу 7 век п.н.е.
и 5 век п.н.е.
културата и уметничкиот живот биле многу богати.
Во големите светилишта Делфи и Олимп се одржувале светите игри, религиозни фестивали на кои се натпреварувале спортисти, но и поети.
Книжевните дела на поединци биле високо вреднувани.
Најстар вид лирска песна била елегијата, која на почеток воопшто не била тажна песна, туку морализаторска, која поучува.
Елегии пишувале Калин од Ефес, Тиреј од Спарта, како и Солон, атинскиот законодавец.
Меѓу најпознатите лирски автори се: поетесата Сафо, Анакреонт кој ја опевал животната радост, љубовта и гозбите, Пиндар, автор на обемно дело од кое останале зачувани само Епиникиите, и други.
Театарската уметност се развила во три драмски облика: трагедија, комедија и сатирска игра.
Публиката која ја следела претставата се поистоветувала со главниот јунак и со неговата способност да се жртвува себеси заради некое општо добро.
На тој начин, гледачот се подготвувал за херојски дела.
Првите претстави се играле во самите храмови, а подоцна се граделе камени амфитеатри, кои ја зголемувале звучноста на сцената.
Во Македонија такви амфитеатри има во ископините на Стоби, во Хераклеја и во Охрид.
Староримска литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Римска книжевност
Римската или латинската литература се развивала под влијание на хеленската и затоа нејзината вредност е двојна - таа не е само одраз на развитокот на римското робовладетелско општество, туку е и ризница во која се сочувани некои дела на хеленски научници и поети, чии оригинали се изгубени.
Римската литература може да се подели на неколку периоди: докласичен (до 80 год.
), класичен (од 80 п.н.е.
до 120 год.)
и посткласичен период (од 120 год.
до почетокот на VI век).
Според ова, таа опфаќа цели осум векови.
Хебрејска литература[уреди | уреди извор]
Главно дело на еврејската традиција е Библијата.
Зборот biblia на старогрчки јазик значи книга.
Од нејзиното комплетирање во 4 век од нашата ера, кога Европа преку Византија и Рим официјално го прифаќа христијанството, и сè до ренесансата, сите одговори европскиот човек ги барал во оваа "Книга над книгите".
Таа е разновидна збирка на текстови кои настанале во долг временски период, почнувајќи од 13 век п.н.е.
Поделена е на два дела: Стар Завет и Нов Завет.
Стариот Завет е света книга на јудаизмот, содржи 50 книги во кои се изнесува историјата на еврејскиот народ од најстари времиња до појавата на Исус Христос.
Новиот Завет содржи 27 книги во кои се зборува за делата на Исус Христос и неговите апостоли.
Средновековна литература[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Средновековна книжевност
Средновековната книжевност е создадена во духот на актуелните општествени сознанија со доминантен акцент на црковната христијанска идеологија.
Средновековните романи и раскази биле омилен жанр, покрај христијанските и библиските содржини.
Средновековната литература е составена од богат систем на жанрови и родови.
Скоро сите жанрови биле преземени од византиската литература.
Основната структура се градела врз библиските текстови.
Расказите и романите биле преводи или преработки на тогаш најпознатите светски дела, со белези на рицарски морал.
Првите оригинални раскази настанале во периодот од 9 век до 12 век.
Меѓу романите, најстар и најпознат е "Романот за Александар Македонски", кој потекнува од 2 век или 3 век, напишан од Псевдо-Калистен од Александрија.
Овој роман е поставен на фантастична основа, со интересно испреплетени легендарни приказни за Александар Македонски, како и историски податоци за него.
Средновековна словенска писменост[уреди | уреди извор]
Sредновековниот период во Македонија се карактеризира со дејноста на две книжевни школи: Охридската и Кратовската.
Ракописите од Охридската и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на црковнословенскиот јазик.
Средновековна англиска книжевност[уреди | уреди извор]
- Главна статија: Англиска книжевност
Оваа книжевност се дели во три категории: религиозна, љубовна и артуровска.
Меѓу најдобрите дела од овој период се сметаат "Орачот Пирс" од Вилијам Ленгленд, "Кантербериски приказни" од Џефри Чосер и "Сер Гавејн и зелениот витез".
Најзначајниот автор од ова време е Џефри Чосер, кој пишувал кон крајот на 14 век.
Чосер често се смета за таткото на англиската книжевност и за прв автор кој ја покажал уметничката сила на народниот англиски јазик, наспроти францускиот или латинскиот.
"Кантербериски приказни" му се најважното дело.
Дека имало повеќејазична читателска публика во 14 век може јасно да се покаже со примерот на Џон Гауер, кој пишувал на латински, средноанглиски и англонормански.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Група автори: "Македонски јазик и литература", Просветно дело, 2006, стр.
122
- Група автори: "Македонски јазик и литература", Просветно дело, 2006, стр.
191
- Група автори: "Македонски јазик и литература", Просветно дело, 2006, стр. | fineweb-2 |
После подолго набљудување на нашите "писатели" и нивниот стил на пишување, дојдов до еден заклучок: Не знаете правописен Македонски!!!!
Значи, не се работи за дијалекти, тука не може ништо да се направи, но кога 50% од нашиве писатели ја ко … read more »
Гледајќи ја мапата, случајно ја зебележав и Јапонија, земја која се граничи на запад со Кина.
Па си помислив: Штом веќе сме решиле да одиме до Кина, тогаш можеме слободно да се прошириме и до Јапонија.
Јапонија е земја што располага со 4 ресур … read more » | fineweb-2 |
Во продажба новогодишни елки од чисто злато (фото)
родавницата за ексклузивни јувелирски производи "Гинза Танака", која се наоѓа во центарот на најпознатиот трговски кварт на Токио Гинзапоново, одлучи да продава посебни елки наменети за оние кои ексклузивно сакаат да ги дочекаат Божик и Нова Година, па стави во продажба новогодишна елка од чисто злато чија цена е 500 милиони јени (околу пет милиони долари).
Како што јавуваат јапонски медиуми, висината на најголемата елка од колекцијата "Дизни Златна новогодишна елка" е 2,4 метри, а за нејзина изработка се потрошени 43 килограми чисто злато.
Главна карактеристика се фигурите на хероите на Дизни – Мики Маус, неговите другари Мини, Пајо Паторот, Вини Пу и други.
Секој од овие украси е рачно изработен, а го надополнуваат кутии со замислени подароци. | fineweb-2 |
Plainswalker
Поздрав до целиот Нов Свет!
Чест нѝ е да ве известиме дека почнавме со организирање на Меѓународната еРепублик средба 2013.
Како што можеби знаете, последната еРепублик средба се случи во Темишвар, каде согласно со традицијата на средбите се одлучува која ќе биде следната земја.
Земјата со најголемиот број на присутни играчи беше нашата убава Грција.
Така одлучивме дека идеалното место би бил Солун...
Солун е најголемиот град во северниот дел на Грција и е лесно достапен со кола, воз, брод и се разбира со авион.
Сѐуште треба да одлучиме за датумот на средбата.
Со цел да ги задоволиме сите, креиравме прашалник во кој сите граѓани самите ќе го одлучат датумот!
Имајте на ум дека летата во Грција се навистина топли, па имаме две опции: јуни или септември.
Сепак можете да предложите било кој месец кој ви одговара и одлуката ќе биде донесена согласно со резултатите од прашалникот.
На следниот линк можете да го најдете прашалникот!
Ве молам пополнете го одговорно со цел сите да имаат корист од резултатите.
Прашалникот ќе биде достапен во траење од еден месец, така што одлуката донесена од сите нас ќе биде објавена на почетокот на март.
Не морате да го пополните денес.
Повеќе информации на http://summit.erepublik.gr и на facebook http://www.facebook.com/pages/eSummit[PHONE]718669
Тимот "Меѓународна еРепублик средба 2013"
Sunsetter
XtaSia
_Taina_
Asomac
Charisiadis Hlias
Earentir
Iaswn
McLarenDr
The Voyager
O que é isso?Este é um artigo escrito por um cidadão do eRepublik, um imersivo jogo de estratégia baseado nos países do mundo real.
Crie um personagem e ajude seu país rumo à glória.
Torne-se um herói de guerra, um editor renomado ou um guru das finanças. | fineweb-2 |
Изумрен, мртов или исчезнат јазик е јазик кој нема зборувачи, или кој не е е во активна употреба.
Научно, изумрените јазици често се споредуваат со мртвите јазици, кои сепак се познати во оредена форма или во некој контекст, но не како основно средство за комуникација.
Така на пример, старомакедонскиот јазик е изумрен јазик, додека старословенскиот е мртов јазик.
Како и да е, овие два поима во македонскиот функционираат како синоними еден на друг.
Научно, мртвите јазици се разликуваат од исчезнатите јазици, првенствено бидејќи мертвите јазици се користат во некои сфери од општествениот живот, а исчензнатите не.
Така на пример, тракискиот јазик не е во никаква употреба и научно се смета за исчезнат, додека старословенскиот, латинскиот и коптскиот се користат за литургии и се сметаат за мртви јазици.
Како мртви јазици се сметаат и старите фази на еден јазик.
Пример за ова се развојните фази на англискиот јазик.
Староанглискиот јазик се смета за мртов јазик бидејќи денешниот англиски подлегнал на голем број промени и значајно се разликува од староанглискиот. | fineweb-2 |
|Коприва (Urtica dioica) – лек од природата|
Лековит дел од билката: лист, корен и семе.
Копривата е најдобро природно средство за чистење на крвта.
Таа е природен лек и за болестите на мочните патишта, како што се: воспаленијата, камењата и песокот, па дури може превентивно да делува и на стварањето на каменчиња во бубрегот и мочните патишта.
За стимулирање на мочањето, дневно се пијат 3 до 4 шолји свеж чај од коприва.
Копривата содржи големи количини на витамин А, разни минерални соли, растителни хормони и ензими, кои поволно влијаат на зголемувањето на бројот на црвените крвни зрнца во крвта.
Затоа, многу често чајот од коприва се препорачува како природен лек против слабокрвност.
Копривата е исклучително погодна за т.н.
пролетно чистење на организмот.
Листовите од копривата може да се конзумираат свежи, како салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.
Може да се конзумира и како свежо исцеден сок или како чај.
Копривата ја прочистува крвта и помага во ослободувањето на токсините од организмот.
Научно е докажано дека копривата го намалува нивото на шеќерот во крвта, па затоа им се препорачува на пациентите со шеќерна болест.
Влијае поволно и на расположението и ја намалува потиштеноста.
Копривата ја подобрува работата на системот на варење.
Често се користи како природен лек против запек.
Копривата го зајакнува природниот имунитет на организмот, па често се применува при реуматските болести и гихтот, како и при настинки и намален имунитет.
Докажано е делувањето на копривата во запирањето на крварењето, па често се користи при обилни менструации, крварење од матката, при повраќање на крв, крваво мочање.
Копривата делува против реумата, грозницата, туберкулозата на белите дробови, бронхитот, болестите на зглобовите.
Влијае и на побрзо зараснување на раните, на чирот на желудникот, на несоницата и нервозата.
Чајот од целата билка го чисти желудникот, цревата и црниот дроб, а воедно е и одличен природен лек за лекување на анемијата, хемороидите, жолтицата, маларијата и сите други видови на грозници.
Поради јакото лековито дејство, копривата се користи и во лекување на алергија.
Начин на припремање на чајот од коприва
Во 2 децилитра вода се ставаат 2 лажици ситно исецкана коприва.
Се пијат 2 до 3 шолји чај дневно.
Чајот се пие топол, незасладен или засладен со мед.
Чај за желудник и црн дроб
Овој чај се припрема од целата билка.
Во 2 литра вода се ставаат три лажици иситнета билка и се остава да стои 10-12 часа.
Потоа, оваа смеса се вари половина час.
Кога смесата ќе се олади, се процедува и се пие по една шолја пред јадење, три пати дневно.
Овој природен лек ги чисти цревата, желудникот и црниот дроб. | fineweb-2 |
Во хемијата, лактон претставува цикличен естер кој може да се смета за кондензационен производ на алкохолната група -OH и карбоксилната група -COOH во истата молекула.
Тој има карактеристичен хетероцикличен прстен кој се состои од два или повеќе атоми на јаглерод и еден атом на кислород со кето група на еден од јаглеродните атоми до него.
Многу од методите за синтеза на естерите се применливи и на лактоните. | fineweb-2 |
SSH
|Петте нивоа на TCP/IP моделот|
|5.
Апликациско ниво (Application layer)|
|4.
Транспортно ниво (Transport layer)|
|3.
Мрежно ниво (Network layer)|
|2.
Податочно ниво (Data Link Layer)|
|1.
Физичко ниво (Physical layer)|
Отворената архитектура на комплетот на IP протоколот, вклучувајќи го и TCP/IP, е таква што овозможува ефективни, стабилни (ова го овозможува TCP протоколот, кој е изграден над IP), флексибилни и скаларни комуникации на локално и глобално ниво.
Тој е широко прифатен, не само на глобалниот Интернет, но и на внатрешни мрежи на големи корпорации.
Оваа улога ја одигрува сосема добро.
Но сепак, тој е проектиран пред 20-тина години во свет каде Интернетот се состоел од неколку стотина близу контролирани хостови, а денес ситуацијата е драстично променета.
Интернетот денес поврзува десетици и десетици милиони компјутери, контролирани од милиони и милиони индивидуи и организации.
Само јадрото на мрежата е администрирано од илјадници компететни оператори, а мрежата е распространета на целата планета, поврзана со телефонски, фибер, изнајмени, ADSL, мобилни и други линии.
Интернет Протоколот бил дизајниран да биде мошне толерантен на случајни мрежни грешки, но не бил дизајниран да биде безбеден од малициозни напади.
Всушност, тој е ранлив на добро познати напади.
Ова спречува да биде целосно искористен за бизнис и други цели кои вклучуваат критични и доверливи податоци.
Најчестите видови на напади се:
-Прислушкување на преносот на податоци, на пример, за шпионирање на password-и, броеви на кредитни картички или бизнис тајни.
-Киднапирање или преземање на комуникацијата на таков начин, што напаѓачот може да го истражи и модифицира секој податок што се пренесува меѓу комуникационите странки.
-IP лажирања, или лажирање на мрежните адреси или имиња на хостови со цел да се измамат механизмите за контрола на пристап или да се пренасочат конекциите на лажен сервер.
SSH (Secure Shell) протоколот е проектиран да ги заштити мрежните комуникации од сигурносни опасности како овие.
Тој е сигурносна алтернатива на небезбедните telnet, rsh, rlogin, remsh, rexec и други програми за оддалечен пристап.
Но SSH е многу повеќе од тоа.
SSH всушност е множество на стандарди асоцирани со мрежен протокол кој овозможува поставување на безбедносен канал за пренос на податоци меѓу локален и оддалечен компјутер.
SSH користи јавна клучна криптографија за двострана автентикација меѓу клиентот и серверот, но може да подржува и други методи за автентикација.
SSH овозможува доверливост и интегритет на размената на податоци меѓу два компјутери користејќи силна енкрипција и кодови за автентикација на пораки (MAC).
Ако трета страна ја пресретне и модифицира енкриптираната информацијата пратена преку SSH, SSH го детектира овој факт.
SSH може да користи различни начини на енкрипција во граници од 512 бита до 32768 бита, а вклучува и шаблони за шифрирање како што се АЕС (Advanced Encryption Scheme), Triple DES, Blowfish, CAST128 или Arcfour.
Се разбира, колку поголем број на битови се користат, подолго време треба за да се генерираат и користат енкрипционите клучеви, а исто така, и подолго време ќе треба за да може податоците да се пренесат преку конекцијата.
SSH вообичаено се користи за отварање на најавувачки (login) процеси на оддалечена машина и извршување на команди и програми, но исто така подржува тунелирање (или пренасочување) со енкрипција, на TCP порти и X11 конекции со што може да се зголеми безбедноста и на други TCP сесии.
Може да служи за пренос на податотеки преку SFTP и SCP (безбедна алтернатива на FTP и RCP протоколите).
Исто така поддржува и контрола на пристап до ресурсите на некој опслужувач од страна на некој корисник (авторизација).
SSH сервер, под вообичаено чека на стандардната TCP порта 22 за конекции, т.е.
за пакети на информации наменети за таа порта.
Денес постојат две верзии на протоколот: SSH-1, измислен 1995 г. од Tatu Ylonen, на Хелсиншкиот универзитет за технологија и SSH-2 (1996).
Кога го користиме протоколот првин се воспоставува безбедносен канал само меѓу клиентот и серверот, низ кој се енкриптирани податоците што проаѓаат.
Пренасочување или тунелирање значи насочување на интернет пакетите на податоци на некоја друга TCP заснована сесија, низ SSH енкриптирана сесија.
Со ова и другите TCP сервиси можат да се снабдат со сигурносните придобивки на SSH (приватност, интегритет, автентикација, авторизација).
SSH овозможува три типа на пренасочување: генерално TCP-порт пренасочување, X пренасочување, за подобрување на безбедноста на X сесиите и агент пренасочување, кое дозволува на SSH клиентите да имаат пристап на SSH јавните клучеви на оддалечена машина.
Постојат и други видови на пренасочувања т.е.
тунелирања со помош на други TCP протоколи.
Telnet сесијата е еден вид на пренасочување т.е.
SSH протоколот се состои од три главни компоненти (слоја):
-Транспортен слоен протокол кој снабдува со серверска автентикација, доверливост и интегритет.
Може опционално да овозможи и компресија.
Транспортниот протокол вообичаено се одвива над TCP/IP конекција, но може да биде користен над секој стабилен проток на податоци.
-Кориснички автентикационен протокол.
Служи за автентикација на корисникот.
Се одвива над транспортниот слоен протокол.
-Конекциониот протокол го мултиплексира (збива) енкрипциониот тунел во повеќе логички канали.
Се одвива над автентикациониот протокол.
Клиентот праќа барање за услуга откако безбедната транспортна конекција е воспоставена.
Второ барање се праќа од кога ќе се изврши автетникација на корисникот.
Ова овозможува нови протоколи да се дефинираат и коегзистираат со горе наведените протоколи.
Конекциониот протокол овозможува создавање на канали кои можат да се користат за разни цели како: безбедни интерактивни shell сесии и пренасочување на арбитражни TCP/IP порти и X11 конекции. | fineweb-2 |
Вчера осум виши управни судии беа избрани од редовите на Основниот управен суд со што во овој суд, кој е битен за спроведување на изборниот процес, се направи голема кадровска дупка која ќе може да ...
Изборот и позициите на вестите на TIME.mk се одредуваат автоматски со компјутерска програма.
Прикажаното време, или датум, се однесува на моментот кога веста била внесена или освежена во TIME.mk
TIME.mk не презема никаква одговорност за веродостојноста на преземените информации. | fineweb-2 |
Граблива птица
Од Википедија — слободната енциклопедија
|Грабливи птици|
|Орел рибар|
|Научна класификација|
|Царство:||Животни|
|Колено:||Хордати|
|Класа:||Птици|
|Редови|
- јастребовидни
- соколовидни
Ноќните грабливи птици (утки) се посебни и припаѓаат на свој ред.
Иако други групи на птици може да имаат слични еколошки улоги и на прв поглед понекогаш изгледаат сродни, ова главно се должи на конвергентна еволуција.
Поделба по име[уреди | уреди извор]
- орли — големи птици со долги, широки крилја и големи нозе.
- соколи — мали до средни грабливки со долги зашилени крилја.
За разлика од највеќето други грабливи птици, овие им припаѓаат на Соколите, а не на Јастребите.
Многу од нив се особено брзи летачи.
Тие не градат свои гнезда, туку се гнездат во стари гезда од други птици или пак несат јајца на рабовите од карпите или во шуплините од дрвата.
- утки — ноќни ловци со разни големини.
Летаат бесшумно и имаат многу остар вид и слух.
- еи — големи, тенки јастреболики птици со долги опашки и долги тенки нозе.
Највеќето ловат со едрење и кружење ниско над пасишта и мочуришта.
- јастреби се грабливки од средна големина кои му припаѓаат на редот Јастреби.
Живеат главно во шумовити предели и ловат со ненадејни излети од скривалишта.
Обично имаат долги опашки.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Двојно прикажување
Двојно прикажување (англиски: Double feature) претставува феномен во филмската индустрија според кој менаџерите на кино салите прикажувале два филма еден по друг во една вечер, а ја наплатувале цената за еден, или кога еден игран филм ќе биде придружен со неколку други пократки ленти на различни теми.
Ова потекнува од 1920-те години кога кино салите барале нови начини за привлекување на гледачи за време на големата депресија и почнале да го менуваат начинот на кој наплатувале за филмови.
Во модерен контекст, "двојно прикажување" може да се однесува на прикажување на телевизиска програма во која две епизоди се прикажани последователно.
|Оваа статија за филм е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
lolla во 20:18
на тема RE: Проблеми со доењето
Овој век е мошне мил, ама смртен час да не беше бил.
Од вошка кожа не се дерит.
Од големштилак носо да му падни на земи не го фаќа да си го земи.
Од две нешта да се чуват човекот: од борч и измеќарлак.
Од жена кој маж ќе земи пари, нека си легни да го газит.
Од јадење и пиење му се здодеуа на чоека, а не од кавга чинење.
Остај ја мрзата, фати ја брзата.
Орај, копај, рани се, со грабање не обогатуј се.
Озгора мазно, оздола азно.
Откога ми го отру срцето, после благо ќе ми дават.
Влегувам во породилната сала...На столот за породување стои млада личн...
Во минатото се сметаше дека староста е единствен фактор кој го одреду...
Јевгениј Олеговиќ Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педи...
Тоа ќе биде лесно!
Нема мајка која не помислила дека кога ќе дојде беб...
Градите после породувањето, дали доите или не, се соочуваат со промени... | fineweb-2 |
13.09.2010, 17:22
"Звуците на чаршијата" ќе го заживуваат старото градско јадро
Манифестацијата ќе понуди музика, изложби, поетски читања на повеќе локации во чаршијата
Невена Поповска
Со отворање колонија на ликовни дела во Мурат-пашината џамија, денеска напладне ќе почне традиционалната манифестација "Звуците на чаршијата".
Организатор на манифестацијата е Културно-информативниот центар, со поддршка на Министерството за култура, Град Скопје и општините Чаир, Центар и Сарај.
До затворањето на 15 септември на полноќ, манифестацијата ќе понуди музика, изложби и уметнички перформанси, поетски читања, презентација на стари занаети и традиционална храна, модни ревии... кои ќе се одржуваат на повеќе локации во чаршијата - во уличките и ановите, во објекти и на отворено.
Целта на "Звуците на чаршијата" е заживување на старото градско јадро на Скопје, што ја симболизира и мултикултурноста на градот и е белег на неговото минато и историја.
Манифестацијата се вклопува и во целите на петгодишната Програма на Министерството за култура за ревитализација на Старата скопска чаршија.
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на вчерашната средба со новинарите истакна дека во рамките на програмата на Министерството ќе се реализираат и други активности во таа споменична целина.
Имено, според Канческа-Милевска, планирано е да биде продолжен проектот за реновирање на фасадите во чаршијата, дел од Безистенот ќе биде место за творење на членовите од Друштвото на ликовните уметници на Македонија, а во план е и отворање културно-информативни пунктови со брошури за туристите.
Скопскиот градоначалник, Коце Трајановски посочи дека афирмацијата на чаршијата и враќањето на луѓето во неа е меѓу главните определби.
Покрај оваа манифестација, организирана од КИЦ кој е во надлежност на Град Скопје, на просторот на чаршијата ќе има и други културни содржини поддржани од градот, а меѓу нив претстои традиционалната "Бела ноќ".
Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити рече дека целта е да и се врати сјајот на чаршијата, а за тоа, како што додаде, најдобар начин е културата.
Тој потсети на минатогодишниот голем одѕив за манифестацијата и се надева дека оваа година ќе има над 100.000 посетители.
Меџити очекува и двојно повеќе гости во чаршијата оваа седмица зашто по "Звуците..." во чаршијата ќе се одржува и "Пиво фест".
Скопската чаршија настанала и се развивала на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава.
Уште во доцниот среден век овде се одвивала целокупната стопанска дејност на градот.
Чаршијата настанала во XI и XII век.
Доаѓањето на Османлиите значело продолжување и проширување на веќе востановената традиција.
Во периодот од XVI до XVII век, Чаршијата го достигнала својот урбан и стопански зенит, развивајќи се во една од најголемите и најзначајни ориентални чаршии на Балканот, сочинувајќи комплекс од три функционално поврзани објекти: ан (карван-сарај) - објект за сместување луѓе, добиток и стока, амам - јавна бања за капење и џамија.
Таа претставува единствен споменик на културата во Македонија во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање.
Старата чаршија сведочи за културата на Ориентот, развиена и култивирана од жителите на Скопје.
Во чаршијата денот е исполнет со интересни активности.
Невозможно е да не се посетат многубројните ќебапчилници и чајџилници.
Чаршијата изобилува со културно-историски споменици: анови, амами, џамии, безистен.
Некои од овие објекти се претворени во уметнички галерии, изложбени простори, музеи, а во дел од нив се сместени ресторани и продавници.
Тука се Музејот на Македонија, Музејот на Старата скопска чаршија, Националната уметничка галерија, а атракција се дуќаните на занаетчиите што се' уште работат на традиционален начин. | fineweb-2 |
ФК Нотингем Форест
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Фк Нотингем Форест
Нотингем Форест е англиски фудбалски клуб,со седиште во западен Бригфорд,Нотингем,кој моментално настапува во Чемпионшип Лигата(Football League Championship).Уште од 189 година,Форест своите натпревари ги игра на стадионот Сити Граунд(City Ground).
Клубот е основан во 1865 година и претставува еден од основачите на Фудбалската Алијанса(Football Alliance) во 1889.Во 1892 г.се приклучува во Фудбалската Лига(подоцна наречена Премиер Лига).Форест го освои ФА Купот во 1898 и 1959 година,но нивниот најголем успех е во периодот помеѓу 1975 и 1993 година,додека тренер беше Брајан Клаф.Во тоа време освоија две последователни титули во Купот на Европскиот Шампиони(ЕКШ),четири титули во Лига Купот и нивната единствена титула во првенството.Оттогаш клубот постојано испаѓаше и се пласираше во најсилната англиска фудбалска лига,се до нивното последно учество во Премиер Лигата во 1999.Форест е воедно и единствениот освојувач на ЕКШ(подоцна Лига на Шампиони),кој моментално не настапува во првата домашна лига или дивизија.
Клубот е едноставно познат како Форест,името што го носат на грбот на своите дресови,но никогаш како Нотс Форест,затоа што Нотс е всушност кратенка од Нотингемшир,што се смета за заштитен знак на нивниот градски ривал Нотс Каунти.
Историја
Рани години([PHONE])
Форест е основан во 1865 г. од страна на хокејаши,под името Фудбалски и Хокејарски клуб Нотингем Форест, само 3 години по основањето на нивните соседи Нотс Каунти(се претпоставува дека е најстариот професионален фудбалски клуб во светот).Во 1889 г. се приклучија на Фудбалската Алијанса,а во 1892 г. и го освоија истото натпреварување.Потоа им беше дозволено да настапуваат Фудбалската Лига.
Во 1890 г.Форест го одигра првиот натпревар,на кој воопшто беа користени мрежи на головите.
Во 1898 г. Форест го оствари првиот голем успех со освојувањето на Фа Купот,откако на стадионот на Кристал Палас,го победи Дерби Каунти со 3-1.Сепак,во првата половина на 20-тиот век,клубот најчесто беше член на Втората Дивизија(и во 1914 г. мораше да се бори за влез откако заврши на последното место).Во 1949 г.клубот испадна во Третата Дивизија,но по две години се врати многу посилен и заврши на првото место во Втората Дивизија.На крајот од 50-тите години од 20-тиот век,клубот имаше краток период на слава,бидејќи во 1957 г. остана во Првата Дивизија,а во 1959 г. по втор пат го освои Фа Купот,иако настапија без Рој Двајт,роднина на поп-иконата Елтон Џон,кој ја скрши ногата.Во тоа време,Форест стана првиот тим кој победил на Вембли и најголемиот клуб во Нотингем,со што го престигна Нотс Каунти,но по пласманот на второто место и испаѓањето во полуфиналето на купот во 1967 година,во 1972 г.клубот испадна од Првата Дивизија.
Периодот на Брајан Клаф([PHONE])
До средината на 70-тите години,Форест се сметаше за просечен клуб според стандардите на англиските фудбалски лиги,се додека Брајан Клаф и неговиот асистент Питер Тејлор не го презедоа кормилото на клубот,само кратко по неуспешното и контроверзно водење на Клаф на Лидс Јунајтед,кој само 40 дена беше шеф на стручниот штаб.Клаф стана најуспешниот тренер во историјата на Нотингем Форест.Тој освои три лигашки титули со Дерби Каунти,пред да стане тренер на Форест на 6 јануари 1975 година,по поразот на домашен терен од Нотс Каунти со 0-2.На првиот ден по Божиќ(Boxing Day),комитетот(во тоа време Форест немаше одбор на директори) го отпушти претходниот тренер Алан Браун.Првиот натпревар на Клаф на клупата на Форест претставуваше повторениот натпревар во третото коло од Фа Купот против Тотенхем Хотспар,кој заврши со победа од 1-0,благодарејќи на голот на шкотскиот централен напаѓач Нил Мартин.
На крајот од сезоната 1976/77,Нотингем Форест се пласираше во Првата Дивизија,откако заврши трет во Втората Дивизија,но никој не можеше да предвиди колку тимот на Клаф ќе биде успешен во наредните три сезони.
Форест стана еден од неколкуте клубови( и до денеска единствениот) што завршил на првото место во англиската Чемпионшип Прва Дивизија,само една година откако се пласираа во наптреварувањето(сезона 1977-78).Во сезоната 1978-79, на Олимпискиот стадион во Минхен ,Форест ја освои титулата во ЕКШ,со победата во финалето над Малме од 1-0.Следната година на стадионот Сантијаго Бернабе, клубот ја одбрани титулата,со победата над Хамбург со резултат 1-0,благодарение на неверојатните одбрани на голманот Питер Шилтон.Клубот исто така го освои и Европскиот Супер Куп и два Лига Купа.Покрај Шилтон,клучни фудбалери за успехот во тој период беа десниот бек Вив Андерсон(првиот црномурест фудбалер што настапувал за англиската репрезентација),играчот од средината на теренот Мартин О'Нил,централниот напаѓач Тревор Френсис и тројцата шкотски интернационалци: крилото Џон Робертсон,играчот од средината на теренот Арчи Гемил и одбранбениот играч Кени Барнс.Во сезоната 1983-84,клубот стигна до полуфиналето на Купот на Уефа,каде што изгуби од Андерлехт под сомнителни околности.Подоцна се дозна дека белгискиот клуб го поткупил судијата,но никој не сноси одговорност за исходот од натпреварот,бидејќи кратко потоа судијата почина во сообраќајна несреќа.
Во 1989 г.Форест го освои трофејот во Лига Купот,со победата во финалето над Лутон од 3-1.Во поголемиот дел од сезоната,клубот се надеваше дека ќе ја освои тројната круна,но завршија на третото место во лигата зад Арсенал и Ливерпул и изгубија токму од Ливерпул во повторениот натпревар од полуфиналето на Фа Купот.Првиот натпревар требаше да се одигра на Хилсборо,но беше прекинат во 6-тата минута,кога загинаа 96 навивачи на Ливерпул на терасите на стадионот.Откако продолжија фудбалските натпревари,клубот го освои Купот на Полноправни Членови(Full Members Cup),со победата над Еветон од 4-3.Во 1990 г. тимот на Клаф повторно го освои трофејот во Лига Купот,со победата над Олдам од 1-0,со голот на Најџел Џемсон.Во 1991 година,на стадионот Вембли,Форест стигна до нивното единствено финале во Фа Купот под раководство на Брајан Клаф,каде што во дуелот против Тотенхем,водеа со раниот гол од слободен удар на Стјуарт Пирс,но изгубија со 2-1 по продолжувањата,со автоголот на Дес Вокер.
Во 1992 г. Форест го победи Саутемптон со 3-2 во финалето на Купот на Полноправни Членови,но истата сезона изгуби од Манчестер Јунајтед во финалето на Лига Купот.Во двете финалиња Форест настапи со ослабен тим,поради многуте повреди.
Во 1993 г. клубот испадна во првата сезона од Премиер Лигата,по 16 величенствени години во врвот на англискиот фудбал,во кои освоија една лигашка титула,две титули во ЕКШ и четири титули во Лига Купот.Истата година заврши 18-годишното владеење на Клаф на клупата на Нотингем Форест.
Френк Кларк([PHONE])
Во мај 1993 г.Френк Кларк,кој настапуваше како лев бек во тимот на Форест кој го освои трофејот во ЕКШ во 1979 година,се врати во клубот за да го наследи Клаф.Тој имаше просечна кариера како тренер,иако во 1989 г. со Лејтон Ориент победи во плеј-офот за пласман во Четвртата Дивизија.Во сезоната 1993-94,со скоро истите фудбалери од времето на Клаф,Кларк го предводеше тимот до второто место во Првата Дивизија и со обезбеди пласман во Премиер Лигата.Следната сезона,Форест заврши на третото место во Премиер Лигата и се квалификуваше во Купот во Уефа,што претставување нивни прв настап во некое европско клупско натпреварување во периодот по трагедијата во Хејсел.Клубот стигна до четвртфиналето,што во таа сезона претставување највисок пласман на некоја англиска екипа во некое од европските клупски натпреварувања.Во сезоната 1996-97,клубот се бореше за опстанок во лигата и поради тоа во декември Кларк го напушти кормилото.
Дејв Басет([PHONE])
34-годишниот капитен на тимот Стјуарт Пирс привремено беше назначен за играч-тренер,што доведе до мал пресврт околу судбината на клубот.Во март 1997 г. за тренер беше поставен Дејв Басет.Форест не успеа во борбата за опстанок и завршија на последното место од табелата.Сепак,следната сезона,1997-98 повторно се вратија во Премиер Лигата,освојувајќи го првото место во Првата Дивизија.Басет беше отпуштен во јануари 1999 година, а на негово место дојде Рон Еткинсон.
Во 21-от век(1999-до денес)
Рон Аткинсон не успеа да го спаси клубот од испаѓање во понизок ранг,поради низата од лоши резултати.
Дејвид Плат го наследи Аткинсон и потроши околу 12 милиони фунти за купување на фудбалери,меѓу кои беа италијанските ветерани Морено Манини,Салваторе Матрецано и Џанлука Петрачи.Плат го предводеше клубот до два пласмана на средината на табелата, пред да биде назначен за селектор на англиската младинска репрезентација.
Пол Харт стана нов тренер на Црвените,само два часа по заминувањето на Плат.Во неговата прва сезона,тој го предводеше клубот до 16-то место на табелата.Во тоа време,поради затворањето на британската дигитална телевизија Ај-Тв Дигитал (ITV Digital),многу клубови од Првата Лига западнаа во сериозни финансиски проблеми,меѓу кои се најде и Нотингем Форест.Во сезоната 2002-03,и покрај проблемите надвор од теренот,клубот заврши на шестото место и се пласираше во плеј-офот,каде што изгуби од Шефилд Јунајтед во полуфиналето.Слабите резултати во наредната сезона,како и продажбата на клучните фудбалери,доведоа до отпуштање на Харт во февруари 2004 година,со цел да се спречи испаѓање.Дел од фановите не ја прифатија оваа одлука и сметаа дека во случајов Харт е " жртвено јагне".
Подоцна Џон Каниар беше назначен за нов шеф на стручен штаб и го водеше клубот во 14-то место на лигашката табела.Во сезоната 2004-05,Форест уште еднаш се најде во зоната за испаѓање,што доведе до оставка на Каниар во декември 2004 година.По кратката смена на раководството на Мик Херфорд,Гери Мегсон го презеде кормилото на Форест во јануари 2005 година,но не успеа да обезбеди опстанок и клубот ја заврши сезоната на претпоследното 23-то место.Со тоа клубот стана првиот освојувач на ЕКШ,што испаднал во испаднал во Третата Дивизија.
Во првата сезона во англиската Трета Дивизија по 54 години,поразот од Олдам со 3-0 во февруари 2006 година,доведе до разделба на тренерот Мегсон и клубот со меѓусебна согласност,при што Црвените беа на 4 бодови од опасната зона за испаѓање.Во сезоната 2005-06,Френк Барлоу и Ијан Мекпарланд привремено седнаа на клупата и го предводеа клубот до 6 победи во низа и десет натпревари без пораз,при тоа остварувајќи победа од 7-1 над Свиндон Таун.Форест под раководство на двајцата освои 28 од можните 39 бодови и за малку го пропуштија плеј-офот,бидејќи завршија на седмото место.
Во мај 2006 година,Колин Калдервуд беше поставен за 12-ти предводник на Форест во последните 13 години и уште од периодот на Френк Кларк,стана тренерот со најдолг стаж.Периодот на Калдервуд беше еден од подобрите во историјата на клубот.Во неговата прва сезона,тој го предводеше клубот до плеј-офот,но во ноември 2006 година испушти 7 бодови предност на врвот од табелата во англиската Лига Еден .Во полуфиналето од плеј-офот,Форест не успеа и загуби од Јеовил Таун со вкупен резултат 5-4.Во втората година на кормилото на клубот,Калдервуд обезбеди директен пласман во повисок ранг,откако победи на 6 од последните 7 натпревари од сезоната,што кулминираше со драматичната победа на домашен терен во последното коло од 3-2 над Јеовил.Црвените го задржаа рекордот од 24 победи на 46 натпревари,што им овозможи да се пласираат во Чемпионшип Лигата.Во сезоната 2008-09,клубот водеше жестока борба во Чемпионшип Лигата,откако потпиша договори со Роберт Ерншо,Пол Андерсон,Гај Муси и Џо Гарнер,како замена за Грент Хол,Семи Клинген,Џуниор Агого,Мет Локвуд и Крис Комонс,кој потпиша за Дерби Каунти.По неможноста да го извади тимот од зоната за испаѓање,Калдервуд беше отпуштен на првиот ден по Божиќ,откако изгуби со 4-2 од последнопласираниот Донкастер Роверс.
Со клубот привремено управуваше Џон Пембертон,што доведе до подобри резултати и излез од зоната за испаѓање на табелата,со победата над Норвич Сити од 3-2.На 1 јануари 2009 г. за нов тренер беше назначен Били Дејвис,кој официјално пред да дојде на клупата,ја проследи победата на својот иден клуб против Манчестер Сити со 3-0, на гостински терен во Фа Купот.Под водство на Дејвис,Форест го сруши рекордот на непобедливост во сите натпреварувања по периодот од отказот на Калдервуд,кога клубот немаше пораз на 6 натпревари,од кои 5 беа победи.Дејвис го спаси клубот од испаѓање,бидејќи клубот беше сигурен на 19-то место на табелата,на едно коло пред крајот од сезоната.
Пред почетокот на сезоната 2009-10,Форест потпиша со 9 фудбалери ,од кои петмина минатата сезона беа на позајмица во клубот,а сега потпишаа трајни договори.Тоа се Ли Камп,Крис Гантер,Џоел Линч,Пол Андерсон и Декстер Блексток,на кои им се прклучија уште Пол Меккена,Дејвид Мекголдрик,Деле Адебола и позајмениот Радослав Мајевски.Во поголемиот дел од сезоната,Форест беше меѓу првите три места на табелата и нанижа 20 натпревари без пораз,12 победи во низа на домашен терен(клупски рекорд за последователни победи во една сезона) и беше непоразен на гостински терен од почетокот на сезоната па до 30 јануари 2012 година(13 натпревари).За одбележување беа победите на домашен терен над нивните локални ривали Дерби Каунти и Лестер Сити.На 10 април 2010 година,и покрај тоа што се дозна дека нема да обезбедат директен пласман во Премиер Лигата по поразот на Донкастер од Вест Бромвич Албион(ВБА),клубот обезбеди пласман во плеј-офот со победата на домашен терен против Ипсвич Таун.Сепак,на 9 мај 2010 година,Форест изгуби на првиот наптревар од плеј-офот на гостински терен од тимот на Блекпул со 2-1,како и на реваншот на 12 мај 2010 на Сити Граунд со резултат 4-3(прв пораз на домашен терен откако изгубија од истиот противник во септември 2009 г.
).Со вкупен резултат од 6-4,Црвените не успеаа да се пласираат во Премиер Лигата.
Во следната сезона,Форест се пласираше на второто место во Чемпионшип Лигата со освоени 75 бодови,што значеше дека по 4-ти пат во последните 8 години за пласман понатаму,ќе се борат преку плеј-офот.
Во првиот натпревар на домашен терен против Свонси одиграа 0-0,додека во ревашот изгубија со 3-1,во тврд натпревар против тимот од Велс и повторно не успеаа да се пласираат во највисокиот ранг.
Во јуни 2011 г. заврши договорот на Били Дејвис и на негово место дојде Стив Мекларен,кој потпиша 3-годишен договор.Форест ја започна сезоната со неколку слаби резултати и по поразот на гости од Барнли со 5-1,Дејвид Плит и Бил Бесвик го напуштија стручниот штаб на клубот.По помалку од недела и поразот на домашен терен од Бирмингем Сити и тренерот Мекларен поднесе оставка.Претседателот на клубот,Најџел Даути објави дека по крајот на сезоната ќе ја напушти функцијата.Во октомври 2011 г. во клубот се случија неколку промени.За нов претседател на клубот беше поставен Френк Кларк,а за нов тренер Стив Котерил.
Најџел Даути,сопственикот и претходниот претседател, кој 13 години беше на чело на клубот,почина на 4 февруари 2012 година.Многумина проценија дека неговиот вкупен придонес за клубот чини 100 000 000 фунти.
Семејството Ал-Хасави,од Кувајт,го купија клубот и во јули 2012 година,станаа новите сопственици на Нотингем Форест.
На 19 јули 2012 година,тие го назначија Шон О'Дрискол,поранешниот тренер на Донкастер и Краули Таун,за нов шеф на стручниот штаб на клубот.О'Дрискол беше помошник на Стив Котерил во Форест околу 5 месеци,пред да го преземе кормилото на Краули Таун.Оттогаш,тој никогаш не предводел ниту еден клуб како прв човек на стручниот штаб.
Бои на клубот Нотингем Форест носи црвена бо ја на дресовите уште од основањето во 1865 г.На состанокот во Клинтон Армс(Clinton Arms),на кој се основа клубот,комитетот донесе одлука тимската боја да биде "Гарибалди" црвена.Оваа одлука е донесена во чест на Џузепе Гарибалди,италијанскиот патриот кој беше лидер на партијата на "црвенокошулашите".Во тоа време,клубот беше познат по своите капи отколку по своите дресови и мнгоу црвени капи беа навремено купени,со што Форест официјално стана првиот клубот што носи црвена боја,која оттогаш е прифатена од голем број на други клубови.Форест е причината за црвената боја на Арсенал,кои му донирале цел комплет спортска опрема со црвена боја на тимот од Лондон,по неговото основање во 1886 г.
Стадион
Првично Нотингем Форест настапуваше на Рекреацискиот центар Форест(Forest Recreation Ground)се до 1879 година,кога се преселија на Медоус(Meadows).По преселбата,Форест почна да ги игра своите поважни натпревари на Трент Бриџ(Trent Bridge),поради неговиот поголем капацитет.До 1880 г. клубот ги играше своите натпревари на Трент Бриџ,но обезбеди простор за изградба на нов стадион во 1882 г. во Лентон,наречен Парксајд.Во 1885 година,неадекватните услови беа причината за изградба на подобар терен на просторот,што чинеше 500 долари.Во 1890 година,Форест повторно се пресели.Овој пат со намера за привлекување поголем број луѓе на локација поблиску до центарот на Нотингем.Во 1890 г.Таун Граунд(Town Ground) беше изграден на брегот на реката Трент и чинеше 1000 фунти.Во 1898 г. големиот успех доведе до повторна и последна преселба на клубот преку реката Трент,на денешната локација на стадионот Сити Граунд.Оттогаш стадионот претрпе голема реконструкција,што резултираше со капацитет од 30 602 места за Европското првенство во 1996 година.Спротивно на верувањата,името Форест(шума) не потекнува од шумата Шервуд,туку од Рекреацискиот центар Форест,северно од центарот на Нотингем,на местото каде што клубот за првпат играше по неговото формирање во 1865 година.
Сити Граунд е на 21-то место на листата на најголемите фудбалски стадиони во Англија.
На 20 јуни 2007 година,Форест објави дека ќе се пресели на нов стадион со 50 000 седишта или во областа Клифтон или во близина на денешниот Сити Граунд во Холм Пјерпонт(Holme Pierrepont).Подоцна,од клубот изјавија дека прават планови за нов стадион во Гемстон,како дел од кандидатурата на Фудбалската Асоцијација на Англија(ФА) за домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018 и со тоа ги победија соседите Дерби и Лестер(кои веќе имаа модерни стадиони за одржување на вакви меѓународни натпревари) во завршната фаза од изборот на ФА,за вклучување на нивниот стадион во кандидатурата.Сепак во декември 2010 година,по многу контроверзии ФА не успеа да ја добие трката и ФИФА објави дека Светското првенство во 2018 година ќе се одржи во Русија.По ова,клубот се откажа во намерата за нов стадион во догледна иднина и продолжи да настапува на Сити Граунд.
Локални ривали,дерби натпревари и навивачи
Иако географски гледано,Нотс Каунти е најблискиот професионален фудбалски клуб лоциран до Црвените,најголемото ривалство на клубот е со Дерби Каунти,кој е оддалечен 14 милји.Уште од сезоната 1994-95,Форест се има пласирано барем една дивизија погоре од Нотс Каунти.Дерби и Форест го сочинуваат дербито на Ист Мидлендс(East Midlands),натпревар кој има уште поголемо значење откако почна да се игра Трофејот Брајан Клаф(куп) во 2007 г. Лестер Сити е другиот ривал на ривал на Форест од Ист Мидлендс,поради близината и економското/општествено ривалство на двата града.За време на периодот пред Клаф,Лестер се сметаше за главен ривал.Ова е се уште важи за навивачите на Форест кои живеат во областите Мелтон Моубреј,Лафборо.Во септември 2007 година,двата клуба се сретнаа во Лига Купот,на натпревар на кој одбранбениот играч на Лестер Клајв Кларк колабрираше на теренот,поради проблеми со срцето.Откако натпреварот беше прекинат,Лестер демонстрираше вистински спортски дух и во повторениот натпревар на почетокот на натпреварот му дозволи на голманот на Форест Пол Смит да постигне гол,поради тоа што на првиот натпревар пред да биде прекинат,Форест водеше со 1-0.Овој чин беше поздравен со аплаузи од навивачите на двата клуба и од печатот.
Друг ривал на Форест е Шефилд Јунајтед,кој е со седиште во соседниот округ на Јужен Јоркшир.Ова ривалство потекнува уште од штрајкот на рударите во Велика Британија во 1984-85 година,кога рударите од Јужен Јоркшир излегоа на големи штрајкови,додека рударите од Нотингем продолжија да работат и инсистираа на одржување на избори.Во 2003 година,двата клуба одиграа возбудливо полуфинале во плеј-офот за пласман во Чемпионшип Лигата,во кое Шефилд Јунајтед победи со вкупен резултат од 5-4,со што уште повеќе се засили ривалството.
За Форест навиваат многу познати славни личности како што се боксерот Карл Фроч,голферите Ли Вествуд и Грег Овен,политичарот Кенет Кларк,пејачот во групата Manic Street Preachers,Џејмс Дин Бредфилд,актерот Џејсон Стетам,бразилскиот фудбалски тренер Луиз Фелипе Сколари,актерот Џо Демпси,тапанарот на групата Дип Парпл(Deep Purple) Ијан Пејс,модниот креатор Пол Смит и актерката Сју Полард.
Успеси
Национални(домашни)
Лига
• Прва Дивизија - шампион во сезоната 1977-78 -второ место во сезоните: 1966-67 и 1978-79 • Втора Дивизија - шампион во сезоните :1906-07,1921-22 и 1997-98 -второ место во сезоните:1956-57 и 1993-94 • Трета Дивизија -шампион во сезоната 1950-51 -второ место во сезоната 2007-08 • Фудбалска Алијанса - шампион во сезоната 1891-92
Купови
• ФА Куп - освојувач во 1898 и 1959 година -второ место во 1991 година • Лига Куп -освојувач во 1978,1979,1989 и 1990 година -второ место во 1980 и 1992 година • ФА Черити Шилд(Charity Shield) -освојувач во 1978 година -второ место во 1959 година • Купот на Полнопоравни Членови -освојувач во 1989 и 1992 година
Европски и меѓународни успеси
• Европскиот Куп на Шампиони -освојувач во 1979 и 1980 година • Супер Купот на Уефа -освојувач во 1979 година -второ место во 1980 година • Интерконтиненталниот Куп(денешното Светско клупско фудбалско првенство) -освојувач во 1980 година Помали успеси • Англиско-шкотскиот Куп -освојувач во 1977 година • Бес Черити Вас(Bass Charity Vase) -освојувач во 1899,2001 и 2002 година • Трофејот Брајан Клаф -освојувач на 29 август 2009 година,29 декември 2010 година и 22 јануари 2011 година • Купот Далас -освојувач во 2002 година • Турнирот по повод 100-годишнината од Фудбалската Лига -освојувач во 1988 година • Турнирот Нирнберг -освојувач во 1982 година • Трофејот Коломбино -освојувач во 1982 година
Рекорди
Најмногу натпревари за клубот (во сите натпреварувања): 1.
Боб Мекинлеј: 692 2.
Ијан Боујер: 564 3.
Стив Четл: 526 4.
Стјуарт Пирс: 522 Најмногу постигнати голови за клубот(во сите натпреварувања): 1.
Гренвил Морис: 217 2.
Најџел Клаф: 131 3.
Воли Ардрон: 124 4.
Џони Дент: 122
Моментално фудбалер со најдолг стаж во клубот: Луис Мекгудан,кој дебитираше во октомври 2006 година.
Најголема посета: 49 946 гледачи на натпреварот против Манчестер Јунајтед во Првата Дивизија на 28 октомври 1967 година.
Најслаба посета: 5 050 гледачи против Маклесфилд Таун во Лига Купот на 23 август 2005 година.
Рекордна заработка од продадени карти: 499 099 фунти од реванш-натпреварот против Баерн Минхен во четвртфиналето од Купот на Уефа на 19 март 1996 година.
Најдолга низа победи во лига: 7 по ред,од 9 мај 1922 година до 1 септември 1922 година.
Најдолга низа порази во лига: 14 по ред,од 21 март 1913 година до 27 септември 1913 година.
Најдолга низа без пораз во лигашките натпревари: 42 по ред, од 26 ноември 1977 година до 25 ноември 1978 година.
Најдолга низа без победа во лигашките натпревари: 19 по ред,од 8 септември 1998 година до 16 јануари 1999 година.
Најдолга низа без гол во лигашките натпревари: 7 по ред,од 13 декември 2003 година до 7 февруари 2004 година и од 26 ноември 2011 година до 31 декември 2011 година.
Најбрзиот гол во лигашки натпревар: во 14-та секунда.Стрелец е Џек Лестер на натпреварот против Норвич Сити на 8 март 2000 година.
На 18 септември 2007 година,во Лига Купот против Лестер Сити,Пол Смит постигна гол за 23 секунди.
Прв официјален натпревар во лигата: на 3 септември 1892 година против Евертон на гостински терен(2-2).
Највисока победа во сите натпреварувања: 14-0 против Клептон на гостински терен,во првото коло на ФА Купот на 17 јануари 1891 година.
Највисок пораз во сите натпреварувања: 1-9 против Блекбурн Роверс во Втората Дивизија на 10 април 1937 година.
Најмногу освоени бодови во лигата во една сезона: 64,во Првата Дивизија, во периодот од 1977 до 1978 година.
Најмногу постигнати голови во лигата во една сезона: 101,во Третата Дивизија,во периодот од 1950 до 1951 година.
Најдобриот стрелец во една сезона: Воли Ардрон,со постигнати 35 голови во Третата Дивизија-Југ,во сезоната 1950-51.
Фудбалер со најмногу настапи за репрезентација: Стјуарт Пирс,76 настапи за Англија(вкупно 78).
Најмлад фудбалер во лигата: Грег Весткер,кој имаше само 16 години,кога на 13 октомври 2001 година настапи на натпреварот против Барнли.
Најголем трансфер: 4 500 000 фунти за Пјер Ван Хојдонк од Селтик,во март 1997 година.
Најскапо продаден фудбалер: 8 500 000 фунти за трансферот на Стен Колимор во Ливерпул,во јуни 1995 година. | fineweb-2 |
Кантербери
||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски.
|Кантербери|
Кантербери лежи на реката Стоур
Кантербери во рамките на Обединетото Кралство
|Население||43.431 (2001)|
|Мреж.
реф.|
|- Лондон||101 км|
|Округ||Кантербери|
|Ширска грофовија||Кент|
|Регион||Југоисток|
|Земја||England|
|Суверена држава||Обединето Кралство|
|Пошт.
град||CANTERBURY|
|Поштенска област||CT1, CT2, CT3, CT4|
|Повикувачки број||01227|
|Полиција||Кент|
|Пожарна||Кент|
|Итна помош||Југоисточно Крајбрежје|
|ЕУ парламент||Југоисточна Англија|
|Список на места: Обединето Кралство|
Првобитно бил населен од бритско население,кое во 1-от век римските освојувачи го преимениле во Durovernum Cantiacorum.
Откако станал главно јутско население, го добил своето англиско име Кентербери,изведено од староанглискиот збор Cantwareburh( што значи "упориште на луѓето од Кент"-"Kent people's stronghold").
Откако Кралството на Кент ја прифатилo xристијанската вера во 597г., свети Августин основал бискупска столица во градот и станал првиот Надбискуп на Кентербери, место кое сега ја управува црквата на Англија и светската Англиканска заедница( иако во денешно време провинцијата на Кентербери го покрива целиот јужен дел на Англија).
Во 1170г., убиството на Томас Бекет во катедралата на Кентербери придонесува катедралата да стане место на аџилак на христијаните во светот.
Овој аџилак му послужил на Џефри Чосер (Geoffery Chaucer) како инспирација за неговиот книжевен класичен текст наречен "Кентербериски приказни" (The Canterbury tales).
Книжевното наследство во овој град продолжило со раѓањето на драмскиот писател Кристофер Марлоу (Christopher Marlowe) во 16 век.
Во градот се зачувани многу историски градби, вклучувајќи го и бедемот кој датира од римскиот период и е повторно изграден во 14 век,потоа урнатините од опатијата св.Августин и норманскиот замок,и можеби најстарото школо во Англија,училиштето "Кингс" (The King's School).
Од модерните згради најважни се Универзитетот Кент (the University of Kent), Универзитетот "Крајст Чрч" во Кентербери(Canterbury Christ Church University),театарот Марлоу (the Marlowe Theatre),и игралиштето св.Лоренс (St Lawrence Ground), кој претставува домашен терен на крикетскиот клуб на грофовијата Кент (Kent County Cricket Club).
Главното седиште се наоѓа во срцето на градот Кентербери (City of Canterbury),кој претставува локален управен регион.
Студентската популација е доста голема тука,поради постоењето на двата универзитета.
Меѓутоа, Кентербери е доста мал град во споредба со другите британски градови.
Содржина
- 1 Историја
- 2 Владеење
- 3 Географија
- 4 Демографија
- 5 Економија
- 6 Куллтура
- 7 Транспорт
- 8 Образование
- 9 Локални медиуми
- 10 Познати луѓе
Историја[уреди | уреди извор]
Рана историја[уреди | уреди извор]
Областа Кентербери била населувана од праисторискиот период.
Во оваа област биле пронајдени секири кои датираат од долниот палеолит,и садови од неолитот и бронзената доба.
Најпрво Кентербери бил регистриран како главното населено место на келтските племиња, Cantiaci , кои го имат населено поголемиот дел од денешен Кент.
Во 1 век од н.е.
римјаните го заробиле населеното место, и го нарекле Durovernum Cantiacorum, што значи " упориште на Кантиаките од шумичката со алдер дрво"(stronghold of the Cantiaci by the alder grove) .
Римјаните го доградиле градот со нови улици,кои биле поставени според шаблонот на улуци под прав агол,потоа со театар, храм, форум и јавни бањи.
Кон крајот на 3тиот век, за да се одбранат од нападите на варварите, римјаните изградиле земјен насип околу градот и ѕид со седум порти, кој зафаќал површина од 130 ари ( 53 ha).
Откако Римјаните заминале од Британија во 410 год, Durovernum Cantiacorum бил напуштен , освен неколку фармери кои останале,и постепено почнал да изумира.
Во наредните 100 години, Англо-саксонска заедница е формирана во ѕидините на градот, откако јутските бегалци пристигнале,и најверојатно склучиле брак со локалното население.
Јутите го именувале градот Cantwaraburh, што значи "упориште на луѓето од Кент" .
Во 597 год., папата Грегори Велики го испратил Августин да го преобрати кралот Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent) во христијанин.
По покрстувањето, Кентербери, како римски град, бил избран од страна на Августин за центар на Бискупската Столица во Кент, и биле изградени опатија и катедрала.
Така Августин станал првиот Надбискуп на Кентербери.
Новата важност на градот водела до негово заживување,и се развила трговијата на грнчарство, текстил и кожа.
До 630 год.,се направени златни монети во ковачницата за пари во Кентербери.
Во 672, Синодот од Хартфорд, власта над целата Англиска црква и ја доделил на Бискупската Столица од Кентербери.
Во 842 и 851, Кентербери претрпел голема загуба на животи за време на данските пљачкосувања.
Во 978, надбискупот Данстан (Dunstan ) повторно ја основал опатијата, која била изградена од Августин, и ја именувал како опатија Св.Августин (St Augustine's Abbey).
Вториот бран на данските напади започнал во 911, а во 1011 катедралата била изгорена, а надбискупот Алфеџ (Alphege) бил убиен.
Паметејќи ги разурнувањата создадени од данците, жителите на Кентербери не дале отпор на инвазијата на освојувачот Вилијам (William the Conqueror) во 1066.
Вилијам веднаш наредил изградба на дрвен замок, кој се наоѓал на могила,а дворот бил ограден со висок бедем (motte-and-bailey castle),покрај римскиот градски ѕид.
Во почетокот на 12 век замокот бил повторно изграден со камења.
По убиството на надбискупот Томас Бекет (Thomas Becket) во катедралата во 1170, Кентербери станал еден од најзначајните градови во Европа, откако аџиите од сите делови на христијанскиот свет доаѓале да го посетат неговиот ковчег.
Овој аџилак бил инспирација за структурата на збирката на приказни на Џефри Чосер од 14 век, "Кентербериски приказни".
Кентербери се поврзува со неколку светци од овој период кои живееле во градот:
- Свети Августин од Кентербери (Augustine of Canterbury)
- Anselm of Canterbury
- Томас Бекет (Thomas Becket)
- Мелитус( Mellitus)
- Теодор од Тарсус (Theodore of Tarsus)
- Данстан (Dunstan)
- Адријан од Кентербери (Adrian of Canterbury)
- Алфеџ (Alphege)
- Етелберт од Кент (Æthelberht of Kent)
Од 14 до 17 век[уреди | уреди извор]
Во 1348, низ Кентербери се раширила црната смрт (или црната чума).
Со 10 000 жители, Кентербери бил 10ти по големина на популација во Англија; до почетокот на 16 век, бројот на популацијата се намалил на 3 000.
Во 1363, за време на стогодишната војна, Комисијата за испитување заклучила дека причина за ерозијата на римскиот ѕид била неисправноста,крадењето на камењата и преполнувањето на каналите.
Меѓу 1378 и 1402, ѕидот бил повторно изграден,и биле додадени нови ѕидни кули.
Во 1381, за време на селскиот бунт (Peasants' Revolt), замокот и надбискупската палата биле ограбени, а на надбискупот од Садбери (Sudbury) му била отсечена главата во Лондон.На неговиот гроб во Кентербериската Катедрала, секоја година на Божиќ, градоначалничката свита му оддава почит .
Во 1413, Хенри 4 станал единствиниот владетел кој е закопан во катедралата.
Во 1448 на Кентербери му бил доделен општински Статут,со што било овозможено да има градоначалник и окружен началник; градот сé уште има градоначалник и окружен началник.
Во 1504 главната кула на катедралата,кулата Бел Хари (Bell Harry Tower), била завршена, наполнувајќи 400години од почетокот на градењето.
За време на распуштањето на манастирите,биле затворени,женски и три машки манастири на градот.
Опатијата свети Августин,14та по ред најбогата во Англија во тоа време, била предадена на кралот,а нејзината црква и тремот биле срамнети.
Остатокот од опатијата бил демолиран во следните 15 години,а дел од местото било преуредено во палата.
Ковчегот на Томас Бекет бил уништен и целото злато,сребро и накит биле преместени во Кулата на Лондон (Tower of London),а сликите на Бекет,името и гозбите биле уништени насекаде низ кралството, ставајќи крај на аџилакот.
До 17ти век,популацијата на Кентербери броела 5000 жители;од кои 2000 биле француски протестантски хугеноти,кои побегнале поради прогон и војна во делот од Холандија, кој пак бил под контрола на Шпанија , во средината на 16от век.
Хугенотите го внеле ткаењето на свила во градот, кое до 1676та го надминало ткаењето на волна.
Во 1620, кај улицата "Палас" 59, Роберт Кушман преговарал за најмување на бродот Мејфлауер (Mayflower) за да ги пренесе аџиите до Америка.
Во 1647, за време на англиската граѓанска војна,избувнале нереди кога пуританскиот градоначалник на Кентербери ги забранил црковните служби за Божиќ.
Обидот на бунтовниците следната година водел кон револт во Кент против парламентарните сили, придонесувајќи за почеток на втората фаза на војната.
Меѓутоа, по мирен пат Кетербери се предадел на парламентарците, по нивната победа на битката на Мејдстоун (Battle of Maidstone).
Од 18 век до денес[уреди | уреди извор]
Првиот весник на градот, Кентскиот пост( the Kentish Post), бил основан во 1717.
Во 1768 се здружил со ново формираниот Кентски Газет-службен весник (Kentish Gazette).
До 1770та замокот почнал да се распаѓа , и многу негови делови биле уништени кон крајот на 18тиот век и почетокот на 19 тиот век.
Во 1787 сите порти на градскиот ѕид биле урнати,освен западната порта(Westgate)на градскиот затвор, како резултат на комисија која одлучила дека попречувале во новото патување со автобуси.
До 1820 се затворила градската индустрија за свила поради увозот на идискиот муслин.
Во 1830 била отворена првата светска железницаз за патници, The Canterbury and Whiсtstable Railway.
Помеѓу 1830 и 1900 популацијата се зголемила од 15 000 на 24 000 жители.
Кентерберискиот затвор бил отворен во 1808 веднаш позади градските ѕидини.
За време на Првата Светска војна , многубројни бараки и волонтерски болници биле поставени околу градот, а во 1917 германски бомбардер се урнал близу улицата Броад Оук (Broad Oak).
За време на Втората Светска Војна биле фрлени 10 445 бомби во 135 одделни напади и биле уништени 731 дома и 296 други згради во градот, вклучувајќи го и училиштето за класични јазици Симон Ленгтон(Simon Langton Grammar Schools), а биле убиени 115 луѓе.
Најужасниот бунт бил на 1ви јуни 1942 за време на Baedeker Blitz.
Пред крајот на војната, архитектот Чарлс Холден нацртал неколку планови за да го обнови градскиот центар, но локалните жители биле против, поради што се формирало Здружение за одбрана на граѓаните кое било симнато од власт во 1945 на општинските избори.
Повторната изградба на градскиот центар започнала дури 10 години по војната.
По некое време, кружен ток бил конструиран во стадиуми, надвор од градските ѕидини за да се избегнат зголемените сообраќајни проблеми во градскиот центар, кој подоцна бил наменет и за пешаци.
Најголемото проширување на градот се случило во 1960тите, со пристигнувањето на Универзитетот на Кент во Кентербери (University of Kent at Canterbury) и на Колеџот Крајст Чрч (Christ Church College).
Осумдесетите години од 20тиот век биле одбележени по посетата на папата Јован Павле Втори и Кралицата Елизабета Втора, и почетокот на Кентерберискиот Фестивал.
Во 1997 Кентербери добил и своја сопствена радио станици во CTFM, сега КМФМ Кентербери( KMFM Canterbury).
Меѓу 1999 и 2005 година, трговскиот центар Вајтфрајарс(Whitefriars) доживеал големи промени.
Во 2000, за време на развојот, бил извршен голем археолошки проект од страна на Canterbury Archaeological Trust, познат како Големото Икопување (Big Dig),кое било поддржано од Тимот Тајм (Time Team) на канал Четири.
Друг познат посетител бил Махатма Ганди, кој дошол во градот во октомври 1931; тој остварил средба со тогашниот Декан на Катедралата на Крајст Чрч,Кентербери.
Владеење[уреди | уреди извор]
Од 1987, член на Парламентот за Кентербериската изборна единица, во кој е вклучен и Витстбл (Whitstable),бил конзервативецот Џулијан Брејзер.
На општите избори во 2005, конзервативците победиле со мнозинство од 7 471 или 44,4 % од гласовите во кентербериската изборна единица.
Лабуристите освоиле 28,7% од гласовите , либералните демократи 21.1%, Зелената партија 3,2%, Независната партија на Велика Британија 1,9% и Легализирање на Канабис Алијансата 0,7%.
Кентербери, заедно со Витстбл и Херн Беи, се дел од округот на локална управа, градот на Кентербери (City of Canterbury).
Урбаниот реон на градот се состои од шест изборни единици и тоа на Бартон(Barton), Харблдаун(Harbledown), Нортгејт(Northgate), Сент Стефан (St.Stephens), Вестгејт (Westgate) и Винчип (Wincheap).
Овие единици имаат 15 од 20 седишта во Градсиот Совет на Кентербери.
Дванаесет од овие седишта се заземени од Либерал Демократите и три од Конзервативците.
Градот станал самоуправна грофовија во 1461,а подоцна реон независен од контролата на советот на грофовијата според Локалниот Владин Акт 1888( Local Government Act 1888).
Во 1974 го губи своот статус како најмалиот независен реон во Англија, по Локалниот Владин Акт 1972, и е земен под контрола на Советот на грофовијата Кент.
Географија[уреди | уреди извор]
Кентербери се наоѓа на 51°16′30″N 1°05′13″E (51.275, 1.087) во источен Кент, на околу 55 милји (89км) исток-југоисток од Лондон.
Крајбрежните градови на Херн Беј и Витстбл се 6 милји ( 10км) на север, а Фејвершам (Faversham) е 8 милји (13км) на северозапад.
Окружните села се Раф Комон ( Rough Common), Стари (Sturry) и Тајлер Хил( Tyler Hill).
Граѓанската парохија (civil parish) на Тенингтон Витаут (Тhanington Without) се наоѓа на југозапад; остатокот од градот нема парохија.
Градот се наоѓа на реката Стур или Голем Стур, започнувајќи од неговиот извор кај Ленам (Lenham) северозападно преку Ашфорд (Ashford) до Англискиот Канал кај Сендвич.
Реката се дели јужно и источно од градот, еден огранок течејќи низ градот, а другиот околу позицијата на претходните ѕидини.
Двата огранока се поврзани на неколку места, но конечно се соединуваат околу градот Фордич(Fordwich), на брегот на мочуриштето кое се наоѓа севроисточно од градот.
Реката Стур е пловна до приливниот дел до Фордич, меѓутоа и по оваа точка може да пловат кајаци и други мали пловни објекти.
Во Кентербери може да се изнајмат и речни кајчиња.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според пописот на Велика Британија во 2001, вкупната популација на урбаните регионални единици на градот изнесувале 43 432.
Просечната возраст на жителите на градот изнесувала 37,1 години, помлади од 40,2 просечната возраст во областа и од 38,6 просечната возраст за Англија.
Од 17 536 домаќинства, 35% биле домаќинства кои се состоеле од еден член, 39% биле парови,10 % биле самохрани родители, и 15% други.
Оние кои биле на возраст од 16 до 74 години, 27 % од нив биле високообразовани, просек повисок од националниот, кој изнесувал 20%.
Споредено со остатокот од Англија, градот имал највисок процент на жители со странско потекло, кое изнесувало околу 12%.
Дваесет и пет проценти од населението е евидентирано како белци; најголемата малцинска група е регистрирана како азиска, која изнесувала 1,8% од населението.
Според религијата, 68,2% биле христијани, 1,1% муслимани, 0,5% будисти, 0,8% хинду, 0,2 % евреи и 0,1% сики.
Другите или немале религија,или имале алтернативна ралигија, или не ја потврдиле нивната религија.
Економија[уреди | уреди извор]
Кентерберискиот регион е седиште на приближно 4 761 бизниси, до 60 000 работници со цело и пола работно време и имало вредност од 1,3 билиони фунти во 2001.
Ова придонесува регионот да биде втора најголема економија во Кент.
Невработеноста во градот значително опаднала од 2001, која се должи на отварањето на трговскиот комплекс Вајтфрајарс (Whitefriars), каде се отвориле илјадници работни позиции.
Во април 2008, Архиепископот Кантербериски , д-р Роуан Вилијамс побарал да се воведе ограничување во платите за спречување на големо богатење, со цел справување со зголемување на еконмијата.
Економијата на градот воглавно бенефицира од значајни економски проекти како што се the Canterbury Enterprise Hub, Lakesview International Business Park и the Whitefriars развојот на малопродажбата.
Од туризмот,економијта на Кентербери се збогатува за 258 милиони фунти, и игра главна улога во локалната економија веќе неколку години; Кентербериската катедрала ја посетуваат годишно преку милион посетители.
Кентербери има високо БДП по глава на жител, повисок е од просечниот на Кент за 42 500 долари, што го прави еден од најбогатите градови во Југоистокот на Англија.
Стапката на невработеност регистрорана во септември 2011 изнесувала 5,7%.
Куллтура[уреди | уреди извор]
Знаменитости[уреди | уреди извор]
Кентербериската Катедрала е главна црква на анкгликанската заедница и е седиште на надбискупот од Кентербери.
Основана во 597 од страна на Августин, заедно со саксонската црква Сент Мартин и урнатините на опатијата свети Августин, претставува Светско наследство на УНЕСКО.
Со преку милиони посетители годишно е еден од најпосетуваните места во светот.
Во катедралата се држат миси трипати или повеќе пати дневно.
Римскиот музеј е дом на in situ мозаичниот тротоар, кој датира од 300 година од н.е.. Во зачуваните градби од Римско време спаѓаат Квенингејт (Queningate), блокирана порта во градскиот ѕид, и могилата Дејн Џон ( Dane John Mound), која некогаш претставувала дел од римските гробишта.
Во 18 век биле изградени градините Дејн Џон,позади могилата, и бил поставен споменик на врвот на могилата.
Меѓу 1731 и 1839 на могилата имало и ветерница.
Во средновековната црква свети Маргарет се раскажуваат "Кентербериските приказани" со помош на актери,кои ги реконструираат приказните на Џефри Чосер.
Денес Вестгејт претставува музеј кој ја отсликува сопствената историја, како затвор.
Во 1982, средновековната црква на свети Алфеџ ја затвориле, но повторно била орворена како Урбан Центар за Студии на Кентербери,а подоцна преименувана во Центар за животна средина на Кентербери; зградата е под раководство на училиштето Кинг.
Старата Синагога во Кентербери, денес музичка соба на училиштето Кинг, е една од само двете египетски преродбени синагоги кои уште постојат.
Во центарот се наоѓаат многу куќи со дрвена конструкција од 16тиот и 17тиот век, вклучувајќи ја и "Old Weaver's House", која е користена од хугенотите.
Мартин е единствена опстаната воденица од вкупно шест познати кои биле изградени во Кентербери.
Била изградена во 1817 и работела до 1890; денес е пренаменета во куќа.
Во Музејот на Кентербери се оддржуваат многу изложби,меѓу кои една од нив е музејот на мечето Руперт.
Според извештајот на Херн Беј Тајмс, на регистарот за наследство во опасност има 19 градби во Кентербери кои итно имаат потреба од обновување,но за кои советот нема доволен фонд на средства.
Театри[уреди | уреди извор]
Театарската и коцертната сала на градот е театарот Марлоу, именуван по Кристофер Марлоу, кој е роден во градот во времето на кралицата Елизабета Прва.
Тој е крстен во градската црква Свети Георгија (Saint George), која е уништена за време на Втората Светска војна.
Стариот театар Марлоу се наоѓал на улицата Сент Маргарет и на репертоарот се наоѓале театарски претстави.
Театарот Гулбенкиан(The Gulbenkian Theatre), кој се наоѓа кај универзитетот,исто така му е во служба на градот,во кој исто така има кино и кафе бар.
Денес театарот Марлоу е целосно обновен, кој бил отворен во октомври 2011.
Покрај овие театри, на неколку други места во градот се одржуваат театарски перформанси, како што се во Катедралата и опатијата Свети Августин.
Премиерата на " Убиство во Катедралата" од Т.С.Елиот се оддржала во Кентербериската Катедрала.
Најстариот тудорски театар кој опстојува во Кентербери е Кејсис Бар (Casey's Bar), порано познат како Пабот на Шекспир.
Во Кентербери има и неколку театарски трупи, вклучувајќи ги Т24 драмската заедница на студентската унија при Универзитетот на Кент, Кентербериските актери и Младинскиот театар на Кент.
Театарот Марлоу[уреди | уреди извор]
Реконструираниот театар Марлоу е најголемиот театар во регионот.Во програмата се вклучени мјузикли , драми, балет, современи танци, класични оркестри, детски претстави, пантомими, стендап комедија, и концерти.
Исто така, ќе има и втора сала за перформанси наречена студио Марлоу, посветен на креативни активности и кој во својата програма ќе вклучува нови дела.
Овој театар нуди три бара со поглед кон градот, ресторан и тераса покрај реката.
Тој е отворен за јавноста од 4 октомври.
Музика[уреди | уреди извор]
Катедралата[уреди | уреди извор]
Средeн Век[уреди | уреди извор]
Полифоничната музика напишана за монасите од манастирот "Крајст Чрч" (Катедралата) опстојувала од 13тиот век.
Голема е веројатноста да катедралата имала оргули дури од 12тиот век, и покрај тоа што се заведени имињата на оргулисти само од почетокот на 15тиот век.
Еден од најрано именуваните композитори поврзан со кентербериската катедрала бил Леонел Пауер (Leonel Power), кој бил назначен за маестро на новиот хор на женската капела,формиран во 1438.
Пост-реформациски период[уреди | уреди извор]
Реформацијата придонела за намалeно создавање на музика на Катедралата, која подоцна е заживеана од страна на деканот на катедралатаТомас Невил(Thomas Neville) во почетокот на 17тиот век.
Невил вовел инструменталисти во музиката на Катедралата, кои свирале на корнет и сакбут,и најверојатно биле членови на градскиот band of waits.
Катедралата била снабдена со блок флејти, лејти и виоли за да ги користат момците од хорот и црковните псалти.
Градот[уреди | уреди извор]
Рано модерен период[уреди | уреди извор]
Како што било заедничко за сите англиски градови во средниот век, така и во Кентербери бил вработен градски бенд познат како Waits.
Постојат записи од исплаќањето на Waits ,кои датираат од 1402, иако е можно тие да постоеле од порано.
Бендот бил растурен од градските власти во 1641 поради прекршоци, но биле повторно вратени на сцена во 1660, кога свиреле за посетата на кралот Чарлс Втори, кога се враќал од егзил.
На крајот Waits биле укинати нацинално со Општинскиот Корпоративен Акт од 1835.
Модерна музичка група наречена The Canterbury Waits го оживела името.
Кентербери Кетч Клубот( Canterbury Catch Club) бил музички и социјален клуб и билотворен во градот помеѓу 1779 и 1865.
Во клубот (само мажи) се збирале секоја недела во зима.
Имало и оркестар кој помагал во преформансите во првата половина на вечерта.
По интервалот, членовите пееле кеч(catches) и гли (glees) од обемната музичка библиотека на клубот ( денес зачувани во архивата на Катедралата во Кентербери.
Соверемен период[уреди | уреди извор]
Името на градот било искористено за именување на музички жанр познат под името Кентербери Саунд (Canterbury Sound) или Кентербери Сцена ( Canterbury Scene), група на музичари со различни стилови, како што се прогресивен рок, авант-гарда и џез, основана во градот кон крајот на 1960тите и почеткот на 1970тите.
Некои од позначајните кентербериски бендови биле Софт Машин (Soft Machine), Караван(Caravan), Мечинг Мол (Matching Mole), Ег (Egg), Хатфилд енд д Норт(Hatfield and the North), Нешанал Хелт (National Health), Гилгамеш (Gilgamesh), Софт Хип (Soft Heap), Кан (Khan), Камел (Camel)и Ин Кахутс (In Cahoots).
Со текот на годините, со промена на членовите на бендовите и со создавање на нови бендови, терминот се користи за опишување на музички стил или поджанр, отколку да се опише регионална група на музичари.
Во периодот од 70тите до 80тите кентерберискиот "Одеон" бил домаќин на многу панк бендови и бендови од новиот бран,како што се Д' Клеш (Тhe Clash), Д'Рамонс (The Ramones),Блонди (Blondie), Шем69 (Shem69), Магазин (Magazine), ХТЦ (HTC), Др Филгуд (Dr Feelgood), Елвис Костело (Elvis Costello) и атрактивните, Д'Стренглрс (The Stranglers).
Во Универзитетот на Кент се одржале концерти на бендови како што се Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Д'Ху (The Who).
Кон крајот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите кентерберискиот Одеон бил домаќин на многубројни значајни збиднувања, вклучувајќи ги и Д'Кјур(The Cure) и Џои Дивижн(Joy Division).
Театарот Марлоу е место каде што се одржуваат и музички перформанси, како што се Дон Меклин (Don McLean) во 2007, и Ферпорт Конвеншн ( Fairport Convention) во 2008.
Вестгејт салата е место каде што редовно има музика и танц.
Кентербериската хорска заедница редовно одржува концерти во кентербериската Kатедрала, специјализирани за обемни хорски дела од класичниот репертоар.
Кентерберискиот Оркестар, основан во 1953, е група во подем, составена од ентузијастички музичари кои редовно се справуваат со огромни дела од симфонискиот репертоар.
Други музички групи се Кентербери Сингрс( Canterbury Singers) ( исто така основани во 1953), Кантемус (Cantemus), и Камерниот Хор на градот Кентербери.
Универзитетот на Кент има Симфониски оркестар, Универзитетски хор, Камерен хор и Универзитетски концертен бенд и Биг бенд(Big Band).
Кентерберискиот фестивал се одржува две недели во октомври секоја година, во Кентербери и во околните градови.
Овој фестивал вклучува широк опсег на музички настани почнувајќи од опера и симфониски концерти до светска, џез,народна музика итн, како и настани на Фестивалски Клуб, Фринџ(Fringe) и Aмбрела (Umbrella)настани.
Кентербери е исто така домаќин на фестивалот " Лоунџ он д фарм" (lounge on the farm) кој се одржува секоја година во јули, и каде има воглавно перформанси од рок,инди и денс артисти.
Реге/ска изведувачот Џаџ Дред (Judge Dread) последната негова свирка ја оддржал во театарот Пени.
Неговите последни зборови биле "ајде еден огромен аплауз за бендот " .
Потоа тој отишол позади сцената , добил срцев удар и починал,и покрај помошта од амбулантната екипа и од публиката.
Композитори[уреди | уреди извор]
Композитори кои се поврзани со Кентербери се следните:
- Томас Талис (Thomas Tallis)([PHONE]), станал црковен псалт во Кентербериската катедрала во 1540, а последователно бил назначен за " Џентлмен" (Gentleman)во Кралската Капела во 1543.
- Џон Вард(John Ward) ( [PHONE]), роден во Кентербери, хорист во кентербериската катедрала, компонирал мадригали, дела за виола и црковна музика.
- Орландо Гибон(Orlando Gibbons) ([PHONE]) ,оргулист,композитор и " Џентлмен" (Gentleman) во Кралската Капела,кој починал во Кентербери и бил закопан во Катедралата.
- Вилијам Флектон (William Flackton)( 1709- 1798) роден во Кентербери, хорист во Кентербериската Катедрала, оргулист,виолист и композитор.
- Џон Марш (John Marsh)([PHONE]), адвокат, аматерски композитор и организатор на концерти, напишал две симфонии за кентерберискиот оркестар пред да се пресели во Чичестер во 1784.
- Томас Кларк (Thomas Clark)([PHONE]), чевлар и оргулист во методистичката црква во Кентербери, композитор на "Вест Галери"(West Gallery) химните и псалми.
- Сер Џорџ Елвис Џоб Елви (Sir George Elvis Job Elvey) ( [PHONE]), оргулист и композитор, роден во Кентербери и вежбал како хорист во катедралата.
- Алан Ридо (Alan Ridout)([PHONE]) наставник и новинар, композитор на црковна,оркестарска и камерна музика.
- Сер Питер Максвел Дејвис (Sir Peter Maxwell Davies)бил назначен за почесен соработник на Универзитетот Крајст Чрч во Кентербери при церемонија во кентербериската катедрала.
Многу оргулисти во кентербериската катедрала компонирале црковна музика,химни итн.
Спорт[уреди | уреди извор]
Игралиштето Сент Лоренс (St. Lawrence Ground) е значаен како еден од двете игралишта кој се користи редовно за прва класа на крикет, чија ограда е од дрва ( другото игралиште е Сити Овал во Пјетермарицбург, Јужна Африка).
Тоа е домашно игралиште на Кент Каунти Крикет Клубот (Kent County Cricket Club) и бил домаќин на неколку натпревари на крикет меѓу интернационални тимови, вклучувајќи и еден натпревар на кој учествувала Англија за време на Светското првенство во крикет во 1999.
Фудбалскиот клуб Кентербери Сити (Canterbury City F.C.
)се реформирал во 2007 како компанија во корист на заедницата и денес се натпреварува во Лигата на Кент.
Претходното разработување на клубот завршил во 2001.
Кентерберискиот Рагби Клуб бил основан во 1926 и станал првиот клуб од источен Кент кој се здобил со можноста да игра во националната лига, кога бил префрлен таму во 2006.
Во два наврати трката Тур де Франс поминала низ градот.
Во 1994 трката поминала низ градот, а во 2007 се одржал крајот на Бината 1.
Кентербери Хокеј Клубот е еден од најголемите клубови во земјата и двата тима,машки и женски се натпреваруваат во Хокеј Лигата на Англија.
Поранешната олимписка победничка на златен медал Шон Крли (Sean Kerly) исто така е член на клубот.
Спортските активности за јавноста се оддржуваат во спортскиот центар Кингсмид, кој има базен за пливање долг 33 метра и спортска сала за фудбал, кошарка и бадминтон.
Транспорт[уреди | уреди извор]
Железница[уреди | уреди извор]
Кентербери бил терминалот на Кентербери и Витстабл Железницата (Canterbury and Whitstable Railway ) (локално позната како линијата Краб и Винкл) која била прва линија, отворена на 3 мај 1830, а потоа затворена во 1953.
И покрај изјавите од Стоктон и Дарлингтон Железницата (Stockton and Darlington Railway), Кентербери и Витстабл (Whitstable)била првата редовна патничка железница на пареа во светот.
Првата станица во Кентербери била кај северната линија.
Денес, Кентербери има две железнички станици, Кентербери Западна и Кентербери Источна, и двете раководени од Саутистерн(Southeastern), сегашната компанија за железниците во околината на Кентербери( кои се дел од националната железничката мрежа контролирани од државата).
Кентербери Западна станица, која се наоѓа на Југо-источната Железница од Ашфорд(Ashford), била отворена на 6ти февруари 1846, а пак на 13ти април линијата кон Рамсгејт (Ramsgate) била завршена.
Кентербери Западна Линија има брзи (56 минути) возови до лондонската станица Св.
Панкрас (St. Pancras), поспори линии до Лондон Чаринг Крос(Charing Cross) и Лондон Викторија(Victoria), а и со возови до Рамсгејт и Маргејт( Ramsgate and Margate).
Кентербери Источната Линија, која се наоѓа поцентрално од двете станици , била отворена од Лондон, Чатам и Довер Жлезницата(London, Chatham and Dover Railway) на 9 Јули 1860.
Порано две други станици биле во служба на Кентербери.
Норт Лејн Станицата(North Lane Station) била јужен терминал на Кентербери и Витстабл Железницата помеѓу 1830 и 1846.
Кентербери Јужната станица била на Елам Вали Железницата(Elham Valley Railway) , која била отворена во 1890 и затворена 1947.
Брзата патна линија до Лондон Св.
Панкрас преку Ашфорд Инернационал започнала на 13 Декември 2009.
Патувањето до Лондон се намалил на еден час.
Копнен сообраќај[уреди | уреди извор]
Покрај Кентербери минува А2 автопатот од Лондон до Довер.
Околу 45 милји (72 км) е од М25 кружниот автопат на Лондон, и 65 милји (98 км) од централен Лондон.
Другиот главен пат што минува преку Кентербери е А28 од Ашфорд до Рамсгејт и Маргејт.
Градскиот Совет многу инвестирал во системот "паркирај и вози" околу градската периферија и има три места: кај Винчип, Њу Довер Роуд и Стари Роуд (Wincheap, New Dover Road and Sturry Road).
Исто така се планира да се изградат директни патишта за влез и излез од А2 во насока кон Лондон каде се спојува со преоптоварениот Винчип ( сега има само патишта од А28 до и од правецот кон Довер) за да се овозможи поголем пристап до Кентербери од А2, но овие се сè уште предмет на локална дискусија.
Во 2011 била изградена трета раскрсница, која ги поврзува А28 со северниот дел на А2; според ова само јужниот дел на А2 останува без излез, но бидејќи ова ќе го пресекува паркингот за коли "паркирај и вози" и ќе се спои со А28 кај веќе комплицираната раскрсница, не се очекува да се доизгради во блиска иднина.
Образование[уреди | уреди извор]
Во градот има многу студенти, бидејќи е седиште на четири универзитети, заедно со неколку други високообразовни институции и колеџи; на попис во 2011, 22 % од популацијата на возраст од 16 до 74 години биле редовни студенти, споредено со 7% во цела Англија.
Градот е седиште на четири универзитети: Универзитетот на Кент, Универзитетот "Крајст Чрч" во Кентербери, Универзитетскиот Колеџ за Креативни Уметности и најновиот ГАУ(The Girne American University).
Главниот кампус на Универзитетот на Кент се простира на 300 акри (121 ха) кај Св.
Стефан Хил(St. Stephen's Hil), една милја северно од кентерберискиот градски центар.
Претходно именуван како Универзитетот на Кент во Кентербери, е основан во 1965, со помал кампус отворен во 2000 во градот Чатам(Chatham).
Од 2007, има околу 16 000 студенти.
Универзитетот "Крајст Чрч" во Кентербери бил основан во 1962 како колеџ за обучување на наставници,од страна на Црквата на Англија.
Во 1978 неговиот опсег на курсеви почнал да се шири и на други предмети, и во 1995 станал Универзитетски Колеџ.
Во 2005 се здобил со статус на универзитет, а од 2007 имал околу 15 000 студенти.
Универзитетскиот Колеџ за Креативни уметности е најстарата високообразовна институција во градот, кој бил основан во 1882 од Томас Сидни Купер (Thomas Sidney Cooper) како Училиштето за Уметност "Сидни Купер".
Близу Универзитетот на Кент се наоѓа Францисканскиот Меѓународен Центар за студирање, место за изучување на Францисканскиот Ред.
Колеџот "Чосер" е независен колеџ за јапонски и други студенти во кампусот на Универзитетот на Кент.
Кентербери Колеџот, порано познат како Кентербери Колеџ за Технологии, нуди различни професии, дополнителни и курсеви за високо образование, за оние кои го напуштиле училиштето и за возрасни.
Како независни средни училишта се Кент Колеџ, Училиштето "Сент Едмундс",и најстарото училиште во Англија, училиштето "Кингс".
Свети Августин основал училиште веднаш по неговото пристигнување, и од ова се основало училиштето "Кингс".
Документираната историја на училиштето започнала веднаш по распуштањето на манастирите во 16тиот век, кога училиштето се здобило со сегашното име, кој се однесува на Хенри 8.
Училиштето "Кингс" е еден од највисоко рангираните јавни школи во Обединетото Кралство, кој редовно се наоѓа во првите десет на листата на училишта со највисоки трошоци.
Средни училишта за изучување на класичните јазици( grammar schools) се училиштето "Бартон Корт Грамар"( Barton Court Grammar School), училиштето "Сајмон Ленгтон Грамар" за момчиња (Simon Langton Grammar School for Boys) и училиштето "Сајмон Ленгтон Грамар" за девојчиња (Simon Langton Girls' Grammar School); сите од кои во 2008, 93% од нивните ученици се здобиле со пет или повеќе ГЦСЕ(General Certificate of Secondary Education- GCSEs) со оценки од А до Ц, вклучувајќи ги англиски јазик,и математика.
Државни средни училишта каде нема селекција се Кентербери Средно Училиште, католичкото училиште "Сент Анселм", Надбискупското училиште на Црквата на Англија, и Технолошкото Училиште Чосер; сите од кои во 2008, 30% од нивните ученици се здобиле со пет или повеќе ГЦСЕ (GCSEs-General Certificate of Secondary Education) со оценки од А до Ц, вклучувајќи ги англиски јазик и математика.
Локални медиуми[уреди | уреди извор]
Весник[уреди | уреди извор]
Првиот весник на Кентербери бил Кентиш Пост( Kentish Post), основан во 1717.
Во 1768 му било променето името во Кентиш Газет( Kentish Gazette),кој е уште објавуван, и се тврди дека е втор најстар весник кој опстанал во државата.
Овој весник го покрива регионот на источен Кент и има тираж од околу 25 000 примероци.
Воглавно, постојат три бесплатни неделни весници кои го покриваат кентерберискиот округ: "Јуаркентербери", "Кентербери Тајмс", и "Кентербери Екстра"( yourcanterbury, the Canterbury Times and Canterbury Extra).
"Кентербери Тајмс" е во сопственост на "Дејли Меил" и "Џенерал Траст" и има тираж од околу 55 000.
"Кентербери Екстра" е во сопственост на КМ Груп и исто така има тираж од околу 55 000.
Јуаркентербери е објавуван од КОС Медиа, кои исто така го објавува популарниот окружен весник "Кент он Сандеј" (Kent on Sunday).
Радио и Телевизија[уреди | уреди извор]
Во Кентербери има две локални радио станици, КМФМ Кентерббери( KMFM Canterbury) и ЦСР 97.4FM.
КМФМ Кентербери се емитува на 106ФМ.
Порано бил познат како КМФМ106, и пред да го земе КМ Груп во своја сопственост, бил познат како ЦТФМ(СТFM), кој се однеувал на локалниот поштенски код ЦТ (СТ).
Најпрво студиото и презентерите се наоѓале во градот, а од 2008 биле преместени во Ашфорд.
ЦСР 97.4 ФМ (CSR 97.4FM), акроним за "Радио на Студентска заедница"("Community Student Radio"), се емитува на 97.4 ФМ од студија и од Универзитетот од Кент и од Кентербери Крајст Чрч Универзитетот.
Станицата е раководена во соработка на едукативните установи во градот , вклучувајќи ги двата универзитета.
Трансмитерот се наоѓа на Универзитетот на Кент, покривајќи го целиот град.
ЦСР ги заменил двете постоечки радио станици: Ц4 Радио, кој бил користен од Универзитетот Кентербери Крајст Чрч, и УКЦ Радио, кој бил користен од Универзитетот на Кент.
Има две други радио станици кои покриваат дел од градот.Хоспитал Радио (ЦХР)( Hospital Radio) во Кентербери е наменет за пациентите од болицата во Кент и Кентербери, а во училиштето за момчиња "Сајмон Ленгтон" се наоѓа радиостаницата СЛБСЛајф (SLBSLive), чиј пренос го опфаќа само училишниот двор.
Познати луѓе[уреди | уреди извор]
Меѓу познатите луѓе кои се родени во Кентебери се Кристофер Мароу, ТВ презентерката Фиона Филипс, актерот Томас Џејмс Лонли, пејчот и актер Џозеф Мекманер, писателот на комични книги Џек Лоренс, и актерот Орландо Блум.
Мери Туртел, креаторот на Мечето Руперт,и Томас Сидни Купер, Викторијанскиот сликар на животни кој ја учел,и двајцата биле родени и живееле во градот.
Крикет играчот Дејвид Говер, физичарот Вилијам Харви, актерката и пејачка Аруан Галиева, писателот В.Сомерсет Могам и филмскиот режисер Мајкл Пауел се едни од поранешните ученици на училиштето "Кингс" во Кентербери.
Едни од најзначајните ученици од постарите генерации при Универзитетот на Кент се комедијантот Алан Дејвис, пејачката Ели Гулдинг, новинарскиот уредник Рози Бојкот, актерот Том Вилкинсон,и новелистот,добитник на наградата Букр ("Booker Prize"), Казуо Ишигуро, и Крис Симонс (најдобро познат по улогата ДС Мики Веб , хит полициската драма на АјТиВи, Сметката ("The Bill"). | fineweb-2 |
Список на латински фрази
Оваа страница ги листа директните македонски преводи на секојдневни латински фрази, како veni vidi vici и et cetera.
Некои од фразите се всушност преводи на грчки фрази, поради тоа што грчката реторика и литература ги достигнала своите врвни векови пред Антички Рим.
Бидете свесни дека латинската буква i може да се користи било како самогласка или согласка.
Кога се користи како согласка, често се заменува со буквата j според средновековна согласност, особено во судската терминологија—така фразите како de iure често се пишуваат de jure.
На оваа листа, почестите форми на фразите ќе бидат оние под кои ќе бидат листани: така, de jure се користи наместо de iure, и alea iacta est наместо alea jacta est.
За да ги видите сите три страници со фрази во еден и долг документ, видете:
Оваа листа е поделена и на три страници по азбучен ред:
Видете исто така[уреди | уреди извор]
- Список на латински скратеници
- Список на латински судски термини
- Список на француски фрази
- Список на грчки фрази
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Латински преку пословици: 4000 пословици, мотоа и изреки за учениците по латински.
Овие страници имаат пребарувач, заедно со латински аудио датотеки, игри и други материјали за учење.
- Латински фрази и скратеници Колекција на латински фрази со пребарувачка функција.
- Викицитат на англиски: Латински пословици
- Латински изреки Организирани по тема.
- Судски речник на Џон Бувије (1856)
- Латински фрази и мотоа - Сортирани азбучно и по тема.
- Merriam-Webster Online (Внимание: овој сајт има поп-ап огласи)
- Латински мотоа и латински цитати со англиски преводи
- Латински пословици Познати латински пословици.
- Уште една листа на латински скратеници | fineweb-2 |
На 16.09.2015 год.
(среда) во сала Билјана, хотел Метропол со почеток од 17.30 часот, во заедничка организација на Авицена дијагностика и ПЗУ Дарон се одржа стручен состанок на тема "Неинвазивен пренатален скрининг со PRISCA софтвер".
Во периодот од 1-ви до 3-ти Октомври, 2015 година во хотел "ХОЛИДЕЈ ИН" – Скопје, во организација на МЛД, ќе се одржи XIX Конгрес на лекарите на Република Македонија со меѓународно учество.
Погледнете го принципот на работа на RIDA qLineAllergy -најнова генерација на ин витро алерголошки тестови, единствен квантитативен алерготест со стандардна крива калибрирана согласно стандард на СЗО "2nd WHO IRP 75/502 for human IgE ". | fineweb-2 |
Сообраќајна мрежа
Сообраќајна мрежа или транспортна мрежа е мрежа од патишта, улици, цевоводи, аквадукти, далноводи, или било каква структура која овозможува движење на возила или проток на суровини.
Во рамките на сообраќајното инженерство се вршат анализи на сообраќајната мрежа, со кои се утрврдува протокот на возила (или луѓе) низ неа, обично со примена на математичка теорија на графите.
Тука може да се комбинираат повеќе видови на сообраќај, как на пример пешачење и автомобил и со тоа се моделираат повеќеначински патувања.
Видете исто така[уреди | уреди извор]
|Оваа статија за сообраќај е никулец.
Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.| | fineweb-2 |
Поп ѕвездата Justin Bieber ќе настапи на MTV Europe Music Awards во Милано, Италија.
Bieber наскоро го очекува издавањето на новиот студиски албум "Purpose".
Тој претходно настапи на наградите во 2011 во Белфаст.
Годинава е номиниран во шест категории.
Pia Mia е американска музичарка, компзиторка и модел.
На светската јавност и стана позната преку видеата во кои пее постирани на YouTube.
Подоцна почна да се појавува и во рекламни кампањи и да учествува во видео спотови.
Missy Elliott ќе ја добие првата воопшто Иноваторска награда на претстојнaтa церемонија Жени во музиката организирана од страна на Билборд.
Наградата ќе им се доделува на изведувачи чиј музички опус поставил нови стандарди во поп музиката.
Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ со победа ја почна одбраната на титулата на АТП турнирот во Париз.
Србинот во 2.коло го совлада Бразилецот Томаш Белучи со 2-0, по сетови 7:5 и 6:3.
Pierce Brosnan ќе се здружи со акционата легенда Jackie Chan во претстојниот филм на режисерот Martin Campbell.
Насловот на акциониот трилер не е соопштен, но како што е известено Chan ќе игра сопственик на ресторан во лондонската Кинеска четврт кој ќе се сврти кон криминал откако неговата ќерка ќе биде убиена од група ирски терористи. | fineweb-2 |
Во старо време, личните имиња испраќале семејна или општествена порака за чуствата, надежите, желбите, вербата, и стремежите на родителите.
За новороденчињата се бирале имиња со длабоко значење.
Овој мал речник на лични имиња е од популарен карактер и има за цел, од една страна, на младите родители да им го олесни изборот на име за нивното новороденче, а од друга страна, да овозможи и поврзување на личното име со неговото потекло и значење.
За имиња за кои не биле познати корените, потеклото или значењето, задачата останува на читателот како личен предизвик личен предизвик, да се потруди и да ги открие и да си ги впише во книгава, покрај соодветното име. | fineweb-2 |
Dan Cobley:
Ден Кобли: Што ме научи физиката во врска со маркетингот
Физиката и маркетингот навидум немаат нешто многу заедничко, но Ден Кобли се интересира за обете.
Тој ги поврзува при тоа користејќи ги вториот Њутнов закон, Хајзенберговиот принцип на неодреденост, научниот метод и вториот закон за термодинамика со цел да ја објасни фундаменталната теорија на брендирањето. | fineweb-2 |
Аргумент од незнаење
Аргумент од незнаење, познат и како argumentum ad ignorantiam (односно некој да се повика на незнаењето) е заблуда во неформалната логика.
Според овој аргумент, претпоставката е вистинита бидејќи сè уште не е докажано дека е лажна, таа е "општо прифатена" (или обратно).
Ова претставува еден вид на лажна дихотомија по тоа што исклучува трета опција, која би гласела дека оваа претпоставка е недоволно истражена, поради што нема доволно информации за неа за да правилно се докаже дека таа е вистинита или лажна.
Тука не се дозволува ни признанието според кое изборите можеби не се два (вистина или лага), туку четири:
- вистина;
- лага;
- нешто непознато меѓу вистина и лага;
- непознато (меѓу првите три).
Во расправите и дебатите повикувањето на незнаење понекогаш се користи за да се измести товарот на докажување.
Друг вид на аргумент, оној од лично неверување или аргумент од лично убедување, се однесува на тврдење кое, поради тоа што некој лично ја наоѓа претпоставката за малку веројатна или за неверојатна, тогаш според неговата логика оваа претпоставка не може да биде точна.
Или обратно - дека претпочитаната, но недокажана претпоставка е точна.
И двата аргумента најчесто ја поседуваат следната структура: даден човек го смета недостигот на докази за едно гледиште како доказ во правилноста на друго гледиште.
Овие два вида на софизам не треба да се мешаат со методите на аргументирање reductio ad absurdum.
Наводи[уреди | уреди извор]
- "Argumentum ad Ignorantiam".
Philosophy 103: Introduction to Logic.
2004. архивирано од оригиналот на 30 април 2009. http://web.archive.org/web/20090430170946/http://philosophy.lander.edu/logic/ignorance.html.
29 април 2009. | fineweb-2 |
Гијом де Божоа
Гијом де Божоа, а исто така познат и како Вилијам Божуски или Гилермо де Божу (околу 1243- 18 мај 1291) бил дваесет и првиот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1273 година, па се до својата смрт во опсадата на Арка во 1291 година.
Содржина
Потекло[уреди | уреди извор]
Гијом де Божоа бил од областа Божоа, по чиешто име и го добил своето.
Жилом бил потомок на многу моќно семејство коешто припаѓало на најблагородничките во областа Божола.
Тие дури биле поврзани и со францускиот кралот Луј IX и Карлос Анжуски, кралот на Сицилија.
Се верува дека, тој се приклучил во редот на темпларите на 20 години.
Тој најпрвин бил како турист во гарнизонот Темпларија во Триполи во 1271 година, а потоа на 13 мај 1273 година бил избран за Голем мајстор, заземјаќи ја и функцијата командант на Апулија и поради тоа останал надвор од Светата земја.
Откако бил избран, тој организирал патување за постеа на главните темплари на запад и бил повикан од папата Григориј X во советот од Лион.
Во летото 1274 година, Жилом ги разгледал погледите на другите Големиот масјтор на витешкиот ред болничари за организирање на нова Крстоносна војна.
Малиот ентузијазам кај дело од бароните пред идејата за Крстоносна војна и смртта на папата во 1276 година ги прекинале подготовките за издавањето.
Враќањето во Арка и обидот да се заштити Светата земја[уреди | уреди извор]
Поради постојаните повици по темпларите од исток, некаде околу септември 1275 година, Жилом де Божу пристигнал во Арка.
Во 1279 година, Жилом бил во конфликт со Хуго III, кралот на Кипар бидејќи новите случувања конфискувале и многу добра од островот.
Овој конфликт помеѓу островот Кипар и темпларскиот ред траел 20 години, сè додека Голем мајстор не станал Жак де Молеј.
Во 1282, Гијом де Божоа, чијашто полиција добивала време против муслиманските управувачи ја оставила инвазијата поради монголското вознемирување и нивното ширење од исток и север за период од 10 години по истекот на договорот склучен о Баибарите во 1271 година.
Искрената политика била со цел да се развие непријателство помеѓу Монголите и Муслиманите.
Од друга страна пак, Христијаните од Ермеија биле загрозувани од Татарите, додека пак Христијаните јужно останале неутрални.
Сепак, Гијом де Божоа останал во пријателски односи со Каиро.
Во 1288, Калавун, владетелот на Балбарите одлучил да го нападне Триполи.
Жилом де Божу благодарение на пријателските односи со султанот од Каиро, го дознал планот за нападот и ги известил челните луѓе во Триполи коишто не му поверувале.
Тие мислеле сосема спротивно, дека тој сака да го заземе градот под контрола на темпларите.
Поради предупредувањата од Гијом де Божоа и благодарение на недовербата помеѓу христијанските водачи, градот Триполи бил освоен од страна на Муслиманите на 26 април 1289.
Калавун, чијашто цел била да ги протера Крстоносците од Светата земја започнал да се подготвува за освојување на градот Арка.
Врв на непријателството[уреди | уреди извор]
Масакрот на муслиманските трговци во Арка од новопристигнатите франко- ломбардски трупи го оневозможиле оправдувањето за оставрување на нивните цели.
За да ги промени подготовките, Калавун му се заблагодарил на одговорниот за извршениот масакр за да ја навести казната.
Гијом де Божоа им предложил на челните луѓе од градот Арка да ги испразнат затворите и ослободат затворениците и истите да му ги предадат на Калавун со цел да добијат време.
Но, Калавун умрел , па Христијаните уживале неколку недели по неговата смрт во Каиро во ноември 1290 година.
На пошетокот на април 1291, Ал- Ашраф Калил пристигнал со многубројна војска и го опколил градот.
Историчарите сметаат дека неговата војска броела 200.000 луѓе.
Веќе на 5 април градот целосно бил опсаден.
Крајот за градот[уреди | уреди извор]
Големите мајстори на витешките редови Темплари и Болничари, Жилом де Божу и Жуан де Вилиер заборавиле на меѓусебните недоразбирања и се здружиле заеднички во заштита на северните ѕидини од замокот, додека Конрад Фојтвангенски, Големиот мајстор на Тевтонскиот ред, Амаларико, братот на кралот на Кипар Хенри II и водач на коњаницата на Сирија и Кипар, швајцарскиот командант, командантот на британските трупи Отон од Грендсон се договориле да ги заштитуваат западните ѕидини.
Ноќта помеѓу 15 и 16 април, Гијом де Божоа започнал да подготвува околу 300 витези.
Проптивниците биле изненадени од доброзаземените позиции, па морале малку да се повлечат, бидејќи нивните воени машини биле напаѓани и уништувани што и било цел.
Но, Мамлуците се подготвиле за нов напад.
На 16 април, поради пристигнувањето на кралот на Кипар Хенри II придружуван од околу 1.000 војници, дел од ѕидините се урнале од нападите на противниците.
Муслиманите го искористиле направениот премин од урнатите ѕидини за да влезат во градот, но со заеднички сили трите витешки реда успеале да го спречат продорот и ги избркале Муслиманите од пред ѕидините.
Смртта на Гијом де Божоа[уреди | уреди извор]
На 18 мај, Ал- Ашраф Калил го повел завршниот напад.
Околу 2.000 војници поминале од преминот создаден од урнатите ѕидине и ги запоседнале кулите на ѕидините, а при тоа ги нападнале витезите.
Со одреден број на витези, Гијом за еден момент можел да го сопре приливот на противниците, но тие веќе биле во градот.
Кога Сарацените биле речиси пред вратите на Сан Антонио, Гијом де Божоа бил смртно ранет.
Во метежот за време на борбата, Жилом немал време да се тргне и бил погоден од стрела.
Тој се оддалечил од ѕидините и преминал од другата страна испуштајќи го својот меч.
Витезите го наговарале да се врати, но тој на тоа им одговорил:"Je ne m'enfuis pas; je suis mort.
Voici le coup.
"("Не се повлекувам.
Јас сум мртов.
Овде е стрелата.")
и ја подигнал раката, покажувајќи ја раната.
Бргу бил внесен во градот и доведен во една куќа во соседството каде што за последен пат видшал.
Падот на градот[уреди | уреди извор]
Пристигнувањето на нови сили со кои се освежувала противничката војска ги приморало витезите да се повлечат до темпларскиот замок којшто се наоѓал јужно од градот, на самиот брег.
Градот бил освоен од Муслиманите неколку дена подоцна, иако се уште имало темплари кои останувале докрај да се борат.
Ова предизвикало голем број од населението да го напушти градот Арка и да се насели на островот Кипар.
Двајцата влијателни луѓе, Теобалд Годен и Пјер де Севри останале живи во градот Арка, но решиле да се разделат.
Тибо запловил кон градот Сидон којшто се уште бил во христијански раце, а Пјер де Севри се уверил во издржливоста на муслиманските сили.
По неколку дена, покрај брегот, Пјер здогледал илјадници војници лесна пешадија коишто имале одбранбени задачи.
Ал- Ашраф Калил го поседнал градот на 28 мја, а при тоа убивајќи и неколку бранители коишто не можеле ништо против многу побројните противници, а останале живи од оние 2.000 фанатаци коишто останале да го бранат градот.
Традиционално популарно[уреди | уреди извор]
Се вели дека Жак де Молеј пред да умре му доделил чин на Франсоа де Божоа, внук од брат на Гијом де Божоа.
Редот на храмот бил сочубванм и Франсоа требало да отиде во гробницата на Големите мајстори и точно во гробот на својот предок да го остави скапоценикот којшто Жак де Молеј го враќал на својот претходник.
По мисијата, Жак де Молеј извршил нова организација на редот започнувакќи со неговитѕе тајни.
Користена литература[уреди | уреди извор]
- Алан Демургер (1986) Возвишувањето и падот на Темпларите
- Мартин Вокер (1993) Историја на Темпларите
- Бернард Марилер (2000) Историја на Темпларите
|Претходник
Тома Берар
|Голем мајстор
1273–1291
|Наследник
Теобалд Годен | fineweb-2 |
Знамето на Микронезија е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 10 ноември1979 година.
Знамето е составено од сина позадина на која приказ на четири бели ѕвезди.
Сината боја го симболизира Тихиот Океан, додека ѕвездите ги симболизираат четирите островски групи и федерални единици: Чук, Понпеј, Косрае и Јап. | fineweb-2 |
Template:BArch category header/mk< Template:BArch category header
Слики од Германскиот сојузен архив (Deutsches Bundesarchiv), http://www.bundesarchiv.de.
Највеќето слики тука се подигнати како дел од проектот опишан на Commons:Bundesarchiv.
Ова е привремена категорија за извори, а не тематска категорија.
Сите слики од оваа категорија треба дополнително да се искатегоризираат во соодветни тематски категории. | fineweb-2 |
Лох
- езеро или;
- морски затон (долгнавест тесен залив), кој исто така може да биде и ферт, фјорд, утока или залив.
Тесниот морски затон се нарекува "морски лох".
Содржина
Етимологија и примена[уреди | уреди извор]
Називот на оваа водна површина е од гелско потекло и се применува за речиси сите езера во Шкотска како и за многу морски затони во западна и северна Шкотска.
(Список ќе најдете на Список на лохови во Шкотска).
Иако не постои строга дефиниција за големина, мал лох се нарекува "лохан" (шкотски: lochan, ирски: lochán).
Исползување на лоховите[уреди | уреди извор]
Некои нови хидроакумулации за хидроенергија добиле верни имиња како природните водни површини - на пример акумулациите: Лох Слој, Лох Лох Лаган и Лох Трејг (дел од хидроенергетскиот комплекс Лохабер близу Форт Вилијам).
Други површини се нарекуваат едноставно резервоари, как на пример: Блеквотерскиот Резервоар над Кинлохлевен.
Лохови вон Шкотска и Ирска[уреди | уреди извор]
Бидејќи "лох" е општ гелски збор, истиот го наоѓаме и во коренот на неколку мански топоними.
Во САД, военото пристаниште Перл Харбор кое се наоѓа на јужното крајбрежје на главниот хавајски остров Оаху, е еден од комплекс на затони.
Неколку затони во овој комплекс се нарекуваат лохови - Југоисточен Лох, Мери Лох, Источен Лох, Среден Лох и Западен Лох. | fineweb-2 |
Црвен крст и Црвена полумесечина
|Меѓународен комитет на Црвениот крст|
Амблем на МКЦК
|Кратенка||МКЦК|
|Гесло||Помош во војна (лат.
Inter arma caritas)|
|Основана||22 август 1864|
|Цел||Заштитата на животот и достоинството на жртвите на вооружени конфликти|
|Седиште||Женева, Швајцарија|
|Буџет||970 милиони Швајцарски франци во 2005.|
|Мреж.
место||http://www.icrc.org|
|Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина|
Амблем на Федерацијата
|Гесло||Го штитиме човечкото достоинство|
|Основана||1919.|
|Цел||Помош во ситуации кои не се предизвикани од војна.|
|Седиште||Женева, Швајцарија|
|Главно тело||Генерално собрание|
|Мреж.
место||http://www.ifrc.org|
Меѓународен црвен крст и Црвена полумесечина — меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење.
Често слушаниот израз "Меѓународен Црвен Крст" всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација.
Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување.
Деловите на Движењето се:
- Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст (МКЦК), приватна хуманитарна установа основана во 1863 во Женева, Швајцарија.
25-члениот Комитет, според меѓународните хуманитарни закони, има уникатно право да го штити животот и достоинството на жртвите од меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
- Меѓународната Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, основана во 1919 и која денес ги координира активностите меѓу 186 национални здруженија.
Секретаријатот на Федерацијата е со седиште во Женева, Швајцарија.
Федерацијата ги предводи и огранизира, во тесна соработка со националните здруженија, мисиите за помош во случаи на големи непогоди.
Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот.
Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата.
Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење.
Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.
Содржина
- 1 Историја на Движењето
- 2 Активности на МКЦК
- 3 Активности и Организација на Федерацијата
- 4 Мото на движењето, Ден на движењето, Комеморација
- 5 Црвен крст на Република Македонија
- 6 Надворешни врски
Историја на Движењето[уреди | уреди извор]
Историја на МКЦК[уреди | уреди извор]
До средината на 19. век, не постоел организиран и воспоставен систем за нега на ранетите војници и не постоеле безбедни и заштитени установи кои би ги сместувале и лекувале ранетите.
Во јуни 1859, швајцарскиот бизнисмен Анри Динан патувал во Италија за да се сретне со францускиот император Наполеон III со намера да разговара за тешкотиите во водењето на бизнисот во Алжир, во тоа време окупиран од Франција.
Кога пристигнал до малиот град Солферино, вечерта на 24. јуни, бил сведок на Битката од Солферино, судир во Австро-Сардиниската војна.
Во еден ден, околу 40.000 војници на двете страни загинале или останале ранети на бојното поле.
Анри Динан бил шокиран од страотниот исход на битката, страдањето на ранетите и непостоењето на медицинска грижа за ранетите.
Тој целосно ја напуштил првобитната цел на патувањето, и неколку дена се посветил на помагање и лекување на ранетите.
Успеал да организира значајно ниво на нега и помош така што го мотивирал локалното население да помогне, без никаква дискриминација.
Кога се вратил во Женева, напишал и книга "Сеќавање на Солферино", и ја објавил во 1862.
Испратил копии од книгата на водечки политички и воени личности ширум Европа.
Покрај тоа што ги пренел живите сеќавања од Солферино од 1859, во книгата тој експлицитно се залагал за создавање на национални доброволни организации за помош кои би помагале на ранети во воени судири.
Покрај тоа, повикал на развој на меѓународни договори кои би ја гарантирале неутралноста и заштитата на ранетите војници, медицински лица и теренски болници.
На 9. февруари 1863 во Женева, Анри Динан го основал "Петчлениот комитет" (заедно со 4 други водечки личности од видни семејства од Женева), како анкетна комисија на Женевското здружение за јавна благосостојба.
Нивната цел била да се испита изводливоста на идеите на Дунан и да се организира меѓународна конференција за нивно спроведување.
Веќе на 26-29 октомври 1863, била свикана меѓународна конференција на која присуствувале претставници од 18 држави, 6 делегати од невладини организации, 7 странски неофицијални делегати и петте ченови на комитетот на Анри Динан.
Една година подоцна, владата на Швајцарија ги поканила владите на сите Европски земји, како и САД, Бразил и Мексико да присуствуваат на официјалната дипломатска конференција.
16 земји испратиле вкупно 26 делегати.
На 22. август 1864, Конференцијата ја усвоила првата Женевска конвенција "за подобрување на состојбата на ранетите од војските на бојното поле".
Претставници на 12 земји ја потпишале конвенцијата: Баден, Белгија, Виртемберг, Данска, Италија, Португалија, Прусија, Франција, Хесе, Холандија, Швајцарија, Шпанија.
Конвенцијата соджела 10 члена, за прв пат воспоставувајќи законска обврска за гарантирање на неутралноста и заштитата на ранетите војници, теренскиот медицински персонал и конкретни хуманитарни институции во вооружен конфликт.
Во следните години, национални здруженија на Црвениот Крст никнале низ цела Европа.
Во 1876 година комитетот го усвоил името "Меѓународен комитет на Црвениот Крст".
Се' повеќе земји пристапувале кон Женевската конвенција и почнале да ја почитуваат во вооружени конфликти.
Историја на Федерацијата[уреди | уреди извор]
Во 1919, претставници од националните здруженија на Црвениот Крст на Британија, Франција, Италија, Јапонија и САД се состанале во Париз за да ја формираат "Лигата на здруженијата на Црвениот Крст".
Оригиналната идеја била на Хенри Дејвидсон, тогашен претседател на Американскиот Црвен Крст.
Овој потег овозможил проширување на меѓународните активности на движењето на Црвениот Крст вон тесната мисија на МКЦК, и овозможило соработка за помош во вонредни ситуации кои не се предизвикани од војна.
Првата мисија на Лигата била помош на гладните и болните од тифус во Полска.
Во почетокот, МКЦК се противел на создавањето на Лигата, гледајќи во неа потенцијална конкуфенција и преплетување на задачите.
За прв пат тие соработувале во текот на Руската граѓанска војна ([PHONE]).
Во 1928 бил создаден "Меѓународен совет" кој требало да ја координира работата помеѓу МКЦК и Лигата.
Оваа задача подоцна ја презел Постојаниот Комитет.
На 10. декември 1963., Федерацијата и МКЦК добиле Нкбелова награда за мир.
Лигата се преименувала во "Лига на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина" за да се одрази растечкиот број на здруженија кои оперирале под знакот на полумесечината.
Во 1991. името било променето во "Меѓународна федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина".
МКЦК и Федерацијата го потпишале Севиљскиот договор кој дополнително ги дефинира одговорностите на двете организации во рамки на Движењето.
Во 2004 Федерацијата ја изведе најголемата мисија во својата историја - помошта на настраданите од цунами во јужна Азија.
Повеќе од 22.000 доброволци работеа на помош за стотиците илјади жртви кои останаа без покрив и храна и под закана од епидемии.
Активности на МКЦК[уреди | уреди извор]
Мисија и задачи на МКЦК во рамки на Движењето[уреди | уреди извор]
Официјалната мисија на МКЦК како непристрасна, неутрална и независна организација е да се залага за заштитата на животот и достоинството на жртвите на меѓународни и граѓански вооружени конфликти.
Според договорот од Севиља од 1997, тој е "Водечка агенција" на движењето во конфликти.
Главните задачи на Комитетот, кои произлегуваат од Женевските конвенции и од сопствениот статут, се:
- да ја следи усогласеноста на завојуваните страни со Женевските конвенции
- да организира нега и грижа за ранетите на бојното поле
- да го надгледува третманот на заробените во војна
- да помага во наоѓањето на исчезнатите во воени конфликти (трагање)
- да организира заштита и грижа за цивилното население
- да арбитрира помеѓу завојуваните страни во вооружен конфликт
Финансирање на МКЦК[уреди | уреди извор]
Буџетот на МКЦК за 2005 изнесувал околу 970 милиони Швајцарски франци.
Најголем дел од тие средства доаѓаат од Швајцарија во функција на депозитарна држава на Женевските конвенции, од националните здруженија на Црвениот Крст, од потписничките на Женевските конвенции и од меѓународни организации како што е Европската Унија.
Сите плаќања на МКЦК се доброволни и во форма на донации во два вида на барања доставени од Комитетот: Годишно барање за покривање на трошоците и Итни барања за поединечни мисии.
Вкупниот буџет за 2005 изнесувал околу 819,7 милиони Швајцарски франци (85% од вкупниот износ) за работа на терен и 152,1 милиони (15%) за трошоци на организацијата.
Активности и Организација на Федерацијата[уреди | уреди извор]
Мисија на Федерацијата и нејзини одговорности во Движењето[уреди | уреди извор]
Федерацијата ја координира соработката меѓу националните здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина ширум светот и го поддржува создавањето на нови национални здруженија во земјите каде тие официјално не постојат.
На меѓународен план, Федерацијата организира и води мисии за помош по несреќи како што се природни катастрофи, несреќи предизвикани од човекот, епидемии, масовни бегалци и други.
Според Договорот од Севиља од 1997, Федерацијата е водечка агенција на Движењето во било која вонредна ситуација која не се одвива во вооружен конфликт (спротивно на МКЦК).
Федерацијата соработува со националните здруженија на погодените земји, како и со националните здруженија на земјите кои се подготвени да помогнат.
Помеѓу 187-те национални здруженија примени во Генералното собрание како полноправни членки или набљудувачи, околу 25-30 постојано работат како даватели на помош.
Најактивни од нив се Американскиот Црвен Крст, Британскиот Црвен Крст, Германскиот Црвен Крст, и здруженијата на Црвениот Крст од Шведска и Норвешка.
Друга главна мисија на Федерацијата која добива на значење во последниве години е посведеноста да работи на озаконување на забраната на употреба на нагазни мини, и да обезбеди медицинска, психолошка и социјална помош за луѓето повредени од нагазни мини.
Задачите на Федерацијата може да се сумираат вака:
- да ги промовира хуманитарните принципи и вредности
- да обезбеди помош во вонредни ситуации од поголеми размери
- да поддржува локални проекти за здравствена заштита
- да ги поддржува националните здруженија со активности поврзани со младите.
Правен статус и организација[уреди | уреди извор]
Како и Меѓународниот Комитет, и Федерацијата е со седиште во Женева.
Покрај тоа, има 14 постојани регионални канцеларии и околу 350 делегати во повеќе од 60 делегации низ светот.
Правната основа за работата на Федерацијата е нејзиниот устав (статут).
Извршното тело на Федерацијата е Секретаријатот, предводен од Генерален Секретар.
Секретаријатот е поддржан од четири оддели наречени "Оддел за поддршка", "Поддршка на национални здруженија и теренска поддршка", "Политика и релации" и "Соработка со движења".
Одделот за Соработка со движења ја организира врската и соработката со МКЦК.
Највисок орган на Федерацијата е Генералното Собрание кое се состанува секои две години со делегати од сите национални здруженија - членки.
Генералното Собрание го избира Генералниот Секретар и решава по сите други важни прашања за Федерацијата.
Меѓу две сесии на Генералното Собрание, највисок орган е Управниот Одбор, кој се состои од претседател и потпретседатели, претседавач на Финансиската комисија, и дваесет избрани претставници од националните здруженија.
Покрај тоа, Управниот одбор има и 4 додатни комисии: "Помош во непогоди", "Младина", "Здравствени и локални услуги" и "Развој".
Финансирање[уреди | уреди извор]
Главниот дел од буџетот на Федерацијата доаѓа од националните здруженија кои се членки, и преку приходи од сопствени инвестиции.
Износот на придонесите за секое национално здружение го определува Комисијата за финансии, а го одобрува Генералното Собрание.
Секое дополнително финансирање, особено за непредвидени трошоци за мисии за помош, се обезбедува преку повици објавени од Федерацијата и од доброволни донации на националните здруженија, влади на држави, други организации, фирми и поединци.
Мото на движењето, Ден на движењето, Комеморација[уреди | уреди извор]
Изворното мото на Меѓународниот Комитет е Помош во војна (лат.
Inter arma caritas), а на Федерацијата Со хуманост кон мир (лат.
Per Humanitatem ad Pacem).
Мисијата на Меѓународното движење формулирана во документот "Стратегија 2010" е да ги подобри животите на ранливите луѓе преку мобилизирањето на моќта на хуманоста.
Во 2003, 28.-та меѓународна конференција го усвои мотото на конференцијата Го штитиме човечкиот дигнитет.
како нов слоган на Движењето.
На XVI Меѓународна конференција во Лондон во 1938 г. е одлучено 8 мај, роденденот на Анри Динан, да биде комеморација и прослава како ден на Движењето, и тој ден, од 1984 г., се слави како Светски ден на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина.
Во Солферино се наоѓа и споменик на Црвениот Крст, подигнат во 1959, на 100-годишнината од Битката кај Солферино.
Во Кастиљоне деле Стивиере, мало гратче до Солферино, во 1959. е отворен и Музеј на Црвениот Крст.
Покрај тоа, уште еден музеј, Музејот на Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина постои во Женева, близу до седиштето на МКЦК.
Конечно, и во гратчето Хајден во Швајцарија постои Музеј на Анри Динан посветен на основачот на Движењето.
Црвен крст на Република Македонија[уреди | уреди извор]
Црвениот крст на РМ е формиран 17 март 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од 21 мај 1992 година.
Црвен крст на РМ од Меѓународниот комитет на Црвениот крст е признат на 1. ноември 1995 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември 1995 година како 169 членка.
Основни задачи на националната организација се:
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа,
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва, и
- Координација на активностите со меѓународните организации.
Работата и ексклузивноста на Црвениот крст на Македонија е регулирана со Закон објавен во "Службен весник на Р.М."
број 41/94 од 05 август 1994 год.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Македонски[уреди | уреди извор]
- Црвен крст на Република Македонија (македонски)
- Закон за Црвениот крст на Република Македонија.
(македонски)
Странски[уреди | уреди извор]
- Меѓународно Движење на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (англиски)
- Постојана Комисија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (англиски)
- Меѓународен Комитет на Црвениот Крст (МКЦК) (англиски)
- Меѓународна Федерација на здруженијата на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина (МФЦК) (англиски)
|Статијата "Црвен крст и Црвена полумесечина" е избрана статија.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).| | fineweb-2 |
Напишано:
24 декември 1917
Извор: Avanti!, миланско издание, според МИА
Првпат објавено: Il Grido del Popolo, 5 јануари 1918
Превод и техничка обработка: Горан Мариќ, од англиски јазик
Онлајн верзија: февруари 2006
Болшевичката револуција сега дефинитивно е дел од сеопштата револуција на рускиот народ.
Максималистите сè до пред два месеци беа активните агенти кои овозможуваа настаните да не стагнираат, дека движењето кон иднината нема да запре и дека конечна спогодба - буржоаска спогодба - нема да се случи.
Сега овие максималисти ја освоија власта и воспоставија своја диктатура, и создаваат социјалистичка рамка во која револуцијата треба да се скроти за да продолжи да се развива хармонично, без фронтални конфронтации, на темелите на огромните придобивки што веќе се направени.
Болшевичката револуција повеќе е сочинета од идеологија отколку од настани (и затоа, во крајна линија, не мораме ни да знаеме повеќе од она што веќе го знаеме).
Ова е револуција против "Капиталот" на Карл Маркс.
Во Русија, Mарксовиот "Капитал" беше повеќе книга на буржоазијата отколку на пролетаријатот.
Таа беше критички показател како настаните треба да се одвиваат во однапред утврден курс: како во Русија буржоазијата треба да се развие, и капиталистичката ера да започне, и со воспоставување на цивилизација од западен тип, пред пролетаријатот дури и да помисли на сопствен револт, на сопствени класни барања, сопствена револуција.
Но настаните ја преплавија идеологијата.
Настаните ја разнесоа критичката шема која одредуваше како историјата на Русија треба да се одмотува според каноните на историскиот материјализам.
Болшевиците го отфрлија Карл Маркс и нивните непосредни акции и успеси се сведоштво дека каноните на историскиот материјализам не се толку цврсти како можеби се мислело или се мислеше.
А сепак сè уште има и фаталност во овие настани, и ако болшевиците отфрлаат некои изјави од "Капиталот", тие не ја отфрлаат неговата жива, суштинска мисла.
Овие луѓе не се "марксисти", тоа е сè; тие не ги користеа делата на Учителот да создадат збирка крути доктрини на догматски фрази кои не смеат да се доведат во прашање.
Тие ја живеат марксистичката мисла - мислата која е вечна, која го претставува континуитетот на германскиот и италијанскиот идеализам и која во случајот на Маркс беше зафатена од позитивистички и натуралистички израстоци.
Оваа мисла како доминантен фактор во историјата ги гледа, не голите економски факти, туку човекот, луѓето во заедниците, луѓето во односите едни со други, спогодувајќи се меѓусебно, развивајќи преку овие контакти (цивилизација) заедничка, општествена волја; луѓе кои почнуваат да ги разбираат економските факти, просудувајќи ги и прилагодувајќи ги на сопствената волја сè додека тие не станат движечка сила на економијата и не ја обликуваат објективната реалност, како жива и подвижна и сè додека таа не почне да наликува на потоци вулканска лава која е канализирана таму каде што и како што човековата волја ќе одреди.
Маркс го предвиде предвидливото.
Не можеше да ја предвиди европската војна, или поточно не можеше да предвиди дека војната ќе трае толку долго колку што траеше и дека ќе ги има оние ефекти кои ги имаше.
Не можеше да предвиди дека во период од три години неискажливи страдања и мизерии, оваа војна ќе ја предизвика во Русија колективната народна волја која што ја предизвика.
Во нормални времиња потребен е долг период на постепена дифузија низ општеството за да се формира таква колективна волја; неопходен е широк спектар на класно искуство.
Луѓето се инертни, тие треба да бидат организирани, најпрвин екстерно во корпорации и здруженија, потоа интерно, во нивните мисли и нивната волја.
Тоа бара непрестаен континуитет и разноликост на надворешни стимулации.
Токму затоа, во нормални услови, каноните на марксистичката историска критика ја разбираат реалноста, ја уловуваат и ја разјаснуваат.
Во нормални услови двете класи на капиталистичкиот свет ја создаваат историја низ сè поинтензивна класна борба.
Пролетаријатот е изразено свесен за својата сиромаштија и за своето сеприсутно незадоволство и ја притиска буржоазијата да го подобри животниот стандард.
Тој влегува во борба и ја принудува буржоазијата да ги подобри техниките на производство и да ги прилагоди на неодложните потреби на пролетаријатот.
Резултатот е постојан притисок за подобрување, забрзување на ритамот на производството и постојан пораст на добра корисни за општеството.
И овој притисок многумина не го издржуваат, правејќи ги потребите на преостанатите уште поитни; масите постојано се во состојба на вриење и од овој хаос тие развиваат некаков ред во своите мисли и стануваат сè повеќе свесни за својот потенцијал, за сопствениот капацитет да ја понесат општествената одговорност и да станат господари на сопствената судбина.
Тоа се случува во нормални услови.
Кога настаните се повторуваат со извесна правилност.
Кога историјата се развива низ етапи кои, иако сè покомплексни и побогати во значење и вредност, се сепак слични една на друга.
Но во Русија војната ја галванизира народната волја.
Како резултат на страдањето акумулирано во период од три години, нивната волја стана како една речиси преку ноќ.
Оскудицата е неизбежна, како и гладта, смртта од гладот може да земе било кого, може да однесе десетици милиони луѓе со еден замав.
Отпрвин механички, потоа активно и свесно после првата револуција, народната волја стана едно.
Социјалистичката пропаганда го запозна рускиот народ со искуствата на останатиот пролетаријат.
Социјалистичката пропаганда можеше да ја оживее историјата на пролетаријатот во еден миг: неговата борба против капитализмот, постојаните напори потребни да се еманципира од синџирите на сервилноста која го унижување и која му овозможи да искова нова свест и да стане жив сведок на новиот свет во раѓање.
Токму социјалистичката пропаганда ја искова волјата на рускиот народ.
Зошто да чекаат историјата на Англија да се повтори во Русија, за буржоазијата да се крене, за класната борба да почне, за класната свест да може да се формира и за најпосле конечната катастрофа на капиталистичкиот свет да го погоди?
Рускиот народ - или барем помал дел од рускиот народ - веќе помина низ тие искуства во своите мисли.
Сега ќе ги искористи за да застане цврсто токму како што ќе го искористи западното капиталистичко искуство за брзо да се развие на истото ниво на производство како и западниот свет.
Во капиталистички рамки, Северна Америка е поразвиена од Англија, бидејќи Англо-саксонците во Северна Америка започнаа со развој директно од нивото до кое Англија се разви по долга еволуција.
Сега рускиот пролетаријат, социјалистички образуван, ќе ја почне својата историја - на највисокото ниво кое Англија го достигнала до денес.
Бидејќи мора да тргне од почеток, ќе почне од она што е усовршено од други, и затоа ќе биде поттурнат да го достигне тоа ниво на економска зрелост кое Маркс го сметаше за неопходен предуслов за поопштествување.
Самите револуционери ќе ги создадат условите потребни за остварување на нивната цел.
И ќе ги создадат побрзо отколку што тоа ќе го направеше капитализмот.
Критиките кои ги упатуваат социјалистите на буржоаскиот систем, да го нагласат неговото несовршенство и неговото расфрлање на добрата, сега ќе се применат на револуционерите да се подобрат, да го избегнат расфрлањето и да не станат жртви на несовршеностите.
Отпрвин тоа ќе биде поопштествување на сиромаштијата и страдањето.
Но и буржоаскиот режим ќе ги наследеше истите услови на сиромаштија и страдање.
Капитализмот немаше да направи ништо повеќе отколку поопштествувањето во Русија.
Всушност денес ќе направеше далеку помалку, бидејќи ќе беше соочен со незадоволен и турбулентен пролетаријат, пролетаријат веќе неспособен да го издржи страдањето и сиромаштија што ќе следеше од економскиот потрес.
Значи и во апсолутни, хумани рамки, социјализмот може да се оправда во Русија.
Тешкотиите што ги очекуваат откако ќе биде склучен мирот ќе бидат подносливи само ако пролетаријатот чувствува како ја има контролата и знае дека со неговиот труд ќе ги надминат тие тешкотии во најкраток можен рок.
Може да се добие впечаток дека максималистите во овој момент се спонтан израз на биолошката нужност - тие мораа да ја земат власта за рускиот народ да не стане жртва на страшна трагедија; за рускиот народ, впуштајќи се во овој колосален потфат на сопствена регенерација, да го издржи загризот на прегладнетиот волк; за Русија да не стане огромна кланица каде безмилосни ѕверови се растргнуваат на парчиња.
Антонио Грамши интернет архива
марксистичка интернет архива | fineweb-2 |
Бакнежот е најубавиот начин да искажете љубов и нежност, и со тоа би се согласил секој, дури и најрамнодушната личност на овој свет.
Има најразлични видови на бакнежи и секој ве прави да се чувствувате добро.
Но, внимавајте со кого се бакнувате, бидејќи и нешто толку убаво како бакнежот, може да има последици.
Бакнувањето лекува главоболка
Бакнувањето влијае одлично на вашето здравје.
Го подобрува изгледот на вашата кожа, ја зголемува циркулацијата, го спречува крварењето на непцата и ја лекува главоболката.
Ако ве боли глава, не барајте антибиотици, тргнете во акција.
Бакнежот е како дрога
Доколку добивате вртоглавици по бакнување, не грижете се!
Докажано е дека додека се бакнувате, во вашиот организам се лачи ендорфинот кој има појак ефект од морфиумот, па со тоа предизвикува и блага вртоглавица.
Колку повеќе се бакнувате, толку позаматено ќе ви изгледа се.
Но, не престанувајте, тоа е слатка вртоглавица!
Здраво бакнежи, збогум калории!
Доколку не сакате многу да вежбате, тогаш навалете на бакнувањето.
Обичен бакнеж активира две групи на мускули и со тоа се согоруваат многу калории.
Францускиот бакнеж активира дури 34 групи на мускули и согорува пет калории.
Ако се бакнувате една минута, ќе согорите 26 калории, а ако се бакнувате еден час, ќе согорите неверојатни 1.560 калории.
Затоа, не чекајте.
Почнете со "вежбање".
Ескимски бакнежи
Приказната дека Ескимите се бакнуваат со носот е само измислица.
Според зборовите на еден Еским, овие бакнежи ги измислил Холивуд, па така, знајте дека и Ескимите се бакнуваат исто како сите останати.
Внимавајте со кој се бакнувате
Многу е важно да му верувате на човекот кој бакнувате.
Со еден бакнеж се пренесуваат 278 бактерии, а веќе вториот бакнеж ќе ви пренесе дури 10.000 бактерии.
Опасни бакнежи
Преку бакнежот се пренесуваат и многу болести, како мононуклеоза или херпес.
Дополнително, преку бакнеж може да се пренесе и сида, ако двајцата партнери имаат мали рани во усната празнина.
Затоа, секогаш внимавајте кој и зошто го бакнувате.
Забрането овошје
Во Наполи, во 16 век, било забрането бакнување на јавно место.
Истото, било казниво со смртна казна.
Верувале или не, оваа забрана се уште постои во некои делови во Америка, па така во градовите Чедер Рапидс и Хартфорд жените не смеат да ги бакнуваат своите мажи во недела. | fineweb-2 |
Шеќер
Шеќерот, сухроза или сахароза, претставува бел кристал на тврд дисахарид.
Луѓето најчесто ја избираат сухрозата како средство за менување на вкус или карактеристики (чувство во уста, одржување и текстура) на течности и храна.
Шеќерот што се произведува комерцијално се прави од шеќерна трска или шеќерно цвекло.
"Простите" шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат.
Во просечна листа на состојки, секој збор што завршува со "оза" најверојатно претставува вид на шеќер. | fineweb-2 |
Српска православна црква
|Српска православна црква|
Катедралата Свети Сава во Белград
|Основач||Свети Сава|
|Независност||1219 како архиепископија, 1346 како патријаршија.|
|Признавање||1219 од Вселенската патријаршија|
|Поглавар||Архиепископ пеќски, митрополит белградско-карловечки и патријарх српски Иринеј|
|Седиште||Белград, Србија|
|Територија|| Србија
Црна Гора
Босна и Херцеговина
Хрватска
Унгарија
|Власт|| САД
Канада
Европска Унија
Австралија
|Јазик||српски и црковнословенски јазик|
|Верници||7–11 милиони|
|Портал||www.spc.rs|
Српска православна црква или скратено СПЦ (српски: Srpska pravoslavna crkva) е автокефална црква која се наоѓа на шестото место во православниот свет, веднаш по Цариград, Александрија, Антиохија, Ерусалим и Русија.
Денеска, Српската православна црква е доминантна на територијата на Србија, Црна Гора и Република Српска во Босна и Херцеговина, со повеќе од 84% од населението на трите земји.
Нејзините метрополии и епархии се наоѓат и надвор од земјата, односно во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, како и во целиот свет.
Моментален патријарх на црквата е Иринеј.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Почеток[уреди | уреди извор]
Србите христијанството го примиле доста бавно.
Кон крајот на 8 век завршила борбата помеѓу христијанството и паганството.
Во почетокот христијанството во Србија било под јуросдикција на Охридската православна црква.
Растко Немањиќ односно Свети Сава во 1219 година успеал да ја организира првата српска црква, позната како Пеќската архиепископија, а подоцна патријаршија.
Српскиот владетел Стефан Душан успеал да го подигне угледот на црквата, и да ги прошири нејзините граници, станувајќи патријаршија.
Свети Сава бил прогласен од страна на Цариградската патријаршија за прв архиепископ на српскиот народ.
Според канонското право, самостојноста на една земја подразбирала и автокефалност на самата црква.
По 1204 година, седиштето на Вселенската патријаршија било преместено од Константинопол во Никеја.
Свети Сава имал голема мисија во Никеја, чија цел била признавање на новата српска црква.
Најверојатно како резултат на состојбите во тогашната распадната Византиска империја, Вселенската патријаршија дозволила за прв архиепископ на српската црква да биде избран Свети Сава, брат на српскиот крал Стефан.
Наследниците на Свети Сава, со подршка на династијата на кралот Немањиќ во 1346 ја создале Печката патријаршија.
Со зголемувањето на улогата на српската држава, истоивремено растела и моќта на српската црква.
Кога кралот Душан одлучил да се прогласи за цар на Србите и Грците, во исто време старешината на православната црква требало да добие ранг на патријарх.
Душан оваа акција ја покренал главно поради политички причини.
Според државно-правниот систем во источните земји, царот не можел да биде замислен без патријарх.
Освен ова, Душан се надевал дека со освојување на грчката држава, полесно ќе може да ги урамнотежи односите како цар на двата народи, а од друга страна пак би имал патријарх кој достојно ќе го замени вселенскиот.
Но, според канонското право, границите на црковните региони секогаш се софпаѓале со оние на земјата.
Според ова, Вселенската патријаршија имала ipso facto јурисдикција над епархиите кои биле одвоени од Византија, а припаѓале на некоја од соседните земји.
За прогласување на српската патријаршија, тој се обратил кај Бугарската држава.
Прогласување на српскиот патријарх[уреди | уреди извор]
На државниот собор во Скопје, во 1346 година, дотогашниот печки архиепископ Јаниќиј II свечено бил прогласен за српски патријарх.
На тој собор биле присутни сите архиепископи, митрополити, епископи, игумени и други претставници на црквата.
Како гост присуствувал и бугарскиот трновски патријарх Симеон со своите епископи и свештеници.
На овој собор било решено некои угледни епископии да добијат ранг на митрополија.
Од друга страна пак, Охридската архиепископија, бидејќи влегла во составот на Српското царство, и понатаму останала автокефална.
Нејзиниот архиепископ морал да го признае првенството на Печката патријаршија.
Грчките епархии пак, кои претходно биле под надлежност на Константинопол, исто така биле вклучени под власта на Печката патријаршија, вклучувајќи ја и Света Гора.
По седум дена од прогласувањето на патријаршијата, на 16 април 1346 година, бугарскиот патријарх Симеон, со новиот печки патријарх Јаниќиј и охридскиот архиепископ Николај I, го крунисале Душан за цар на Србите и Грците.
Реорганизација и пад[уреди | уреди извор]
Во следните години српската црква доживеала огромна реорганизација, каде биле основани неколку нови епархии, и биле изградени неколку манастирски комплекси.
Во 1349 година, во Скопје бил направен т.н.
Душанов законик, кој дополнително ја наложил потчинетоста на епархиите на Печката патријаршија.
Според законот, главата на Печката патријаршија бил избиран од страна на државен собор, кој собор го сочинувале членови на црквата и државата.
Епископите биле избирани од страна на синодот.
Избраниот патријарх бил следбеник на престолот на Света Сава, и се носел со титулата: Патријарх на сите српски и поморски земји.
Владетелот на земјата често пати го повикувал на патријархот да учествува во дискусиите при земање на важни решенија за земјата.
Во 1354 година починал првиот српски патријарх.
На негово место застанал Сава IV.
Во негово време започнал процесот на помирување на српската и цариградската црква.
Цариградскиот патријарх Калист I, кој имал пуштено проклетство кон српскиот народ, главно поради постојаните закани од страна на Османлиите, во 1364 година отишол во Сер за да побара помош од Србите.
Но тој во Сер набргу се разболел и починал.
Преговорите на двете цркви било продолжено од страна на деспотот Углеша.
Во 1368 гопдина сите епархии во своите области ги одвоил од Печката патријархија и ги повратил под контрола на Константинопол.
Углеша, набргу по ова, заедно со својот брат Волкашин, загинал на битката на Марица во 1371 година.
Инвазијата на Османлиите на Балканот продолжила со голем успех.
По Маричката битка, сите епархии на Света Гора повторно биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Во меѓувреме, српските калугери на Света Гора се нашле во лоѓа положба.
Сепак, во 1374 година, светогорскиот старец Исаија отишол кај кнезот Лазар и побарал подршка од помирување на двете цркви.
Лазар очигледно ги разбрал барањата на монахот.
Така Исаија бил испратен во Константинопол.
Јован Палеолог и Филотеј го примиле, и по разговорите бил донесен мир помеѓу двете цркви.
Призренски акт[уреди | уреди извор]
Така, официјалното помирување помеѓу двете цркви било објавено во Призрен во 1375 година.
Сепак, по овој акт, авното единство започнало да опаѓа, како и моќта на српската црква.
До смртта на патријархот Сава IV, патријархот бил избиран на дрдржавен собор.
По неговата смрт било решено да новиот патријарх биде изберен самите архиреи и игумени на сите српски земји без улога на српскиот владетел.
Во 1375 година се состаниле во Печката патријаршија, но долго време не можеле да дојдат до договор.
Проблемите најмногу биле потикнувани од некои свештеници кои пред се ги гледале своите лични интереси.
На крај, сепак било решено да за нов патријарх биде избран Ефрем.
Ефрем на чело на патријархијата бил од 1375 до 1382 година.
Косовска битка[уреди | уреди извор]
По Косовската битка во 1389 година, деспотот Стефан Лазаревиќ успеал да најголемиот дел од српските земји ги стави под своја контрола.
Патријаршијата од една страна ги изгубила сите свои епархии во јужните делови на земјата и Македонија, кои биле зазедени од страна на Отоманската Империја и кои попаднале под Охридската архиепископија.
Деспотот Стефан својата престолнина ја пренел од Крушевац во Белград.
Наследник на Стефан бил Ѓураѓ Бранковиќ, кој во 1427 година Белград го предал на Кралство Унгарија, па тој се населил во Смедерево, а со ова и престолнината на патријаршијата.
Отоманска власт[уреди | уреди извор]
Со пропаѓањето на српската држава настапиле тешки времиња за патријаршијата.
Голем број на српски манастири биле напуштени или разрушени.
Печката патријаршија била укинета, а повторно обновена во 1557 година.
Во 1459 година Смедерево паднало под власта на Отоманците.
Со ова, власта на охридскиот архиепископ се проширила.
Во текот на 1530 до 1541 година, смедеревскиот митрополит постојано се обидувал да ја обнови Печката патријаршија.
Овие обиди траеле еден подолг период од 1527 до 1541 година.
Охридскиот архиепископ Прохор овие обиди успеал на три пати да ги осуди на црковните собори, а истото го сториле и цариградскиот, александрискиот, ерусалимскиот и антиохискиот архиепископ.
Во времето кога Османлиите конечно ги освоиле сите територии на Печката патријаршија, голем број на христијански објекти биле претворени во џамии, или пак биле рушени.
Од каменот кој го добивале од рушењето на црквите биле градени различни мостови, сараи и слично, за потребите на новите владетели.
Според законот, Османлиите ја признавале слободата на вероисповед, но во практика тие настојувале христијанското насление да ја прифати муслиманската религија.
Мехмед-паша Соколовиќ[уреди | уреди извор]
Во времето на Мехмед-паша Соколовиќ, потурчен србин од Херцеговина, Пеќската патријаршија била обновена.
Големиот везир на Сулејман Величенствениот успеал да го убеди султанот во тоа.
Охридскиот архиепископ немал моќ за да се спротистави на ова.
Така, за прв патријарх на обновената Печка патријаршија бил поставен братот или близок роднина на голамиот визер, Макариј Соколовиќ.
Печката патријаршија опфаќала најголема територија досега, не само онаа од времето кога била основена, туку и делови од Бугарија (Ќустендил и Самоков), цела Босна и Херцеговина, Далмација, Црна Гора, Славонија, Банат, се до Будимпешта.
Охридската архиепископија пак останала со деловите јужно од Тетово, Скопје, Велес, Штип вклучувајќи ги и реоните околу Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци и Струмица.
Патријархот Макариј започнал со уредување на својата патријаршија.
Српскиот поглавар бил признаен за врховен лидер не само на реонот на Печката патријаршија, туку и пошироко.
градот повторно станал престолнина на новиот патријарх, голем дел од манастирите и црквите биле обновени.
Борба со Османлиите[уреди | уреди извор]
По смртта на Макариј во 1574 година, неговиот наследник започнал постепено да размислува околу можното политичко ослободување од Османлиите.
Во следните години низ целата српска земја започнале голем број на бунтови и востанија кои на крај завршувале со пораз за Србите.
Често пати, патријарсите стапувале во контакт со римските папи.
Но тие преговори со Рим не успевале, најчесто поради тоа што и самата Западна Европа била соочена со сличен проблем.
Патријархот Пасиј (1614—1647) започнал да преговара и со православна Русија.
До контакт дошол преку скопскиот митрополит Симеон, кој во 1641 година отишол во Москва.
Патријархот Гаврил I заминал во Русија на преговори, но подоцна кога се вратил бил уасен и погубен.
Најголема улога во ослободувањето на Србите имале патријархот Арсениј III и Арсениј IV.
Грчки патријарси[уреди | уреди извор]
Главно поради овие случувања, Османлиите повеќе ја изгубиле довербата во патријархот, па затоа започнале, според договорот со Цариградската патријаршија, за нови патријарси да поставуваат Грци.
Соодветно на ова, и епископите биле Грци.
Во следните години за многу мал период биле сменето голерм број на патријарси.
Така, во периодот од 1737 до 1766 биле сменети 10 патријарси.
Ваквите промени директно влијаеле врз угледот на Печката патријаршија.
Од друга страна пак, цариградскиот патријарх ова го користел за свои цели, спремајќи се за укинување на патријаршијата.
Повторна обнова[уреди | уреди извор]
Од година Српската православна црква повторно се нашла под јурисдикција на Цариградската патријаршија.
Со воспоставувањето на српската автономија во 1832 година, во Белград била прогласена автономна митрополија, повторно под контрола на Цариград, а во 1879 година црквата добила автокефалност.
Во текот на Балканските војни, во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската.
До 1920 година не постоела единствена црквена организација, и овој период од историјата на српската црква е познат како период на поокраинските цркви.
Најзначајна од сите овие покраински цркви била Карловечката митрополија.
Со создавањето на Кралство СХС во 1918 година, биле создадени услови за обединување на црквата и обновување на Печката патријаршија.
Од 1920 година, седиштето на црквата е во Белград, а црквата има ранг на патријаршија.
Структура[уреди | уреди извор]
Српски светци[уреди | уреди извор]
- Свети Сава, прв српски архиепископ
- Свети Симеон Мироточивиот
- Лазар Хребелановиќ
- Света царица Милица
- Свети Стефан Лазаревиќ
- Свети Милутин
- Свети Драгутин
- Стефан Урош III Дечански
- Свети цар Урош
- Преподобна мати Ангелина
- Свети Стефан Штилановиќ
- Света Петка
- Свети Василиј Острошки
- Свети Петар Цетински
- Свети Петар Коришки
- Свети Јоаникиј Девички
- Николај Велимировиќ
- Јустин Поповиќ
Храмови и манастири[уреди | уреди извор]
Српската православна црква поседува голем број на манстири и цркви.
Од нив, најпознати се:
Наводи[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Египетска митологија
Египетска митологија (или египетска религија) — различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството.
Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества.
Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка.
Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот.
Христијаните ја нарекувале египетската религија паганство, а овој термин се користел и од следбениците на Кенетизмот, современ реконструиран облик на древната египетска религија.
Содржина
Историја[уреди | уреди извор]
Старо Кралство[уреди | уреди извор]
Периодот на Старото Кралство најчесто се смета дека го опфаќал временскиот период кога Египет бил под владеењето од Третата до Шесттата династија, од 2686 год.
до 2134 год.
Тоа бил почетокот на највисокото ниво на културен развиток кој го постигнале древните Египќани, чии културни корени се проширувале до шест илјади години порано, во праисторијата.
Божества од Старото Кралство се:
- Енеад од Хелиополис, чиј главен бог бил Атум, подоцна наречен Атум-Ра;
- Огдоад од Хермополис, каде главниот бог бил Тот;
- Тријадата Кнум-Сатис-Анукет од Елефантин, чиј главен бог бил Кнум;
- Тријадата Амон-Мут-Конс од Теба, чиј главен бог бил Амун;
- Тријадата Птах-Секмет-Нефертем од Мемфис, која не е вообичаена поради тоа што боговите не биле поврзани пред да се формализира тријадата, каде главен бог бил Птах.
Пирамидалните текстови (околу 25-23 век п.н.е.)
содржеле магии или "искажувања" кои главно биле наменети: за да ги заштитат останките на фараонот, за оживување на неговото тело после смртта и за да му помогнат да се искачи кон небото.
Како такви, се квалификуваат како светските најстари познати религиски текстови, кои за малку ги надминуваат сумериските химни за Енхедуана.
Ковчежните текстови претставуваат погребни текстови кои се поврзани со Пирамидалните текстови и датираат од Првиот среден период.
Средното Кралство[уреди | уреди извор]
Култот кон Амон пораснал за време на Средното Кралство.
Санусрет III (1878 г. п.н.е.-1839 г.
изградил убав религиозен храм во Абидос, кој иако е сега уништен, од релјефите кои биле зачувани се гледа високиот квалитет на декорациите.
Бил воздигнат на степен на божество при крајот на Средното Кралство и бил обожуван од фараоните од Новото Кралство.
Ново Кралство[уреди | уреди извор]
Кога започнал периодот на Новото Кралство, Огдоад и Енеад биле споени во една синкретизирана космологија.
Во Енеад, Озирис е мажот на Изида и брат на Сет, каде сите биле правнуци на богот-создавател Атум, а во овој систем Хор не е присутен.
Во Огдоад, Озирис не е присутен, а Хор е син на Атум, богот-создавател.
Кога Енеад и Огбоад се споиле, Ра и Амон се идентификуваат како едно битие, создавајќи го Амон-Ра, а во почeтокот Хор е сметан за петтиот брат на Озирис, Изида, Нефтис и Сет.
Сепак, мајката на Хор, Хатор, постепено се поистоветувала со формата на Изида, што довело Хор да се смета за син на Изида, со тоа и син на Озирис.
Атенизам[уреди | уреди извор]
За време на владеењето на Ахенатен (Аменхотем IV) (1350-ти до 1330-ти години п.н.е.)
се појавил мал интервал на монотеизам, кој се задржаувал на египетското божество на сонцето Атен.
Атен типично се прикажува како сончев диск од кој на сите страни излегуваат сончеви зраци.
Ахенатен изградил нов главен град во Амарна со храмови посветени на Атен.
Тоа претставувало симболичен чин со кој Ахенатен сакал да создаде ново место каде ќе се слави Атен.
Промената на религијата постоела до смртта на Ахенатен, со што старата религија брзо била повратена за време на владеењето на Тутанкамон и бил направен обид да се избрише името на Акенатен од историјата поради неговите еретички дејства.
Доцен период[уреди | уреди извор]
После падот на династијата Амарна, пантеонот од новото кралство преживеал како доминантна религија до освојувањата на Ахаменидите.
Во тој период била стандардизирана Египетска книга на мртвите.
Од записите на грчкиот историчар Херодот добиваме бледа слика за владеењето на Камбиз, каде кралот се опишува како луд, безбожен и суров.
Херодот веројатно се потпирал врз локалната традиција која ја одразува огорченоста на Египќаните, особено на свештенството за декретот на Камбиз каде се спречуваат кралските давачки кон египетските храмови за време на владеењето на Амасис.
За да се задржи поддршката на моќната свештеничка класа, Дариј I (522-486 година п.н.е.)
го отповикал декретот на Камбиз.
Пред 486 год.
во Египет избувнува бунт кој е задушен од Ксеркс I во 484 година п.н.е.
Поради бунтот провинцијата била подложена на сурова казна.
Опаѓање[уреди | уреди извор]
Египетската религија продолжила да напредува и за време на Птоломејскиот период, кога некои култови биле синкретизирани со грчките традиции, паѓајќи под влијание на хеленистичката магија.
За време на Римското владеење (од 30 година п.н.е.)
ситуацијата во голема мера останала неизменета.
Римјаните за разлика од Птоломејците ги почитувале и ги заштитувале египетските религиски обичаи, иако постепено бил воведуван империскиот култ од Римската држава и императорот.
Египетката религија навлегла во период на опаѓање по прифаќањето на христијанството во првиот век од нашата ера.
Остатоците од локалните традиции останале да постојат во традиционални делови како хиерархиите во храмовите, кои не биле гонети, но постепено биле потиснати од раното христијанство.
Последните ликови од египетската религија опстојале до 5. век, како што е опишано во хиероглификата.
Оживување[уреди | уреди извор]
Главен концепт[уреди | уреди извор]
Теологија[уреди | уреди извор]
Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како "нетер" (бог) и "нетерет" (божица).
Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата.
На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето.
Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет.
Божестватa од египетскиот пантенон понекогаш имале конфликтна улога.
Како на пример, лавицата Секмет која била пратена од Ра да ги уништи луѓето кои се побуниле против него, а подоцна станала бестрашен заштитник на кралството, на животот во целина и на болните.
Уште посложена е улогата на Сет.
Разгледувајќи ја митологијата за Сет од моредна перспектива, особено за митологијата околу односот на Сет со Озирис, лесно може да се утврди Сет како главниот злосторник и изворот на злото.
Сепак, не било секогаш така, бидејќи Сет претходно имал улога на уништувач на Апоп, во служба на Ра, а со тоа и во служба за одржувањето на Маат (вистина, правда и хармонија).
Не постои едно главно божество за цел Египет.
- Најзначајните богови се:
- Атум (Тем, Тему, Тум, Атем), бог на создавањето
- Ра, бог на сонцето
- Хор (или Херу, Хор, Херу, Хер), сокол, бог на воскреснувањето
- Хатор (Хеб), божица на сонцето
- Озирис (Асар), господар на подземјето, сопруг и брат на Изида
- Изида (Асет или Есет), божица на мајчинството и плодноста
- Геб, бог на плодноста и земјата
- Анубис (Анпу), бог на балсамирањето
- Тот (Техути), бог на месечината, пишувањето и знаењето
- Сет, бог на хаосот, силата, војната, бурите, и пустините.
- Други божества:
- Нефтида, божица на подземното царство
- Нут, божица на небото
- Тефнут, божица на водата и плодноста
- Шу, бог на воздухот
- Апоп (Апеп) - кобра, зол демон, темница и хаос
- Маат (Ма'ат или Мает) - ги штити вистината, правдата и хармонијата, понекогаш претставена и како божица
- Фараоните
Фараонот или кралот на Египет, бил согледуван и како божество и имал улога на посредник помеѓу египетскиот народ и боговите.
Неговото значење било толку големо, што египетскиот збор за "крал" се однесувал само за фараонот, додека било кој владетел од друга земја едноставно се нарекувал "големиот поглавар.
" Фараоните во древен Египет се сфаќани како божество и така се третирани.
Едно општо верување било дека фараоните се инкарнација на богот Хор додека се живи, а на богот Озирис по смртта.
- Атенизам
Во 14 век п.н.е.
во египетската религија постоел период кога фараонот Акенатен го поставил обожувањето на сончевиот диск Атен над сите други божества.
Постепено целосно го забранил обожувањето на другите богови, со што ја сменил официјалната египетска религија во вистински монотеизам.
Сепак, промените кои ги спровел Акенатен биле во спротивност со синкретичната традиција на претходните египетски верувања што ги отуѓувало обичните Eгипќани.
Така, под водството на наследникот на Акенатен, Египет повторно се вратил кон традиционалната религија.
Космогонија[уреди | уреди извор]
Голем дел од египетската митологија е изгубен, но од она што денес го знаеме е содржано во нивната космогонија.
Египетските верувања се развивале во продолжение на околу три илјадалетија и се менувале со текот на времето.
Египетската митологија се разликува од грчката или римската поради фактот што повеќе божества во Египет имале човечко тело и животинска глава или обратно.
За нив, најважно било да ги изучуват следните циклуси:
- циклус на деновите и сонцето кое се преродува секое утро;
- годишниот цикулс со приливот на реката Нил;
- циклус на животот со раѓање, проследено со смртта.
Првите митови зборуваат дека на почетокот универзумот бил исполнет со прастарите води на хаосот, а тоа е богот Нун.
Богот Ре-Атум се појавил од водата, како што земјата на Египет се појавува секоја година после поплавите на Нил.
Ре-Атум плукнал, и од тоа излегле божествата Шу (воздух) и Тефнут (влажност).
Светот е создаден кога Шу и Тефнут ги родиле двете деца: Нут (небото) и Геб (земјата).
Луѓето се создадени кога Шу и Тефнут тргнале да се шетаат по темната пустелија и се изгубиле.
Ре-Атум го испратил своето око за да ги најде.
Откако биле пронајдени, неговите солзи радосници се претвориле во луѓе.
Геб и Нут биле заедно, но кога Шу слушнал за блудот на неговите деца, ги раздвоил, така што застанал меѓу нив (воздухот се наоѓа меѓу небото и земјата).
Тој исто така решил бремената Нут да не може да се породи во ниеден ден од годината.
Нут се пожалила кај Тот, кој заради неа се коцкал со богот на месечината Кнос (Кносу) и добил пет дополнителни денови кои ги додал на оние постоечки 360 од годината.
Нут родила по едно дете во секој од овие пет дополнителни дена: Озирис, Изида, Сет, Нефтида и Хор.
Братот на Озирис, Сет кој го претставувал хаосот во универзумот, го убил Озирис со тоа што го измамил да влезе во кутија, која потоа е закована и фрлена во Нил.
Откако го убил Озирис, Сет го исекол неговото тело на парчиња.
Изида ги пронашла повеќето од парчињата и ги погребала под храмот, но претходно го воскреснала Озирис и со него го создала нивното дете Хор.
Сет себеси се прогласил за крал, но бил предизвикан од синот на Озирис - Хор.
Сет изгубил и бил испратен во пустината.
Изида го мумифицирала Озирис, и така тој станал бог на смртта, а Хор станал крал и од него потекнуваат фараоните.
Една друга верзија која ја раскажува Плутарх вели дека Сет направил сандак во кој можел да влезе само Озирис.
Потоа тој правел гозба и предложил кладба дека никој не може да влезе во сандакот.
Озирис бил последниот кој пробал да влезе, но пред да влезе, Сет го прашал дали може да му ја причува круната.
Озирис се согласил и влегол во сандакот.
Како што легнал во него, Сет го затворил капакот и си ја ставил круната на главата.
Потоа го пуштил сандакот во Нил.
Изида не знаела за смртта на својот сопруг сè додека не ѝ кажал ветерот.
Тогаш го сместила синот на сигурно место и фрлила чинки за никој да не може да го најде.
Во потрагата по својот сопруг, едно дете ѝ кажало дека сандак испловил на брегот и дека од него израснало дрво.
Дрвото било толку право, што кралот го употребил како централен столб за неговата нова палата.
Изида отишла и замолила да го добие телото на својот сопруг и го добила.
Богот на подземјето ѝ рекол дека Озирис може да биде крал, но само во подземниот свет.
Богот на сонцето Ра бил најважен меѓу боговите, бидејќи имал суштинско значење за животот на земјата.
Според митот, движењето на сонцето преку небото се објаснувало со патувањето на Ра во едреник, а заоѓањето на сонцето се сметало за влегување на Ра во подземниот свет, каде патувал во текот на ноќта.
Додека се наоѓал во подземниот свет се сретнувал со Озирис, кој повторно имал улога на бог на воскреснувањето и животот на Ра бил обновен.
Ра исто така секоја ноќ се борел со Апеп, змијовиден бог кој го претставувал хаосот.
Поразувањето на Апеп и средбата со Озирис го осигурувало изгревањето на сонцето наредниот ден, уште еден настан кој претставувал повторно раѓање.
Религиозни практики[уреди | уреди извор]
Храмови[уреди | уреди извор]
Уште од најраните периоди на египетската историја постоеле храмови посветени на боговите, а за време на врвот на цивилизацијата такви храмови постоеле речиси во сите градови.
Тука биле вклучени посмртните храмови кои им служеле на душите на починатите фараони и храмовите посветени на боговите заштитници.
Сепак, немале сите богови свои храмови, бидејќи постоеле многу космички божества кои не биле обожувани од широките народни маси.
Храмовите имале централно знчење во египетското општество и за нивното одржување биле обезбедувани многу средства.
Фараоните често придонесувале кон храмовите како дел од нивната обврска за да им се оддаде почит на боговите и затоа многу храмови биле многу големи, како на пример Храмот од Карнак, кој претставува најголема религиска градба во светот.
Многу храмови главно била градени по ист план.
Храмовите кои биле градени по брегот на Нил обично биле ориентирани на оската исток-запад, иако оваа оска обично била израмнета на 90 степени со текот на реката, локалните варијации на текот на Нил значеле дека ориентацијата на храмовите не била секогаш насочена кон вистинските правци.
Во таквите храмови главниот влез обично се наоѓал блиску до кејот на Нил, од каде патот за религиската поворка поминувал низ ѕидовите кои го опкружувале храмот.
Освен ова, обично постоеле една или повеќе порти со столбови, проследени со двор опкружен со колонада.
Се верува дека во ваквите дворови обичните граѓани се сретнувале со свештениците и дека тука ги донесувале своите дарови.
Одвнатре бил покриен со хипостилна сала, а после салата имало светилиште опкружено со дополнители соби во кои се одвивале секојдневните работи и ритуали во храмот.
Надворешната област на храмот била декорирана со обелиск и статуи, а ѕидовите и колумните биле исцртани со релјефи.
Целиот пат кој водел од влезот на храмот до светилштето се согледувал како пат од човековиот свет кон божественото кралство, поради што најсветиот дел од храмот било светилиштето каде постоел олтар со сликата на богот на храмот.
Само фараонот и свештениците од висок ред имале право на пристап во светилиштето.
Обично ритуалните принесувања на дарови се извршувале наутро и навечер од страна на фараонот, но најчесто од страна на свештеникот кој имал улога на заменик.
При таквите ритуали, пред да се постават принесувањата со храна пред статуите или во салата за принесување пред светилиштето, статуите на боговите биле миени, помазувани и раскошно облекувани.
После тоа, откако богот ја примил духовната есенција од принесувањата, самите понуди биле земани и распределени меѓу свештениците.
Во имотот на храмот биле вклучени и многу дополнителни градби.
Меѓу нив се наоѓала "Kyќата на животот" каде биле чувани сите свети списи и земски регистри на храмот, а служела и како центар за изучување на различни предмети.
Во многу храмови веројатно биле вклучени и санаториуми каде болните доаѓале да бидат излечени од боговите.
Во поголемите храмови имало и кујни и работилници за произведство на храна и добра за боговите или за практичните потреби на храмот, како и градби за складирање од каде ваквите дејности се снабдувале.
Надвор пред имотот на храмот, постоеле големи ниви, каменоломи и рудници кои биле во сопственост на храмот, а кои се употребувале за да се одржува малата економија на храмот.
Свештеници[уреди | уреди извор]
Бидејќи фараонот бил посредникот на Египет со боговите, теоретски сите свештеници делувале во негово име.
Всушност, за време на Старото и Средното Кралство не постоела одделна класа на свештеници, а наместо тоа многу државни службеници ја вршеле оваа должност неколку месеци од годината пред да се вратат на своите секојдневни должности.
Професионалното свештенство се проширило дури во Новото Кралство, иако поголем дел од свештениците од пизок ред и натаму работеле само привремено.
Сепак, како што растело богатството на храмовите, се зголемувало и влијанието на свештенството, додека не станало речиси конкурентно со моќта на фараонот.
При политичката поделба на Третиот среден период, правосвештеници на Амон дури биле назначени и за важечки владетели на Горен Египет.
Свештениците обично биле мажи.
Во периодот на Старото Кралство, многу жени од богати семејства имале значајни свештенички улоги, обично во храмовите на женските божества.
Сепак, во периодот на Средното Кралство жените биле помалку застапени во јавниот живот, а после тоа многу жени кои биле вклучени во активностите на храмовите имале многу помалку важни улоги, како пејачки или музичарки за време на религиозните церемонии.
Свештениците биле поделени во неколку различи класи.
Една од најважните поделби била меѓу "слугите на боговите", на кои им бил дозволен пристап до светилиштето на храмот и "прочистувачите" кои ја немале таа дозвола.
Должноста на прочистувачите често се состоела од неритуални задачи, улога која првенствено ја имале државните службеници.
Во свештенството постоеле и неколку специјализирани улоги, како на свештеникот-лектор кој ги рецитирал формулите по кои се извршувале ритуалите.
На врвот од хиерархијата во секој храм стоел правосвештеник или "првиот слуга на богот".
Правосвештениците често биле назначувани од страна на фараонот, но должноста често била пренесувана од татко на син и постепено станала наследна.
Сите свештеници биле платени со парцели земја кои биле во сопственост на храмот и со дел од дневните принесувања на храна.
Постоеле и многу луѓе кои биле вработни во храмовите, како што биле земјоделците и занаетчиите кои го снабдувале храмот со сите негови потреби, како и музичари и рецитатори кои помагале при ритуалите.
Сите вработени бил плаќани со дел од приходот на храмот.
Свештениците при нивното активно служење во храмот строго се придржувале кон стандардите на ритуалната чистота.
Од нив се барало да ги избричат главите и телата, да се мијат неколку пати дневно и да носат само чисти ленени наметки.
При служење на одредени богови, постоеле и одредени начини на однесување, како на пример свештениците да се воздржуваат од јадење одредена храна.
Од свештениците не се барал целибат, но од сексуалните односи станувале нечисти додека не извршеле понатамошно прочистување.
Задгробен живот[уреди | уреди извор]
Египет имал високо развиено сфаќање за задгробниот живот со ритуали за подготовка на телото и душата за вечниот живот после смртта.
Египќаните верувале дека аспектот "ка" на душата треба да се спои со "ба" за да го поддржи "ак", за да си го пронајде своето место меѓу ѕвездите.
Ова значи дека балсамирањето и мумифицирањето се практикувале за да се зачува идентитетот на умрениот во задгробниот живот.
Телото на умрениот се обложувало одвнатре и однадвор со смола заради зачувување, а потоа се виткало со завои, украсени со религиозни амајлии и талисмани.
Внатрешнитe делови од стомакот, како и белите дробови се чувале одделно во посебен ќуп.
Само срцето се оставало на своето место, затоа што се сметало дека е дом на душата.
Процесот на мумификација обично траел седумдесет дена.
Мумифицирањето се извршувало на малкумина одбрани, повеќето од кралското семејство.
Забележано е мумифицирање на животни, било како миленичиња на семејството или како претставници на божествата.
Како мумии денес можат да се најдат: ибис, мачка, крокодил, еден вид нилска риба, сокол и бабун.
По смртта на човекот, Анубис (богот на мумифицирањето) ја води душата во салата за пресуда во Дуат, а срцето на починатиот кое претставува доказ за моралноста на умрениот, се мери со пердув, што ја претставува Маат (концептот на вистина и ред).
Доколку исходот е пожелен, починатиот се води пред Озирис, богот на задгробниот живот во Аару, но доколку пресудата е негативна демонот Амит ("јадач на срца" - дел крокодил, дел лав и дел нилски коњ) го уништува срцето и сопственикот останува во Дуат.
Срцето кое при мерењето било полесно од пердувот се сметало за чисто срце, кое не тежело од вина или гревови предизвикани од постапките на човекот за време на животот, со што се добивала пожелна пресуда.
Доколку срцето било тешко со вина и грев од животот на умрениот и тежело повеќе од пердувот, му било давано на Амит да го изеде.
Според верувањето на Египќаните не постоел човек во задгробниот живот без срце, бидејќи срцето било центар за разум и емоции, за разлика од мозокот кој за време на мумификацијата бил отстрануван и исфрлан.
Многу пати се случувало одредено лице да биде погребано со срце сурогат кое го заменувало нивното срце при церемонијата на мерење на срцето.
Текстови[уреди | уреди извор]
Не постои една религиозна книга или текст во Египет, налик на христијанската Библија или исламскиот Коран, но постојат различни текстови за различна употреба, како што се: "Амдуат", "Книга на дишењето", "Книга на пештерите", "Книга на земјата", "Книга на долниот свет", "Книга на портите", и најпознатата "Книга на мртвите".
Некои митолошки информации се застапени во храмовите, и покрај тоа што турбулентните настани кои биле застапени во митовите биле во спротивност со вистинската намена на храмовите да ја слават вечната моќ и љубезност на боговите.
Освен тоа, Египќаните верувале дека преку запишувањето или прикажувањето на негативните митолошки настани, особено во камен, ќе им се даде моќ на силите на хаосот.
Од тие причини постојат зачудувачки малку митови во храмовите.
Информации за митологијата можат да се пронајдат на посветени статуи и стели кои им биле понудувани на богоите од страна на поединците, а голем дел информации можат да се најдат и во погребните текстови.
Но и покрај тоа, целосни митолошки нарации до нас доаѓаат од грчки или римски извори.
Симболи[уреди | уреди извор]
Различни симболи биле користени во древен Египет, а најчесто во облик на талисмани заради заштита од зло.
Еден симбол е Хоровото око, друг симбол е анкот и како трет симбол е бубачката скарабеј (лепешкар).
Види исто така[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- Johnston, Religions of the Ancient World, стр.
417
- known from a Demotic Egyptian text on the back of papyrus no.
215 in the Bibliotheàque Nationale, Paris
- Peters, F.E.
"The Harvest of Hellenism", стр.
42
- Fleming, Fergus; Alan Lothian (1997).
The Way to Eternity: Egyptian Myth.
Amsterdam: Duncan Baird Publishers.
- F. Fleming & A. Lothian, 12, 59
- Fleming and Lothian, стр.
- Wilkinson, Richard H. (2000).
The Complete Temples of Ancient Egypt.
Thames & Hudson.
p. 38-39 ISBN 0-500-05100-3.
- Fergus, Fleming; Alan Lothian (1997).
The Way to Eternity.
Amsterdam: Duncan Baird Publishers.
- Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, стр.
- Wilkinson, Complete Gods and Goddesses, стр.
- Fleming and Lothian, Way to Eternity, pp.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- On the Banks of the Nile, p. 68.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Wilkinson, Complete Temples, стр.
- Henri A. Frankfort, Kingship and the Gods, University of Chicago Press 1978, стр.
64
- Herodotus, Euterpe, 2.86
- Pinch, Geraldine (1994).
Magic in Ancient Egypt.
University of Texas Press.
- Fleming and Lothian, Way to Eternity, стр.
|Статијата "Египетска митологија" е избрана статија.
Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).| | fineweb-2 |
"ГП Пелистер" е градежна компанија којашто целосно работи според највисоките европски и светски стандарди.
За таа цел ја поседува лиценцата " А " за градба од прва категорија, " Б " дозвола која се издава според Законот за животна средина што претставува усогласување со оперативниот план на градежната компанија. "
ГП Пелисте " е единствената градежна компанија која што ги добила сертификатите за квалитет ISO9001:2000, OHSAS 180001 и сертификат за заштита на животната средина ISO14001:2004.
Визионерскиот пристап на менаџментот предводен од м-р Силјан Мицевски на "ГП Пелистер" е клучот кон остварување на квалитетот, за градењето на позитивниот дух и филозофијата да се биде прв, со што ретко може да се пофали некоја од градежните фирми во државата, не само во секторот градежништво.
Работата во таква атмосфера неизоставно води кон успеси и настојувања а во случајот на " ГП Пелистер " е постојаната желба за нови градежни проекти.
Error: No articles to display | fineweb-2 |
Алелна фреквенција
Алелна фреквенција — поим од популациона генетика, ја означува пропорцијата од сите копии на еден ген кој пак се состои од одредена генска варијанта — алел.
Со други зборови, тоа е бројот на копии на одреден алел поделен со бројот на копии од сите алели кои се наоѓаат на генетското место (локус) во популацијата.
Алелната фреквенција може да се изрази во проценти.
Во популационата генетика, алелните фреквенции се користат за да го отсликаат генетскиот диверзитет на индивидуално, популационо и видово ниво.
Доколку имаме:
- даден локус на хромозом и ген кој го зафаќа тој локус
- популација од N единки кои носат n локуси во секоја од нивните соматски клетки (на пример, два локуси во клетките на диплоидните видови, кои содржат два сета на хромозоми)
- постоење на различни алели на генот
- постоење на еден алел во a копии
тогаш алелната фреквенција е делчето (фракцијата) или процентот од сите појавувања на тој локус кој е заземен од даден алел, а фреквенцијата на еден од алелите е a/(n*N).
На пример, доколку фреквенцијата на еден алел е 20% во дадена популација, тогаш еден од пет хромозоми ќе го носи тој алел меѓу членовите на популацијата.
Четири од вкупно пет ќе бидат заземени од страна на други варијанти на генот.
Треба да се забележи дека за диплоидните гени, фракцијата на единки кои го носат овој алел може да биде близу два од пет. | fineweb-2 |
Планински венец
Планински венец (верига) е географско подрачје што се состои од геолошки поврзани планини.
Склоп од венци што припаѓаат на извесно подрачје се нарекува планински систем.
Венците обично се испрекинати со предгорја или превои и долини што се протегаат од една позначајна планина до друга.
Поединечните планини во рамките на еден венец не мора да имаат иста геолошки состав или петрологија.
Тие можат да бидат мешавина од рразни орогени изрази и терени, како на пр.
навлаки, поткренати блокови, наборни планини и вулкани, со што се добиваат различни видови карпи.
Најзначајни венци[уреди | уреди извор]
Ако ја вклучиме и подводната топографија на Земјата, средноокеански сртови сочинуваат најдолги планински системи во светот.
На копно, најголемите системи се претежно сместени во два региона: таканаречениот Тихоокеански Огнен Прстен и Алпско-хималајскиот систем (Алпиди).
Во првиот влеегуваат планините на западното крајбрежје на Америка, Камчатка, Јапонија, Тајван, Филипините, како и делови од Индонезија и Папуа Нова Гвинеја.
Алпско-хималајскиот систем се протега од Индонезија до Алпите, вклучувајќи ги Хималаите и други европски и азиски венци.
За најдолг (надводен) систем се сметаат Андите (7.000 км во должина).
Во Хималаите спаѓаат највисоките планини на Земјината површина, од кои највисока е Монт Еверест.
Најдолг планински систем воопшто е средноокеанскиот срт, чија верига се протега низ дната на пет океани.
Долг е 65.000 км, а вкупната должина на системот изнесува 80.000 км.
Најсеверен планински систем на светот е Арктичката Кордилјера и ја опфаќа највисоката планина во источна Северна Америка.
Поделба и категории[уреди | уреди извор]
Планинските системи се одликуваат со разгранета структура, па така многу венци на светот имаат свои подвенци.
На пример, Апалачките Планини се матичен венец на другите венци што ги сочинуваат.
Некои од нив се Белите и Синосртските Планини.
Белите Планини пак, се матични на уште помали вериги - Сендвичкиот и Претседателскиот Венец.
Претседателскиот Венец потоа може да се подели на Јужен и Северен Претседателски Венец.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
BucephalusIII
Македонци и Македонки!
Во последно време многу се шпекулираше од страна на повеќе играчи во врска со односот на релација Бугарија - ЕДЕН - Турција.
Но, верувајте повеќемина го знаеа исходот кој би следел во врска со оваа ситуација и игра на нерви помеѓу двата табори на Бугарија и Турција...па и кај нас нормално
Ми е од огромно задоволство да ви го соопштам ова и ОФИЦИЈАЛНО!
БУГАРИЈА ГО НАПУШТА БРОДОТ ШТО ТОНЕ...не е Титаник...него е ТЕДЕН!
Преку следниов линк и шаут ќе се уверите во тоа:
http://tinyurl.com/8556tlx
Иако пролетта ни е пред прагот, дрвото ЕДЕН ги губи своите лисја
КОЈ Е СЛЕДНИОТ???
ШАУТ:
Бугарија го напушта ЕДЕН!
http://tinyurl.com/7cshsrj
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Внатрешно уредување
Содржина
Обликување на внатрешноста на градбите[уреди | уреди извор]
Молерски работи[уреди | уреди извор]
Молерај е уредување на површините на внатрешните ѕидови и плафони.
Подополагачки работи[уреди | уреди извор]
Подополагање е уредување на подовите на градбите.
Столарски работи[уреди | уреди извор]
Столарија е поим кој се користи за прозорците и вратите во една градба.
Столарските работи се изработување и поставување на прозорци и врати.
Инсталациони работи[уреди | уреди извор]
Распоредување на покуќнина[уреди | уреди извор]
Внатрешото уредување се занимава со обликување и распоредување на покуќнината, каде главен акцент е исцртувањето и распоредувањето на мебелот во градбата.
За обликувањето и исцртувањето на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди се користи поимот дизајн, иако и таа вештина може да се смета како дел од внатрешното уредување.
Тешко може да се постави граница меѓу внатрешно уредување и дизајн, воошто и меѓу уредување, архитектура и дизајн.
Бидејќи производство на мебел, кујнскиот прибор и садови, опрема за бањи и тоалети, електрични уреди е индустриализирано се користи и терминот индустриски дизајн како мултидисциплина на машинство и дизајн.
Поврзано[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Жолтото Море е плитко со рамно дно и претставува делумно затворен ракав на Тихот Океан.
Најголемиот дел се наоѓа југозапад од јужниот дел на Корејскиот Полуостров.
Понатаму на север има две продолженија на морето: Корејскиот Залив на североисток и заливот Би Хаи, на северозапад, во кој се влева Жолтата Река.
Жолтото Море името го добило по бојата на водата која е полна со тиња од Жолтата Река, Јангцекјанг и другите големи реки.
Дното на Жолтото Море во поголемиот дел е континентален подводен гребен кој пред 10,000 години бил суво копно или широка утока на Жолтата Река.
Во близина на брегот на Кина има многу песочни плитки делови, а недалеку од брегот на Кореја има неколку мали острови.
Топлата струја доаѓа од југоисток до средината на Жолтото Море, а по должината на брегот, струите течат кон југ.
Приливот во ова море е многу силен, особено оп должината на западниот брег на Корејскиот Полуостров, а најголемата амплитуда на приливот е 8 м. Површинската температура на морето има големи колебања, од близу температурата на мрзнење на север за време на зимата се до 28 степени во плитките делови за време на летото.
Жолтото Море е многу богато со риби кои живеат на дното, а ги ловат рибарските бродови од Кина, Јапонија, Северна и Јужна Кореја. | fineweb-2 |
Августовски државен удар
|Августовски државен удар
руски: Августовский путч
|Дел од Револиции од 1989 година, Студена војна, и Распаѓање на Советскиот Сојуз|
Тенкови на Црвениот плоштад за време на Августовскиот државен удар
|Завојувани страни|
| Државна комисија за вонредна состојба
Советска армија
|Руска СФСР:|
|Команданти и водачи|
| Генадиј Јанаев
Дмитриј Јазов
Владимир Кричков
| Борис Елцин
Иван Силаев
Константин Кобетс
|(1917–1927)|
|(1927–1953)|
|(1953–1964)|
|(1964–1982)|
|(1982–1991)|
|Портал:СССР
Августовскиот државен удар или Августовскиот пуч — обид за отстранување на Михаил Горбачов од функцијата Претседател на Советскиот Сојуз.
Обидот бил организиран од група конзервативно настроени заговорници од раководствата на ЦК на КПСС, Владата на СССР, армијата и КГБ, во периодот од 19 август до 21 август 1991 година.
Водачите на превратот сметаат дека реформската политика на Горбачов отишла предалеку и дека новиот Сојуз на суверените држави, кој Горбачов започнал да го основа, обезбедувал премногу самостојност на републиките.
Иако превратот бил неуспешен и истиот траел само два дена, настанот во голема мера го дестабилизирал Советскиот Сојуз и помогнал да се забрани КПСС и распаѓање на Советскиот Сојуз до крајот на годината.
Цел и план[уреди | уреди извор]
Главната цел на заговорниците била да се спречи распаѓањето на Советскиот Сојуз, кое распаѓање според учесниците требало да започне на 20 август со потпишување на првиот документ според кој СССР ќе биде претворена во конфедерација на независни држави односно да се создаде Сојуз на суверени држави.
Документот требало да биде потпишан на 20 август, меѓу претставниците на РСФСР и Казахстан, а другите републики требало да се вклучат до 22 октомври 1991 година.
Овој договор ќе биде одобрен од страна на највисоките државни органи на новата унија и договорот ќе влезе во сила со негово потпишување од страна на овластените делегации.
За државите кои ќе го потпишат, од истиот ден се смета неважечки Договорот за основање на Сојузот на Советските Социјалистички републики од 1922 година.
Организатори[уреди | уреди извор]
Лидер на заговорниците бил Генадиј Јанаев, но според голем број на аналитичари, зад целиот обид стоел Владимир Кручков.
Заговорниците за ден на државниот удар ја одбрале неделата кога претседателот е наоѓал во отсуство, на тој начин што објавиле дека тој е привремено отстранет од должноста поради наводни здравствени причини.
Службениот комитет за вонредна состојба се состоел од следните членови:
- Олег Бакланов — прв заместник претседател на Советот за одбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Владимир Кручков — претседател на КГБ на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Валентин Павлов — Премиер на СССР.
- Борис Пуго — Министер за внатрешни работи на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Василиј Стародубцев — претседател на Селскиот сојуз на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Александар Тизјаков — претседател на Ассоциацијата на државните претпријатија
- Дмитриј Јазов — Министер за отбрана на СССР, член на ЦК на КПСС.
- Генадиј Јанаев — заменик-претседател на СССР, член на ЦК на КПСС.
Подршка[уреди | уреди извор]
Комитетот сметал за воена поддршка на силите на специјалните единици на КГБ - "Алфа", војските на Министерството за внатрешни работи (МВД), Тулската дивизија, Таманската дивизија и Кантемировска дивизија на Советската армија.
Така, во Москва биле внесени околу 400 војници, 362 тенкови, 427 оклопни возила и БМП.
Дополнителни сили биле префрлени во реонот на Ленинград, Талин, Тбилиси и Рига.
На чело застанале генералите Павел Грачов и неговиот заменик Александар Лебед.
Грачов одржувал телефонска врска, како со Дмитриј Јазов, така и со Борис Елцин.
И покрај желбата, заговорниците немале целосна контрола над воените делови, затоа уште во првиот ден на бунтот, делови од Таманската дивизија преминале на страната на заштитниците на т.н.
Бела куќа (токму од тенк на оваа дивизија, Борис Елцин го направил познатото обраќање кон народот).
Информативна поддршка заговорниците добиле од државното радио - во текот на три дена, вестите се состоеле од пораки на различни акти на корупција и на кршење на државните закони, извршени во рамките на реформскиот период.
Државниот комитет за вонредни ситуации побарал поддршка и од ЦК на КПСС но оваа институција не успеала да докаже некакво влијание врз луѓето во земјата.
Противници[уреди | уреди извор]
Главни противници на бунтот биле членовите на Комитетот предводени од политичкото раководство на РСФСР, на чело со претседателот Борис Елцин, потпретседателот Александар Руцкој, премиерот Иван Силаев и претседателот на Врховниот совет Руслан Хасбулатов.
На повикот на руските власти пред зградата на сојузниот парламент, наречена Белата куќа, се собрале бројни претставници на различни социјални групи - студенти, интелектуалци, ветерани од војната во Авганистан, па дури и криминални елементи.
Хронологија[уреди | уреди извор]
- 17 јуни 1991 година.
Горбачов и лидерите на девет републики се обединиле околу проект за сојузен договор.
Самиот проект предизвикал негативна реакција кај министрите на СССР: Јазов, Пуго и Кручков.
- 20 јули 1991 година - Претседателот на Русија Елцин издал указ за деполитизиране, вклучувајќи забрана за функционирање на партиски комитети во фабрики, установи итн
- 29 јули 1991 година, Горбачов, Елцин и претседателот на Казахстан Нарсултан Назарбаев се сретнале тајно.
Дискутирале за потпишувањето на нов сојузен договор, на 20 август.
- 2 август 1991 година, Горбачов објавил дека потпишувањето на Сојузниот договор треба да се случи на 20 август.
- 4 август 1991 година, Горбачов заминал во отсуство во вилата на Крим.
- 17 август 1991 година, Владимир Кручков, Валентин Павлов, Дмитриј Јазов, и Валериј Болдин се сретнале во резиденцијата на КГБ.
Била донесена одлука за воведување на вонредна состојба на 19 август, да се формира Државен комитет за вонредна состојба (ГКЧП), кој ќе го спречи Горбачов да потпише соодветните декрети и да биде принуден да поднесе оставка, предавајќи ги ингеренциите на потпретседателот Генадиј Јанаев.
Елцин по ова требало да биде уапсен на аеродромот, веднаш по слетувањето од Казахстан.
По ова било решено да се делува во зависност од развојот на преговорите и настаните.
- 19 август, во 6 часот наутро, медиумите на СССР изјавиле дека во земјата е објавена вонредна состојба и дека претседателот Михаил Горбачов нема да може да ги извршува своите функции "поради здравствени причини", функции, кои ќе се преземат целосно од Комитетот за вонредната ситуација.
Истовремено со тоа во главниот град и други големи градови биле воведени армиски сили, а членовите на Демократската опозиција (како што самите се нарекувале) им било изјавено дека ќе бидат уапсени.
Во текот на ноќта специјалните единици Алфа се движиле кон вилата на Борис Елцин во Архангелска област, но не го блокирале претседателот и не добиле наредба за какви било активности.
Во исто време Елцин во екстремни услови ги мобилизирал сите свои поддржувачи и симпатизери.
Противниците на бунтот подготвиле и испратиле по факс до сите медиуми обраќање "Кон граѓаните на Русија".
Главен портпарол на противниците на превратот станало радио "Ехо Москвы".
Елцин јавно го осудил обидот за државен удар и дал жестока критика за Комитетот застанувајќи врз еден тенк од Таманската дивизија, пред Белата куќа.
Со обезбедувањето на Специјалните единици Алфа, Елцин влегол во 9 часот наутро во Белата куќа и заедно со раководството на РСФСР основал Центар за отпор на превратот.
Противењето на одлуките од страна на Комитетот довеле до организирање на митинзи во Москва и Ленинград околу Белата куќа, Краснопресненски плоштад и Маринскиот плоштад во Ленинград.
Биле организирани концерти во поддршка на противниците на превратот, и истите концерти биле наречени "Рок на барикадите".
Во Москва започнале да се издигнуваат барикади и да се шират летоци.
Во 12 часот, Елцин се обратил на насобраната толпа од народ.
Од редовите на толпата луѓе започнале да се прегрупираат вооружени единици на командата од пратеникот Константин Кобеца.
Главните сили биле составени од борци-ветерани од војната во Авганистан и соработници од приватната фирма за обезбедување "Алекс".
Елцин во исто време испратил свои претставници во Париз за преговарање од можното создавање на влада во егзил.
- 20 агуст, по наредба на Комитетот била спроведена подготовка за преземањето на зградата на Белата куќа од групата со посебна намена на КГБ.
Некои од генералите кои останале верни на министерот за одбрана Дмитриј Јазов, започнале да изразуваат сомневања за соодветноста на бунтот.
Генералот Александар Лебед преминал на страната на заштитниците на Белата куќа.
Командантите на специјалните единици "Алфа" и "Вимпел", Карпухин и Бесков го замолиле заменик-претседателот на КГБ Агеев да ја поништи операцијата.
На тој начин нападот бил откажан.
- 21 август, тенковските единици контролирани од Комитетот, спровеле маневри во близина на Белата куќа (зграда на Врховниот Совет на РСФСР).
Единиците на "Алфа" одбиле да учествуваат во нападот врз Белата куќа.
Во 5 часот наутро Јазов дал наредба за повлекување на единиците од Москва.
Во текот на денот се одржала седница на Врховниот совет на РСФСР под претседателство на Руслан Хасбулатов.
На седницата биле осудени активностите на Комитетот.
Потпретседателот на РСФСР Александар Руцкој и Премиерот Иван Силаев отишле за Форос, каде што се наоѓал Горбачов.
Редица други авиони, во кои се наоѓале и некои членови на комитетот, се упатиле кон Крим, за да побараат прошка од Горбачов, која не била прифатена.
Кон крајот на бунтот, Елцин се изјаснил за заштита на законската власт на Горбачов и заштита на слободна Русија.
Михаил Горбачов на 22 август се вратил во Москва, заедно со Руцкој и Силаев.
Членовите на Комитетот биле уапсени.
Во директно предавање, Елцин во присуство на Горбачов потпишал Указ за прекин активностите на КПСС на територијата на РСФСР, лишавајќи го Горбачов од власт.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Ольга Васильева, «Республики во время путча» в сб.статей: «Путч.
Хроника тревожных дней».
// Издательство «Прогресс», 1991.
Archived 17 June 2009.
- Solving Transnistria: Any Optimists Left?
by Cristian Urse.
Available at http://se2.isn.ch/serviceengine/Files/RESSpecNet/57339/ichaptersection_singledocument/7EE8018C-AD17-44B6-8BC2-8171256A7790/en/Chapter_4.pdf
- партијата предводена од националистичкиот политичар Владимир Жириновски - http://www.lenta.ru/lib/[PHONE]/full.htm.
Accessed 13 September 2009.
Archived 16 September 2009-.
- 10-я годовщина событий августа 1991 года // Эхо Москвы, 19.08.2001
- Ъ-Власть — Государственный недоворот
- Маршал Советского Союза Дмитрий Язов: Возможно, ГКЧП был клубом самоубийц... // «Комсомольская правда», 16.08.2001
- ГКЧП: реабилитация намерений
- Договор и Декларация об образовании СССР в 1924 году были объединены в первую конституцию СССР, которая прекратила действие в 1936 году, когда была принята новая конституция СССР | fineweb-2 |
Основи на математиката
Основи на математиката е израз кој понекогаш се употребува во некои полиња на самата математика, имено за математичката логика, аксиоматската теорија на множествата, доказната теорија, теоријата на моделите и теоријата на рекурзијата.
Меѓутоа потрагата по основите на математиката е централно прашање на философијата на математиката: На која фундаментална основа можат математичките искази да се сметаат за точни?
Основачката философија на Платонистичкиот математички реализам, (чиј пример е математичарот Курт Гедел), вели дека постои свет на математички предмети независен од човекот; човекот ги открива вистините за овие предмети.
Според ова гледиште, законите на природата и законите на математиката се со сличен статус, и ефективноста на случаите е неразумна.
Тукa основата не ја сочинуваат нашите аксиоми, туку вистинскиот свет на математичките предмети.
Така, очигледното прашање е: како да пристапиме кон овој свет?
Anglin 1991, стр.
218)
Основачката философија на формализмот, (чиј пример е Давид Хилберт), се заснова на аксиоматската теорија на множествата и формалната логика.
Практично сите математички теореми денес можат да се формулираат како теореми на теоријата на множествата.
Според ова, вистинитоста на некој математички исказ, не е ништо повеќе од тврдење дека исказот може да се изведе од аксиомите за теоријата на множествата користејќи ги правилата на формалната логика (вид.
Anglin 1991 стр.
Користењето на формализмот само по себе не дава објаснение за неколку проблеми: зошто треба да ги користиме аксиомите кои ги користиме, а не неки други, зошто ги користиме логичките правила, а не некои други, зошто "точните" (вистинските) математички искази (на пр.
законите на аритметиката) излегуваат вистинити во физичкиот свет, и тн; меѓутоа често овие прашања можат достатно да се одговорат по пат на изучување на формалните теории, кај дисциплините како обратна математика и теорија на пресметковната комплексност.
Формалните системи исто така ризикуваат да бидат недоследни; кај Пеановата аритметика, овој проблем е веројатно веќе решен, по пат на неколку докази за доследност, но сепак спорно е дали тие се доволноконечни за да имаат значење.
Геделовата втора теорема за непотполноста воспоставува дека формалните системи на аритметиката не можат да содржат валиден доказ за нивната сопствена доследност.
Основачката философија интуиционизам или конструктивизам, (чиј пример, во екстрем, е Брауер и покохерентно од С. К. Клини) бара доказите да бидат "конструктивни" по природа – постоењето на еден предмет мора да се покаже, наместо да се изведе од покажување на непостоење.
На пример, како последица од ова, обликот на доказот познат како редукција до апсурд е осомничен (вид.
Anglin 1991 стр.
Некои современи теории во философијата на математиката го порекнуваат постоењето на основи во првичен смисол.
Некои теории се задржуваат на математичката практика, и се стремат да ја опишат и анализираат фактичката работа на математичарите како општествена група.
Други се обидуваат да создадат когнитивистика на математиката, задржувајќи се на човековото сфаќање како извор на издржаноста на математиката при нејзината примена во вистинскиот свет.
Според овие теории, основите лежат само во човековата мисла, а не во некакви објективни надворешни творби.
Ова продолжува да биде спорно.
Наводи[уреди | уреди извор]
Видете исто така[уреди | уреди извор]
- Епистемологија
- Математичка логика
- Евклидови елементи
- Парадокс на лажгото
- Нови Основи
- Философија на математиката
- Принципија Математика
- Квази-емпирицизмот во математиката
Надворешни врски[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
Милиметар
Милиметар (симб.
мм или mm) — мерка за должина, илијадити дел од метарот, што е основна мерна единица за должина во СИ Системот.
Милиметарот дел дел од Метричкиот систем.
Може да се користи и како дел за мерење на површина како милиметар квадратен или за волумент како милиметар кубен.
Следствено милиметарот припаѓа заедно со останатите мерки: | fineweb-2 |
Географска ширина
Латитудата е аголна мерка која се движи од 0° на екваторот до 90° на половите.
Други географски ширини од особена важност се: северниот повратник (Соѕвездие Рак), јужниот повратник (Соѕвездие Овен), северниот поларен круг (арктички круг), јужниот поларен круг (антарктички круг).
Секој степен на географската ширина е понатаму поделен на 60 минути, а секој од нив поделен на 60 секунди.
Една географска ширина, на пример, е определена како 13° 19' 42" СГШ.
За повисока точност, секундите се децимално поделени.
Алтернативното прикажување ги користи степените и минутите, но деловите на минутата се искажани со децимална поделба, на пример 13° 19,717' СГШ.
Степените, исто така, понекогаш се делат на децимали: 13,32861° СГШ.
Понекогаш, наставката север/југ (СГШ/ЈГШ) се заменува со негативен предзнак за југ.
Определена географска ширина, потоа може да се комбинира со географската должина (лонгитуда) за прецизно да се определи позицијата на Земјината површина.
Колатитудата е комплементна на географската ширина (латитудата).
Во вообичаена употреба географска ширина се однесува на "геодетска" или географска"' φ и го претставува аголот помеѓу висината и екваторијалната рамнина — поради тоа што најпрво претставувала агол помеѓу хоризонтот и поларната ѕвезда.
Поради тоа што Земјата има елиптична форма под дејство на нејзината ротација, картографите се потпираат на разновидни помошни географски ширини за прецизно прилагодување на сферните проекции во согласност со нивната цел.
За другите планети како на пример Марс, географската и геоцентричната ширина се нарекуваат "планетографска" и "планетоцентрична" ширина.
Повеќето карти за Марс од 2002 година па наваму користат планетоцентрични координати.
Географската ширина и богатството[уреди | уреди извор]
Често е забележувано дека постои изразена корелација помеѓу географската ширина и богатството на нациите.
Континентите покрај екваторот, Африка и Јужна Америка се најсиромашните.
Дури и во рамките на Африка и Јужна Америка може да се забележи дека нациите најдалеку од екваторот се побогати.
Во Африка најбогатите нации се трите на јужниот крај на континентот, Јужна Африка, Боцвана, и Намибија, како и земјите во Северна Африка.
Слично во Латинска Америка - Аргентина, Чиле, и Уругвај долго време се најбогатите.
Во Азија, Индонезија, лоцирана на екваторот, е меѓу најсиромашните.
Најбогатите нации во светот со најголем животен стандард имаат тенденција да бидат оние во најсеверните области достапни за населување на човекот, Канада, и нордиските земји.
Во рамките на богатите континенти, богатството се зголемува со разликата од екваторот.
Јужна Европа долго била посиромашна, како и јужните Соединети Американски Држави.
Постојат голем број на објаснувања за овој феномен.
Првиот што се обидел да го објасни ова бил францускиот философ Монтескје кој сметал дека ладното време значи помалку крв во екстремитетите што го прави телото помалку еластично; и ова им дава на северњаците повеќе сила и ги прави помалку способни да се релаксираат.
Ова насочување на крвта во внатрешноста, според Монтескје, исто така значи поголем проток во срцето, што ја зголемува виталноста.
Овие откритија се целосно отфрлени од модерната наука.
Исто така отфрлено, но сѐ уште присутно меѓу некои групации, е расното објаснување.
Оние покрај екваторот имаат тенденција да бидат со црна кожа, и поотпорни на директна сончева светлина.
Некои сметаат дека црната боја на кожата е поврзана со помала интелигенција.
Не постојат докази за оваа претпоставка.
Уште едно објаснување, што сѐ уште е доста актуелно, е дека модерните технологии и институции се дизајнирани примарно во мала област во северозападна Европа.
Оттука земјоделските техники, машини и лекови се дизајнирани да одговорат на умерена клима.
Овие технологии и модели се рашириле на области со слична клима, како Северна Америка и Австралија.
Кога и овие области исто така станале иновациски центри, ваквиот развој бил уште позајакнат.
Многу помалку напор бил вложен во подобрување на тропското земјоделство отколку на земјоделството на умерена клима, токму поради ова.
Технологијата, од автомобили до електродистрибуција се дизајнирани за пострудени и посуви региони и работат многу полошо во тропските области.
Поедноставно кажано, животот во тропските области не создава силен природен нагон за развој на нова технологија, бидејќи условите за живот во смисла на основни потреби на телото, се доволно удобни.
Колку е постудено времето, повеќе е потребно за да се преживее, што создава силна мотивација за постојан иновативен процес.
За да се создаде поудобен живот подалеку од тропските области потребна е поразвиена технологија.
Но кога животот е доволно удобен, иновацискиот појас се движи уште подалеку од екваторот.
Овој суров циклус на технологија дизајнирана за богатите, ги прави уште побогати и оттаму поспособни да го финасираат технолошкиот развој.
Доказ за ова е дека далечниот север не секогаш бил најбогата географска ширина.
Пред само неколку векови, најбогатиот појас се наоѓал помеѓу Јужна Европа, преку Блискиот Исток, северна Индија и јужна Кина.
Драматичниот пресврт во технологијата што започнал со прекуокеанските бродови и кулминирал со Индустриската револуција предизвикал најразвиениот појас да се придвижи северно, во Европа, Кина, и во Америка.
Северна Русија станала суперсила, додека јужна Индија станала сиромашна колонија.
Ваквите драматични промени во распоредот на богатството сугерираат дека тоа не се должи на непроменливи фактори како клима и раса.
Поврзано со ова објаснување се болестите.
Тропските области се многу поподложни на епидемии на болести поради нивната температура која го прави животот полесен за инсектите и глодарите.
Долго постои малариски појас што ја опкружува земјата; ова го прави животот на луѓето уште потежок.
Најзабележливо е дека е речиси невозможно за северните домашни животни да живеат.
На овие проблеми им се додава и богатството на северот: многу повеќе пари одат на истражување за лекови за заболувањата на северњаците.
Физиологот Џаред Дајмонд, во неговото дело наградено со Пулицерова Награда - Пиштоли, микроби и челик, тврди дека евроазиската земјена маса е посебно погодна за преминување од ловечко-собирачка во земјоделска заедница.
Континентот се протега на многу повеќе линии на географската ширина од било кој друг континент.
Поради ова многу е полесно да се пренесуваат домашни животни во рамките на иста географска ширина, одошто од потопла во поладна клима, секое животно растено на определена географска ширина ќе биде пренесено во рамките на континентот за релативно брзо време.
Затоа жителите на овој континент имаат почетна предност за поран развој на земјоделството, и поголем интервал на растенија и животни од кои може да се избира.
Тој истотака го поврзал овој напредок со развојот на болестите кои подоцна им се заканувале на жителите на другите континенти.
Блиската поврзаност на луѓето во Евроазија со нивните домашни животни создале услови за брзо пренесување на болести.
Жителите на земјите со малку домашни животни никогаш не биле изложени на таков интервал на болести, и затоа, барем на Американскиот континент, потклекнале на болестите донесени од Европа. | fineweb-2 |
Декамерон
Декамерон е збирка од 100 новели напишана од италијанскиот писател Џовани Бокачо, најверојатно започната во 1350 година, а завршена во 1353 година.
Тоа е средновековно алегориско дело најпознато по љубовните приказни.
"Декамерон" има антиклерикален карактер, зашто сатирата е насочена кон лажната чистина на свештениците.
Но, освен тоа, ова е дело што носи голема етичка порака, типично хуманистичка каде се велича сè што е човечко.
Според Бокачо, луѓето се еднакви, само се разликуваат по својот карактер и интелигенција.
Насловот на книгата е кованка од два грчки збора што значат "десет" (δέκα дека) и "ден" (ἡμέρα хемера).
Се верува дека некои делови од приказните се поврзани со влијанието на Книгата на добра љубов.
Многу значајни писатели како Џефри Чосер имаат извлечено инспирација за своите дела од Декамерон.
Содржина
- 1 Композиција
- 2 Новели со остроумни изреки
- 3 Новели за големите добродетелства
- 4 Љубовни новели
- 5 Новели за ниските човекови нагони
- 6 Изданија на македонски јазик
- 7 Наводи
Композиција[уреди | уреди извор]
"Декамерон" претставува заокружена збирка раскази кое авторот го постигнал со воведниот дел, односно "Уводната новела", каде Бокачо го прикажува својот концепт на збирката.
Имено, за време на големата чума во Фиренца, група млади луѓе, седум жени и тројца мажи, се засолнуваат во една куќа, надвор од градот и за да не им биде здодевно за секој ден определуваат крал или кралица кој ќе кажува што да прават.
Во текот на тие десет дена, сите десетмина, секој ден раскажуваат по еден расказ на определена тема (10 X 10 = 100).
Затоа збирката содржи 100 новели.
Според темите тие се поделени на:
- 1 ден - нема одредена тема - кралица е Пампинеа;
- 2 ден - неприлика со среќен крај - кралица е Филомена;
- 3 ден - за двомислени луѓе - кралица е Немфиле;
- 4 ден - за несреќната љубов - крал е Филострат;
- 5 ден - за среќната љубов - кралица е Фијамета;
- 6 ден - за оние кои биле итри и досетно се спасиле - кралица е Елиза;
- 7 ден - за жените кои го изневериле мажот - крал е Дионес;
- 8 ден - исмејувањата на мажите од жените и обратно - кралица е Лаурета;
- 9 ден - слободна тема - кралица е Емелија;
- 10 ден - за правилните постапки - крал е Помфил.
Во "Декамерон" се прикажани многу настани, ликови и случки.
Освен според деновите, како што ја направил поделбата самиот Бокачо, новелите тематски, може да ги поделиме во неколку групи: куси новели со остромни изреки; новелите каде се прикажани големите добродетелства; љубовно-еротски новели и новелите во кои Бокачо ги критикува ниските човекови нагони, а особено ги разобличува свештениците.
Новели со остроумни изреки[уреди | уреди извор]
Во првата група новели од "Декамерон", може да ги ставиме кусите новели со остромни изреки.
Такви се, на пример, новелите: "Итрината на Кикибио", "Франческа и огледалото", "Форезе и Џото", и др.
Итрината на Кикибио[уреди | уреди извор]
Во расказот "Итрината на Кикибио", главниот лик, слугата Кикибио итро се снаоѓа кога неговиот господар ја бара ногата од жеравот што бил приготвен за вечера, а кој претходно го изела жената на Кикибио.
За да ја докаже својата невиност, утредента Кикибио и неговиот господар отишле да ги видат живите жерави и да се убедат дали имаат една или две нозе.
И навистина, додека спиеле жеравите стоеле на една нога па така Кикибио го имал својот доказ.
Но, тогаш, неговиот господар извикал "хо, хо" и ги разбудил и растерал жеравите кои ја испружиле и другата нога.
Збунетиот, и фатен во "небрано" Кикибио, веднаш се снашол и рекол дека господарот синоќа не викнал "хо, хо"!, па затоа жеравот од трпезата не ја покажал својата друга нога.
Франческа и огледалото[уреди | уреди извор]
Расказот "Франческа и огледалото" е остра критика на каприциозните, самодопадливи луѓе, кои го презираат сиот свет, а всушност се многу плитки:
Некојси Фреско од Челатико имаше внука што на галено ја викаа Ческа.
Макар што беше со убава става, сепак не беше со таква ангелска убавина што се наоѓа понекогаш.
Но затоа пак се ценеше себеси толку многу, што ѝ влезе во крвта да куди и мажи и жени, и сè што ќе види, не обѕирајќи се на себеси.
А беше така незгодна, досадна и каприциозна, како ниедна друга, и никогаш со ништо незадоволна.
Освен тоа, беше така горда, што би било премногу дури и да му е ќерка на францускиот крал.
Кога одеше по улица, толку се муртеше на сè, што само носот го креваше како да ѝ смрди секој што ќе го види или ќе го сретне.
Сега, да не ги набројуваме сите нејзини срамни и незгодни навики, ќе ви кажеме еден настан за неа.
Некој ден се врати во Фресковата куќа и преправајќи се и муртејќи се, седна покрај него.
Фреско ја праша:
— Што си се вратила, Ческо, толку брзо, кога денеска е празник?
Таа му одговори напернато:
— Навистина си дојдов рано, зашто во овој град како да не биле ни мажите ни жените никогаш така досадни и несносни како денеска.
Ниеден не помина по улица што да не ми е мрзок како лоша среќа.
Верувам дека нема на светов жена на која да ѝ е подосадно да ги гледа овие одвратни луѓе одошто мене.
Па за да не ги гледам, си дојдов рано дома.
Фреско, кому ни малку не му се бендисуваа лошите навики на внучката, забележа:
— Ќерко моја, ако ти е така мрско да гледаш непријатни луѓе, немој никогаш да се огледуваш во огледало, ако сакаш да живееш задоволно.
Но, таа празна тиква (а мислеше дека е мудра како Соломон), ги сфати вистинитите зборови на Фреско како што би ги разбрала овца, па му одговори дека ќе се гледа во огледало како другите.
Така во својата глупост живееше и векот си го помина.
Форезе и Џото[уреди | уреди извор]
Расказот "Форезе и Џото" е типичен за оваа група раскази со остроумни изреки.
Започнува поучно, хуманистички - изедначувајќи ги сите луѓе, без разлика на надворешниот изглед, образованието и струката; за да заврши со остроумна досетка во дијалогот на двајцата протагонисти:
Како што честопати најголемите добродетели се кријат во човек со скромен занает, исто така и под грда надворешност често се кријат чудесни душевни способности.
За тоа се доказ двајца сограѓани.
Едниот од нив се викаше господин Форезе од Работа и беше толку низок, со нескладна фигура, сплескано лице и тап нос, што ќе беше грд и за куќата Баронци, но беше толку вешт во законите што многу умни луѓе го сметаа за ризница на граѓанското право.
Другиот, којшто се викаше Џото, беше исто така необично надарен, што немаше таков предмет во природата, мајката на сè што е создадено и двигателка на небесата и на световите, што тој да не можеше со перо или со молив или со четка да го нацрта, и тоа така вешто што не само да биде слично на природата, туку природата сама.
И така многупати се случило да се измами човечкото око, да мисли дека е стварност тоа што го насликал тој.
Бидејќи ѝ го вратил блесокот на уметноста, кој за многу години беше го закопала заблудата на тие што сликале повеќе да ги забават очите на незнајковците одошто да угодат на духот на мудреците, тој може со право да се вброи меѓу најсјајните ѕвезди на фирентинската слава; и тоа толку повеќе што со најголема скромност одбиваше да го викаат мајстор, макар што целиот живот им беше учител на другите.
Тоа име што тој го отфрли, толку повеќе сјаеше во него, колку повеќе со копнеж го присвојуваа тие што знаеја помалку од него или беа негови ученици.
Но, колку и да беше неговата уметност голема, тој самиот ни по лик ни по става не беше ни малку поубав од господин Форезе.
Туку, да се вратиме на приказната.
Господин Форезе и Џото имаа свои имоти во Муџело.
Некој ден, во време кога судот не работи, господин Форезе беше отишол да си го види имотот.
Враќајќи се на некое позајмено коњче, по пат го сретна Џота, којшто исто така од својот имот се враќаше во Фиренца.
Ни неговиот коњ, ни спремата не му беа ништо подобри од тие на Форезе.
Бидејќи беа стари, полека јаваа еден до друг, и така се случи, како што се случува често лете, да ги изненади по патот ненадеен дожд, па колку што можеа поскоро, се засолнаа во куќата на некој селанец, свој пријател и познат.
По некое време, бидејќи изгледаше дека дождот нема да запре, тие, сакајќи уште дење да стигнат во Фиренца, посакаа од селанецот две стари гуни од груба аба и две шапки целите изабени од старост, зашто не најдоа ништо подобро и тргнаа на пат.
Откако јаваа така некое време и добро накиснаа и се искалнија бидејќи коњитe ги испрскаа (тоа, да кажеме не го зголемува достинството на луѓето), времето се расчисти и тие по долго молчење фатија да разговараат.
Господин Форезе, јавајќи и слушајќи го Џото, којшто беше извонреден раскажувач, почна да го загледува од глава до петици и гледајќи на него сè така безоблично и изветвено, а не гледајќи се себеси, почна да се смее зборувајќи:
— Џото, да наидеме случајно на некој туѓинец што не те видел никогаш, мислиш ли дека би поверувал дека ти си најдобриот сликар на светот, како што си навистина?
Џото му одговори спремно:
— Господине, мислам дека би поверувал, ако, гледајќи во вас, поверува дека ја знаете азбуката!
Кога го чу тоа, господин Форезе си ја сфати грешката и увиде дека Џото му врати мило за драго.
Новели за големите добродетелства[уреди | уреди извор]
Во втората група раскази се оние каде се прикажани големите добродетелства, силните и издржливи луѓе, без разлика на сталежот на кој му припаѓаат.
Такви се, на пример: "Маркизот од Салуцо", "Приказна за соколот" и др.
Маркизот од Салуцо[уреди | уреди извор]
Во новелата "Маркизот од Салуцо", издржливоста, покорноста и достоинството на сиромашната селанка Гризелда која ја зема за жена маркизот од Салуцо не може да се спореди со карактеристиките на ниедна благородничка.
Неговото изживување и искушување ја превршува секоја мерка (ѝ ги одзема децата, кои божем ги убива; по многу години ја брка од куќата велејќи ѝ дека ќе се жени за друга), но таа достоинствено истрпува сè.
На крајот таа ја добива наградата - љубовта и почитувањето од својот маж и од сите луѓе.
Приказна за соколот[уреди | уреди извор]
Во "Приказната за соколот" , љубовта и достоинството го креваат главниот лик до совршенство.
Неговата жртва за љубовта доведува на крајот до остварување на таа љубов, токму поради неговите добродетелства.
Имено, тука се раскажува за Федериго, синот на Филипо Албериги којшто живеел во Фиренца и кој бил ценет младич во Тоскана.
Љубовта на Федериго спрема Џована, дама од благороден род, го бодрела да се бори во турнири, витешки игри за да ја придобие нејзината љубов.
Додека постојано се расфрлал со богатството што го поседувал, многу повеќе одошто печалил, Џована не му обрнувала внимание и тој осиромашил.
Поради сиромаштијата во која се нашол, тој се преселил во Кампи, на негов имот каде што ловел птици со неговиот сокол, како единствен начин да ја поднесува својата сиромаштија.
Во меѓувреме, мажот на Џована умира, оставајќи ја сама со нивниот син.
Така, вдовицата Џована, за време на летото, заминала со сина си на некој имот близу до Федериговиот.
Момчето се спријателило со Федериго, заинтересирано за птици и кучиња, му се восхитувал на соколот.
Но, ненадејно момчето се разблело, а негова најголема желба била да го поседува Федериговиот сокол.
Сакајќи да ја исполни желбата на синот, верувајќи дека состојбата ќе му се подобри, Џована со тешко срце заминала во посета кај Федериго.
Благодарна на Федериговата љубов, таа со пријателката посакала да ручаат во неговата куќа.
Сиот радосен, Федериго заборавил на својата немаштија.
Не сакајќи да бара од други, а бидејќи немал со што да ја понуди, го заклал соколот и ѝ го приготвил.
Попладнето, Џована на укажана прилика, културно го замолила Федериго да му го подари соколот на син ѝ, објаснувајќи му ја тешката ситуација.
Федериго го облеало силна тага бидејќи не можел да ѝ го подари соколот, зашто го приредил за ручек за да може да ја угости.
Ожалостена и загрижена, Џована се вратила дома кај болното синче.
Подлегнато на болеста, младото момче починало, а Џована останала сама вдовица.
Нејзините браќа ја терале да се премажи бидејќи била сè уште млада, убава и богата.
Обвиена од тага, таа посакала или да остане вдовица или да го земе Федериго.
Иако осиромашен, заради големата љубов и добрата душа на Федериго, браќата му ја дале за жена.
Љубовни новели[уреди | уреди извор]
Голем дел од расказите во "Декамерон" се со љубовна содржина.
Во нив, љубовта е прикажана и како трагична, и среќна, и достоинствена, и, се разбира, телесна.
Рушењето на бариерите во однос на класата на која ѝ припаѓале луѓето е многу присутна токму во овие новели.
Селаните можат да бидат со благороден карактер и поради тоа да бидат еднакви со богатите.
Таа граница која во средновековието била непробојна, кај Бокачо веќе речиси не постои.
Според него, човекот е човек, без разлика на кој сталеж му припаѓа.
Па затоа, во љубовните раскази често спојува парови од различна социјална средина, а нивната приказна понекогаш завршува трагично - за што Бокачо го осудува општеството, а понекогаш среќно.
Босилокот на Изабета[уреди | уреди извор]
Една тажна приказна за голема и несреќна љубов е прикажана во расказот "Босилокот на Изабета".
Љубовта што ја чувствувала и остварила Изабета е многу овоземна, телесна и страстна.
За жал, таа завршува трагично, поради моралните норми кои ги поставиле општеството и нејзините браќа.
Како и да е, таа останува верна на единствената љубов во нејзиниот живот, без разлика што бил од друг сталеж.
Изабета имала тројца браќа кои по смртта на татко им наследиле трговски дуќани и како богати трговци живееле во Месина.
Изабета била убава девојка, скромна и добро воспитана.
Но, таа се вљубува во слугата, момчето што работело во дуќаните на браќата - Лоренцо.
Тој ѝ ја возвратил љубовта, но се криеле од браќата зашто знаеле дека тие не би ја одобриле.
Еден ден ги открил едниот од браќата, и тие мислејќи дека таквата врска би била срам за семејството, го убиле, а на луѓето им кажувале дека го испратиле во друг град по работа.
Несреќната Изабета тагувала по момчето и безуспешно го исчекувала да ѝ се врати.
Браќата не сакале да ѝ кажат ништо за него.
Но, таа го сонила, а во сонот момчето ѝ кажало за убиството.
Верувајќи во сонот Изабета без да им каже на браќата отишла до покажаното место и го пронашла трупот.
Таа ја земала неговата глава и ја чувала во својата соба скриена во саксија за цвеќе и покриена со земја.
Во неа таа посадила босилок и го негувала нежното растение со вода од ружи и со своите солзи.
Поради долгата и внимателна грижа и мрсната земја од главата што се распаѓала внатре цвеќето станало бујно со чудесен мирис.
Тажната Изабета постојано седела и плачела над цвеќето што го забележале и соседите и им кажале на браќата.
Тие безмилосно ѝ го одземале на несреќната девојка цвеќето, иако таа ги молела да ѝ го вратат.
Зачудени од упорнотото барање, браќата ја провериле земјата од цвеќето, ги виделе остатоците од главата и ја препознале косата на Лоренцо.
Престрашени, тие ја закопале главата, заминале од Месина и се преселиле во Неапол, а девојката од преголема тага и плачење се разболела и умрела.
Славејчето[уреди | уреди извор]
"Славејчето" е расказ со забавна љубовна содржина и среќен крај.
Во него е прикажана љубовта меѓу убавата Катерина, ќерката на Лицио ди Валбона и стројното момче Ричардо, од куќата на Манарди од Бретиноре.
На почетокот и двајцата ја криеле својата љубов, но откако си ги искажале чувствата сакале да поминат една вечер заедно.
Катерина требала да ги убеди своите родители да ја пуштат да преспие на балконот, а Ричардо да ѝ се придружи подоцна во ноќта.
По еден безуспешен обид, користејќи ја горештината и желбата за слушање на песната на славејчето додека заспива како изговор, татко ѝ ѝ дозволил.
Истата ноќ, откако родителите на Катерина заспале, Ричардо се искачил на балконот и заедно ја поминале ноќта.
Меѓутоа, не успеале да се разбудат навреме за Ричардо да си замине, па татко ѝ утрото ги видел.
Бидејќи не знаел што да прави, веднаш ја извикал жена си, Џакомина.
Ѝ кажал да дојде и да види како на ќерка ѝ ѝ замилел славејот, па го фатила и го држи во рака.
Госпоѓата сакала да му се развика на Ричардо, но господинот ја запрел ѝ ѝ кажал дека најдобро е да ги венчаат.
Ричардо бил пристоен и богат, а Катерина го сакала.
Кога се разбудиле, Лицио им кажал дека ќе мора да се венчаат поради направениот грев, но и бидејќи се вљубени еден во друг.
Веднаш се венчале, а подоцна направиле и вистинска свадба, по што Ричардо долго со својата убава невеста на мир ловел славеи, и дење и ноќе.
Новели за ниските човекови нагони[уреди | уреди извор]
Фра Чипола и светиот јаглен[уреди | уреди извор]
Во четвртата група новели може да ги ставиме новелите во кои Бокачо ги критикува ниските човекови нагони, а особено ги разобличува свештениците.
Тој им се потсмева на свештениците кои едно зборуваат, а друго прават, кои проповедаат воздржаност од физичка љубов, а самите се развратни.
Ја опишува нивната алчност, нечесност, злоупотребата на религиозноста и суеверието на неукиот народ за своја полза.
Таков е, на пример, фра Чипола кому Бокачо му ја разоткрива лажната светост и лицемерието.
Конкретно, во расказот е опишана една случка кога пријателите на Фра Чипола сакале да си поиграат со него и да видат како тој ќе се снајде во ситуацијата.
На почетокот е опишан калуѓерот и неговите причини за доаѓање во малото гратче:
Макар што тоа беше мало гратче, некогаш во него живееја благородници и имотни граѓани.
Бидејќи таму имаше добра жетва, редовно секоја година по еднаш идеше по некој калуѓер од редот на свети Антонио, да собира милостина што му ја даваа будалите.
Тој калуѓер се викаше фра Чипола и во Черталдо го сакаа поради неговата набожност, а и поради неговото име (чипола на италијански значи кромид), зашто во тој град расте кромид познат низ цела Тоскана.
Брат Чипола беше низок човек, црвенокос, со ведро и румено лице, и многу весел.
Макар што прост, беше извонреден и итар говорник, па секој што не го познаваше, го сметаше не само за голем говорник, туку за некој Тулиј или можеби Квинтилијан.
Освен тоа на сите во тој крај им беше кум и пријател или барем драг познат.
По својот обичај пристигна таму еднаш во месец август, па во некоја недела изутрина, кога сиот народ од околните села се собрал во жупната црква, во згоден час излезе пред нив и рече:
— Браќа и сестри, како што знаете, вие имате обичај секое лето да им испратите на сиромасите на нашиот господар свети Антонио, пченица и друго жито, кој повеќе кој помалку, според своите можности на набожност за да ви ги чува пречесниот свети Антонио воловите, магарињата, овците и прасињата.
Притоа уште имавте обичај да платите малку нешто и во пари, што се плаќа секоја година, а тоа особено тие што се запишани во нашето братство.
Мојот старешина, господин опатот, ме испрати да го приберам тоа.
Затоа, со благослов божји, по девет часот, кога ќе заѕвонат ѕвончињата, елате вака пред црква, кајшто обично ќе ја слушате мојата проповед и ќе целивате крст.
Освен тоа, (бидејќи знам дека сите го почитувате нашиот господар, свети Антонио) ќе ви покажам како особена милост една пресвета и чудесна реликвија што сум ја донел некогаш од света земја, отаде морето.
А тоа ви е пердушка од крилото на арханѓелот Гаврил што му паднало во собата на пресвета Богородица кога бил во Назарет да и каже за безгрешното зачнување.
Но, неговите пријатели му го сокриле пердувот и во ковчежето му ставиле јаглен, а вечерта на проповетта само чекале да видат како Фра Чипола ќе се извлече од ситуацијата:
Прво очита некои молитвички во слава и чест на архангел Гаврил и светите мошти, тогаш го отвори ковчежето и кога виде, тоа беше полно со јаглен.
(...) Ни бојата на лицето не му се смени заради тоа, туку подигнувајќи ги погледот и рацете кон небото, гласно извика:
— О, боже, нека е вечна слава на твојата семоќност!
Потоа го затвори ковчежето и обрнувајќи му се на народот, продолжи:
— Браќа и сестри, треба да знаете дека мојот старешина, додека бев уште многу млад ме испрати во земјите откаде што изгрева сонцето со особена наредба дотогаш да барам Порчелански повластици, додека не ги најдам; тие макар што не вредат ништо, многу им се покорисни на други одошто нам.
Затоа тргнав по патот на Венеција, минав преку Борга де Гречи, па отидов во Гарапското кралство и преку Балдака стигнав во Парионе, а оттаму, зажеднет мошне, по кратко време стигнав во Сардинија.
Но зошто да ви ги спомнувам сите тие градови и земји што сум ги минал барајќи?
Пребродувајќи го ракавот Сан Џорџо, пристигнав во Труфија и Буфија, земји многу населени со моќни народи.
Оттука тргнав во земјата Лагарија каде што најдов многу наши калуѓери, а доста и од другите редови што ја избегнуваа немаштијата бога ради, малку се грижеа за туѓиот труд, се грижеа само за своја полза и по сите тие земји трошеа само нековани пари.
Тогаш минав во земјата Абруци каде што и машко и женско со цокули се качуваа по планините, а прасињата ги облекуваат во цревата.
Малку понатаму најдов народ што го носи лебот на ластегарки, а виното во вреќи.
Оттаму стигнав до Црвливите планини каде што сите води течет надолу.
Накратко, патував толку далеку што стигнав, мили мои, до Индија нечистата каде што видов, ви се колнам во облеката што ја носам, како летаат перја, кое навистина тешко ќе го поверува тој што не видел.
А дека не ве лажам, сведок ми е Мазо дел Саџо кого таму го најдов како голем трговец; кршеше ореви и ги продаваше лушпите на мало.
Бидејќи не можев да најдам тоа што барав, бидејќи натаму се патува по море, се вратив и на враќање до овие свети земји каде што лете продаваат студено јадење за четири пари, а топло за бадијала.
Таму го најдов пречесниот отец Повели Неколниме, многупочитуван ерусалимски патријарх.
Од почит кон облеката на нашиот господар свети Антонио, што секогаш ја носам, сакаше да ми ги покаже сите реликвии што ги имаше кај себе, а ги имаше толку што би ми требале неколку милји кога би сакал да ви ги набројам сите и уште би ми било малку.
Прво ми го покажа прстот на светиот дух, зрав и цел, каков што некогаш бил, потоа парче од косата на серафимот што му се прикажал на свети Фрањо, потоа еден нокот од херувим, едно од ребрата на зборот што станал дело, и облеката на светата Вера Католичка, и неколку зрака од ѕвездата што им се покажала на тројцата мудреци од Исток; и канче со потта што го облеала св.Михаила кога се борел со сатаната, и вилицата на смртта на свети Лазар и уште триста чуда и други светињи.
А кога доброволно му дадов опис на брдото Монте Морело на народен јазик и препис од Капрецио што ги барал веќе доста долго, ме направи ортак на своите свети мошти, и од своја страна ми подари еден заб од светиот Крст и во канче малку од звукот на ѕвоното од Соломоновиот храм и перото на арханѓел Гаврил за кое веќе ви зборував, цокулата на свети Герардо Виламањски.
Неа неодамна ја подарив на неговиот голем почитувач Герардо ди Бонси од Фиренца; и уште ми даде нешто јаглен на кој се печел блажениот маченик св.
Сите тие светињи ги донесов ваму со мене и побожно ги чував.
Навистина, мојот старешина никогаш не ми дозволи да ги покажувам додека не се увери дека се вистински.
И сега по некои чудеса што се случија по патријарховите писма се сведочи за нивната вистинитост, па ми дозволи да ги покажам слободно.
И јас ги носам сакогаш со мене, плашејќи се да ги поверам некому.
Вистина е дака перото на архангел Гаврил го носам во ковчеже да не се оштети, а во друго исто такво ковчеже јагленот на кој се печел свети Лаврентиј, па често се излажувам и го земам едното наместо другото.
Ете, тоа ми се случило и овојпат, па мислејќи дека сум го зел тоа со перото, сум го зел тоа со јагленот.
Но, не сметам дека е тоа заблуда, дури сум убеден дека е тоа волја божја, и дека сам господ ми го ставил в рака ковчежето со јагленот, зашто сега баш ми текна дека по два дни од денеска е празникот на свети лаврентиј, па сам господ сакал да запалм во вашите срца побожност кон него, покажувајќи ви го јагленот на кој се печел светецот.
Не ми дал да го земам перото, како што си мислев, туку благословениот јаглен, угаснат од сокот на пресветото тело.
Затоа, деца мои блажени, симнете ги капите и приближете се со скрушено срце ваму за да го видите.
Но, најнапред сакам да знаете дека секого што ќе го допрам со овој јаглен во знак на крст, може да биде сигурен дека цела година нема да го допре огин, а да не го сети.
По оваа беседа му запеа химна на свети Лаврентиј, го отвори ковчежето и им го покажа јагленот.
Глупавиот народ некое време го гледаше восхитено и побожно, а после нагрнаа како стадо кај Фра Чипола, давајќи му поголеми дарови од обично и молејќи го да ги допре со јагленот.
Фра Чипола го зеде јагленот в рака и почна по нивните бели елеци и забани и по забратките на жените да шара толкави крстови колку само што можеше, уверувајќи ги дека подоцна во ковчежето ќе се направи толку јаглен колку што ќе се потроши, како што многупати се уверил во тоа.
Така, на своја голема полза го прекрсти сиот народ и со својата досетливост ги насамари тие што, земајќи му го перото, мислеа да го осрамотат него.
Младичите беа на проповедта и слушаа како зборуваше и како се извлече од стапицата, па од пуста смеа вилиците скоро им се разглобија.
Откако се разотиде народот, дојдоа кај него и во смеа и шега му открија што сториле, а потоа му го вратија неговото перо што идната година му донесе не помала полза одошто дента јагленот.
Изданија на македонски јазик[уреди | уреди извор]
Издание на "Македонска книга" од 1974 година[уреди | уреди извор]
Во 1974 година, издавачката куќа "Македонска книга" ја објавила книгата "Декамерон" во рамките на библиотеката "Атлас", а во превод на Радмила Угринова - Скаловска.
Книгата е отпечатена во Графичкиот завод "Гоце Делчев" во мек повез и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN.
Книгата претставува скратено издание на "Декамерон" и содржи 38 раскази: Пролог, Увод, Сер Чапелето, Саладин и Малхиседек, Мартелино, Риналдо Д'Асти и вдовицата, Андреучо од Перуџа, Приказна за Бернабо и неговата жена, Коњушарот на кралот Аџилулфо, Џилета од Нербон, Босилокот на Изабета, Андруола и Габриото, Пјетро од Бокамаца и Ањолела, Славејчето, Џакомино од Павија, Теодоро и Виоланта, Приказна за соколот, Пекарот Чисти, Итрината на Кикибио, Фортезе и Џото, Франческа и огледалото, Гвидо Кавалканти, Фра Чипола и светиот јаглен, Џани Лотеринги и духот, Измамениот Тофано, Каландрио и сончецот, Шегата со маркезанскиот судија, Прасето на Каландрио, Вдовицата и учениот Риниери, Пак за Каландрио, Чеко Фортариго и Чеко Анџулери, Каландрино заљубен, Советот на Соломон, Вражањето на дон Џили, Митридан и Натан, Приказна за Саладин и Торело, Маркизот од Салуцио, и Поговор на авторот.
Издание на "Мисла" и "Македонска книга" од 1988 година[уреди | уреди извор]
Во 1988 година, "Мисла" и "Македонска книга" објавиле заедничко издание на "Декамерон" во едицијата "Светска книжевност", а во превод на Радмила Угринова - Скаловска.
Книгата е каталогизирана во НУБ "Климент Охридски", Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 86-15-00056-5.
Таа е испечатена во мек повез, со обем од 22 сантиметри и има 300 страници.
Ликовното уредување е дело на Коста Бојаџиевски и Кочо Фидановски, коректурата ја направила Соња Димковска, а книгата е отпечатена во печатницата "Просвета" од Куманово.
Книгата претставува скратено издание на "Декамерон" и содржи 38 глави: Пролог, Увод, Сер Чапелето, Саладин и Малхиседек, Мартелино, Риналдо Д'Асти и вдовицата, Андреучо од Перуџа, Приказна за Бернабо и неговата жена, Коњушарот на кралот Аџилулфо, Џилета од Нербон, Босилокот на Изабета, Андруола и Габриото, Пјетро од Бокамаца и Ањолела, Славејчето, Џакомино од Павија, Теодоро и Виоланта, Приказна за соколот, Пекарот Чисти, Итрината на Кикибио, Фортезе и Џото, Франческа и огледалото, Гвидо Кавалканти, Фра Чипола и светиот јаглен, Џани Лотеринги и духот, Измамениот Тофано, Каландрио и сончецот, Шегата со маркезанскиот судија, Прасето на Каландрио, Вдовицата и учениот Риниери, Пак за Каландрио, Чеко Фортариго и Чеко Анџулери, Каландрино заљубен, Советот на Соломон, Вражањето на дон Џили, Митридан и Натан, Приказна за Саладин и Торело, Маркизот од Салуцио, и Поговор на авторот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- Грчкиот наслов треба да гласи δεκάμερον (τό), односно поправилно класично грчки: δεχήμερον
- Стојка Бојковска, Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски, Невена Исакова, Бранко Пендовски; Македонски јазик и литература за II година за реформираното гимназиско образование; Просветно дело, 2009, Скопје
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- "Декамерон" од Бокачо на Македонски јазик и литература за средните стручни училишта, од Билјана Богданоска
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Македонска книга, 1974.
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Мисла и Македонска книга, 1988.
- Џовани Бокачо, Декамерон.
Скопје: Мисла и Македонска книга, 1988. | fineweb-2 |
Еден од главните мотиви за сериозниот и организиран криминал е финансиската добивка.
Организираните криминални групи го инвестираат нелегално стекнатиот профит во понатамошни илегални активности или спроведуваат перење на пари за негово легализирање и инфилтрација со цел да се стекнат со економско влијание во општеството.
Конфискацијата на приходи стекнати од криминал се повеќе е признаено како ефикасен начин за борба против организираниот криминал.
Замрзнувањето и запленувањето на приходите стекнати од криминал е ефикасен пристап во борбата против тешкиот и организиран криминал при што главниот мотив е да се стекне некаква корист.
Република Македонија помеѓу првите Балкански земји ги имплементираше мерките за конфискација на приходи стекнати од криминал и ја воспостави законската основа за конфискација на приходи при што главниот предизвик е нејзината практична имплементација.
Агенцијата за управување со одземен имот основана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во делот на конфискацијата презема широк спектар на мерки со кои треба да ја задржи вредноста на имотот преку забрана за негово отуѓување, преку негово поставување во соодветен магацински простор, продавање или раководење со замрзнатиот имот.
Мерката зависи од природата на имотот (пари, акции, добра, возила, подвижен имот, компанија, недвижности, итн.)
Од погоре наведеното можеме да заклучиме дека со донесувањето на законот како и со основањето на Агенцијата во нашата држава се обезбедува конзистентна правна рамка, која го регулира начинот на управување и постапување со конфискуваниот имот и одземените предмети, домаќинско и соодветно управување на надлежните органи, засновано врз начелата на законитост, економичност и ефикасност. | fineweb-2 |
Правен факултет
Правен факултет
Правниот факултет (исто така познат како Факултет на правото или Колеџ на правото) е институција од областа на правното образование.
Содржина
- 1 Дипломи од областа на правното образование
- 2 Полемики
- 2.1 САД
- 2.2 Алтернативни системи за правно образование
Дипломи од областа на правното образование[уреди | уреди извор]
САД[уреди | уреди извор]
Во САД, Правниот факултет нуди програма за постдипломски студии која обично трае три години и со со која студентите се здобиваат со титула Доктор по правни науки .
На некои факултети во Луизијана истовремено се доделуваат дипломи за завршени студии по граѓанското право.
За да добие пристап до одобрената програма за правни науки на Американската адвокатска асоцијација на САД (ААА) , потенцијален студент мора да го положи приемниот испит на Правниот Факултет, и да има посетувано најмалку четири години додипломски студии, а со тоа и стекнато соодветна диплома.
Сепак, некои Правни факултети како што е Правниот факултет Кули ( Одобрен од ААА) во Мичиген, им признава на студентите најмалку 60 додипломски кредити.
Во моментов, постојат 199 Правни факултети кои се одобрени од страна на ААА .
Во моментов има пет онлајн Правни факултети кои не се акредитирани од ААА, но се регистрирани и регулирани од страна на Државната адвокатска асоцијација на Калифорнија.
Канада[уреди | уреди извор]
Најстариот факултет во Канада кој нуди дипломи од областа на правното образование е основан во 1848 година на Универзитетот Мекгил во Монтреал.
За основно владеење на правото во Канада се доделува Диплома по правни нуки , за која е потребно да се има посетувано курс на колеџ и е слична на првиот степен по правни науки во Соединетите Држави, освен што курсевите имаат научна содржина (како што е семинарскиот труд за академски истражувања која се бара во повеќето школи) .
Програмите траат три години, и имаат слична содржина во нивната прва година од задолжителните курсеви.
Покрај првата година и минималните услови за дипломирање, изборот на курсеви се врши и врз основа на различно насочување кон деловното право, меѓународно право, право поврзано со природните ресурси, кривично право, Абориџинско право, итн Со оглед на тоа дека во правниот систем на Канада се вклучени француското граѓанското право и англо-американската вообичаено право, некои Правни факултети нудат Диплома по правни науки ( Вообичаено право) и Диплома по право( Граѓанско право), како што е Универзитетот Мекгил и Универзитетот во Отава.
Некои универзитети како на пример Универзитетот во Торонто, Правниот факултет Осгуд Хол, Кралскиот Универзитет, Универзитетот во Западен Онтарио, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Британска Колумбија го сменија називот на дипломата во Доктор по правни науки.
Наспроти промените во означувањето, факултетите кои се одлучуваат за дипломата Доктор по правни науки не ги менуваат нивните програми.
Ниту дипломата за Доктор по правни науки или дипломата по правни науки сами по себе се доволни за квалификации за канадска лиценца, секоја општина со провинцијален закон бара стажирање и успешно завршување на провинциската обука за вештини и одговорности, како што е Професионалниот правен курс за обука на Правното општество во Британска Колумбија, Програма за обука за вештините и одговорностите наметнати од правното општество на Горна Канада и Училиштето за адвокатура во Квебек.
Иако главната причина за воведување на дипломата Доктор по правни науки во Канада беше да се направи разлика од дипломата во Европа каде не е потрбно да се има предходно високо образование, Американската адвокатска асоцијација допрва треба да ја признае дипломата за да биде доделена од страна на која било институција во Канада.
[8 ] Според канадскиот образовен систем дипломата за Доктор по правни науки доделена од канадските универзитети ги има задржано карактеристиките на дипломата по правни науки и се смета како втора програма за влез, но не како програма за дипломирање.
(Овој став е аналоген на ставот на Канадските Универзитети дека дипломите за Доктор по право и академската диплома по право се сметаат како втора програма за влез, а не како постдипломски студии.)
И покрај тоа, несогласувањето продолжува во врска со статусот на дипломата, на Факултетот за правни науки на Универзитетот во Торонто, дипломата за Доктор по правни науки се смета за супериорна во однос на дипломата по правни науки.
Некои универзитети имаат развиено заедничка канадски и американски програма за дипломи по правни науки и дипломата за Доктор по правни науки, како што се Јорк Универзитетот и Њујоршкиот универзитет, Универзитетот во Виндзор и Универзитетот во Детроит Мерси, и Државната универзитетска програма на Универзитетот во Отава и Мичиген.
Англија и англиски земји во кои владее вообичаеното право[уреди | уреди извор]
Во Англија, Австралија, Нов Зеланд и други англиски земји во кои владее вообичаеното право, диплома по право обично е додипломски квалификација, дипломите по правни науки се најчестите.
Во Австралија и Нов Зеланд, дипломата по право може да се земе како Комбинирана диплома по право заедно со друга титула и студирањето трае пет години, наместо можните шест години ако се зема секој степени одделно.
По додипломски квалификација (дипломата по правни науки) дополнително студирање е потребно пред започнувањето со праксата.
За да стане адвокат студентот мора да го заврши Курсот за правна пракса и последователно да го исполни двегодишниот договор за обука.
За адвокатура поединецот мора да земе диплома по правни науки, курс за обука за професионална адвокатура (поранешен професионален курс за адвокатура), а потоа се се здобие со учеништво (правно стажирање) пред да започне со работа во канцеларија.
Додека дипломата по правни науки се добива на универзитетот (обично на оние како Оксфорд, Кембриџ и институциите на Расел групацијата за најамбициозните кои сакаат да бидат правници) подоцнежните професионални курсеви се земаат на Професионалните факултети, како на пример на Правниот факултет за градење кариера.
Ретко, некои студенти се образуваат на Техничкиот колеџ во Градскиот Правен факултет (поранешните простории на Судот на Правниот факултет), кој е најстар организатор на правни обуки.
Азија[уреди | уреди извор]
Индија[уреди | уреди извор]
Во Индија, правното образование традиционално се нуди како три годинишни постдипломски студии.
Сепак структура е променета од 1987 година.
Степените на правно образование во Индија се доделени и уредени според Законот за адвокати од 1961 година, овој закон е усвоен од страна на Собранието од аспектот на правното образование и регулирање на правната професија.
Според Законот, Адвокатскиот Советот на Индија е врховно регулаторно тело за регулирање на правната професија во Индија и исто така обезбедува усогласување на законите и одржувањето на професионалните стандарди од страна на правната професија во земјава.
Во таа насока, Советот на адвокати на Индија ја пропишува основната наставна програма што треба да се спроведува за да може една институција да добие квалификации за доделување на диплома по право.
Советот на адвокати врши надзор на институциите на кои им е одобрена диплома и ја оценува нивната методиката и наставниот план, утврдува дали институцијата ги исполнува потребните стандарди, ја признава институцијата и одобрената диплома.
Традиционално, дипломите кои се одобрени се именуваат како Диплома по правни науки или Диплома по право.
Услов за да се добие некоја од овие дипломи е кандидатот да има веќе диплома од одредена насока која ја нуди институцијата.
Потоа курсот за Диплома по правни науки/ Диплома по право трае три години, по успешното завршување му е доделена една од споменатите дипломи.
Сепак по предлог од страна на Комисијата за закони на Индија и по доминантниот повик за реформи на Адвокатскиот Советот на Индија се експериментира со креирањето на специјализирани правни универзитети единствено посветени на правно образование и на тој начин академски стандарди на правната професија во Индија се ставаат на едно повисоко ниво.
Оваа одлука била донесена некаде во 1985 година, а потоа бил формиран и првиот Правен универзитетот во Индија во Бангалор кој бил именуван како Национален Правен факултет на Универзитетот во Индија (популарно "НПФ").
Овие правни универзитети требало да понудат мулти-дисциплинарен и интегриран пристап врз правно образование.
Тоа било прв пат една диплома по право, освен Дипломата по правни науки или Дипломата по право да биде доделена во Индија.
НПФ понудила петгодишен курс по право, кога успешно ќе се заврши се доделува диплома со назив " Диплома по правни науки (Одликување)".
Подоцна биле основани други Правни универзитетите, сите нуделе петгодишни правни студии доплолнети со повеќе програми со различни стручни називи.
Следен на листата бил Универзитет на Националениот правен институт формиран во Бопал во 1997 година.
Уневерзитети од овој тип биле основани и во 1998 година.
Националниот Правен универзитет Јодхпур за прв пат во 2001 година понудил дополнета диплома по право "Диплома по бизнис администрација и правни науки (Одликувања)", која и предходела на "Дипломата по правни науки (Одликувања)" доделена од Националниот универзитет на правни науки во Западен Бенгал.
Националниот универзитет во Гуџарат основан во Гандингар понудил дипломи по комјутерски накуи, по природни науки, по уметност како и Дипломата по правни науки.
Сепак и покрај овие специјализирани Правни универзитети, други институции во Индија продолжуваат да ги нудат традиционалните тригодишни степени на образование и се подеднакво признати како прифатливи квалификации за вршење на правна дејност во Индија.
Уште една суштинска разлика која сеуште се провлекува е дека прифатлива квалификација за тригодишните студии по право е кандидатот да поседува диплома по право, а за да се кфалификуваат за петгодишните дополнети студии по право, кандидатот мора да има успешно завршено Класа XII од соодветните Одбори за образование во Индија.
И студентите кои посетуваат тригодишни студии и оние кои посетуваат петгодишни дополнети студии можат да бидат дел од Советот на адвокати на Индија, по исполнувањето на условите за подобност и по запишувањето, може да се појават пред кој било суд во Индија.
Малезија[уреди | уреди извор]
Во Малезија, освен за Правниот факултет МАРА, дел од Универзитетот за технологии на Малезија( УТМ )( ang.
MARA Law School), за новата програма за правни студии потребно е кандидатот да има завршено 8 семестри во додипломски студии за да може да конкурира за учеништво или за работа во почитувани фирми.
Секој странски кандидат кој поседува Диплома по правни науки потребни е да добие Сертификат за правна пракса за да може да биде примен како адвокат и правник.
Сепак, локалните дипломци со Диплома по правни науки (Одликувања) се ослободени од полагање на Сертификат за правна пракса, и подлежат на професионална обука во својата четврта година од додипломски студии.
Најстариот Правен факултет основан во Малезија можно е да датира од 1967 година од формирањето на Правниот факултет на Универзитетот за технологии, каде се нуди надворешната програма преземена од факултетите низ Лондон за Диплома по правни науки.
Подоцна, кога УТМ започна да доделува свои дипломи понуди и програма за диплома за правни студии (Одликувања).
По завршување на програмата, студентите можат да изберат или да работат како правни советници / правни извршители или како адвокати и правници.
Ако изберат да се усовршуваат како адвокати и правници, тие ќе бидат тестирани и најтесниот круг ќе продолжи со едногодишна програма за Диплома по правни науки (Одликувања) .
Предвидениот број на студенти кои ќе ја посетуваат програмата за Диплома по правни науки на УТМ (Одликувања) е ограничен, а оние кои не се квалификувани треба да го земат испитот за добивање на Сертификат за правната пракса ако сеуште сакаат да работата во адвокатска канцеларија.Дипломата по правни науки на УТМ е призната како стручен испит и како таков, за разлика од другите правни програми, студентите работат во симулирана адвокатска канцеларија.
Студентите се опремени со уредена канцеларијата за пракса и од нив се бара да работат во импровизираните правни фирми.
Структура на програмата е дизајнирана така што на студентите, всушност, ќе им биде овозможено да стекнат практично искуство во правната пракса со цел да бидат подготвени за вистинскиот свет на правото.
Националниот универзитет во Малезија, исто така познат како Правниот факултет на УКМ е формиран во февруари 1984 година.
На овој факултет студентите започнаа да се запишуваат во 1986/87 учебна година.
Целта на факултетот е да ги обучи правниците да биде стручњаци во пракса, како адвокати и правници и да служат во правната и судската служба и приватниот сектор.
Наставната програма е дизајнирана да може да вклучи академски и практични аспекти на правото вклучувајќи Исламската курсеви за да се прикажи зголемената важноста на исламското право во Малезија.
Студентите се бара да ги прошират своите знаења во исламското право наместо да го сторат тоа во областа на граѓанското право.
Кина[уреди | уреди извор]
Хонг Конг[уреди | уреди извор]
Во Хонг Конг, кој воглавно се раководи според англискиот систем на вообичаено право, додипломската Диплома по правни науки е честа појава, проследено со една или две години постдипломски сертификат по правни науки пред поединецот да може да склуче договор за обука (адвокати) или учеништво (правници ).
Јапонија[уреди | уреди извор]
Во Јапонија, диплома по право обично е додипломски квалификација, најчеста е Дипломата по правни науки.
Потребно е поединецот да се обучува во полето на правото, да се земе Националната правосуден испит и да се посетува судска обука (или работно искуство како законодавец, официјален претставник на владата, професор итн). "
Поделбата на степени на Правен факултет ", која нуди можност кандидатите да се здобијат со диплома Магисер по правни науки и Доктор по правни науки, постои, во голема мера за неколку студентите да изградат академска кариера (а делумно и за политика кариера), " Правниот факултет " кој има многу поголем капацитет бил дополнително воведен во 2004 година за оние студентите кои градат правна кариера според законот по препораки на Советот за реформи во правниот ситем, и сега е во преодна фаза.
За еден адвокатски степен обично е потребно да се студира две години.
Филипини[уреди | уреди извор]
Правното образование се смета како постдипломски студии на Филипините.
Како таква, за прием на Правните факултети е потребно кандидатот да поседува диплома, со доволен број на кредити или делови од одредени области.
Примарен услов за стекнување право да се земе правосуден испит на Филипините, тоа е национален испит за лиценца за адвокат во државата, е да се заврши на Правен факултет на Филипините.
Правосуден испит е спроведен од страна на Врховниот суд на Филипините во текот на месец септември секоја година.
Јужна Кореја[уреди | уреди извор]
На 3 јули 2007 година, Корејското Национално собрание донесе закон за воведување на "Правниот факултет", кој е воден од моделот на американскиот постдипломски систем Исто така, се разбира, од 2 март 2009, 25 (јавни и приватни) тригодишни професионални Правни Факултети кои се официјално одобрени од страна на Корејската Владата, отворени се со цел да ги обучуваат идните корејски адвокати.
Првиот адвокатски тест за дипломците на Правните Факултети ќе бидат закажани во 2012 година.
Шри Ланка[уреди | уреди извор]
Во Шри Ланка да се биде обучуван во областа на правото, мора да се биде примен и запишан како адвокат по право на Врховниот суд на Шри Ланка.
Ова се постигнува со земање правни испити на Правниот колеџ во Шри Ланка кој е управуван од страна на Советот за правна едукација и поминување на период од шест месеци во практикување на адвокатурата по образование од најмалку 8 години.
За да полагаат правен испит студентите треба да добијат дозвола од Правниот колеџ на Шри Ланка и да студираат право или директно да полагаат испити по добивањето на Диплома по правни науки од локален или странски универзитет.
Тајван[уреди | уреди извор]
Тајван била колонија на Империјалистичка Јапонија се додека САД не ја поразил Јапонија во 1945 година, и и ја предал власта на Република Кина.
Во тоа време бил воспоставен еден нов правен систем.
Оттогаш , студирањето право е додипломски циклус и резултира со диплома.
Странците не смеат да се обучуваат во полето на правните науки (не се прави исклучок за граѓаните на САД).
Постдипломски и професионалните студии[уреди | уреди извор]
Некои факултети нудат програма за магистарски студии (Магистер по правни науки) како специјализација во одредена област на правото.Следен степен на студии се академски докторски студии по право, дипломата го има називот Доктор по јуристички науки (во САД), или доктор по правни науки во Канада, или Доктор по право низ европските или австралијанските универзитети.
Со цел да се студира на Правните факултети, многу надлежни институции бараат дипломците на Правните факултети да полагаат државен или провинциски правосуден испит пред да почнат да се занимаваат со правна дејност.
Повеќенационалниот правосуден испит ( ППИ ) е дел од правосудниот испит во скоро сите Соединети Американски Држави надлежни институции.
Општо земено, стандардизираниот предмет вообичаено право на ППИ е комбиниран со испитни прашања од специфични државни теми за да се оформи еден сеопфатен правосуден испит.
Во другите земји каде што владее вообичаеното право правосудниот испит често се заменува со период на работа во правна фирма позната како вработување со определен рок.
[Се бара извор]
Полемики[уреди | уреди извор]
САД[уреди | уреди извор]
Можности за вработување[уреди | уреди извор]
Генерално Правните факултети се претставени како добра инвестиција, повикувајќи се на високи плати и стапката на вработеност.
Но, Националната асоцијација за професионална правни кариерата доставува годишен извештај со кој накратко ги прикажува податоците за вработувања во Правните факултети во САД со кој сугерира дека ситуацијат е поинаква.
Почнувајќи со извештајот од 2009 година ,од вкупно 44.000 студенти кои дипломирале на Правните факултети , помалку од 80 проценти (35.002) се изјасниле дека нашле какво било вработување (со полно или определено работно време) во период од 9 месеци по дипломирањето.
Повеќе од 25 проценти од сите вработени одговориле дека се вработени привремено, со што бројот на дипломирани студенти кои не се привремено вработени на каква било позиција (правна или друга) е под 60 проценти.
Само 45 отсто од дипломираните студенти беа вработени на привремени работни места како адвокати и помалку од 40 отсто од сите дипломирани се вработени со полно работно време како како адвокати.
Спорна е точноста на приложените статистички податоци[уреди | уреди извор]
Неодамна [кога?]
во САД беше наметнато прашањето за преиспитување на некои од Правните факултети дали навистина им обезбедуваат на идните студенти точни факти во врска со работните места и стапките на надоместок, укажувајќи на тоа дека Правните факултети можат да ја изобличат статистиката за да привлечат студенти.
Конкретно, многу од дипломираните на Правните факултети укажуваат на тоа дека нивните факултети користат лажни статистички податоци за привлекување на студенти.
Еден пример за ова би било кога факултетите претставуваат релативно висока стапка на вработеност според студентите кои се одзваале на нивната анкета за вработување без да го вклучат процентот на студенти кои се одзвале.
Ова е погрешно, бидејќи невработените дипломирани студенти немаат тенденција да се одзиваат на анкетите за вработување се додека не добијат вработување, а во некои училишта дури и експлицитно им е кажано на дипломирани студенти да не одговорат доколку не се вработени.
Освен тоа, факултетите ја наведуваат почетната плата на дипломираните студенти, наместо просечната , додека просечната плата на дипломирани правници во САД е околу 62.000 УСД, почетната вредност на платата може да е преувеличена во средини каде што има релативно мала концентрација на дипломирани студенти кои заработуваат повисока почетна плата од просечната На пример, почетна плата во огромните правни фирми, во неколку градови низ земјава во 2008 година е 160.000 УСД.
[не е даден во цитатот] Исто така, постои веројатнот дека дури и статистиките во врска со просечната плата се неточни, бидејќи студентите кои се невработени, кои се вработени на привремени работни места или кои имаат ниска плата обично не приложуваат извештај за платата до училиштата.
[се бара извор]
Соодветна реакција на оваа критика, сепак, е тоа што таа едноставно ја одразува реалноста на конкурентноста во правна едукација и правната пазар.
Со ограничен број на врвни позиции, потенцијалните студенти право треба да бидат внимателен во врска со можностите за вработување, која ќе ги чекаат по завршувањето на студиите, особено ако тие планираат да студираат на пониско рангираните училиште.
[Се бара извор]
Во исто време, сепак, студенти на престижните, високорангирани институции често имаат различни можности на располагање.
Ова несовпаѓање може да се гледа како едноставно функционирање на понудата и побарувачката, заедно со бројот на нови (а со тоа и пониско рангирани) Правни факултети кои стануваат се помногубројни во последниве години.
Слични потешкотии може да се појават за студентите на додипломски студии во други области, иако претходно споменатиот недостигот на точни информации за вработувањата по дипломирањето може да го влоши проблемот за студенти по право.
Зголемување на школарината на Правните факултети[уреди | уреди извор]
Исто така, има некои контроверзии во врска со неодамнешните зголемувања на школарината во Правните факултети, во време кога платите во секторот за правни услуги се зголемуваат многу побавно отколку стапката на инфлација во САД.
Некои ова го поврзуваат со недоволната регулирање на Правните факултети од страна на Американската адвокатска асоцијација.
Вкупниот број на дипломирани правници е во подем во последниве години,тоа барем делумно се должи на акредитација на нови училишта од ААА.
Продолжува зголемувањето на бројот на Правните факултети[уреди | уреди извор]
Во Соединетите Држави продолжува тенденцијата на отворање нови Правни факултети во време кога веќе има повеќе од 900.000 правници, со тоа се ризикува да се појави вишок на понудата [неутралноста е спорна] .
Исто така, за да се стане лиценциран адвокат во Калифорнија, не е задолжително да се има посетувано Правен факултет.
Во Калифорнија има 69 Правни Факултети (20 од нив се одобрени од ААА), 18 се одобрени од Адвокатската асоцијација на Калифорнија, и 31 се неакредитирани факултети).
Исто така, Калифорнија служи како седиште за некои онлајн Правни Факултети, како што се Правниот факултет на Калифорнија и Правниот факултет на Конкорд.
Постојат 6 Правни факултети во областа на Чикаго, и 3 други Правни факултети во Илиноис.
Дипломираните на Правните факултети во Мидвестерн кои бараат работа во руралните средини имаат неколку можности.
Њујорк неодамна беше опишуван како "презаситен" од Правни факултети, со вкупно 15 факултети по Држава.
Два правци на движење на правниот пазар[уреди | уреди извор]
Според Националниот правен весник 40% од дипломираните правници не ги помириле трошоците за школарина.
Дипломираните правници не си ги помируваат обврските многу почесто од лекарите, инженерите, како и дипломираните во бизнис секторот.
Според годишниот извештај на Асоцијацијата за професионална правна кариара за 2009 година, 55% од дипломираните студенти се одзваа на барањата поврзани со статистиките за вработување.
Од 19.513 испитаници, 88,3% се изјасниле како вработени или околу 45,2% од сите дипломирани вклучувајќи ги и оние кои не се одзвале, не се вработени.
Од испитаниците 39,1% се изјасниле не работат како правници, туку работеле во војска, јавен сектор, бизнис или ја работат истата работа како и пред да започнат да студираат на Правните факултети.
За преостанатите 61,1% од испитаниците (33,55% апсолвенти) пријавената плата за прва година како адвокати се дели на два табора: оние кои заработуваат околу 30.000 до 65.000 УСД годишно (што претставува околу 34 отсто од пријавените адвокат плати), а оние кој заработи околу 160.000 УСД годишно (што претставува околу 25 отсто од пријавените адвокатски плати).
Многу малку адвокати всушност добиваат "просечна", или дури средната плата.
Дополнително, 86% успеваат да се пробијат дури по 6 месеци од полагањето на адвокатурата.
Така според Асоцијацијата за професионална правна кариера - АППК, оние кои заработуваат адвокатски плати од околу 160.000 УСД претставуваат само 8,37% од вкупниот број на дипломирани.
Со ова се отсликуваат врвните 10% на "супер адвокати", кои се спомнуваат во повеке прилики.
Најдобрите адвокати се највисоко рангираните 10% во 10 најдобри Правни факултети кои заработуваат 160.000 УСД.
Преостанатите 90% имаат долгови кон Правните Факултети кои можат да надминат 200.000 УСД, профитот од инвестицијата е многу мал и може значително да влијае врз квалитетот на животот.
Почнувајќи од 2010 година, Бирото за статистика на пазарот на трудот објавил дека очекува бројот на нови работни места за адвокати да биде помалку од 60% од бројот на дипломирани студенти на Правните факултети.
Сепак, статистиките за вработување се различни за различна раса, етничка припадност, пол, возраст, локација, и рангирањето на факултетот.
На пример, по последната рецесија во Лос Анџелес вработувањето на адвокати во јавниот сектор било замрзнато за период од 5 години (од 2010 година, бил замрзнат за 1 година).
Во приватниот сектор во Калифорнија околу 3.500 адвокати прекинале со работа во 2009 година.
Севкупно економијата влијае врз намалување на бројот на адвокатите.
Во еден ден само на национално ниво 800 адвокатска работни места во фирми били прекинати .
Загубите кај дипломираните на Правните факултети се исто така многу висока, 39,1% од нив изјавиле дека не вршат правна дејност по една година од завршувањето.
По 10 години во пониско рангираните факултети бројката се доближува до 90%.
Според интервјуата дадени од стручниот кадар на врвните Правни факултети во Лос Анџелес во 2009 година пријавени се многу малку позиции за соработници во текот на летото.
На пример на Универзитетот во Јужна Калифорнија, највисоко рангираниот студент бил единствената личност на која и била понудена работна позиција.
Алтернативни системи за правно образование[уреди | уреди извор]
Многу потенцијални студенти на право не може да посетуваат Правни факултети каде можат да се сместат поради работа или семејни обврски, а да не зборуваме за финансиското оптоварување на школувањето и патувањето.
Онлајн Правните факултети може да бидат добра алтернатива за такви студенти.
За дискусија во врска со предностите и негативностите на онлајн правно образование, и споредба на резултатите од педагогијата и од Испитот од првата година на Правниот факултет на " регистрираните" онлајн Правни факултети (не "акредитирани") од државната адвокатска асоцијација на Калифорнискиот , одете на [].
Велика Британија и Европа[уреди | уреди извор]
Додека Правните факултети во САД и Канада се типично постдипломски институции со значителна автономија, правно образование во другите држави е утврдено со традиционалниот образовен систем на универзитетско ниво и / или на ниво на институции кои нудат стручна обука без диплома.
Во земјите како што се Велика Британија и поголемиот дел од континентална Европа, академско правно образование е утврдено со традиционалниот универзитетски систем почнувајќи со додипломски студии, и правните оддели на универзитетите се едноставни оддели како и секои други, а не посебени "Правни факултети".
Во овие земји, поимот "Правен факултет" може да се користи, но нема исто значење како во Северна Америка.
Постојат, исто така, правни колеџи кои нудат стручно образование како постакадемска фаза на правно образование.
Еден пример е Правниот колеџ во Обединетото Кралство, кој нуди одредени професионални квалификации кои британски адвокати мора да ги стекнат пред да почнат да работат како правници или адвокати.
Австралија[уреди | уреди извор]
Во Австралија, Правните факултети како што се Правниот факултет во Сиднеј и Универзитетот во Мелбурн ја потенцираа комбинација од британскиот и американскиот систем.
Меѓутоа, други универзитети, како што од универзитетот во Нов Јужен Велс, Австралијанскиот национален универзитет и Универзитетот Монаш се познати по нивната интензивна и практична работа. | fineweb-2 |
ИМАТЕ СУПЕР БИНЗИС ИДЕА ?
Реализирајте ја !
Јануари 20, 2010Posted by biznisidea in Идеи.
Tags: Идеи, бизнис план
add a comment
На памет ви паднала одлична идеа , а од таа идеа одличен бизнис план !
Сепак не сте сигурни какосето тоа да го реализирате и да го претворите во реалност .
И покрај тоа што вашата идеа е супер , сепак не сте сигурни како сето тоа ке изгледа и дали ке им се допадне на другите .
Вас ви се чини дека може навистина да успее и тоа генијално , но ….
Сите детали не ви се јасни и не можете точно и прецизно да смислите .
Токму поради тоа на крајот никому ништо не кажувате , ништо не преземате и повремено се присетувате на вашата спектакуларна бизнис идеа .
По извесен период дознавате дека некој друг смислил нешто слично , но за разлика од вас , тој некако ја реализирал идеата и се испаднало онака како што треба .
Не дозволувајте да ви се случи нешто вакво !
Ако веќе имате брилијантен бизнис план , потрудете се да го реализирате .
Еве како да го сторите тоа :
За почеток визуелизирајте .
Замислете ги вашите цели и вашата идеа реализирани .
Тоа правете го секој ден неколку пати дневно .
Замислувајте исти сцени , тоа ке ви овозможи да се фокусирате тогаш кога ке се почуствувате несигурно .
потоа изберете некој во кого имате најмногу доверба , а сепак ја сметате за личност без влакна на јазикот .
токму пред таа личност изложете го вашиот бизнис план .
Прашајте ја таа личност за искрен совет и ако ви каже дека вашиот бизнис план не е толку одличен како што мислете , барајте за тоа детално објаснување .
Доколку ви предложи неколку ситни промени кои и на вас ви изгледаат добро , прифатете ги и корегирајте го вашиот бизнис план .
Следниот чекор е да пронајдете сојузници !
Одредете колеги или пријатели кои би можеле да ви помогнат во остварувањето на вашиот бизнис план и обидете се да ги убедите да ви се придружат .
Така , кога ке дојдете до крајниот чекор ќе знаете дека не сте сами во сето тоа .
Нивните сугестии секогаш можат да ви бидат добредојдени .
Конечно , разработете го детално вашиот бизнис план пред да им се обратете на претпоставените .
веќе кога ќе им се обратите и кога ќе ја презентирате суштината на своите идеи , тоа направете го јасно , едноставно и кратко .
Објаснете како сето тоа ќе функционира .
Ако вашиот бизнси план биде одбиен , не се откажувајте .
Обидете се повторно и повторно и повторно ….
Работете на тоа се додека не биде прифатен вашиот бизнис план .
ВО БИЗНИСОТ , УПОРНОСТА СЕКОГАШ Е ИСПЛАТЛИВА ! | fineweb-2 |
Накит
||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија.
Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете.
Накит претставува еден вид украсување на сопственото тело, како што се брошеви, прстени, ѓердани, обетки и белегзии.
Имајќи во предвид неколку исклучоци, како што се медицинските белегзии за предупредување или воените метални идентификациски плочки, накитот обично се разликува од другите елементи за лично украсување бидејќи неговата примарна намера е да привлече внимание.
Долги години човекот создава накит и го носи истиот- почнувајќи со 100,000 години старите монисти направени од Nassarius школки кои се воедно и најстариот накит за кој денес се знае.
Накитот може да се прави од различни видови материјали но скапоцените камења, скапоцените метали, монистите и школките се оние кои се широко распространети.
Во зависност од културата и времето во кое живееме, накитот може да се цени како статус симбол, благодарение на неговите материјални својства, неговите дезени или како симбол со значење.
Накитот се создава за да го разубавува секој дел од делото, од шнола до прстен за ножните прсти.
Самиот збор накит води потекло од зборот jewel, на кого му придале англиски карактеристики и кој потекнува од старофранцускиот "joiel" и од латинскиот "jocale" со значење играчка.
Во Британско-англискиот јазик зборот накит може да се спелува како jewelery или jewellery, додека во Американско-англискиот како jewelry.
Содржина
- 1 Форма и фукција
- 2 Материјали и методи
- 3 Влијание врз општестото
- 4 Историја
- 4.1 Рана историја
- 4.2 Европа и Средниот Исток
- 4.3 Азија
- 4.4 Северна и Јужна Америка
- 4.5 Северноамерикански Индијанци
- 4.6 Пацифик
- 5 Модерно време
- 6 Промена на телото
- 7 Пазар на накит
- 8 Надворешни врски
- 9 Понатамошно читање
Форма и фукција[уреди | уреди извор]
Накитот се користи од многу причини:
Повеќето култури во одредени моменти имале обичај да чуваат големи количини богатство складирани во форма на накит.
Голем број култури ги преобразуваат свадбените мирази во форма на накит или создадаваат накит како средство за складирање или прикажување монети.
Алтернативно, накитот се користи како валута или артикл за размена; како што е примерот со трговијата на монисти.
Многу елементи од накитот како што се брошеви и копчиња, се создаваа со намера да се употребуваат како функционални направи но со тек на времето, со намалувањето на нивната функционална употреба, се развија во украсни елементи.
Накитот може да симболизира и членови на одредена група, како што е во случајот на Христијанското Распнување или Еврејската Ѕвезда на Давид или пак да претставува статус, како во случајот на големи синџири кои се носеле околу вратот како знак на лојалност во средновекониот период; како венчалните прстени симболизирајќи ги луѓето кои се во брак, обичај кој се практикува на Запад.
Во некои култури се применува носење амајлија или ланче со религиозно значење како мерка на заштита или избегнување на злото; тие можат да имаат форма на амблем (како што е ankh-клучот на животот),камења, растенија, животни, делови од човечкото тело (како што е khamsa-амајлија во форма на дланка добро позната во средновековието и Западна Африка) или глифови (како што се модернизирани верзии од Throne Verse –најпозната верзија на Куранот во исламската уметност).
Иако од самиот почеток уметничкото прикажување беше својствоено за накитот, останатите гореспоменати улоги се стремат кон заземање на предноста.
Во доцнежниот 19ти век, со дејноста на големите уметници како Петар Карл Фаберже (анг.
Peter Carl Fabergé) и Рене Лалик (анг.
René Lalique) уметноста го превзеде водството над функцијата и богатството.
Овој тренд се рашири од уметниците како што се Роберт Ли Морис (анг.Robert Lee Morris), Ед Левин (анг.
Ed Levin) и Алберто Репоси (анг.Alberto Reposсi )и продолжи низ модерните времиња.
Материјали и методи[уреди | уреди извор]
Во содазавањето на накитот, скапоцените камења, монетите и останато, често се употребуваат скапоцени елементи и како по обичај се вметнуваат во скапоцени метали.
Легурата од речиси секој метал за кој знаеме се среќава во накитот.
На пример, бронзата беше чест случај во римското време.
Модерниот префинет накит вклучува злато, бело злато, платина, паладиум и сребро.
Поголемиот број од амрикансткиот и европскиот златен накит се прави од легурата на златото, чија чистота се изнесува во карати означени со број по кој следи буквата К. Американскиот златен накит мора да биде најмалку десекаратен (41,7% чисто злато), ( и покрај тоа што во Обединетото Кралство е деветкаратен (37% чисто злато) и вообичаено се среќава накит кој е осумнаесеткаратен(75% чисто злато).
Помалку застапени се нивоата на чистота со легура од 22К (91,6% чисто злато) и 24К (99% чисто злато) кои се сметаат за премногу нежни за да се употребуваат како злато во Америка и Европа.
Овие легури со висока чистота се користат во голема мера низ Азија, Средниот Исток и Африка.
Легурите од платинум се движат од 900 (90% чистота) до 950 (95,0 %чистота).
Среброто кое се користи за накит обично е чисто сребро или 92,5% чисто сребро.
Понекогаш за изработка на бижутерија се користи сребро кое не 'рѓосува.
Други материјали кои често се користат се стакло, мурано стакло или емајл; дрво, често резбано ; школки и други природни животински материи како коска и слонова коска; природна смола па дури и пластика.
Коноп и други канапи се користат со цел да се направи накит кој има поприроден излгед.
Сепак, секое вклучување на олово или оловен лем ќе предизвика Англиската Институција за проверка на скапоцени метали (анг.
English Assay office) ( зградата која го дава својот печат за одобрување на накитот во Англија, the Hallmark-официјален знак кој се поставува на предметите изработени од скапоцени метали) да го унитшти тоа парче накит.
Монистите често се користат како накит.
Можат да се изработат од стакло, скапоцени камења, метал, дрво, школки, глина и глина од полимер.
Накитот од монисти често вклучува ѓердани, белегзии, обетки, каиши и прстени.
Монистите можат да бидат големи или мали; најмалите видови кои се користат се познати како монисти со големина на зрно, кои се користат за ,,проткаен" стил на накитот украсен со монисти.
Друга нивна употреба е техниката за везење каде бисерите се зашиваат на подлога од материјал за да се создаде голем ѓердан околку вратот и белегзии.
Везењето на монисти, познат вид рачна-изработка во Викторијанскиот период, ја отсликува ренесансата преку модерниот накит во денешно време.
Во доста африкански и локални западно-американски култури е познат и декоративниот елемент.
Техниките за усовршување на стаклото и прозводството на монисти од стакло на врвните уметници кои како материјал го користат стаклото Мурано и Венетиан (анг.Murano and Venetian) развија кристално јасно стакло, стакло со глазура (емајл), стакло со златни делчиња (златен камен), шарено стакло (илјада цвеќиња (анг.
millefiori), млечно стакло (латимо (анг.
Lattimo)) и имитација на скапоцени камења направени од стакло.
Веќе во 13тиот век стаклото и монистите Мурано беа познати.
Методите на кујунџијата, златарот и обработувачот на скапоцени камења вклучуваат ковање, леење, лемење или заварување, сечење, резбање и ,,ладно спојување" (користејќи лепило, спојалици и навртки за да се спојат деловите).
Дијаманти[уреди | уреди извор]
Првото копање на дијамнти беше во Индија.
Плиниј, римски држајанин и научник, можеби ги има спомнанто, иако постои дебата за вистинската природа на каменот која тој ја нарече Адамс.
Во 2005-та година Австралија, Ботсвана, Русија и Канада се рангираа помеѓу првите извори на производство на скапоцени дијамантски камења.
Британскиот кралски накит се состои од дијамантот Џулијан ( анг.
Cullinan Diamond), дел од најквалитетен необработен дијамант некогаш пронајден (1950 година), со 3,106,75 карати (621,35 грама).
Денес познати се венчалните прстени.
Оваа употреба датира од времто кога Максим I се оженил со Марија од Бургундија во 1477 година.
Други скапоцени камења:[уреди | уреди извор]
Многу скапоцени и полускапоцени камења се користат како накит.
Помеѓу нив се следниве:
Килибар.
Килибар- древен, органски, скапоцен камен, се состои од смола од дрво која се стврднала со текот на годините.
Каменот мора да биде најмалку милион години стар за да се класифицира како килибар а некој килибар може да биде стар и 120 милиони години.
Историсрки, аметистот бил еден од највисоко ценетите скапоцени камења кај семејствата од повисоката класа.
Нему му се придава големо значење поради неговата боја, која може да се класифицира по нијанса од најсветла до најтемна.
Смарагдите се едни од трите главни скапоцени камења (заедно со рубинот и сафирите) и се познати по нивната светло - зелена до синкаво- зелена боја.
Тие биле ценети низ текот на годините и според некои извештаи Египќаните копале смарагд дури 3500 години п.н.е.
Жадот најчесто е со зелена боја но може да се појави и во голем број други бои.
Тој е тесно поврзан со азиската култура , историја и традиција и понекогаш се нарекува каменот од рајот.
Јасписот води потекло од фамилијата млечни камења и може да се појави во различни бои.
Јасипот често може да се истакне со уникатни и интересни дезени во обоениот камен.
Picture jasper е вид на јаспис познат по боите (најчесто беж и кафена) и спиралните облици во шемата на каменот.
Кварцот се однесува на фамилијата кристални скапоцени камења во различни бои и големини.
Помеѓу најпознатите видови на кварц се розов кварц ( кој има светло- розева боја) и зачаден кварц (кој се појавува во разновидни нијанси на проѕирна кафеава).
Одреден број од другите скапоцени камења како што се аметист и цитрин се дел од фамилијата на кварцот.
Rutilated quartz e познат вид на кварц кој во во својата содржина вклучува смеси во форма на игла.
Рубинот е познат по неговата интезивно црвена боја и се вклучуа помеѓу највисоко ценетите скапоцени камења.
Веќе илјада години рубинот е доста ценет скапоцен камен.
Во санскритскиот јазик за рубин се користи зборот ratnaraj со значење кралот на скапоцените камења.
Најраспространетата форма на сафир е синиот сафир кој е познат по неговата боја која се движи од средно сина до темно сина и неговата силна заситеност.
Во САД се смета дека синиот сафир е најпознатиот и најдостапниот од трите најголеми бесценети скапоцени камења (смарагд, рубин и сафир).
Тиркизот може да се најде само на неколку места на земајта.
Југозападна Америка е најголемиот регион за производство на тиркиз во светот.
Тиркизот се цени по неговата привлечна боја, најчесто интензивно сина или зеленикаво сина и по древното богатство.
Тиркизот се користи во разни видови на накит.
Можеби е најтесно поврзан со јужнозападните и севернозамериканските Индијанци но и со елегантните модерни стилови на накит.
Некој тиркиз има матрица од темнокафеава шара која овозможува интересн контраст на сетлосината боја на скапоцениот камен.
Некои скапоцени камења (како бисери, колар и килибар) се класифицираат како органски што значи дека се настанати од живи организми.
Други се неоргански што значи дека се состојат и произлегуваат од минерали.
Методот на вадење на аметистот почна помалку да се вреднува па поради тоа нивното увезување се зголеми.
Некои камења кои човекот ги направил можат да послужат како природни скапоцени камења како што е коцкастиот циркон кој може да се користи на местото на дијамантот.
Крајна обработка[уреди | уреди извор]
За накитот од платина, злато и сребро има повеќе техники за да се направи крајна обработка.
Најчести се висoко полирање, техника за добивање мазен или мат изглед , грубо полирање (шмирглање) и ковање.
Досега високо полираниот накит е најзастапен и му дава на металот голем сјај кој се одбива и краен, сјаен изглед.
Техниката за мат или мазна обработка го намалува сјајот и рефлективноста на накитот и често се користи за истакнување на скапоцените камења како што се дијамантите.
Грубото полирање му дава текстура на накитот и често се прави со стругање на металот( слично како шмирглање) оставајќи ,, траги од четки".
За ковањето вообичаено се користи мек, заоблен чекан и накитот се кова со цел да му се даде брановиден изглед.
Некој накит се обложува со цел да добие сјаен и рефлектен изглед или за да се постигне посакуваната боја.
Накитот од чисто сребро може да се обложи со тенок слој од 0,999 чисто злато (процес познат како светнување) или пак со родиум или злато.
Бижутеријата со основа метал може исто така да се обложи со сребро, злато или родиум за поатрактивен краен излгед.
Влијание врз општестото[уреди | уреди извор]
Накитот се користи за да одбележи одреден статус.
На пример, во стариот Рим само одредена класа луѓе носеа прстени, подоцна сумптуарните закони одредија кој може да носи таков вид накит и повторно врз основа на класата.
Прописите на културата одиграа значајна улога.
На пример, во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век кога некој од западот носел обетки се сметало за женственост.
До неодамна, покажувањето на накитот за тело,како што е пирсањето, стана знак за припадност и некои групи луѓе тоа го сметаат за храброст а други пак се сосема против тоа.
Исто така хип хоп културата го разви жаргонскиот термин bling-bling кој укажува на накит кој е наметлив и се носи од страна на мажи и жени.
Во почетокот на 20-тиот век луѓето од индрустијата за накит кои започнаа акција за популаризирање на венчалните прстени за мажи, кои станаа познати, како и свршенички прстени, кои не достигнаа популарност, отидoа толку далеко што измислија лажна историја и тврдеа дека ова се применува уште од средновековните години.
До средината на 40-тите години, 85% од свадбите во САД се карактеризираа со церемонија за разменување на прстени, за 15% повеќе од 20-тите години.
Покрај споменатите фактори и религијата има голем придонес : на пример исламот смета дека носењето злато од страна на мажот е општествена забрана и многу религии имаат дектрети против претераното изложување на накитот.
Во христијанството Новиот Завет заповеда против носењето злато, во евангелијата на апостолите Павле и Петар.
Во Апокалипсата 17 (последната книга од Библијата) ,,големата блудница" или лажниот религиозен систем се опишува како ,, накитен со злато, скапоцени камења и бисери, со златна чаша во раката".
Историја[уреди | уреди извор]
Накитот има долга историја со многу различни употреби во различни култури.
Опстојува веќе илјадници години и овозможува различни проникнувања за тоа како древните култури се развиваа.
Рана историја[уреди | уреди извор]
Првите знаци на накит водат потекло од луѓето во Африка.
Во Бломбос пештерата се пронајдени исдупчени монисти кои упатуваат кон накитот од школки направен од школки од морски полжави стари 75, 000 години.
Во Кенија, во Енкапун Ја Мутоанг.Enkapune Ya Muto, монистите кои се направени од исдупчените лушпи од јајце од ној датираат од пред 40,000 години и повеќе.
Надвор од границите на Африка кромањонецот поседуваше груби ѓердани и белегзии од коски, заби, зрнести плодови и камења кои висат на конец или на животинска мускулна жила или на делови од изделкана коска чија цел беше да ја држи облеката заедно.
Во некои случаи накитот опфаќаше школки или бисерни школки.
Во јужна Русија се пронајдени изгравирани колби од заб од мамут.
Венера од Hohle Fels се карактеризира со отвор на врвот покажувајќи дека била наменета да се носи како украс за на врат.
Пред околу 7,000 години се здогледа првиот знак на накит од бакар.
Во октомври 2012-та година изјавата на Музејот на древна историја во Покраина, за пронаоѓањето на гроб на жена која изработувала накит-ги натера археологистите уште еднаш да ги истражат половите улоги откатко се покажа дека професијата за која претходно се сметаше дека ја работеле само мажи ја работеле и жени изработувајќи накит од метал.
Египет[уреди | уреди извор]
Првите знаци на официјалните производства на накит во Стар Египет датираат од пред 3,000-5,000 години.
Египќаните претпочитаа луксуз, уникатност и искористување на златото отколку на останатите метали.
Египќаните од прединастичкиот период кои поседуваа накит во Египет почнаа да ја симболизираат моќта и религиозната сила во општеството.
Накитот не само што го носеле богатите Египќани додека биле живи дури и по нивната смрт накитот бил со нив, во нивните гробници често до благодетите за задгробен живот.
Надоврзувајќи се на златниот накит, Египќаните користеа обоено стакло заедно со скапоцени камења.
Бојата на накитот имаше значење.
Зелената, на пример, симболизираше плодност.
Иако увозот на синиот камен и среброто бил надвор од границите на државата многу други материјали беа пронајдени во или близу Египет.
Египетските дезени често беа застапени кај финикискиот накит.
Старите турски дезени застапени кај накитот од Персија укажуваат на честата трговијата помеѓу Средниот Исток и Европа.
За време на свеченостите жените носеа добро изработен накит од злато и сребро.
Европа и Средниот Исток[уреди | уреди извор]
Месопотамија[уреди | уреди извор]
Пред околу 4000 години производството на накит стана значаен занает во градовите во Месопотамија.
Најбитниот археолошки доказ доаѓа од Кралската гробница во Ур, каде илјадници гробови од периодот помеѓу 2900-2300 година од п.н.е.
беа откопани, гробови како оној на Пуаби со мноштво од ракотворби во злато, сребро како и полускапоцени камења, како круни од син камен украсени со златна статуетка, ѓердани во форма на јака и украсни брошеви за на глава.
Во Асирија и мажите и жените носеа премногу накит вклучувајќи амајлии, колби за зглобовите, тешки ѓердани од повеќе слоја и цилиндрични печати.
Во Месопотамија се настојуваше накитот да се прави од тенок метален лист и се декорираше со светли лисја, спирали, монети и сноп грозје.
Златарите произведуваа накит и за човечка употреба и за украсување на статуи и идоли.
Тие применуваа напредни техники за преработка на метал во голема разновидност како што се емајлирани садови, гравирање, фина гранулација и филигран.
Меѓу останантите пронајдоци, низ археолошките локации во Месопотамија се пронајдени опширни и прецизни извештаи кои се однесуваат на трговијата и прозводството на накит.
На пример, еден изештај во кралската архива Мари дава увид на изработката на разновидни елементи од накит:
- Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 35 мазни, шарени монисти од млечен камен и 35 златни монисти зацврстени со жлебови во група од пет.
- Еден ѓердан од мазни, шарени монисти кој вклучува: 39 мазни, шарени монисти од млечен камен со 41 мониста зацврстени со жлебови во група составувајќи го делот што виси.
Грција[уреди | уреди извор]
Грците почнаа со употреба на златото и скапоцените камења за накит во 1600-тата година п.н.е.
и покрај сознанието дека монисти во форми на школки и животни се произведуваа многу години пред тоа.
До 300-тата година п.н.е.
Грците станале стручнаци за накит во боја и користење на аметист, бисери и смарагд.
Се открија и првите знаци на камеја, кои Грците ја создадоа од индијски оникс (истакнат вид на калцедон), пругаст ахат со кафеаво розева и кремаста боја.
Грчкиот накит отсекогаш беше поедноставен за разлика од оној во другите култури, со едноставни дезени и обработка.
Сепак, како што поминуваше времето, дезените станаа посложени и набргу разновидни материјале почнаа да се користат.
Грците едвај носеа накит и најчесто го носеа кога се појавуваа во јавноста или во свечени прилики.
Често како подарок си даваа накит и претежно жените го носеа за да го покажзат своето богатство, општествен статус и убавина.
Од накитот се очекуваше да го заштити корисникот од ,, злобното око" или да му даде надприродна моќ додека сите останати предмети кои му претходеа на накитот имаа само религиозно значење.
Постари парчиња накит беа посветени на боговите.
Најголемото производство на накит од овој период беше од Западна Грција и Македонија.
Покрај многубројниот накит од злато и сребро со слонова коска и скапоцени камења се правеа и примероци од бронза и глина.
Грците изработуваа два вида на арчиња накит: леани парчиња и парчиња измазнети на метална плоча.
Откриени се неколку парчиња леен накит.
Се правеа со леење на металот на два камења или глинени калапи.
Двете половини потоа се спојуваа заедно со восок и во средината се ставаше растопен метал.
Оваа техника се практикувала од времето на донцната бронзена доба.
Најчестата форма на накит беше кована плочка.
Плочките од метал се коваа додека не станат тенки а потоа заедно се лемеа.
Внатрешноста на двете плочки се пополнуваше со восок или друга течност за да се заштити металот.Во тоа време се користеа различни техники, како печат или гравирање за да се направат апликации на накитот.Многу од дезените Грците ги зедоа од надворешно потекло, на пример од Азија, кога Александар Велики освои дел од неа.
Други влијанија од Европа можат да се забележат во поранешните дезени.
Кога римскиот закон се воведе во Грција не настана промена во изгледот на накитот.
Сепак, од 27-тата година п.н.е.
големи промени се забележуваат кај грчкиот накит под влијание на римската култура но тоа не значи дека дезенот на домородците не напреднувал.
Голем број многубојни приврзоци во форма на пеперутки на сребрено синџирче од лисичја опашка кои датираат од првиот век се пронајдени близу Олбија (анг.
Olbia) со еден единствен примерок во светот.
Рим[уреди | уреди извор]
Иако изработката на накит беше во избилство разновидна во поранешни времиња, особено помеѓу варварските племиња како што се Келтите, кога Римјаните ја освоија скоро цела Европа, накитот претрпе промени како резултат на помали фракции кои влијаеја врз римските дезени.
Најзастапен артефакт кај древните Римјани беше брошот со намера да ја држи облеката прицврстена.
Римјаните користеа голем избор на материјали од нивните пространи извори низ државата.
Покрај златото, Римјаните понекогаш користеа бронза и коска и во поранешни времиња стаклени монисти & бисери.
Речиси пред 2,000 години тие увезија сафири од Шри Ланка и индијски дијаманти и користеа смарагд и килибар за изработка на накит.
Во Англија, упраувана од Рим, фосилизирано дрво наречено ахат од Северна Англија често се длабеше на парчиња накит.
Древните Италјанци работеа со грубо злато и произведуваа копчиња, ѓердани, обетки и колби.
Изработуваа и огромни приврзоци исполнети со парфем.
Исто како кај Грците, целта на Римјаните беше заштита од ,, злобното око" на душманите.
Иако жените носеа голема количина накит, мажите често носеа само прстен.
Покрај очекуваното да носат само еден прстен, некои од нив носеа на секој прст а други воопшто и не носеа.
Римјаните, вклучувајќи ги и мажите и жените носеа прстен со изгравиран скапоцен камен на него кој кога се користеше со восок служеше за запечатување на документи, обичај кој продолжи и во средновековието кај кралевите и аристократите.
По падот на Римската империја, дезените беа превземени од соседените држави и племиња.
Средновековиe[уреди | уреди извор]
Пост-Римска Европа продолжи да развива техники за правење накит.Келите и Меровињаните (анг.
Merovingians) воглавно биле забележени по нивниот накит кој во поглед на квалитет се совпаѓал и го надминувал оној од Византија.
Патенти за облека, амајлии и во помал број прстен-печат се артефакти за кои денес знаеме.
Особено впечатлив пример е Тара брошот на Келтите.
Торк е метален ѓердан кој често се користеше во Европа симболизирајќи статус и моќ.
До 8ми век, оружјето украсено со накит беше својствено за мажите а останатиот вид на накит со исклучок на прстенот-печат, беше карактеристичен за жените.
Како пример служат закопани добра пронајдени во гроб близу Шалон-сур-Салон (анг.
Chalon-sur-Saône ) во 6-7-ми век.
Млада девојка била закопана со два сребрени брошеви, ѓердан со парички, колба, златни обетки, еден пар шноли за коса, чешел и шнола.
Келтите се остручија во понатамошната обработка и декорирање на накит додека дезените на Меровињаните (анг.
Merovingians) се најдобро познати по стилизирани животиснки фигури.
Тие не сe единствено познати по добрата изработка на накит.
Обрнете внимание на работата на Визиготите (анг.
Visigoth) и многубројните украсни објекти пронајдени кај англо-саксонскиот погребален брод (анг.
Ship burial) во Сутон Хо Суфолк (анг.
Sutton Hoo Suffolk), Англија кои претставуваат осебено добар пример.
Би можело да се констатира дека во овој период на континентот емајлираните садови и гранатот претставуваа совршен метод и скапоцени камења.
Источниот наследник на Римската Империја, Византиска Империја продолжи со употреба на повеќе римјански методи и покрај тоа што преовладуваа религиозни мотиви.
За разлика од Римјаните, Франките и Келтите, граѓаните на Византиум користеа лесен златен лист наместо тешко злато и повеќе акцент ставаа на камењата и скапоценостите.
На запад, жените од повисок стаж носеа византиско злато додека кај мажите беше ограничен само на прстен-печат.
Женскиот накит имаше некои карактеристики како колт анг.
kolts кои претставуваа дел од женски шешир и служеа за украсување на панделки за коса.
Како многу други современи култури, накитот се закопуваше заедно со својот сопственик.
Ренесанса[уреди | уреди извор]
Ренесансата заедно со истражувањето имаа големо влијание врз развојот на накитот во Европа.
До 17-тиот век зголеменото истражување и трговија придонесоа за поголема достапност на разновидни скапоцени камења и откривање на уметноста на другите култури.
Овој период се одликуваше со зголема доминантност на скапоцени камења и нивните приспособувања додека претходно на прво место била обработката на злато и скапоцен метал.
Извонреден пример за ова е Cheapside Hord залиха на накит скриена во Лондон за време на периодот на Републиката која не се пронајде се до 1912-та година.
Содржеше колумбиски смарагд, топаз и амазонит од Бразил, шпинел, кордиерит и берилиум алуминат од Шри Ланка, рубин од Индија, афганистански син камен, персиски тиркиз, оливин од Црвеното Море како и бохемиски и унгарски опал, гранат и аметист.
Прстените со глазура се украсуваа со големи камења сместени во кутии со жлебови.
Помеѓу трговците оној кој привлекуваше внимание беше Жан Баптист Таверниер (анг.
Jean-Baptiste Tavernier), кој во 60-тите го донесе во Франција каменот кој му претходи на Кралскиот дијамант.
Кога Наполеаон Бонапарта беше назначен за крал на Франција во 804-та година им го врати сјајот на стилот и раскошот на накитот и модата во Франција.
Под власт на Наполеаон произодителите на накит претставија parures - комплет од накит, како што е дијамантска круна, дијаманстки обетки, дијамантски прстени, дијамантски брош и дијамантски ѓердан.
Двете жени на Наполеон поседуваа ваков сет од накит и редовно го носеа.
Друг моден елемент кој Бонапарта го возобнови е камеја.
По претставувањето на неговата круна која беше гравирана, ваквиот метод се бараше во голема мера.
Прите фази на бижутеријата беа видливи во овој период, стаклени монисти во форма на рибина крлушка наместо бисери или гравирани школки од морски полжави наместо гравирање на камења.
Нови термини се измислија за да се разликува филофозијата: златарите кои работеа со поефтини материјали се нарекуваа bijoutier додека златарите кои работеа со поскапи материјали –joailliers, обичај кој продолжи до денешен ден.
Романтизам[уреди | уреди извор]
Почнувајќи во доцниот 18-ти век, романтизмот остави силно влијание врз развојот на накитот од западот.
Можеби најзначајните влијанија беа занесот на јавноста од новоотркиените богатства со раѓањето на археологијата и привлечноста на средновековната и ренесансна уметност.
Промената на општествените услови и почетокот на Индустриската Револуција доведоа до пораст на средната класа која сакаше и можеше да си дозоли да носи накит.
Како резултат на тоа, користа од индустриските процеси, ефтината легура и имитациите на камен доведоа до развој на бижутеријата.
Истакнати златари продолжија да просперираат, сепак, побогатите господари кои сакаа да го истакнат она што го носат стоеја подалеку од вообичаениот накит не само со употребата на скапоцени камења туку и со врвна уметничка и техничка обработка.
Еден таков уметник беше францускиот златар Франсоа Десир Формент Морис (француски Françoise Désire Froment Meurice).
Уникатна категорија и доста соодветна на филофозијата на романтизмот беше накитот на жалост, кој обично се носеше по загубата на блиска личност.
Потекнува од Англија каде кралицата Викторија често носеше накит од црн килибар по смртта на принцот Алберт со што беше дозволено да се носи ваков накит за време на жалост поради смртта на саканата личност.
Во САД во 1837 година е основана Tiffany & Co. oд Чарлс Левис Тифани.
Оваа корпорација ја постави Америка на светската мапа во однос на накитот и постигна слава создавајќи еклатантени комисии за одредени луѓе како што е жената на Абрахам Линкон.
Подоцна ќе се здобие со лоша слава со објавувањето на филмот ,,Појадок кај Тифани".
Во Франција, Пјер Картиер ја основа Cartier SA во 1847година додека во 1884-та година ја основа Bulgari во Италија.
Се роди студиото на модерното производсто кое беше чекор напред од поранешната доминантност на индивидуални занаетчии и покровителство.
Соработката помеѓу исток и запад го одблежи овој период.
Соработката во Pforzheim помеѓу германски и јапонски уметници доведе до колекција шакидо плочи во филигрански рамки кои фирмата Stoeffler ги создала во 1885 година.
Можеби големото финале- и соодветен премин до следниот период- беа маестралните креации на рускиот уметник Петар Карл Фаберже (анг.
Peter Carl Fabergé), кој работел за рускиот кралски двор и чиј накит и доста познатите уметнички јајца направени од накит сè уште се сметаат како пример за златарската уметност.
Модернизам[уреди | уреди извор]
Во 1890тите години создавачите на накит почнаа да го истражуваат потенцијалот за развивање на модернизмот и блиско поврзаниот германски Jugendstil, британскиот (и за некој степен американски) Arts and Crafts Movemenт, каталонскиот модернизам, австро-унгарскиот Sezession, италјанскиот ,,Liberty" итн.
Накитот од овој правец опфаќа многу различни одлики како фокусирање на женските форми и ставање акцент на бојата, најчесто интерпретирана преку употребата на техниките за глазура вклучувајќи basse-taille- техника на емајлирање за создавање барејлеф шема во металот, champleve – техника за украсување на метали каде одредени делови изделени од металот се пополнети со емајл и се палат, емајл и plique-à-jour (анг.
letting in daylight- допуштање на дневна светлина).
Мотивите вклучуваат орхидеи, ирис, љубичица, винова лоза, лебеди, пауни, змии, водно коњче, суштества од митологијата и женската силуета.
Рене Лалик (француски René Lalique), кој работел во продавницата на Семуел Бинг (анг.
Samuel Bing) во Париз, современиците го признаа за водечка личност во овој тренд.
Darmstadt Artists' Colony и Wiener Werkstätte веројатно го овозможија најзначајниот германски придонес во овој тренд, додека во Данска, тоа е Џон Џенсен (анг.
Georg Jensen) , најдобро познат по неговото сребро, кој придонесе за значајни парчиња накит.
Во Англија Liberty & Co. and the British arts & crafts movement на Чарлс Роберт Ашби (анг.
Charles Robert Ashbee) овозможија повеќе линиски но сепак карактеристични дезени.
Новиот стил ја помести главната точка на уметноста на златарите од сложувањето на камењата до уметничките дезени на самото парче накит.
Дезенот на водно коњче на Лилик е најдобар пример за ова.
Глазуарата имаше голема улога во техниката додека змијулестите структурни линии се најпрепознатлива одлика на дезенот.
Крајот на Првата светска војна уште еднаш го смени гледиштето на јавноста со што се разви посериозен дизајн.
Арт Деко[уреди | уреди извор]
Растот на политичкиот притисок и поствоените последици доведе до поедноставни форми комбинирани со поефикасна изработка за масовно производство на високо квалитетен накит.
Опфаќајќи го период од 1920-тите и 1930-тите новиот правец стана познат како Арт Деко.
Волтер Кропиус (анг.
Walter Gropius) и германското движење Bauhaus со нивната филозофија дека ,,не постојат граници помеѓу уметниците и занетчиите" доведоа до некои интересни и стилски опростени форми.
Се претставија и модерни материјали: најпрво се користеше пластика и аломиниум и од значење се прврзоците од хром на рускиот Bauhaus умтеник Naum Slutzky.
Стручната вештина се вреднуваше исто како и самиот материјал.
На западот во овој овој период од значење беше повторното откривање на гранулацијата од страна на германката Елизабет Тресков (анг.
Elizabeth Treskow) иако овој развој на повторно создавање продолжи во 1990тите.
Се базира на основни форми.
Азија[уреди | уреди извор]
Во Азија, Индискиот потконтинент се истакнува со најголемото сведоштво за правење накит од било кое друго место на светот со историја постара од 5,000 годинии.
Првите кои започнаа со изработка на накит се луѓето од цивилизираната долината Инд каде денес претежно се наоѓа современ Пакистан.
Раното производство на накит во Кина започна приближно истиот период но стана широко распространет со ширењето на Будизмот пред околу 2,000 години.
Кина[уреди | уреди извор]
Кизените користеа повеќе сребро отколку злато во изработката на накит.
Сините перја на птиците рибарче беа поврзани со кинескиот накит и подоцна во дезенот на накитот се вклучија и скапоцени камења и стакло.
Сепак, повеќе се претпочиташе жадот отколку некој друг камен.
Кинезите го почитуваа жадот поради човечките квалитети кои му ги препишуваа, како што се неговата цврстина, издржливост и убавина.
Првите парчиња жад беа многу едноставни, но како што минуваше времето се воведоа посложени дезени.
Прстени од жад кои датираат помеѓу 4-тиот и 7-миот век п.н.е.
докажаа дека се обработувале со сложена машина за мелење стотици години пред оваа опрема да се спомне на западот.
Во Кина најнесекојдневен елемент на накит беше обетката, која ниту мажите ниту жените ја носеа.
Вообичаени беа амајлиите најчесто со кинескиот симбол или змеј.
Змејови, кинески симболи и феникс најчесто беа насликани на накитот.
Кинезите често го сместуваа нивниот накит во нивните гробови.
Повеќето кинески гробови кои археологистите ги пронајдоа содржат украсен накит.
Индиски потконтинент[уреди | уреди извор]
Индискиот потконтинент ( вклучувајќи ја Индија, Пакистан и други земји од Јужна Азија) има долга историја на накит која помина низ различни промени со културни и политички влијанија повеќе од 5,000 – 8,000 години.
Иднија го има најголемото сведоштво за правење злато од било кое друго место на светот од времето на ''Рамајана'' и ''Махабхарт''а (анг.
Ramayana and Mahabharata).
Како резултат на многубројните извори на накит, Индија финансиски напредна со извезувањето и размената со други земји.
Додека западните традициите беа под поголемо влијание на царствата кои се зацврстуаат и слабеат, Индија уживаше во непрекинат развој на уметнички форми приближно 5,000 години.
Први кои ја започнаа изработката на накит беа луѓето од цивилизираната долина Инд (опфаќајќи го денешен Пакистан и северозападна Индија).
До 1500-тата година п.н.е.
луѓето од долината Инд изработуваа златни обетки и ѓердани, ѓердани од монисти и метални алки.
Пред 2100-тата година п.н.е.
претходејќи на периодот кога металот се користеше во голема мера, најголемата трговија на накит во долината Инд беше трговијата со монисти.
Монистите во оваа долина се правеа со едноставни техники.
Најпрво се купуваше цврст камен кој можеше да се набави од трговец на камења од истокот.
Потоа каменот се ставаше во жешка печка каде се загреваше се додека не стане темно црвен, високо ценета боја од страна на жителите на долината Инд.
Потоа каменот се кршеше се додека не ја добие потребната големина.
Монистите потоа се полираа а некои се украсуваа со дезени.
Овој метод се пренесуваше на следните генерации во семејството.
Децата на изработувачите на монисти го учеа овој занает уште од рани години.
Персискиот стил одигра голема улога кај индискиот накит.
Секој камен си има свои карактеристки поврзани со хиндуизам.
Накитот во долината Инд претежно го носеа жените кои на рачните зглобови имаа многубројни колби од глина или школки.
Најчесто беа во форма на крофна и во црна боја.
Со тек на време, глинените алки се отфрлија за други, поиздржливи.
Во денешна Индија алките се прават од метал или стакло.
Други парчиња кои жените обично ги носеа се тенки златни врвки на челото, обетки, примитивни брошеви, тесен ѓердан и златни прстени.
Иако жените претежно носеа накит, некои мажи од долината Инд носеа монисти.
Малите монисти најчесто се изработуваа за да се стават во косата на жените и мажите и беа со должина од еден милиметар.
Женски скелет (моментално изложен во Националниот музеј, Њу Делхи, Индија) носи алка од карнеол на нејзината лева рака.
Според хинду верувањето златото и среброто се сметаат за религиознни метали.
Златото го исмболизира топлото сонце додека среброто ладната месечина.
Двата се сметаат за совршени метали кога станува збор за индискиот накит.
Чистото злато не оксидира и 'рѓосува со тек на времето па поради тоа хинду религијата го поврзува златото со бесмртноста.
Во древната индиска литература често се среќава сликовито изложување на злато.
Во ведските хинду верувања на космолошкото создавање изворот на физичкиот и духовниот човечки живот води потекло и се развива од златната утроба (hiranyagarbha) или од јајцето (hiranyanda), метафора за сонцето чија светлина се издига од исконските води.
Владеењето на Mughal беше најзначајниот период поврзан со накитот.
Многу произведувачи на накит просперираа од 16-тиот до 19-тиот век.
Накитот имаше голем статус во индиското кралсто, толку моќен што се воведоа закони и ограничување за носење накит кај кралското семејство.
Само кралското семејсто и неколку други на кои им беше дозволено можеа да носат накит на нозете.
Ова обично се сметаше за недоволно почитување на вредноста на светите метали.
Иако поголемиот дел од населението во Индија носеше накит, Махараџа и луѓето од кралското семејство беа подлабоко порзани со накитот.
Улоготата на Махараџа беше од големо значење што хинду филозофите го одредија за главен за урамнотежното раководење на светот.
Се смета за боженствено битие, божество во човечки облик чија должност е да ги поддржува и заштитува принципите на космичкиот ред (анг.
dharma), моралниот ред на универзумот.
Наваратна (девет скапоцени камења) е накит со голема важност кој често го носел Махараџа.
Тоа е амајлија, која се состои од дијамант, бисер, рубин, сафир, смарагд, топаз, мачкино око, корал и хијацинт (црвен циркон).
Секој од овие камења се поврзува со небесно божесто, а кога сите девет камења се заедно го претставуваат совршенството на хинду универзумот.
Дијамантот е највлиијател од сите други камења.
Постојат различни исечоци на скапоцени камења.
Индиските кралеви индивидуално купуваа скапоцени камења од продава;ите.
Махараџа и други членови од кралското семејство го ценат скапоцениот камен како да е хинду Бог.
Тие разменуваа скапоцени камења со луѓе со кои биле многу блиски посебно членовите на кралското семејство и други блиски сојузници.
Само на самиот владетел, неговото блиско сродство и на некои одредени членови од неговата свита им беше дозволено да носат кралски турбан.
Како што империјата се развиваше, различни форми на украсни елемети се стекнаа со едно заедничко име sarpech, споено од sar или sir што значи глава и pech со значење копче.
Индија беше прва држава која копаше дијаманти, со некои рудници кои датираат од 296-тата година п.н.е.
Индија тргуваше со дијамнати имајќи ја во предвид нивната вредност.
Според историјата, дијамантите се поседувале за да се задржи во сеќавање или да се врати изгубената љубов, како знак за пофалба или за изразување верност во замена на одобрување и заштита.
Мугхал владетелите ги користеа дијамантите како средство со кое ќе ја обезбедат нивната бесмртност со тоа што нивните имиња и звања биле напишани на дијамантите.
Покрај сето тоа, Махараџа имаше и продолжил да има главна улога во социјалните, политички, економски и религиозни случувања во Индија како и во многу други места.
Во историјата на Индија, дијамантите се користеле за да се здобие со воена опрема, финансиски војни, поттикнати револуции и дезертерство.
Тие придонесле за одрекување од престолот или обезглавување на моќните.
Се користеле за убиство на претставниците на доминантната власт со тоа што ја мешале нивната храна со згмечени дијаманти.
Индијските дијаманти се користеле за обезбедување на големи заеми потребни за политички или економски кризи.
Воените херои се наградувале со дијаманти кои се користеле и како откупнуна за ослободување од затвор или грабнување.
Употребата на накитот продолжува и во денешно време и е незаменлив во индијските церемонии и свадби.
Северна и Јужна Америка[уреди | уреди извор]
Накитот имаше главна улога во судбината на Американците кога Шпанците создадоа империја за да го запленат американското злато.
Во Централна и Јужна Америка прозводството на накит се разви пред 5,000 години.
Големи количини накит беа лесно достапни и Ацтеките (анг.
Aztecs), Микстеките (анг.
Mixtecs), Маите (анг.
Mayans) и голем број други андски култури како што е Мочика (анг.
Mochica) од Перу создадоа прекрасни парчиња накит.
Со културата на Мочика, обработката на златото достигна висок подем.
Парчињата накит не се веќе едноставна обработка на метал туку се маестрални примери на накит.
Тие се софистицирани во нивниот дезен со елемнти од тиркиз, седеф, школката спондилоза и аметист.
Украсите за нос и уво, плочки за градниот кош, мали кутии и свирки се сметаат за ремек дела од перунската култура.
Помеѓу Ацтеките само аристократите носеа злато што укажува на класата на кое припаѓаа, моќта и богатството.
Накитот од злато најчесто беа најзастапен во империјата на Ацетките каде често се украсуваше со пердуви од птицата Quetzal и други.
Главно колку повеќе накит носеа аристократите толку повисок статус или углед имаше накитот.
На пример, владетелот и неговите првосвештеници беа целосно покриени со злато кога се појавуваа во јавноста.
Иако златото беше најзастапениот и најпознатиот материјал кој го користеле Ацетките, жадот, тиркизот и одредени пердуви многу повеќе се ценеа.
Како допполонение на украсите и статусот, Ацетките го користеа накитот и во принесувањето жртви за да ги успокојат боговите.
Свештениците во изршувањето на животински и човечки жртви користеа долг нож покриен со скапоцени камења.
Друга древна американска цивилизација со познавања за изработка на накит беа Маите.
При крајот од нивната цивилизација тие изработуваа накит од жад, злато, сребро, бронза и бакар.
Нивните дезени беа слични со оние на Ацетките, со богати украси за на глава и накит.
Маите тргуваа со скапоцените камења но во поскорашни времиња имаа слаб пристап до метал, па поголемиот дел од накитот го изработуваа од коска или камен.
Трговците и аристократите беа помеѓу оние малкумина кои носеа скап накит во областа на Маите, слично како и во случајот на Ацетките.
Во Северна Америка, Северноамериканските Индијанците користеа школки, дрво, тиркиз и стеатит, речиси недостапни во Јужна и Западна Америка.
Тиркизот се користеше за ѓердани и обетки.
Пристапот на домородците до школките од острига често сместени во една област во Америка им овозможи да ги разменуваат школките со другите племиња со што укажува на големата важност на трговијата на украси за тело во Северна Америка.
Северноамерикански Индијанци[уреди | уреди извор]
Накитот на северноамериканските Индијанци претставува индивидуално украсување најчесто во форма на ѓердани, обетки, колби, прстени, шноли за коса, брошеви, labret(пирс на устата) и многу други украси кои овие американски домородци ги направиле.
Накитот на Идијанците ја отсликува културната разноликост и историја на создавачите.
Домородните племиња се уште ја развивааат јасната естетика вкоренета во нивните индивидуални уметнички визии и културни традиции.
Уметниците содзаваат накит за украсување, церемонии и трговија.
Луј Шер Дубин (анг.
Lois Sherr Dubin) пишува: во отсуство на пишани јазици, украсувањето стана битен елемнт во домородната комуникацијата спроведувајќи разни видови информации.
Подоцна накитот и личното украсување ,, најавуваа отпорност кон прилагодувањето.
Накитот останува главно изразување на племенскиот и индивидуалениот идентитет. "
Ковачите на метал, произведувачите на монисти, резбари и обработувачи на скапоцени камења спојуваат различни видови на метали, дрва, скапоцени и полискапоцени камења, beadwok(нижење монисти)-украси направени од монисти, quillwork – вид украсување со ткаенина применувајќи перо од бодликаво прасе,заби, коски, кожа, растителни влакна и други материјали за правење накит.
Палетата на накит на современите домородци нуди накит од рачно искршени и преработени камења и школки до накит од челик и титаниум направен со помош на компјутер.
Пацифик[уреди | уреди извор]
Поради недамненшни човечки населувања, производството на накит во Пацификот започна подоцна.
Првобитниот накит се правеше од коска, дрво и други природни материјали и како резултат на тоа не опстана.
Поголемиот дел од овој накит се носи над половината, опфаќа украси за на глава, ѓердани, шноли за коса и каиши за раце и половина кои се парчиња накит кои најмногу се употребуваат.
Накитот во Пацификот, со исклучок на Австралија се носи за да симболизира било плодност или моќ.
Усовршени украси за на глава се користат во многу култури од Пацификот и некои жители како што се оние на Папуа Нова Гвинеја (анг.
Papua New Guinea) носат украси на главата по убивството на некој непријател.
Поглаварот може да носи коска од диво прасе пикната низ носот.
Културата на островот сè уште е примитивна поради недостокот на комуникација со културите вон островот.
Западните нации допрва ќе истражуваат некои области од Борнео и Папуа Нова Гвинеја.
Сепак, западните мисионери кои го преплавија островот предизвикаа драстични промени во дезенот на накитот.
Мисионерите сметаа дека секој кој носи племенски накит е приврзаник на паганството.
Многу од племенсите дезени се изгубија при преобразувањето на луѓето во христијани.
Денес, Австралија е број еден снабдувач на опал во светот.
Во Европа и Јужна Америка веќе имаше ископувања на опал кои многу години беа главен извор на опал но во доцниот 19ти век, астралискиот пазар на опал го превзеде водството.
Само во одредени места во Австралија се копа опал кој стана еден од најпрофитабилните камења во Пацификот.
Маори луѓето од Нов Зеланд традиционално имаа силна култура на лично украсување.
Нивен најпознат накит е hei-tiki рачно изгравиран од коска, нефрит и bowenite- минерал од светлозелен серпетин сличен на нефрит.
Во денешно време широк спектар од вакви традиционално инспирирани предмети како што се приврзоци изгравирани од коска закачени на традиционални јадици hei matau и накит од диорит се доста популарни кај младите од Нов Зеланд од било кое подрачје- за кои накитот се поврзува со генерализираното чувство за идентитет.
Освен накитот кој се создал под влијание на Маори луѓето, модерниот накит во Нов Зеланд е мултикултурен и разновиден.
Модерно време[уреди | уреди извор]
Движењето на модерниот накит започна во подоцнежниот период од 40те години, на крајот од Втората светска војна со освежен интерес кон нова уметност.
Движењето станува забележливо со делата на Џорџ Џенсен (анг.
Georg Jensen) и други создавачи на накит кои ја унапредија замислата за правење накит.
Со појавувањето на нови материјали како пластика, Скапоцена Метална Глина (анг.
Precious Metal Clay (PMC)) и техники за боење придонесоа за зголемена разновидност во стиловите.
Други предностии како што е развојот на усовршената берба на бисери од страна на луѓето како што се Микимото Кокичи и развојот на подобрениот квалитет на вештачките скапоцени камења како што е moissanite (дијамант симултант), направи народот да има сè поголема потреба од накит.
Во доцниот 20-ти век се забележа мешање на европскиот дезен со техники од истокот како што е Mokume-gane.
Следниве се иновации во деценииите кои ја опфаќаат и 2000-та година: Mokume-gane, хидраулично формирање со калап, анти-конгломеративно металство, превиткување, анодирање на реактивен метал, форми на школки , Скапоцена Метална Глина (анг.
Precious Metal Clay (PMC)), фотолитографија и компјутерко-потпоомогнати техноглогии).
Сè повеќе се зголемува желбата за правење уметнички накит и како хоби и како професија.
Во САД со повеќе од 17 списанија за самостојно изработување на накит, за пристапот, изворите и можноста да се вложат малку пари за да се започне овој бизнис се причинители произодството на рачно направени украси постојано да се зголемува.
Ваков накит може да се види во Метрополитан музејот за накит и во Њујорк.
Во последниве 20 години во Аврстралија се зголеми бројот на студенти кои сакаат да студираат дизајн и изработка на накит па денес Австралија има современо општество за производство на накит.
Многу од овие создавачи на накит опфаќаат модерни материјали и техники како и соединување на традиционалните вештини.
Промена на телото[уреди | уреди извор]
Накитот кој се користи во ваква примена, за вннесување некоја промена во изгледот, најчесто е едноставен, без некоја шара.
Преовладува употребата на нитни од чисто сребро, прстени и обетки.
Обетките кои ги носиме кои се ставаат со продупчување на увото придонесуваат за промена во нашиот изглед.
Padaung жените во Мајанмар (анг.
Myanmar) носат големи златни прстени околу вратот.
На речиси петгодишна возраст девојчињата се во пресрет со нивниот прв ваков прстен.
Низ годините се повеќе прстени се додаваат.
Покрај десетте и повеќе килограми на прстени околу нејзиниот врат, Padaung жената може да носи исто толку и на нејзините потколеници.
Како резултат од големината на прстените вратот на овие жени значително се издолжува дури и до 10-15 инчи (25- 38 сантиметри).
Ваквата примена лошо влијае врз здравјето и во последните години многу повеќе се носат заради љубопитност на туристите отколку заради нормите кои им ги налага културата.
Племиња поврзани со Paduang како и други култури насекаде во светот го користат накитот за да го растегнат долниот мек дел на увцето или зголемувањето на бројот на обетки (пирсинг).
Во Америка labret (пирс на вилицата) се носи уште од првиот контакт со Ину луѓето и првите народи од северозападното крајбрежје.
Lip plate (округли плочи за устата) се носат од Мурси Африканците(анг.
Mursi) и Сара народот(анг.Sara) како и од јужноамериканците.
Во доцниот 20ти век влијанието од модерниот примитивизам доведе многу од овие примени да се метнат во западни супкултури и повеќето од нив се потпираат на комбинација од изменување на изгледот на телото и украсни предмети, на тој начин зачувувајќи ја оригиналноста на овие два вида нејасни декорации.
Во многу култури накитот се користи како приверемен модификатор на телото, во некои случаи на својата кожа човекот може да закачи кука или други предмети големи како велосипедите кои на нив вклучуваат и шанк.
Иако оваа традиција се применува од племенски или полуплеменски групи и најчесто во полусвесна состојба за време на нивните религиозни церемонии, се вметна и кај западната култура.
Многу продавници за екстремно голем накит им овозможуваат на луѓето да го украсат своето тело со предмети како кука или клинци.
Најчесто овие куки се користат во комбинација со роданкотур за да го подигне човекот во воздухот и се претпоставува дека предизвикува еротско чувство кај човекот па некои двојки дури ја изведуваат нивната садбена церемонија на ваков начин.
Пазар на накит[уреди | уреди извор]
Според недамнешно истражување на KPMG, Сад го држи првото место за најголем пазар на накит со 30,8 % дел од пазарот, Јапонија, Индија, Кина и Средниот Исток секој со 8-9% и Италија со 5%.
Авторите на ова истражување предвидуваат дека до 2015-та година ќе се случи драматична промена со тоа што пазарниот удел на САД ќе падне на 25% а Кина и Индија ќе доживеат пораст до 13%.
Средниот Исток ќе остане на речиси исто рамниште, околу 9% помалку или повеќе додека пазарниот удел на Европа и Јапонија ќе биде преполовен со помалку од 4% за Јапонија и помалку од 3% за најголемите индивудуални европски земји, Италија и Велика Британија.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Понатамошно читање[уреди | уреди извор] | fineweb-2 |
HILL INTERNATIONAL МАКЕДОНИЈА – Повеќе од класичен HR консалтинг
Бидете пред конкуренцијата!
Искористетете го вашиот талент на најдобар начин!
HILL International Ви нуди поддршка со помош на проверени, научно докажани методи и повеќе од 35 годишно искуство во HR консалтинг на регионот на Централна, Источна и Југо-источна Европа.
Вашиот успех, е и наш успех! | fineweb-2 |
Пет хоризонтални ленти во сина (3 ленти) и бела (2 ленти) боја.
Во прицврстениот дел од знамето се наоѓа црвен триаголник со бела петокрака.
Творец
Нарсисо Лопез
Знамето на Куба е официјалното знаме на оваа островска држава во Средна Америка.
Знамето е официјално усвоено на 20 мај1902 година и е составено од еднакви пет хоризонтални ленти од кои три се во сина, а две во бела боја.
Од левата страна има црвен триаголник на кој има приказ на бела петоктака.
Знамето било создадено во 1848 година за време на ослободителното движење.
Според официјалниот опис, сините ленти ги претставуваат три дела со кои била поделена Куба пред независноста, додека белите ленти ги претставуваат идеалите за слобода.
Црвениот триаголник претставува плодност, еднаквост и слобода како и крвта на народот кој се борел за независноста на Куба.
Белата ѕвезда симболизира слобода. | fineweb-2 |
КОЈ НЕ ГО ЗАТВОРА ДОСИЕТО НА ВЛАДО ЧЕРНОЗЕМСКИ?
Убиството на кралот Александар го покажува само старото правило кај атентатите - страдаат само жртвата и убиецот а сите други, стотина замешани, продолжуваат да си го живеат животот, комплетно безбедни, како ништо да не се случило
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Минатиот вторник главна тема за битолчани бил плакатот за Владо Черноземски, атентаторот кој го убил српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 година.
Професионалниот атентатор, кого поголем дел од современите историчари го класификуваат како истурен војник на врховистичката, пробугарска ВМРО, предизвика посебно незадоволство во боречката организација, потоа во поголем дел од оние на кои им беше наменета - на младите кои дел од времето го минуваат на Широк сокак.
ПРЕЛЕАНА ЧАША На едниот плакат биле испишани стихови од песна посветена за него, а на другиот се нарекува херој заради извршениот атентат.
-"За жал, пред 11 Октомври се појавуваат некои летоци со фашистички идеи величајќи го Черноземски и други убијци.
Ние треба најупорно да се спротиставиме на сите овие идеи на се ова што прокламираат- фашизмот и пробугарските идеи,"- рече пред камерите Александар Трајковски, претседател на Сојузот на борците од Битола.
Реагираа и битолчани, според тв извештајот на Алфа, кои сметаат дека сега чашата е прелеана, а според еден битолски графит, дури и методите од времето на Черноземски не се заборавени.
-"Владо Черноземски беше во онаа тајфа што се бореа за Бугарија"- реагираше еден пензионер.
-"Да се велича човекот што го уби Димо Хаџидимов и други македонски дејци, стварно е срамота"- рече рече друг Битолчанец.
-"Не се свесни политичарите што прават,"- додаде друг пензионер.
Барем засега, не се знае кој стои зад ваквите плакати.
Во својата писмена реакција, историчарот д-р Александар Литовски јавно запраша дали ни се враќа фашизмот на македонската општествена сцена?
Черноземски по националност бил Бугарин, а од 1922 година бил вклучен во автономистичката ВМРО и извршувал специјални егзекуторски задачи.
Меѓу другите, ги убил револуционерот Димо Хаџидимов и идеологот на протогеровистичката ВМРО, Наум Томалевски.
Откако во триесеттите години михајловистичката ВМРО целосно се фашизирала, Черноземски станал фашистички платеник и инструктор на хрватските фашисти, вели д-р Литовски во својата писмена реакција.
ПАНИХИДИ Славењето на Черноземски во земјава започна пред 18 години, кога на истиот датум во црквата "Св.
Димитрија" во Скопје се одржува панихида и за Владо Черноземски, а на која се собираат истите оние луѓе што присуствуваат на годишнината на Мара Бунева - основачите на Здружението "Ратко".
Недвојбно е дека тие кои џлават се сметаат за Бугари и не бегаат од ролјата на продолжувачи на делото на Ванчо Михајлов.
Едно време на овие настани од Софија задолжително доаѓаа претставници на тамошната ВМРО на Красимир Каракачанов.
Освен што знае да ја забавува својата средина со антимакедонизмот, Каракачанов (за тоа известуваше и Глобус) пред повеќе од една година предводеше и една масовна хистерија против Ромите во Бугарија!
Истата "конечна пресметка" со Ромите требаше да му биде "поен плус" во трката на неговата партија на локалните избори.
Но
да не побегнеме од темата - кој е, всушност, Владо Черноземски?
Утрински весник, на пример, преку своите фељтони често одговараше на ова прашање, чудејќи се како тој заслужил да биде величен секоја година, дури и повеќе и од многумина познати македонски револуционери, како што се Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и во дел од популацијата на земјава?
И последното претражување на документите достапни на Интернет покажува дека нема сомнение дека се работи за речиси неписмен човек, дури и со непознато потекло.
Некои велат дека е роден во денешен Велинград, тогаш село Каменица, денес предградие на споменатиот град на непознат датум во 1897 година.
Некои други извори тврдат, па и од неколку македонски историчари, дека тој е роден во село Гавран (штипско) а други дека бил роден во Ново Село, близу до Штип.
Според народни преданија, кога кралот Александар бил убиен во Марсеј, селото Гавран било опожарено а според други, исто така фолклорни извори, следниот ден по убиството во Ново Село српката жандармерија нашла дел од неговите роднини (се говори за неговата сестра, најчесто) и ги убила во дворот на куќите.
Ова секако не се потврдени сознанија.
Можно е родителите на Черноземски (Димитар Керин и Риса Балтаџиева) да дошле во Велинград од штипско.
Но тоа станало нерелеватно и за самите нив!
Неговото крстено име е Величко Димитров Керин.
Во селото завршил само три одделение од школото.
Како млад имал склоност кон алкохолот, но подоцна целосно се воздржувал од пиење и дури станал вегетаријанец.
Величко служел како војник најпрво во Пловдив.
Учествувал и во Првата светска војна, тогаш служел во инженерските сили.
Бил ослободен од воена служба во 1919 година (!).
Една година подоцна се оженил.
Работел како шофер и часовникар.
Во 1923 се родила неговата ќерка Латинка.
ЛАДНОКРВЕН УБИЕЦ Инаку , во почетокот на 20-те години Черноземски се преселил во Банско, каде е извршувал задачи за Внатрешната македонска револуционерна организација, која била основана од Тодор Александров.
Стана член на таа организација во 1922 г. и се вклучил во четата на војводата Иван Брло.
Во [PHONE] година е во четата на Трајан Лакавишки.
Како четник дејствува во Штипско, Кочанско и Радовишко... Учествувал во околу 15 престрелки со полиција и жандармерија во Вардарска Македонија.
Станал познат како еден од најдобрите стрелци на Организацијата, во акциите се истакнувал со храброст, ладнокрвност и дисциплина.
Во 1924 година Тодор Александров го повикал во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО за извршување на специјални задачи.
Смрта пак на самиот Александров предизвикала серија на убиства сред македонското револуционерно движење и македонската емиграција.
Првата задача која ја добил од Иван Михајлов е да го ликвидира македонскиот деец и воедно бугарски народен пратеник Димо Хаџи Димов.
Тоа е еден од најагилните македонски патриоти кој пред убиството влегол во ЦК на Бугарската комунистичка партија и како нејзин пратеник бил во Парламентот.
Формирал во партијата и посебна секција на комунисти - емигранти!
Како влијателен член на бугарското општество и како човек кој се заложувал за независна Македонија станал опасен за плановите на Михајлов и овој го ставил на список за ликвидација.
Хаџи Димов на 13 септември 1924 г. разбрал за убиството на Славчо Ковачев, негов пријател и сомисленик; за овој акт тој искоментирал дека повторно започнале физичките истребувања во македонското револуционерно движење и изразил жалење за таквата состојба.
Димо Хаџи Димов се упатил кон кафеаната Галик за да се запознае со подробности околу убиството на Ковачев.
На улицата Пиротска тој бил пречекан од Владо Черноземски, кој со неколку револверски истрели го соборил на земја, а за да се осигури во неговата смрт се наведнал над трупот на жртвата и пукал уште два пати.
Во 1924 година Софискиот окружен суд го осудува на смрт со бесење, но пресудата не е извршена, а во 1925 година Черноземски "бега" од полицијата.
Во 1930 година го ликвидирал Наум Томалевски, еден од водачите на протогеровистите, инаку познат масон од Крушево.
Черноземски е осуден по втор пат на смрт (!
), поради убиството на Томалевски, но во 1932 година тој бил помилуван поради блиските односи на Иван Михајлов со бугарските власти и дворот.
ТРЕТИОТ РАЈХ Бугарската историографија (види бугарска Википедија) многу не сокрива околу реалната позиција на силите кои го организирале атентатот и околу тоа кој стои објективно зад него - Третиот рајх!
Уште во летото 1932 година Владо Черноземски, еден од најизвежбаните терористи на ВМРО е испратен во Хрватска на располагање на тамошното движење Усташа.
Тоа е сторено во голема дискреција, па и неговото семејство не знаело каде е тој.
Дури самото ВМРО пушта гласови дека истиот е убиен од самата негова организација.
Черноземски бил инструктор на усташките терористи во логорот Боргеторо а потоа и во унгарскиот логор за обука Јанка Пуста.
Черноземски знаел дека се готви атентат врз висок југословенски функционер, но не знаел конкретно кој.
Таа обука траела долго.
Две години откако тој заминал во странство по 19-мајскиот преврат во Софија, новата власт, презема решителени мерки да ги прекрати дејствијата на ВМРО и на 1 септември таа година е донесен Закон за заштита на државата.
Законот предвидува брзи процедури за апсење и осудување на раководители на организацијата, па Иван (Ванчо) Михајлов експресно и илегално бега од Бугарија во Стамбол.
Во тоа време францускиот министер за надворешни работи Луј Барту се обидува да создаде една антихитлеровка коалиција во која би влегле Франција, Италија и Југославија а на која би се придружиле и членки на идниот Балкански Пакт, односно Малата Антанта.
Факт е дека кралот Александар во стартот на политичката кариера на Хилер имал симпатии за неонацистите, но во летото 1934 година сепак попуштил пред притисокот на старите пријатели - Французите.
Оттаму, од крајот на август, германското воено разузнување започнува подготовки за атентат, под шифрувано име "Операција тевтонски меч", каде цел е убиство на Луј Барту и на крал Александар.
Организацијата е доверена на Усташа, а во нивната обука треба да влезат искусни кадри на ВМРО.
КОМПЕНЗАЦИЈА Историски истражувања упатуваат на тоа дека во 1930 година со помош на Анте Павелиќ во арсеналот на ВМРО влегле 1.
000 автоматски пушки, кои биле купени од фабриката Хајнрих Фолмер.
За возврат од страна на ВМРО на располагање на усташката организација и бил испратен специјалист за употреба и ракување со експлозивни материи, а како инструктор на усташките терористи во нивниот логор за обука кој бил стациониран во Јанка Пуста во Унгарија, во 1931 година отишол Кирил Дрангов.
Соработката меѓу двете организации продолжила со тоа што на 12 февруари 1933 година во Горна Џумаја, на Големиот собор на македонската емиграција што тогаш ја истакнал паролата за создавање на независна Македонија и се обратил и пратеникот од усташката емиграција со подршка на таа идеја - Марко Дошен.
Сите овие околности во непосредното опкружување на Југославија говореле дека овие две организации се подготвувале за некоја крупна вооружена акција.
Подоцна, пред атентатот како непосредни извршители биле определени Владо Черноземски, Мио Краљ (роден во 1903 година во Копривица, по професија автомеханичар, неоженет), Звонимир Поспишил (земјоделец, неоженет од Вуковар, роден 1904 година) и Иван Раиќ (автомеханичар, ожнет и татко на едно дете, роден 1903 година).
Со лажни унгарски пасоши тие четворицата на 22 септември пристигнувата во Лозана (Швајцарија).
Тука се сретнуваат, според бугарскиот извор, со Гвидо Кватерник, еден од највисокопоставените раководители на Усташа и со Марија Водрачек (се мисли дека на оваа таинствена русокоса вистинското име и презиме и е Катица Шилер и дека за атентаот дошла од Бразилија), која им дава други, чешки пасоши, бидејќи со нив во Франција влегуваат без виза.
ДВОЈКИ Атентаторите дошле во Париз на 29 септември а на 6 октомври се делат на две двојки - Черноземски и Краљ одат за Марсеј, кога се знае дека таму ќе се истовари од брод југословенскиот крал а Писпишил и Раиќ заминуваат во Версај, каде треба да дејствувата врз Барту и кралот ако не успее првиот атентат!
На пат за Марсеј двајцата атентатори.
Черноземски и Краљ, застануваат во Авињон, каде одново се сретнуваат со Кватерник и тој им дава два пиштоли и една граната и тие заминувата со автобус за Марсеј.
Француските известувачи добиваат од италијански извори аларм дека ќе биде извршен атентат врз кралот Александар.
Еден ден пред атентатот изворот прецизира дека убијците имаат чешки пасоши.
Ова му е соопштено и на крал Александар, пред тој да се качи на моторен чамец, со од бродот би го довел до пристаништето, но тој рекол дека се е доцна и дка треба да се оди по проколот.
Одбил да облече и метален елек!
Рекол дека с енаоѓа во пријателска земја.
Черноземски и Краљ стигнале во Марсеј околу 14 часот и заземале позиција сптои Борсовата палата, на централниот билевар Канебиер.
Тоа е место е само100 метри оддалечено од пристаништето, каде со крстосувачот "Дубровник" пристигнал кралот Александар.
Околу 16 часот тој се симнал од бродот, бил пречекан од Бату и генералот Алфонс Жорж.
Во автомобил кабриолет, покрај многу полицајци и почесна чета на француската армија (коњаница) колоната тргнала кон префектурата.
Соочен со толкаво обезбедување, Мио Краљ избегал, но Черноземски одлучил да ја изврши задачата, согласно на планот.
КОЛОНА Колоната инаку се движела со брзина од 5 километри на час (по протоколот требала со 20 километри), бидејќи транвајските шини создавале додатно триење.
Черноземски зел цвеќе, во кое е сокриен револверот, минал крај полицискиот кордон извикувајќи "да живее кралот" на француски, со едната нога застанал на десно скалило на автомобилот и истрелал ќетири куршуми кон кралот Александар, кој веднаш умирел.
Черноземски продолжил да стрела, тешко го ранил министерот Барту (кој умфрел пдодоцна заради спората интевенција), потоа генералот Жорж и еден агент од обезбедувањето (Гале).
Дури потоа еден офицер од коњаниниците со сабја го погодил два пати в глава и Черноземски паднал на земјата.
Факт е дека обезбедувањето дејствувало доста неорганизирано, исплашено и збунето, потоа стрелало без врска и убила многу луѓе од публиката на улицата!
Черноземски умрел дури неколку часови потоа (во0 20 часот), во една болница.
Идентитетот на Черноземски е откриен многу подоцна, практично по една есхумација, но се знаело дека атенаторот е од ВМРО бидејќи на неговата рака е окриена тетоважа на која пишувало "ВМРО - слобода или смрт!".
Вкрстените коски на тетоважата по некои извори се сметаат дека се масонски симбол!
Ова можеби има некоја врска со еден од неговите претходни атентати (оној врз Томалевски)?
МИХАЈЛОВ Бугарија се нашла пред силен меѓународен притисок.
Дури постоела шанса силите на Малата антанта да и објават војна и дури да ја окупираат!
Олеснувачки факт е дека непосредно пред атентато кралот бил гостин во Бугарија и таму немал никаква непријатност, бидејќи, претходно властите расчистиле со ВМРО!
Да биде парадоксот поголем, Бугарија прогласила жалост и ги имала сите церемонии (освен погребот) како и Југославија!
Инаку, на 9 октомври 1934 година во Истанбул, Турција, во домот на бугарскиот митрополит Андреј Велички, по ручекот излегле на терасата за да го испијат попладневното кафе, митрополитот и водачот на распуштената ВМРО, Иван Михајлов.
Некаде околу 16 часот, Михајлов погледнал на часовникот и изјавил дека од овој момент ќе започне да се бројат одново годините!
Тој сметал дека неизоставно атентатот ќе предизвика војна.
Михајлов му објаснил на бугарскиот митрополит дека бил испланиран атентат врз југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ и дека во тој момент веќе бил убиен во францускиот град Марсеј.
Михајлов понатаму дообјаснил дека зад атентатот стоел не само ВМРО, туку и Германија и некои други земји, коишто не ги посочил.
Следното утро митрополитот Андреј Велички побрзал да ги купи сите можни весници коишто ги имало во Истанбул.
На насловните страни митрополитот го видел и прочитал сето она што претходниот ден му го имал навестено неговиот гостин.
Мио Краљ, кој побегнал од местото на атентатиот пред тој да се случи допол близу Авињон, каде сењ сретнал со Кватенрик.
Земал соба во еден хоел и чекал четири часови евентуално да дојде Черноземски.
Потоа заминал на железничката станица а таму у го легитимирале двајца енти при пшто тој побегнал во блиска шума.
Сопственичката ка хотелот "Модерн" отишла во полиција и раскажала за нејзиниот чуден гостин и истрагата тргнала во вистинска насока.
Четири дена и ноќи Краљ се криел во шумата а потоа исцрпен излегол од неа и веднаш бил уапсен - по него имало потерница со слика!
УАПСЕНИ На границата со Швајцарија биле уапсени другите двајца атентатори и сите тројца, заедно со Краљ биле "разговорливи" со полицијата и за заднината на атентатот лесно се открило практично се.
Потоа во Торино, под притисок на Франција, биле уапсени Кватерник и Павелиќ, но по тримесечен притвор тие биле пуштени а екстрадикција не е изршена.
Вдовицата на кралот - кралицата Марија поднела приватна тужба, но на наговор на францускито амбасдор во Белград ја повлекла, бидејќи Франција се уште сметала дека Мусолини може да им стане сојузник!
Таинствената русокоса за која никогаш не се открил вистинскиот идентитет, неколку часови после атентатот, веројатно како непријатен сведок е убиена во конструирана сообраќајка, близу Џенова.
Судењето на тројцата приведени како соучесници атентатори се одвивало под силни мерки на обезбедување.
Обвинетите одоварале за четири дела - подготовка на атентат, помагање во атентат, користење на лажни документи и припадност на терористичка организација.
Казните биле најстроги за соучесништво во убиство - за тоа в оваа земја се казнува со одење на гилјотина!
Исто така, и за припадништво на тајна организација е предвидена смртна казна.
ИСМЕЈУВАЊЕ Судењето започнало во ноември следната година.
Траело само четири дена бидејќи адвокатот - ангажиран од хрватската емиграција во Канада - успевал постојано да прави сцени кои го исмејувале судот.
Судењето е прикинато, владата се "пресметала" со судиите (тие се пензионирани предвреме, бидејќи, дозволиле судницата да стане "циркус").
Во меѓувреме во Франција доаѓа до политички промени - на власт веќе е идниот фашистички колаборационист Пјер Лавал.
Тој барал на обвинетите да им се суди како на криминалци а не како на терористи.
На обновеното судење во 1936 година Мио Краљ велел дека уценуван, додка бил осуденик, па своевремно лежел во затвор во Целовец и дека морал да пристапи во усташката организација, за преку врски да биде ослободен од издржување на казната до крај, што и се случило, откако ветил лојалност за усташите.
Инаку, важел за човек со нарушено ментално здравје, на што тој ја темелел одбраната.
Раиќ велел дека бил економски емгранант во Латинска Америка а дека во Јанка Пуста, базата за подготовки, дошол за да се бави со земјоделство (Унгарија, во меѓувреме, пред Лигата на народите "докажала" дека во ова место нема никаква база а дека тоа е измислица на Југославија).
Поротата нашла олеснителни околности и обвинетите добиле казна доживотен затвор.
Тројца од обвинетите во отсуство добиле смртни казни (Кватерник, Павелиќ и Иван Перчевиќ).
Постојат две верзии што станало со тројцата осудени лица на доживотна робија во француските затвори.
Звонимир Поспишил починал по три години во затворот и за тоа нема двојба.
Краљ и Раиќ биле ослободени откако нацистите влегле во Франција (1940 г.
), по што се вратиле во Хрватска, но според една верзија биле ликвидирана од нивната "братска" власт (Раиќ е отруен во неговиот стан во Загреб), бидејќи, биле незгодни сведоци, според една верзија, при што Краљ бил дури одведен во еден логор?!
По втората верзија тие се убиени во првите судири со партизаните, во 1941 година, во Западна Босна со поттекст дека можеби биле наместени да стојат во првите редови... Кватерник побегнал во Аргентина а таму загинал во сообраќајка под неразјаснети околности!
Како и да е, и при овој атентат (да направиме споредба со атентатот на Кенеди) се случува истото како и при сите познати атентати врз познати личности: клучните актери загинуваат а оние кои се нарачатели некаде далеку спокојно го продолжуваат животот, како ништо да не било.
Малку е познато дека Хитлер на погребот на кралот Александар го испратил лично Геринг!
Тој оставил венец на гробот на кралот на кој пишувало дека тие му се поклонуваат како на свој непријател од Првата светска војна!
Павелиќ успеал да побегне од НДХ и умрел после 10-тина години во Мадрид а релативно добро си проживеале и другите "патриоти" како Ванчо Михајлов, на пример, кој доживува длабока старост. | fineweb-2 |
Карл Фаберже
Карл Фаберже (30 мај, 1846 – 24 септември, 1920) бил руски златар и филигран, добро познат по своите прекрасни "фаберже-јајца", направени во стилот на вистински велигденски јајца, но со користење на скапоцени метали и драги камења.
Фаберже бил роден во Санкт Петербург во семејството на јувелирот Густав Фаберже и неговата жена Шарлота Јунгштед која била данка.
Татко му на Густав и неговото семејство биле Хугеноти кој пребегнале од Франција по отповикувањето Нантскиот указ, првобитно во Германија, а потоа, во 1800 год.
во балтичката покраина Ливонија, тогаш дел од Русија.
Во 1860 семејството повторно се преселило, сега во Дрезден и накратко подоцна Карл, тогаш младич, отишол да го учи јувелирскиот занает во Куќата на Фридман во Франкфурт.
Во 1864 год.
тој се враќа во Санкт Петербург и му се придружува на татка си во фирмата.
Во 1872 Карл го преземал управителството на истата.
Карл и неговиот помлад брат Агатон биле сензација на Серуската изложба во Москва во 1882.
По три години, царот Александар III го назначува Карла за Официјален дворски снабдувач, како награда за тоа што му направил прекрасно велигденско јајце наменето за царицата.
Од тогаш, па натаму Фаберже секоја година правел по едно вакво јајце за царот како подарок за царицата Марија.
Цар Николај II порачувал по две јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата жена, Александра, обичај кој се одржал од 1895 до 1916.
Фаберже не правел само јајца, туку и многу повеќе; во 1896 фирмата ги произвела сите подароци за крунисувањето на Николај II.
Во 1897 шведскиот двор го назначил Фаберже за Дворски јувелир, а во 1900 неговите дела ја претставувале Русија на Светската изложба во 1900 во Париз.
Исто така Фаберже станал Дворски јувелир на дворот на царот во 1910.
Неговата фирма била најголемата во Русија со 500 вработени, со филијали во Санкт Петербург, Москва, Одеса, Киев и Лондон.
Најголемит дел од вработените во петербуршката филијала кои ги изработувале Фаберже-јајцата биле Финци.
Таа филијала произвела 150,000 предмети помеѓу 1882 и 1917 год.
Но во 1917, во хаосот на Октомвриската револуција, Фаберже ги продал своите акции на вработените и избегал од Русија.
Најпрвин отишол во Финска, со помош на британската амбасада, а подоцна се преселил во Вајсбаден, Германија.
Неколку години подоцна Фаберже умира во Лозана, Швајцарија и бил погребан крај неговата жена Августа во гробницата Симетиер ду Гран Жа во Кан, Франција.
Еден друг потомок, Тео (внук на П. К. Фаберже) и неговата ќерка Сара, развиле нови дизајни.
Нивната цел е да бидат достојни за името Фаберже и да произведуваат прекрасни предмети со висок квалитет.
Тие отвориле мал бутик во во Санкт Петербург во 2003.
Во октомври 2005, вториот ваков бутик бил отворен на Црвениот плоштад во Москва.
Извори[уреди | уреди извор]
- Чарлс Бејнбриџ, Peter Carl Fabergé: Goldsmith and Jeweller to the Russian Imperial Court.
His Life and Work (1949, reprinted 1971).
Bainbridge was a personal friend of Fabergé, and later managed the London branch.
- Абрахам Кенет Сноумен, Carl Fabergé: Goldsmith to the Imperial Court of Russia (Random House, 1988), ISBN 0-517-40502-4
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Fabergé, Imperial easter eggs and Gatchina
- Empire of Eggs, Svetlana Graudt, Moscow Times, 18 ноември, 2005 | fineweb-2 |
ambar0
Еве го Македонското ерепулик радио :
http://plug.dj/erepublik-mkd/
Ајде сите по еден воут и еден шаут за да види цела еМакедонија за Македонсково радио.
Ајде да бидиме малце поразлични од другите да има секој можност да пушта музика каква шо сака !
ПОЗДРАВ ГОРДИ еМАКЕДОНЦИ !
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Неговиот последен поклон е збирка раскази со Шерлок Холмс од писателот Артур Конан Дојл како и насловот на еден од расказите во таа збирка.
За првпат била објавена во 1917 год.
и содржи разни раскази објавени помеѓу 1908 и 1913 год., како и расказот со истоимениот наслов објавен во 1917.
Збирката првобитно била насловена како Сеќавања на Шерлок Холмс и не го содржела расказот Неговиот последен поклон, кој се појавил подоцна, по објавувањето на романот Долината на стравот.
Во следните изданија овој расказ бил додаден и насловот бил сменет.
Некои скорешни целосни збирки го употребуваат стариот наслов. | fineweb-2 |
Асиметрично мултипроцесирање
Содржина
Асиметрично Мултипроцесирање[уреди | уреди извор]
Асиметрично мултипроцесирање, или AMP, била софтверска stopgap(затка) за управување со повеќе процесори пред симетричното мултипроцесирање, односно пред СМП да стане достапно.
Мултипроцесирање значи, повеќе од еден процесор во еден компјутерски систем.
CPU (Централно Процесирачка Единица) е аритметичка и локичка машина која извршува кориснички апликации; влезно/излезен интерфејс како што е GPU, дури и ако е применет користејќи вграден процесор, не формира Централно Процесирачка Единица(CPU) затоа што не покренува кориснички апликативни програми.
Со повеќе CPU, можат да се покренуваат (да работат) повеќе од една корисничка апликација, во исто време.
Сите од процесорите го имаат истиот кориснички инструкциски режим, така извршувањето на една работа може да биде прераспределена од еден процесор на друг.
Позадина и Историја!
[уреди | уреди извор]
За компјутерите со големина на соба од периодот на '60 и '70 години, исплатлив начин за зголемување на компјутерската моќ било додавањето на втор процесор (CPU).
Уште од времето на тие компјутери, кои биле најблиску до најбрзиот кој бил на располагање (близу врвот на соодносот цена:перформанси), два процесори со стандардна брзина биле далеку поефтини отколку процесор кој работи два пати побрзо.
Исто така, додавање на втор процесор било помалко скапо отколку целосен втор компјутер, на кој ќе му бидат потребни сопствени периферни уреди, што значи потреба за поголем простор и зголемен број на извршен персонал.
Значајни понуди од компјутерските производители биле Burroughs B5000, DECsystem-1055 и IBM System/360.
Имало исто двојни процесори (dual CPU) машини изградени во факултетите.
Проблемот со додавање на втор процесор во компјутерски систем било тоа што оперативниот систем бил развиен за единечен процесорски систем, а со проширувањето за да подржи повеќе процесори ефикасно и сигурно, требало долго време.
За да се потполни јазот, оперативните системи наменети за единецни процесори биле првично проширени да обезбедат минимална подршка за втор процесор.
Со оваа минимална подршка, оперативниот систем, се стартува на процесорот за бутирање, со други единствено дозволено да извршува кориснички програми.
Со текот на времето оперативните системи се подобриле во искористувањето на дополнителните процесори, се додека не достигнале Симетрично Мултипроцесирање, во кој оперативниот систем и апликациите под негова контрола, се извршуваат на сите процесори истовремено.
Borroughs B5000[уреди | уреди извор]
Опција на Borroughs B5000 бил "Процесор Б".
Овој втор процесор за разлика од "Процесор А" нема конекции со периферните уреди, значи двата процесори делат главна меморија.
Оперативниот систен работи само на Процесорот А. Кога имало корисничка задача што треба да се изврши, може да биде извршена на Процесорот Б, но кога таа задача ќе се обиде да пристапи до оперативниот систем, процесорот запира и сигнализира на Процесорот А. Тогаш бараната задача од оперативниот систем е извршена на Процесорот А.
IBM Систем/360 модели 65MB и 67-2[уреди | уреди извор]
IBM понуди компјутерски систем со двоен процесор, базиран на неговиот System/360 модел 65 и сличниот на него, моделот 67.
Оперативниот систем кој работи на овие машини бил OS/360 M65MP и TSS/360.
Исто така имало и софтвер развиен во универзитетите кој ги користел и двата процесори, особено MTS.
Двата процесори имаат пристап до каналите за податоци, и така можат да иницираат ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ.
M65MP бил поблизок до SMP отколку MCP за B5000 или TOPS-10 за DECsystem-1055, откако јадрото на оперативнот систем работи на двата процесори и периферните уреди можат да бидат приклучени на двата процесори.
MTS контролер (UMMPS) работи на еден или на двата процесори од IBM System/360 модел 67-2.
Контролите клуцеви биле мали и биле користени да ги заштитат структурите од лични податоци до кои може да се пристапи од двата процесори.
Како со M65MP, индивидуалните задачи (работи, процеси) ќе бидат извршени само на еден процесор во одреден момент.
CDC 6500 и 6700[уреди | уреди извор]
CDC понуди две конфигурации од својата серија CDC 6000. која вклучува два процесори.
CDC 6500 беше CDC 6400 со два процесори.
CDC 6700 беше CDC 6600 со CDC 6400 процесор додаден на него.
Овие системи биле организирани прилично различно од другите мултипроцесори во овој параграф.
Оперативниот систем работи на периферни процесори, додека корисничките апликации се извршуваат на Централната Процесна Единица.
Така да термините ASMP и SMP не соопдветно се применуваат кај овие мултипроцесори.
DECсистем-1055[уреди | уреди извор]
Digital Equipment Corporation понуди верзија на својот DECsystem-1050(која користи KA10 процесори) со двоен процесор.
Оваа понуда беше проширена со подоцнежните процесори од PDP-10 линијата.
DEC исто така имаа и мултипроцесор PDP-11 и неколку мултипроцесорни системи VAX.
IBM Систем/370 модел 168[уреди | уреди извор]
Две опции биле на располагање за IBM Систем/370 модел 168 за прикачување на втор процесор.
Еден бил IBM 3062 прикачена процесорка единица, во кој вториот процесор нема пристап до каналите, и затоа бил сличен со B5000 Процесорот Б или вториот процесор ма VAX-11/782.
Другата опција понудила втора ЦПЕ(Централна Процесирачка Единица) и затоа беше повеќе како Систем/360 модел 65MP.
Референци[уреди | уреди извор]
- Bell, C. Gordon, Mudge, J. Craig, McNamara John E. "The PDP-10 Family".
(1979).Дел V од Компјутерско инжињерство: Преглед на дизајнот на хардверскиот систем на DEC. Digital Equipment Corp.
- Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Architectures and Systems, Volume 1, ISBN 0-13-013784-7, Prentice Hall, Њу Јорк, УСА 1999.
- Rajkumar Buyya (издавач): High Performance Cluster Computing: Programming and Applications, Volume 2, ISBN 0-13-013785-5, Prentice Hall, NJ, USA, 1999.
- IBM, IBM System/360 and System/370 Asymmetric Multiprocessing System: Прирачник за општи информации, Програмски број 360A-CX-15X, GH20-1173 | fineweb-2 |
Проектот за Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола.
Фаза 1 - Изградба на плато и канализација и Фаза 2 - Изградба на 6 павиљони, покривање на простор и електрика чиј носител е Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство во ЈП Пазари е во во полн тек. | fineweb-2 |
Компанијата Samsung ја претстави камерата Gear 360, која може да снима под агол од 360 степени.
Се работи за камера со два сензора од 15 мегапиксели, кои се наоѓаат позади fisheye леќата, а на неа има и мал екран од 0,5 инчи.
Камерата може да се држи во рака по поставувањето на рачката или да се стави на подлога со помош на мини трипод.
Рачката и триподот се вртат на одредени места на камерата и пристигнуваат во истото пакување.
Од Samsung тврдат дека камерата снима видео резолуција од 3.840x1.920 пиксели при 30 фрејмови по секунда.
Тоа значи дека е многу близу до 4К резолуција.
Фотографиите се многу поголеми, а нивната резолуција изнесува 7.775x3.888 пиксели, односно 30 мегапиксели.
Камерата не поседува интерна меморија, туку има microSD, кој подржува картичка до 128 GB.
Камерата Gear 360 овозможува снимање на видеа кои можат да се гледаат со помош на Gear VR уред.
Можно е камерата да се синхронизира со паметните телефони Galaxy S7 и S7 Edge, за да со неа се управува од далечина.
Исто така снимената содржина може да се прегледа во живо на екранот на паметните телефони.
Освен тоа секое видео кое се снима може да се прегледа, едитира и сочува на телефонот. | fineweb-2 |
Антонис ван Дајк
Антонис ван Дајк холандски: Antoon van Dyck, англиски: Anthony van Dyck; 22 март 1599 - 9 декември 1641) — фламански сликар од епохата на барокот.
Тој е еден од најистакнатите ученици на Рубенс кoj подоцна станал дворски сликар во Англија.
Развил сопствен специфичен стил кој се карактеризира со одредена строгост, официjалност, истовремено доловувајки елеганција и достоинство кај неговите модели.
Биографија[уреди | уреди извор]
На единаестет години тој отишол во работилницата на Хендрик ван Бален.
Подоцна, во 1617 год.
оди во работилницата на Рубенс и станува нејзин водач, која тогаш била најпозната сликарска работилница во Европа.
Во 1618 год.
добива назив мајстор и е прифатен во како сликар во црквата Св.
Лука во Антверпен.
Од 1621 до 1627 работел низ европските културни центри како Лондон, Џенова, Рим, Фиренца, Марсеј и Париз.
Од 1627 до 1632 престојувал во Антверпен, а потоа до крајот на животот (1641) во Лондон каде станал дворски сликар на кралот Чарлс I, големиот колекционер на уметнички дела.
Со тек на време станал најпoзнат портретист на англиското високо општество.
За сликање на приватни лица земал тогаш големи парични суми — од 40 до 60 фунти и можел да се посвети на одамна сонуваниот добар живот како голем господин.
Кога вo 1635 го посетил Антверпен, триумфално бил дочекан од месното население. | fineweb-2 |
BraveMKD
Република Литванија е држава која се наоѓа во северна Европа.
Граничи со Полска, Латвиа, Белорусија, Русија и Шведска.
Таа е позната како нај јужната држава од трите Балтички држави.
Додадена е на мапата на еРепаблик на 8 Април 2009 година.
еЛитванија до ден 1887 има 2135 активни играчи.
Просечниот левел на играчите е 22.
Има 5 оригинални региони и тоа:
1.Lithuanian Highland - главен град
2.Dainava
3.Lithuania Minor
4.Samogitia
5.Sudovia
Економија:
Има 3/10 ресурси и тоа Риба, Жито и Железо.
Моменталната состојба на трезорот изнесува: 176,80 злато и 512783,29 цц
Минимална плата изнесува 1,00 LTL
Политика:
Претседател на еЛитванија е pararam.
Премиер е Jokimas Tamulionis.
Министер за одбрана е M'anvydas.
Министер за надворешни работи (МоФа) е Udra.
Гувернер е freshass.
Министер за образование EmuSV.
Конгрес:
Solidarumas има 9 конгресмени,
Lietuvos Laisves Sajunga има 10,
Lietuvos Moderatu Sajunga има 6,
Lietuviu Nacionalistu Partija има 8,
Lietuvos Tevynes Sajunga има 5 конгресмени.
Воено поле:
Природен непријател: моментално нема.
What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries.
Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru. | fineweb-2 |
Природна селекција
Природната селекција (,,природно одбирање'') претставува фактор кој елиминира одредени генотипови и на тој начин ја нарушува генетичката рамнотежа во популацијата.
Генетички, природната селекција означува намалување или зголемување на генетипови во популацијата.
Селекцијата подразбира одбирање единка или потомок кој ќе ја претставува следната генерација со издвојување на одредени фенотипови или генотипови.
Тие се потпомагаат или фаворизираат при што се менува генетичката структура.
Содржина
- 1 Механизам на природната селекција
- 2 Видови на природна селекција
Механизам на природната селекција[уреди | уреди извор]
Идејата дека видовите можат да се изменуваат под дејство на селекцијата била позната на учените луѓе уште од античките времиња, а подоцна и на неколку англиски автори од почетокот на XIX век.
Концепцијата за природната селекција добила широко признание кога во 1858 година англиските учени Чарлс Дарвин и Алфред Волес ги објавиле своите статии во журналот ,,Journal of the Proceedings of the Linnean Society of London''.
Во нив, тие укажале на тоа дека кај живата природа постои механизам, сличен на оној од вештачката селекција.
Оваа концепција добила уште поголеми симпатии по објавувањето на дарвиновата книга ,,За потеклото на видовите'' во 1859 година.
Смислата на нивните идеи се основа на следните принципи:
- принцип на варијација;
- принцип на адаптација;
- принцип на наследување.
Принцип 1: единките се разликуваат меѓусебно[уреди | уреди извор]
Општо земено, во една популација составена од единки од ист вид, меѓу единките постојат помалку или повеќе "важни" разлики.
Во биологијата, под "белег", "својство" или "особина" се подразбира сè она што може да се набљудува и што може да варира од една единка до друга.
Постојат повеќе варијации за ист белег.
На пример, кај луѓето, бојата на кожата, бојата на очите, висината итн.
се белези што се јавуваат во најразлични варијации.
Варијацијата на некој белег кај дадена единка е нејзиниот фенотип.
Ова е првиот услов кој треба да е исполнет за да постои природна селекција: во рамките на една популација, одредени белези се варијабилни - ова е принципот на варијација.
Принцип 2: најприлагодените единки преживуваат и се размножуваат[уреди | уреди извор]
Некои единки во популацијата поседуваат варијации кои им даваат поголеми шанси за размножување за разлика од други, во одредена средина.
Се вели дека тие имаат селективна предност над нивните ривали:
- На пример, со подобар начин на избегнување на грабливците, помалку разболувања, полесен пристап до храна, овие единки достигнуваат полнолетство и многу полесно се размножуваат.
Тие кои преживуваат имаат поголеми шанси да се размножат.
- Во случајот на полово размножување, единките кои преживеале можат да носат белег со кој стануваат особено привлечни за спротивниот пол.
Тие се способни да дадат повеќе потомство.
Во двата случаи, зголемената способност за преживување и размножување води до зголемен степен на размножување, а со тоа и повеќе потомство за единките кои ги носат овие белези.
Тогаш се вели дека дадениот белег дава селективна предност над другите.
Ова е принципот на адаптација.
Принцип 3: варијациите кои носат придобивка се наследуваат[уреди | уреди извор]
Третиот услов за да има природна селекција кажува дека белезите на единките мора да се наследни, односно да можат да се предадат на нивното потомство.
Навистина, некои белези, како тенот и културата, не зависат од генотипот.
За време на размножувањето, гените се предаваат на потомството, што води до пренесување на одредени белези од една генерација во друга.
Ова е принципот на наследување.
Наследните варијации кои даваат селективна предност понатаму ќе се предаваат на следната генерација, за разлика од варијациите со помала предност.
Според ова, единките кои носат погодни варијации ќе се среќаваат во следните генерации.
Со текот на генерациите, фреквенцијата на гените со помала предност ќе се намалува, сè додека тие не исчезнат, а погодните варијации ќе се шират во популацијата, сè додека не се сретнат кај сите членови на популацијата.
На пример, кај луѓето, двоножното движење (бипедализам) е заеднички белег за сите современи човечки суштества.
Денес механизмите на природната селекција се објаснуваат со помош на генетиката.
Мутациите во гените кои оперираат во првата етапа од погоре опишаниот процес се јавуваат како дискретни измени во генотипот.
Меѓутоа, јасно е дека основната смисла на идеите на Дарвин е иста.
Видови на природна селекција[уреди | уреди извор]
Движечка (дирекциона) селекција[уреди | уреди извор]
Движечката или дирекциона селекција е форма на природна селекција која дејствува кога се изменети условите на надворешната средина.
Ја опишале Дарвин и Волес.
При неа имаат предност единките од популацијата со карактеристики кои се отклонуваат во определена насока од просечните карактеристики на останатите единки (средната вредност).
Останатите единки подлежат на негативна селекција.
Како резултат на тоа, со текот на генерациите, во популацијата ќе се поместат средните (просечни) карактеристики во определена насока.
Притисокот кој ја движи селекцијата мора да дејствува во рамките на адаптациските способности на популацијата и фреквенцијата на мутациските измени (во спротивен случај, притисокот може да доведе до изумирање на популацијата).
Современ пример на движечка селекција е индустрискиот меланизам кај еден вид на британски пеперуги, кои се јавуваат во две форми - светла и темна.
Индустрискиот меланизам претставува драматично зголемување на бројот на меланизирани (со темна боја) единки во популацијата од овие пеперуги кои живеат во индустриските региони на Велика Британија.
Како резултат на индустриското загадување, кората на дрвјата во овие подрачја е значително потемнета, а исчезнати се и светло обоените лишаи.
Ова довело до поголема забележливост на светло обоените пеперуги, кои станале повидливи за птиците кои се исхрануваат со нив, а темните - помалку.
Во XX век во некои подрачја, бројноста на темните форми достигнала и до 95%, додека првата темна пеперуга (morfa carbonaria) била фатена во 1848 година.
Движечката селекција се јавува кога има измени во животната средина или при адаптирањето на новите услови во средината при проширувањето на ареалот на некои видови живи суштества.
Таа одржува наследливи промени во одредена насока, преместувајќи ја соодветно и нормата на реакцијата.
На пример, при населувањето на почвата како станиште за многу различни групи животни, нивните екстремитети се преобразиле (измениле) во органи за копање.
Стабилизирачка селекција[уреди | уреди извор]
Ова е форма на природна селекција при која дејството се врши против единките кои имаат екстремни отстапувања од просечните, а во полза на единките со просечни карактеристики.
Поимот ,,стабилизирачка селекција'' го вовел во науката и го истражувал Иван Иванович Шмалхаузен.
Опишани се мноштво на примери за дејството на стабилизирачката селекција во природата.
На пример, на прв поглед изгледа дека најголемо учество во генофондот на следната генерација има единката со најголема плодност.
Меѓутоа, набљудувањата на природните популации на птици и цицачи покажуваат дека тоа не е така.
Колку повеќе пилиња и младенчиња има во гнездото, толку е потешко да се одгледаат, па затоа секое од нив ќе биде помало и послабо.
Затоа, како најдобро адаптирани се покажуваат единките со просечна плодност.
Селекцијата во полза на средните (просечни) вредности била проучена врз основа и на многубројни други примери.
Кај цицачите, новороденчињата со многу мала и многу голема тежина имаат поголема шанса да умрат при пораѓањето или во првите недели од животот, за разлика од новороденчињата со просечна тежина.
Според големината на крилата кај врапчињата кои изумреле за време на бурата во 50-тите години во Санкт Петерсбург (тогашен Ленинград), се покажало дека повеќето од нив имале премали или преголеми крила.
И во овој случај како најадаптирани се покажале единките со средна големина на крилата.
Нарушувачка (дисруптивна) селекција[уреди | уреди извор]
Оваа форма на природна селекција ги фаворизира единките со две или повеќе екстремни карактеристики, но таа не оди во полза на единките со просечни карактеристики.
Како резултат на оваа селекција можат да се јават неколку нови форми од една исходна.
Неа ја опишал Ернст Маер.
Дисруптивната селекција доведува до полиморфизам во популацијата и истиот го одржува, а во некои случаи може да доведе и до специјација.
Една од можните ситуации во природата при кои настапува дисруптивната селекција е кога полиморфната популација зазема нееднородно (хетерогено) станиште.
Притоа, разните форми се адаптираат на различни еколошки ниши или подниши.
Како пример за дисруптивна селекција може да послужи образувањето на две раси од растението Rhinanthus minor на една ливада.
При нормални услови, времето на цветање и созревање на семето е во лето.
Но, на сенокосните ливади, им се дава предност на оние растенија кои успеваат да расцветат и да созреат до периодот на косење, или тие кои цветаат на крајот од летото, по косењето.
Како резултат на ова се образувале две раси од ова тревесто растение - рана и послецветна.
Дисруптивната селекција е тестирана и во експерименти со винска мушичка (дрозофила).
Селекцијата се вршела на бројот на четинки, при што опстојувале само единки со најмалку и најмногу четинки.
Во текот на 30 генерации се развиле две линии на вински мушички кои силно се разликувале, и покрај фактот што тие продолжиле да се вкрстуваат меѓусебно и ги разменувале своите гени.
Во некои други експерименти (со растенија), интензивното вкрстување пречело на ефективното дејство на дисруптивната селекција.
Полова (сексуална) селекција[уреди | уреди извор]
Преживувањето на организмите е важен, но не и единствен составен дел на природната селекција.
Друг клучен дел е привлечноста на единките од спротивниот пол.
Чарлс Дарвин овој феномен го нарекувал сексуална или полова селекција:
Оваа форма на селекција е одредена не по борбата за опстанок изразена во односите меѓу органските суштества со надворешните услови и меѓусебе, туку со соперништвото меѓу единките од еден пол, најчесто мажјаци, со цел владеење со единките од другиот пол.
Сексуалната селекција е природна селекција која се однесува на успехот во размножувањето.
Својствата кои ја намалуваат животоспособноста на нивните носители можат да се појават и да се распространат доколку придобивките кои ги даваат за размножувањето се многу поголеми отколку негативностите кои ги носат за преживувањето (опстанокот) на единката.
Биле предложени две основни хипотези за механизмите на дејство на сексуалната селекција.
Според хипотезата на ,,добри гени'', женката ,,расудува'' на следниот начин: ,,доколку тој мажјак, без разлика на неговото светло перје и долга опашка, успее да преживее од канџите на грабливецот и да достигне полова зрелост, тој има добри гени кои тоа му го овозможиле.
Значи, треба него да го одберам за татко на своите деца - тој ќе им ги предаде своите добри гени''.
Со изборот на светли мажјаци, женките бираат добри гени за нивното потомство.
Според хипотезата на ,,привлечни синови'', логиката на избор на женките е некако поинаква.
Доколку светлите мажјаци, поради било која причина, се привлечни за женките, тие ги избираат нив за татковци на своите идни синови, бидејќи синовите ќе ги наследат гените кои даваат светла обоеност и на тој начин ќе бидат привлечни за женките во идната генерација.
На ваков начин се образува позитивна повратна врска која доведува до тоа што од генерација во генерација, светлоста на перјето на мажјаците ќе се зголемува и засилува.
Процесот напредува сè додека не се дојде до работ на животоспособноста.
Во изборот на мажјаци, женките се не повеќе и помалку логични отколку во нивното останато однесување.
Кога животното чувствува жед, тоа не расудува дека треба да пие вода за да ја обнови водно- јонската рамнотежа во организмот - тоа оди да пие бидејќи чувствува жед.
Токму на ваков начин женките бираат светли мажјаци, следејќи ги своите инстинкти - тие ги сакаат светлите опашки.
Сите оние кај кои инстинктот доведува до подруго однесување, не оставаат потомство.
На овој начин тука не се зборуваше за логиката на женките, туку логиката на борбата за опстанок и природната селекција - слеп и автоматски процес кој дејствувајќи постојано, од генерација на генерација, го образувал сето тоа вчудоневидувачко разнообразие на форми, бои и инстинкти кое може да се набљудува во живата природа. | fineweb-2 |